IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:30

Гратинирани ракчиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 50 грама Сирење
  • 50 грама Маргарин
  • 1 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 125 грама Кисела павлака
  • 2   Жолчка/ки
  • малку   Естрагон
  • 60 грама Брашно
  • малку   Бел бибер
  • 125 милилитри Суво бело вино
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Гратинирани ракчиња

ПОДГОТОВКА:

Одмрзнете ги ракчињата.

Исчистете ги шампињоните и исечете ги на по крупни парчиња.

Исецкајте го кромидот и пропржете го на маргаринот околу 3 минути.

Додадете ги шампињоните, наросете ги со црн бибер, пржете ги уште 5 минути.

Додадете го белото вино и варете.

Додека мешате додадете ја киселата павлака откако претходно сте ја измешале со брашното.

Оставете само да зоврие. Додадете ги ракчињата, но престанете со готвење. Измепајте го сирењето со жолчките. По потреба, додека мешате додадете две лажици бело вино или кисела павлака.

Додека се врели ракчињата ставете ги во чинија за послужување. Прелејте ги со кремот од жолчка и сирење.

Препечете на скара додека не добијат златна боја. Сервирајте со бело вино.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:29

Ракчиња со грав


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 100 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 500 грама Ракчиња
  • 3 лажица/ци Масло
  • 300 грама Грав
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ракчиња со грав

ПОДГОТОВКА:

Спанаќот убаво исчистете го, измијте го и сварете го, истото направете го и со гравот.

Потоа исчистете ги ракчињата, па измијте ги. Варете ги во сад со врела посолена вода 2-3 минути.

Потоа исцедете ги, оставете ги да се оладат, па излупете ги.

На гравот додајте му ги ракчињата и спанаќот.

Посипете ги со листенцата босилок, посолете ги попиперете ги и полијте ги со масло.

Добро измешајте ги и сервирајте.

Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:27

Коктел од ракчиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 милилитри Цеден Лимон
  • малку   Сол
  • 200 грама Ракчиња
  • 100 грама Ориз
  • 1 лажица/ци Маслиново масло
  • 80 грама Маслинки
  • 200 грама Кисела павлака
  • 15 грама Кечап
  • 1   Јаболка
  • 40 милилитри Brandy


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Коктел од ракчиња.

ПОДГОТОВКА:

Ракчињата се ставаат во вода што врие, малку насолена. Се варат неколку минути, а потоа се цедат. Оризот го вариме во малку насолена вода, потоа се цеди, и потоа се мие под млаз ладна вода, и повторно се цеди, па се става во длабок сад.

Потоа се додаваат ракчињата, исечканите маслинки, сирењето исечено на коцки, маслиново масло и сето тоа се меша. Потоа се подготвува преливот. Во павлаката се додаваат јаболката, коњакот и кечапот. Сетоа тоа прелива со сок од лимон, и на крај се меша.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:27

Тост од ракчиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Јајца/це
  • 4   Кришка/ки леб
  • 60 грама Лосос филети
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 4 лажица/ци Презла
  • 100 грама Ракчиња
  • 50 грама Сусам
  • 1 мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Тост од ракчиња. Се препорачува да се служи како предјадење.

ПОДГОТОВКА:

 Испржете ги парчињата леб додека поруменат, а потоа секое парче исечете го на четири дела. 
Изматете ги јајцата. Испржете ги ракчињата и филетите додека станат како каша и зачинете ги со сол, мелен црн пипер и со една лажица од изматените јајца. Измешајте ги презлата и сусамот во еден подлабок сад. Намачкајте мошне дебел слој од кашата од ракчињата и рибата на секое парче тост, брзо натопете го во изматените јајца и извалкајте го во презла и сусамот. Ставете ги така подготвените парчиња тост на една чинија, а потоа испржете ги две минути во многу врело масло. Ако не мора веднаш да ги приготвите, можете да ги оставите во фрижидер додека сакате да ги јадете.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:26

Ќофтиња од риба со сусам


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Сусам
  • малку   Сол
  • 50 грама Презла
  • 100 милилитри Масло
  • 500 грама Лосос
  • 1   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ќофтиња од риба со сусам

ПОДГОТОВКА:

Во блендер го ставаме предходно свареното месо од риба исчистено од коски и го миксаме.

Измиксаното месо од блендерот го претураме во поголем подлабок сад.

Јајцето го кршиме и го додаваме во садот.

Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер, додаваме маслиново масло и 2 лажици лебни трошки и мешаме со лажица.

Во садот со преостанатите лебни трошки додаваме половина од сусамот и промешуваме.

Земаме од смесата од длабокиот сад и формираме тркалезни ќофтиња со големина на орев.

Секое ќофте го валкаме во мешавината од лебни трошки и сусам. Ќофтињата ги пржиме во загреано масло.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:25

Лосос во сос од јогурт


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 5 лажица/ци Масло
  • 30 грама Мајонез
  • 800 грама Лосос
  • 2   Лимон/и
  • 1   Китка магдонос
  • 30 грама Брашно
  • 200 милилитри Јогурт
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лосос во сос од јогурт

ПОДГОТОВКА:

Парчињата риба се анакапуваат со сок од еден лимон, се посолуваат и им се додава црн пипер.

