IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2013 во 15:51


Печена риба со домати и маслинки


СОСТОЈКИ

Риба
• 1 кг лосос или туна
• сок од еден лимон
• сол

Дода­ток
• 1 шолја црни маслинки, исеч­кани на пого­леми пар­чиња
• 150 гр шери домати, исеч­кани на четвр­тини
• 3 големи лажици вио­ле­тов кро­мид, ситно исеч­кан
• 3 големи лажици копар
• 1 голема лажица мајо­ран, ори­гано или боси­лек, ситно исеч­кан
• 2 големи лажици маг­да­нос, ситно исеч­кан
• 1 голема лажица малси­ново масло
• 1 голема лажица оцет
• сол и црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Нај­до­бро е филе­тите риба да се под­го­тват на скара (ако немате услови, може и во шпо­рет). Филе­тите пре­мач­кајте ги со сокот од лимон и сол од двете страни. Печете сѐ додека месото од рибата не почне да се раздвојува.

Во меѓу­време, можете да го под­го­твите дода­то­кот од зелен­чуци и зачини. Сите состојки се мешаат во еден подла­бок сад со средна големина.

При серви­ра­њето, на секоја пор­ција риба (филет) дода­дете и 1/3 шолја од дода­то­кот со зелен­чук и зачини.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 22:42

Печена риба со млади кромитчиња и портокал 


 
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 260 степени.

Исечете ги кромитчињата по 5 см од двата краја и оставете ги само средините. Исечете ги на половина по ширина и потоа исечете ги по должина на тенки ленти.

Загрејте го маслиновото масло во голема тава на средна температура. Додајте ги кромитчињата и црвениот пипер. Динстајте ги, повремено мешајќи, додека да свенат и да почнат да поруменуваат.

Зачинете ги рибите од двете страни со сол и со црн пипер. Наредете ги во тавата за печење. Врз секое парче риба ставете по неколку кромитчиња, кората од лимон и парчиња путер.

Истурете го сокот ​​од портокал околу рибите, а потоа покријте ја тавата со алуминиумска фолија.

Печете околу 15 минути. Послужете.

Состојки:

12 млади кромитчиња

1 лажица маслиново масло

прстофат црвен пипер

4 парчиња која било бела риба

сол и црн пипер

1 лажица кора од лимон

1 лажица путер

60 мл сок од портокал


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 13:19

Сардини на скара

Потребно:

* 12 сардини
* 12 дафинови листа
* 6 лажици морска сол

Приготвување: наредете шест риби во сад, посипете ги со три лажици сол, па ставете ги и другите шест риби и нив посипете ги со сол. Оставете ги да отстојат еден час. Потоа, истресете ги од солта и ставете ги на скара да се печат. Помеѓу рибите ставете од дафиновите листа. На скара печете ги по четири-пет минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 09:13

Печена риба со домати и маслинки

 

СОСТОЈКИ

Риба
• 1 кг лосос или туна
• сок од еден лимон
• сол

Додаток
• 1 шолја црни маслинки, исечкани на поголеми парчиња
• 150 гр шери домати, исечкани на четвртини
• 3 големи лажици виолетов кромид, ситно исечкан
• 3 големи лажици копар
• 1 голема лажица мајоран, оригано или босилек, ситно исечкан
• 2 големи лажици магданос, ситно исечкан
• 1 голема лажица малсиново масло
• 1 голема лажица оцет
• сол и црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Најдобро е филетите риба да се подготват на скара (ако немате услови, може и во шпорет). Филетите премачкајте ги со сокот од лимон и сол од двете страни. Печете сѐ додека месото од рибата не почне да се раздвојува.

Во меѓувреме, можете да го подготвите додатокот од зеленчуци и зачини. Сите состојки се мешаат во еден подлабок сад со средна големина.

