IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:43

Крап со ориз


pilav-490x448

Состојки:

  • 400 г филети од крап
  • 1 поголем праз
  • 1 главица кромид
  • 2 поголеми моркова
  • 1 поголем домат
  • 150 г ориз
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 50 г маргарин
  • 1,5 л супа од зеленчук
  • мешан зачин
  • црн пипер
  • масло

Приготвување:
1. Празот, кромидот и доматот се сечкаат на коцкички, а морковот се ренда на крупно ренде.
2. Филетите крап се сечат на коцки 2×2 см.
3. На малку масло се пропржуваат кромидот, празот и лукот, па се додава морковот и кратко се пржи.
4. Се додава оризот и се продолжува со динстање со долевање од зеленчуковата супа, по потреба, за делумно да омекне оризот.
5. Потоа, се трга од оган, па се додаваат доматот, коцките крап, магдоносот и зачините по вкус.
6. Во огноотпорен сад се става масло, па во него се става полусварениот ориз. Се долева супата со зеленчук, а одозгора се ставаа коцки маргарин. Се пече во загреана рерна додека набабри и омекне оризот, а вишокот течност испари.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2014 во 08:03

МА­РИ­НИ­РАН ПЕ­ЧЕН ЛО­СОС СО ЃУМБИР И МЕД

Пот­реб­но:
6 фи­ле­ти ло­сос (приб­лиж­но по 125 г за се­ко­го)
За ма­ри­на­да­та
2 ла­жи­ци со­ја-сос
2 ла­жи­ци мас­ло од су­сам
прс­то­фат ме­ле­но чи­ли
1 ла­жич­ка све­жо из­рен­дан ѓум­бир
2 ла­жич­ки мед


Под­го­тов­ка:

За ма­ри­на­да­та, доб­ро из­ме­шај­те ги сос­тој­ки­те. До­дај­те ги фи­ле­ти­те ло­сос доб­ро да се пок­ри­јат со ма­ри­на­да­та. Ос­та­ве­те мал­ку да от­сто­јат. Ло­со­сот пе­че­те го три-че­ти­ри ми­ну­ти од се­ко­ја стра­на, на сред­на тем­пе­ра­ту­ра и од­вре­ме-нав­ре­ме пре­мач­ку­вај­те ги со пре­ос­та­на­та­та ма­ри­на­да.

194 ка­ло­рии
19 г про­те­и­ни
5 г мас­ти




Изменето од Valerija - 20.Март.2014 во 08:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:30
                                                                               Риба во сос од зеленчук
Неколку пати во неделата месото заменете го со риба, а ова е наш предлог за подготовка на вкусен рецепт.
Потребно:
400 г.филети од ослич или друга риба
2 лажици маслиново масло
2 моркови
магдонос
кромид
корен целер
2 домати
1-2 феферони
супа од зеленчук
сол и бибер


Подготовка:
На масло запржете го ситно сецканиот кромид. Додајте го исецканиот морков, магдоносот, целерот и доматите, па сипете малку од супата од зеленчук, така што зеленчукот ќе се покрие. Посолете и варете додека зеленчукот да омекне. 

Додајте ги филетите од риба и гответе уште 15-тина минути на умерен оган. При крајот од готвењето, зачинете со бибер.

Ако сосот е премногу густ, додајте уште малку супа. Кога јадењето ќе биде готово, сервирајте и декорирајте со листови магдонос. Послужете со пире од компири или тестенини.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 17:14

Печен дојрански крап

Исчистениот крап се сече на парчиња.Ситно исечениот кромид се пржи на масло да пожолти, потоа се додаваат исечените домати ,исечениот магдонос,црн пипер,сол, и црвен пипер.Јадењето се потура со масло и се пече во рерна 30-50 мин. Јадењето може да се прелие со матени јајца и да се остави уште 5 мин в рерна.

Јадењето се служи со лимон.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:27

Пастрмка со печурки


Постењето не мора да значи гладување. Може да спремите гурмански ручек со посни намирници, на пример згответе пастрмка со печурки. Не знаете како? Еве рецепт:

Состојки: 4 помали пастрмки, 1 лажичка зачин, 3 лажички сок од лимон, 150г шампињони, 150г буковка, 2 целери, 50мл бело вино, 1 лажичка магдонос, 2-3 лажички маслиново масло

Подготовка: Исчистените пастрмки потопете ги во сокот од лимон, а потоа одозгора зачинете. На загреано масло пржете ја рибата од двете страни по околу 5 минути, а потоа ставете ја на топло место.