Одделно јогуртот се меша со мајонезот и исечканиот магдонос.

Потоа се додава сол и црн пипер.
Парчињата риба се пржат од двете страни по 3-4 минути.

Во секоја чинија се ставаат по 2 парчиња лосос, и по неколку обарени и со путер прелиени компири и се преливаат со сосот од јогурт.

Се украсуваат со магдонос.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:24

Печен лосос на ароматизирана сол

Печен лосос на ароматизирана сол

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 10 лажица/ци Сол
  • 800 грама Лосос филети
  • малку   Каранфилчиња
  • 1 лажица/ци Бибер
  • малку   Цимет


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Печен лосос на ароматизирана сол - одлично посно јадење со интересен вкус. Различен од вообичаено, но сепак прекрасно.

ПОДГОТОВКА:

  
*Овие состојки се доволно за печење на 4 парчиња лосос!
За овој рецепт потребен ви е лосос со кожа.
Во сад за мешање ставете 10 лажици сол. Може да е крупна морска сол или обична сол. Потоа додадете една лажица крупен црн бибер, една лажичка каранфилче и една лажица цимет.
Убаво промешајте се и истурете го колку што можете рамномерно во тава за печење. Врз миксот ставете ги парчињата лосо со кожата надолу. Озгора покријте ги со едно парче хартија за печење колку што зафаќаат рибите и потоа целата тава покријте ја со алуминиумска фолија.
Загрејта ја рерната на 180 степени Целзиусови.
Печете 20тина минути. 
Оставете го малку да се олади и сервирајте го во прилот на зеленчук. 
Додадете зачини по ваша желба и секако, 
уживајте!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:23

Лосос во сос од мед и соја


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Соја
  • 15 милилитри Оцет
  • 2 парче/чиња Младо кромитче
  • 1 лажица/ци Мед
  • 500 грама Лосос
  • 1 мала лажица Ѓумбир во прав
  • малку   Сусам


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лососот е риба која има умерено долго тело, покриено со ситни крлушки. Помеѓу грбната и опашната перка имаат перки или дебел набор на кожата.
Лососот живее во студените води.
Лососот се мрести во студените речни води и езера.

ПОДГОТОВКА:

  Во средно голем сад ставете го сецканото кромидче, соја сосот, оцетот, медот и ѓумбирот и промешајте го убаво се додека не се растопи медот. 
Ставете го лососот во пластична ќеса и додадете му 3 лажици од сосот и оставете да се маринира во фрижидер 15 минути. 
Задржете го остатокот од сосот. 
Загрејте тавче за печење, ставете малку масло да се загрее. Извадете го лососот од марината и исечкајте го лососот на отприлика 10 центиметарски парчиња. Пржете го 6 до 10 минути и потоа извадете го и потурете го со остатокот од сосот и озгора ставете му сусам. 
Послужете го во прилог со ориз или со вариво.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:22

Печена риба со домати и маслинки


СОСТОЈКИ

Риба
• 1 кг лосос или туна
• сок од еден лимон
• сол

Дода­ток
• 1 шолја црни маслинки, исеч­кани на пого­леми пар­чиња
• 150 гр шери домати, исеч­кани на четвр­тини
• 3 големи лажици вио­ле­тов кро­мид, ситно исеч­кан
• 3 големи лажици копар
• 1 голема лажица мајо­ран, ори­гано или боси­лек, ситно исеч­кан
• 2 големи лажици маг­да­нос, ситно исеч­кан
• 1 голема лажица малси­ново масло
• 1 голема лажица оцет
• сол и црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Нај­до­бро е филе­тите риба да се под­го­тват на скара (ако немате услови, може и во шпо­рет). Филе­тите пре­мач­кајте ги со сокот од лимон и сол од двете страни. Печете сѐ додека месото од рибата не почне да се раздвојува.

Во меѓу­време, можете да го под­го­твите дода­то­кот од зелен­чуци и зачини. Сите состојки се мешаат во еден подла­бок сад со средна големина.

При серви­ра­њето, на секоја пор­ција риба (филет) дода­дете и 1/3 шолја од дода­то­кот со зелен­чук и зачини.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:19
Похувани филети од пастрмка

Потребно:

1 кг филети од пастрмка
2-3 лажици лимонов сок
1 лажица ситно сечкани зачински билки
масло за пржење
сол
Смеса за панирање:
50 г брашно
2 јајца
50 г рендан ементалер
50 г трошки

Приготвување: филетите измијте ги и исушете ги со хартиена салфета. Испрскајте ги со лимоновиот сок, посипете ги со ситно сечканите зачински билки и со сол, па оставете ги да отстојат околу 20 минути на ладно место. Маринираните филети испрпелкајте ги во брашното, потопете ги во изматените јајца и испрпелкајте ги во трошките измешани со ренданиот ементалер. Пржете ги во загреано поголемо количество масло од секоја страна по околу три минути.

