IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:37

Печен ослич со компир

Печен ослич со компир

Состојки

  • 9 компира
  • 1 кгр. риба
  • 250 мл. вода
  • 80 гр. маргарин
  • 8 чешниња лук
  • по 1 лажичка сол и вегата, гумбир и толчена пченкарна сол,
  • по малку црвен пипер и 2-3 листа ловор

Подготовка

1. Исечениот компир се става во плек, се додаваат сите зачини - се промешува и се залива со водата. Се додават парчињата риба и сето заедно пак се промешува, се става по површината на коцки исечен маргаринот. Се затвара плекот со фолија, а доколку има капак, нормално се става капакот.
2. Се става во рерна да се пече околу 60 мин, на 200 степена.

Ова е омиленото јадење на ќерка ми, рецептот е наш домашен, а денешниот ручек го спреми таа самата.

Пријатен ручек!

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:31

Печен дојрански крап

Печен дојрански крап

Состојки

  • 1 кг дојрански крап
  • 700 г кромид
  • 100 г магдонос
  • 120г масло, 2 лажици брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 2 домати,сол црн пипер

Подготовка

Исчистениот крап се сече на парчиња.Ситно исечениот кромид се пржи на масло да пожолти, потоа се додаваат исечените домати ,исечениот магдонос,црн пипер,сол, и црвен пипер.Јадењето се потура со масло и се пече во рерна 30-50 мин. Јадењето може да се прелие со матени јајца и да се остави уште 5 мин в рерна.

Јадењето се служи со лимон.





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:30
Панга со Шампињони

3 филети панга
300гр сок од лимон
мелен црн пипер
1 лажичка путер
1 главица кромид
магдонос
400гр шампињони
80гр путер
кечап (2 лажици)
2 чешниња лук
1дл бело вино
лебни трошки

Рибјите филети се попрскуваат со сокот од лимонот, се посолуваат со сол и црн пипер и се оставаат во тепсија подмачкана со путер. Се прекриваат со ситно исечканиот кромид и исечканиот магдонос. Околу рибата се редат шампињони исечени на подебели листови, па сето ова се прелива со мешавината од растопен путер, кечап, лебни трошки, ситно исечкан лук, бело вино и сол.
Тепсијата се става во рерна претходно загреана на 200 C и се пече околу 25 минути.
Се служи со варени компири и парчиња лимон.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:23
Охридска Јагула Печена во Пепел

[IMG]Centre Justify
1 јаrула од 2 кгр.
200 гр. кромид
5-6 лути пиперчиња
200 rp. бело вино

Кожата засечете ја пoд главата, а потоа извлечете ја надоле до oпашката. Распорете ја, исчистете ја, измијте ја во неколку ладни води и посoлете ја. Прелејте ја со виното и oставете ја да стои петнаесетина минути. Земете една кеса погoлема од пергамент хартија и ставете ја внатре како и залепете ја. Кесето со јаryлата ставете го во врел пепел, без жар и пoкријте ја од сите страни со дебел слој врел пепел. Печењето трае 1-2 часа што зависи од топлината на пепелoт. Кoга јагулата ќе се испече, внимателно извадете ја од кесата ставете ја на долгнавеста чинија. Налејте ја само со дел од сокот што го пуштила, бидејќи сoкот е масен. Преку јаryлата ставете ситно сечкан кромид, украсете ја со зелени пиперчиња и служете ја со салата.

Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:43

Пијани ракчиња


Пијани ракчиња

СОСТОЈКИ
• 2 мали шишиња пиво
• 1 шолја вода
• ¼ шолја јабо­лков оцет
• 2 кро­мида, исе­чени на четвр­тини
• 1 чешне лук, издро­бено
• 1 голема лажица сос за скара
• 2 лово­рови листа
• 1 лимон, исе­чен на четвр­тини
• 1 лажица лут сос
• 1 кг рак­чиња, излу­пени и исчи­стени
• пар­чиња лимон за гар­ни­рање
• кок­тел сос за скара за гар­ни­рање
• 3 зрна бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Чекор 1: ста­вете ги сите состојки, освен рак­чи­њата, во пого­лем сад за варење. Пуштете го шпо­ре­тот на уме­рен оган и оста­вете сме­сата да се почне да зоврива. Дово­лни се 10-тина минути.