При сервирањето, на секоја порција риба (филет) додадете и 1/3 шолја од додатокот со зеленчук и зачини.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 15:24

Полнети сардели

Потребно:

* 800 г сардели
* 2 лажици ситно сечкан магдонос
* 3 чешниња лук
* 1 лажица лебни трошки
* 100 г пршута
* путер
* брашно
* сол
* бибер
* масло за пржење

Приготвување: ситно исечкајте ги лукот и пршутата, па измешајте ги со магдоносот, лебните трошки и путерот. Исчистените сардели полнете ги со подготвениот фил, испрпелкајте ги во брашно и пржете ги во не премногу загреано масло.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 15:56

Темата се однесува на рибини специјалитети и начини на подготовка на специјалитети со морски плодови:)

Пржени морски плодови

Потребно:

* 1 л масло
* 500 г рибји филети
* 200 г исчистени сипи
* 150 г исчистени шкампи
* сол
* бибер
* 4 лажици брашно
* 1 лимон
* ароматични зачински билки

Приготвување: во тенџере загрејте го маслото. Рерната загрејте ја на 100 степени. Морските плодови измијте ги и исечете ги на парчиња, а сипите исечете ги на тркалца. Рибата, сипите и шкампите зачинете ги со сол и бибер и испрпелкајте ги во брашното. Пржете ги во помали количини во врелото масло додека не добијат златно-жолта боја. Извадете ги од маслото и ставете ги врз хартиена кујнска салфета за да се впие вишокот маснотија. Пржените морски плодови држете ги во загреаната рерна до послужување. По вкус, морските плодови украсете ги со лимон и ароматични зачински билки.



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:12
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 14:19

Печена пастрмка

 



Подготовка

Исчистете ја пастрмката и посолете ја минимално. Исчисете го лукот и ситно исецкајте го. Измијте го магдоносот и исецкајте го. Лукот и магдоносот измешајте ги и со добиената смеса наполнете го стомакот на пастрмката. Положете ја вака наполнетата пастрмка во помастено тавче. Покријте го тавчето со фолија. Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете го тавчето. Печете точно 15 минути. Исклучете ја рерната, извадете ја фолијата и оставете ја пастрмката во рерна уште неколку минути малку да се зарумени. Сервирајте ја цела во голема чинија и украсете ја по желба.

Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 45
Број на лица: 1
Kомплицираност: 3

Состав

малку Сол
300 грама Пастрмка
1 мала китка Магдонос
3 чешне/ниња Лук

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 21:17

Печени лигни со компири

Потребно:

* 500 г лигни
* 1.500 г компири
* 100 мл маслиново масло
* сол
* бибер
* 1 лажица зачинал
* 2 чешниња лук
* магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, измијте ги и исечете ги на 2 см широки резанки, а компирите излупете ги и исечете ги на тенки тркалца. Во огноотпорен сад ставете половина од маслото, потоа ред од половина од компирите, посолете ги, па врз нив лигните. Сето тоа зачинете го со бибер, зачинал, истолчениот лук и ситно сечканиот магдонос. Врз сето тоа распоредете го остатокот од компирите, малку посолете ги и прелијте ги со маслото. Поклопете го садот и печете го 45 минути во рерна загреана на 220 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 13:40

Пастрмки со печурки

Потребно:

* 4 пастрмки
* 1 лажица зачинал
* 3 лажици сок од лимон
* 150 г шампињони
* 150 г буковка
* 2 гранчиња целер
* 50 мл бело вино
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* масло

Приготвување: исчистените пастрмки испрскајте ги со сокот од лимонот, а потоа истријте ги со зачиналот. Во загреаното масло пржете ги пастрмките од двете страни, по околу 5 минути, а потоа ставете ги на топло место. Во истата маснотија пропржете ги исечените гранчиња целер и печурките, па динстајте ги на тивок оган околу 10 минути. Сето тоа малку посолете го, прелијте го со виното и уште малку динстајте го. Топлите пастрмки послужете ги со печурките и гранчињата целер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 15:14

Печена скуша

Потребно:

* 8 помали скуши
* 1/2 лажичка рузмарин
* 1 лажичка зачинал
* 3 лажици сок од лимон
* сол
* 50 мл маслиново масло
* 3 чешниња лук
* 1 лажица босилек

Приготвување: рибите исчистете ги, измијте ги и исушете ги. Во внатрешноста на секоја риба ставете рузмарин, посипете ги со зачинал и прелијте ги со сокот од лимон. Така подготвените риби ставете ги на скара или во загреана рерна, па печете ги. Лукот истолчете го, па измешајте го со маслиновото масло и со ситно сечканиот босилек. Печената риба посолете ја и прелијте ја со сосот од лукот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2010 во 13:06

Пастрмки во пиво

Потребно:

* 4 пастрмки
* 1 лажица зачинал
* 40 г путер
* 300 мл пиво
* 100 г моркови
* 50 г мали главички кромид
* 1 китка магдонос

Приготвување: исчистените пастрмки добро исушете ги, а потоа посипете ги со зачинал. Кратко пропржете ги во загреаниот путер, од секоја страна по две минути. Пастрмките наредете ги во тавче, прелијте ги со пивото, додадете ги излупените главички кромид и морковите исечени на стапчиња. Рибите печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Печените риби посипете ги со ситно сечканиот магдонос и послужете ги со варена палента.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 06:09

Запечен лосос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 50 грама Путер
  • 4 лажици Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 300 грама Лосос
  • 1 парче Лимон
  • 1 мала лажица Бибер


  •  

ПОДГОТОВКА:

Подлабок плех за печење подмачкајте го со растопен путер.

Лососот исечен на парчиња исто така премачкајте гo со растопен путер од двете страни.

Сокот и ренданата кора од лимонот, биберот, лукот, магдоносот и маслиновото масло ставете ги во блендер, па матете ги додека сè не се иситни и добиете густа смеса како мајонез.

Од оваа смеса со четка премачкајте го лососот од двете страни, па ставете го во премачканиот плех.

Плехот покријте го со фолија и ставете го во загреана рерна на 210 степени.

Печете го околу 20-25 минути.

Внимавајте да не се запече.

Лососот треба да остане сочен.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 16:51

Полнети лигни

Потребно:

* 1 кг лигни со средна големина
* 100 г пршута
* 250 г спанаќ
* 2-3 чешниња лук
* магдонос
* бибер
* 100 мл масло
* 1 лажичка зачинал

Приготвување: лигните исчистете ги, па подгответе ги за полнење: краците и пршутата ситно исечкајте ги, додадете ги спанаќот исечен на тенки, кратки резанки, ситно сечканиот магдонос и истолчениот лук. Сето тоа зачинете го со биберот и зачиналот, па добро измешајте го. Со добиениот фил полнете ги лигните, а отворите затворете ги со чепкалки. Во тавче, во ладното масло наредете ги лигните и полека, поклопени, пржете ги од едната и другата страна околу 15-20 минути. Со пржените лигни послужете зелена салата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 22:23

Раженчиња од сардини

Потребно:

* 800 г сардини
* 1 лажица зачинал
* 1 лажица сок од лимон
* 1 лажица брашно
* 50 мл маслиново масло
* 2 чешниња лук
* 50 мл бело вино
* 400 мл сос од домати

Приготвување: сардините исчистете ги, филетирајте ги и преполовете ги. Посипете ги со зачиналот, завиткајте ги во ролнички и набоцкајте ги на стапчиња за раженчиња. Испрскајте ги со сокот од лимонот, посипете ги со брашното и печете ги во загреаното маслиново масло. Готовите раженчиња ставете ги на топло место, истурете го вишокот маснотија и во остатокот додадете го истолчениот лук. Во пропржениот лук додадете го сосот од домати и оставете ја течноста да зоврие. На крај додадете го виното и печените сардини. Сето тоа варете го 5 минути и послужете го топло.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.