(Emil)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:15

Пастрмки во пиво

Потребно:

* 4 пастрмки
* 1 лажица зачинал
* 40 г путер
* 300 мл пиво
* 100 г моркови
* 50 г мали главички кромид
* 1 китка магдонос

Приготвување: исчистените пастрмки добро исушете ги, а потоа посипете ги со зачинал. Кратко пропржете ги во загреаниот путер, од секоја страна по две минути. Пастрмките наредете ги во тавче, прелијте ги со пивото, додадете ги излупените главички кромид и морковите исечени на стапчиња. Рибите печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Печените риби посипете ги со ситно сечканиот магдонос и послужете ги со варена палента.

(Emil)




Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:14

Лигни полнети со сирење

Потребно:

* 800 г лигни
* 50 мл маслиново масло
* 2 лажички зачинал
* 100 мл бело вино
За филот:
* 200 г сирење
* 30 г ореви
* 2 чешниња лук
* 2 лажици трошки
* 1 лажица ситно сечкан магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, а краците ситно исечкајте ги. Добро измешајте ги ренданото сирење, сечканите ореви, истолчениот лук, трошките, краците од лигните и магдоносот. Полнете ги лигните со добиениот фил, а краевите составете ги со чепкалки. Пропржете ги полнетите лигни во загреаното маслиново масло од секоја страна по шест-седум минути. Посипете ги со зачиналот, прелијте ги со виното, па уште малку динстајте ги.


(Emil)



Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:12


Рибја чорба


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1000 грама Бела риба (ослиќ,панга)
  • 1 лажица/ци Брашно
  • 1500 милилитри Вода
  • 25 милилитри Доматно пире
  • 125 грама Кисела павлака
  • 50 грама Кисели краставички
  • 1 лажица/ци Копар
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Лимон/и
  • 2 ливче/чиња Ловоров лист
  • 1000 грама Печурки
  • 50 грама Путер
  • малку   Сол
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Најголем дел од рибите соджат висока концентрација на протеини, низок процент на заситени масти и се уникатен извор на екстремно корисната состоја наречена омега 3 есенцијална масна киселина.

ПОДГОТОВКА:

 Исчистете ја рибата од коски и глави, исечкајте ја на мали парчиња и добро измијте ја. 
Зовријте вода во тенџере со коските и главите од рибите, додадете сол и зрната бибер и оставете ги да се подварат две минути. Потоа исцедете ја водата низ цедалка и оставете ја на страна. 
Растопете го путерот во тава и запржете го ситно исецканиот кромид, печурките околу 10 минтуи. 
Додајте брашно, доматно пире, чорбата од риба и парчињата рибјо месо и варете ги сите состојки заедно приближно 10 минути. 
Додадете ги ситно сечканата кисела краставичка, копарот и лимонот (без семки). 
На крајот додајте кисела павлака на секоја порција и сервирајте ја чорбата додека е жешка. 



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 15:23

Пастрмка со путер и бадеми



Овој рецепт, по фран­цу­ски терк, е еден од најпо­пу­лар­ните во јужните делови на САД. Ста­нува збор за пастрмка во ком­би­на­ција со путер и бадеми — вку­сен рецепт кој можат да го сми­слат само фран­цу­зите. Оста­нува ние да го под­го­твиме и да ужи­ваме во храната.

СОСТОЈКИ
• 220 гр путер
• 1 голема лажица вин­ски оцет
• 2 мали лажици сок од лимон
• масло од репа
• 2 шолји млеко
• 2 јајца
• 2 шолји бра­шно
• 200 гр пастрмка
• сол и бибер
• 3 шолји печени бадеми, сеч­кани
• 1 голема лажица маг­да­нос, ситно исеч­кан
• 1 лимон, пре­се­чен на кругчиња

ПОДГОТОВКА
Рас­то­пете го путе­рот на уме­рен оган. Гответе сѐ додека путе­рот не добие кафена боја (околу 20–25 минути). Отстра­нете од оган, дода­дете ги оце­тот и сокот од лимон и оста­вете го настрана садот со сос.

Налејте го маслото од репа во сад за пржење и загрејте го. Во пли­ток сад, изма­тете ги јај­цата и мле­кото, додека бра­шното ста­вете го во друг пли­ток сад. Зачи­нете ја рибата со сол и бибер. Рибата добро поси­пете ја со бра­шно од двете страни и потоа пото­пете ја во сме­сата со млеко и јајца. Потоа, уште еднаш попр­скајте со бра­шно. Пржете околу 5–6 минути, сѐ додека не добие златно-кафена боја. По прже­њето, рибата ста­вете ја на салфетки, за да се впие маснотијата.

При серви­ра­њето попр­скајте со бадеми. Изме­шајте го сосот и налејте го врз рибата. Гар­ни­рајте со маг­да­нос и пар­чиња лимон
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.