Чекор 2: нама­лете ја темпе­ра­ту­рата. Дода­дете ги рак­чи­њата и варете додека не ста­нат све­тло розови, околу 5 минути. Исце­дете ги рак­чи­њата и ста­вете ги на чинија за серви­рање.

Чекор 3: попр­скајте ги со кок­тел сос за скара. Може да ги кон­су­ми­рате и ладни и топли.

.

Кок­тел сос за скара

СОСТОЈКИ
• ½ шолја сос за скара
• ½ шолја кечап
• сок од 1 лимон
• малку лут сос
• ½ шолја при­го­твен рен

Изме­шајте ги убаво сите состојки во мал сад. Оста­вете да отстои малку во фри­жи­дер. Со овој сос пре­лијте ги пија­ните рак­чиња пред сервирање.


(Emil)



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:29

Печени лигни со компири

Потребно:

* 500 г лигни
* 1.500 г компири
* 100 мл маслиново масло
* сол
* бибер
* 1 лажица зачинал
* 2 чешниња лук
* магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, измијте ги и исечете ги на 2 см широки резанки, а компирите излупете ги и исечете ги на тенки тркалца. Во огноотпорен сад ставете половина од маслото, потоа ред од половина од компирите, посолете ги, па врз нив лигните. Сето тоа зачинете го со бибер, зачинал, истолчениот лук и ситно сечканиот магдонос. Врз сето тоа распоредете го остатокот од компирите, малку посолете ги и прелијте ги со маслото. Поклопете го садот и печете го 45 минути во рерна загреана на 220 степени.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:27

Пастрмки со печурки

Потребно:

* 4 пастрмки
* 1 лажица зачинал
* 3 лажици сок од лимон
* 150 г шампињони
* 150 г буковка
* 2 гранчиња целер
* 50 мл бело вино
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* масло

Приготвување: исчистените пастрмки испрскајте ги со сокот од лимонот, а потоа истријте ги со зачиналот. Во загреаното масло пржете ги пастрмките од двете страни, по околу 5 минути, а потоа ставете ги на топло место. Во истата маснотија пропржете ги исечените гранчиња целер и печурките, па динстајте ги на тивок оган околу 10 минути. Сето тоа малку посолете го, прелијте го со виното и уште малку динстајте го. Топлите пастрмки послужете ги со печурките и гранчињата целер.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:26

Полнети лигни

Потребно:

* 1 кг лигни со средна големина
* 100 г пршута
* 250 г спанаќ
* 2-3 чешниња лук
* магдонос
* бибер
* 100 мл масло
* 1 лажичка зачинал

Приготвување: лигните исчистете ги, па подгответе ги за полнење: краците и пршутата ситно исечкајте ги, додадете ги спанаќот исечен на тенки, кратки резанки, ситно сечканиот магдонос и истолчениот лук. Сето тоа зачинете го со биберот и зачиналот, па добро измешајте го. Со добиениот фил полнете ги лигните, а отворите затворете ги со чепкалки. Во тавче, во ладното масло наредете ги лигните и полека, поклопени, пржете ги од едната и другата страна околу 15-20 минути. Со пржените лигни послужете зелена салата.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:24

Пржени морски плодови

Потребно:

* 1 л масло
* 500 г рибји филети
* 200 г исчистени сипи
* 150 г исчистени шкампи
* сол
* бибер
* 4 лажици брашно
* 1 лимон
* ароматични зачински билки

Приготвување: во тенџере загрејте го маслото. Рерната загрејте ја на 100 степени. Морските плодови измијте ги и исечете ги на парчиња, а сипите исечете ги на тркалца. Рибата, сипите и шкампите зачинете ги со сол и бибер и испрпелкајте ги во брашното. Пржете ги во помали количини во врелото масло додека не добијат златно-жолта боја. Извадете ги од маслото и ставете ги врз хартиена кујнска салфета за да се впие вишокот маснотија. Пржените морски плодови држете ги во загреаната рерна до послужување. По вкус, морските плодови украсете ги со лимон и ароматични зачински билки.

(Emil)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:23

Лигни полнети со сирење

Потребно:

* 800 г лигни
* 50 мл маслиново масло
* 2 лажички зачинал
* 100 мл бело вино
За филот:
* 200 г сирење
* 30 г ореви
* 2 чешниња лук
* 2 лажици трошки
* 1 лажица ситно сечкан магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, а краците ситно исечкајте ги. Добро измешајте ги ренданото сирење, сечканите ореви, истолчениот лук, трошките, краците од лигните и магдоносот. Полнете ги лигните со добиениот фил, а краевите составете ги со чепкалки. Пропржете ги полнетите лигни во загреаното маслиново масло од секоја страна по шест-седум минути. Посипете ги со зачиналот, прелијте ги со виното, па уште малку динстајте ги.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:22

Бакалар во фолија

Потребно:

* 500 г филети од бакалар
* разновиден зеленчук (по вкус)
* ситно сечкан магдонос
* 1 чешне лук
* 1 лажичка соја сос
* маслиново масло

Приготвување: на малку намаснета со маслиново масло фолија ставете го исчистениот зеленчук. Врз него распоредете ги филетите од бакалар, претходно малку посолени и премачкани со маслиновото масло. Врз нив распоредете ги истолчениот лук и соја сосот. Филетите од бакалар завиткајте ги во фолијата, па печете ги во рерна загреана на 200 степени. Печените филети од бакалар посипете ги со ситно сечканиот магдонос и веднаш послужете ги.


(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:35

Лосос со мајонез

Лосос со мајонез

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 150 грама Мајонез
  • 300 грама Лосос филети
  • 1   Лимон/и
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лосос со мајонез

ПОДГОТОВКА:

Филетите зачинете ги со сол и бибер по желба и врз нив истискајте лимунов сок. Намачкајте ја едната страна од филетите со мајонез во тенок слој. Печете на 230 целзиусови степени околу 15 минути додека рибата сосема не омекне.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:34

Ослиќ со зеленчук

Ослиќ со зеленчук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Ослиќ
  • 50 грама Моркови
  • 100 грама Грашок


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

За бебиња над 8 - миот месец

ПОДГОТОВКА:

 Се вари рибата, грашакот, и морковот.

Рибата се ситни и се чисти од евентуални коски.

Потоа се пасира грашокот и морковите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:31

Свежа туна во сос од леблебија


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Конзервирана леблебија
  • малку   Ливчиња ѓумбир
  • малку   Магдонос
  • 1 лажица/ци Масло
  • 3 парче/чиња Младо кромитче
  • 125 милилитри Пилешка супа
  • малку   Сол
  • 40 милилитри Сос од соја
  • 500 грама Туна
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Свежа туна во сос од леблебија

ПОДГОТОВКА:

 Исплакнете ја леблебијата темелно со ладна вода и оставете ја да се исцеди во цедалка. 
Во меѓувреме ситно исечкајте ги белите делови на кромитчето и оставете ги настрана. Земете ги зелени ливчиња од кромитчето и сечете ги дијагонално на кратки прачиња и ставете ги одделно од белите делови. 
Загрејте тава на силен оган. Ставете малку масло и ставете ги парчината тука во тавата. Пржете ги по 2-3 минути на секоја страна. Ставете ја туната во чинија и оставете ја на страна на топло место покриена со фолија.
Во тавата додадете ќумбир и белите делови од кромидот. Намалете на средна јачина. Пропржете мешајќи често 2-3 минути. 
Истурете ја пилешката супа, соја сосот и додадете ја леблебијата. Почекајте додека да почне да врие и мешајте брзо и често додека не испари поголемиот дел од течноста. Тргнете ги од оган. 
Додадете ги зелените ливчиња од кромитчето и додадете сол и бибер по вкус. Ако сакате додадете и соја сос.
Сервирате на чинија каде што врз парчето тука преливате со неколку лажици од сосот. 
Декорирајте со магдонос. 


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.