На истата маснотија испржете ги целерот и печурките, пржете десетина минути, малку посолете,додајте го магдоносот, налејте со виното и пржете уште малку.

Топлата пастрмка послужете ја со подготвените печурки и целер.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:04
Полнети лигњи на медитерански начин

После калоричните божиќни оброци, време е да внесете малку омега 3 масни киселини кои ги има во рибата и морските плодови.
Ви предлагаме нов начин на подготовка на лигњи:

Потребно:
1 кг.средни лигњи
2 чешниња лук
50 мл.бело вино
500 г.домати од конзерва
1 кг.компир
маслиново масло
мешан зачин

За фил:
3 лажици презла
2 чешниња лук
1 лажица магдонос
3-4 лажици маслиново масло
одвоени краци од лигњите
малку сол, бибер и мешан зачин


Подготовка:
Исчистете ги лигњите и отстранете ги краците. Краците ставете ги во сад на страна, а лигњите ставете ги во малку маслиново масло во кое ќе додадете две ситно исецкани чешниња лук. Оставете ги лигњите во маринадата најмалку половина час.

За тоа време направете го филот: ситно исецкајте ги краците, додајте ја презлата, ситно исецканиот лук, магдоносот, маслиновото масло, солта, биберот и мешаниот зачин. Со оваа смеса треба да ги наполните лигњите.

Тепсијата за печење намачкајте ја со маслиново масло и во неа сипете ги доматите од конзерва. Компирот излупете го и исечете го, ставете го во тепсијата и зачинете го со мешан зачин. Печете во рерна на 180 степени. Кога компирот ќе биде половина готов, додајте ги лигњите, прелијте со вино и печете заедно уште половина час.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:56

Печена скуша

Печена скуша

Состојки

  • 3 парчиња смрзната скуша
  • 1 китка магдонос
  • 4-5 глави лук
  • 1 лажица благ буковец
  • 1 лажиче лут буковец
  • 1 лажица црвен пипер
  • 5-6 лажици зејтин
  • по вкус сол и вегета
  • 100 мл јаболков оцет
  • 100 мл бело вино
  • 2-3 лимони

Подготовка

Скушата е риба која е подеднакво убава кога е припремена и на скара и испечена во рерна. И во двата случаи може да ја искористите горенаведената смеса за нејзино зачинување.

1. На рибата отстранете и ги главата и перките и излупете и ја кожата.Потоа пресечете ја по должина и убаво исчистете го делот каде што се наоѓаат внатрешните органи. Под нив ќе забележите една темна ципа мезентера, која ги обвивала. Одстранете ја бидејќи знае и да горчи. Исто така има и крвен сад со згрутчена крв, исчистете го и него со помош на остар нож.
Измијте ги половинките под млаз вода и ставете ги во садот во кој ќе ги печите.

2. Исецкајте ги магдоносот со се гранчиња и лукот. Ставете ги во подлабок сад и најпрво додадете им го зејтинот. Промешајте убаво, но не ставајте некоја преголема количина, бидејќи на тој начин рибата станува тешка за јадење. Ова од искуство го знам. Смесата треба да свети од зејтинот и да забележите дека ливчињата магдонос и лукот се слепуваат.
Потоа ставете буковец, црвен пипер, сол, вегета, јаболков оцет и бело вино. Измешајте убаво. Ако немате јаболков оцет можете да го замените со вински или алкохолен 4% оцет. Но,сепак со оцет од јаболка комбинацијата е најубава.

3. Вака подготвената смеса распоредете ја подеднакво врз шестте половинки скуша. Затворете го садот со алуминиумска фолија и печете околу 1 час во претходно загреана рерна на 200 степени.
Може да печете и во незагреана рерна, со што се разбира времето на печење ќе биде пролонгирано. На 10 минути пред крајот доколку сакате тргнете ја фолијата и печете ја рибата отворена, но јас лично скоро и да не ја користам оваа опција.

Сервирајте по две половинки (1 цела риба) со цел лимон. Вака подготвената риба навистина бара киселост, особено ако сте ставиле малку повеќе зејтин.

Добар апетит!

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:54

Печена риба со маринада (посно)

Печена риба со маринада (посно)

Состојки

  • 1/2 кгр. замрзната риба (Ослич)
  • Маринада
  • по1/8 чаша оцет и бело вино (чаша од 200 мл.)
  • 5-6 чешниња лук
  • поголема врзалка магданос
  • на вкус сол, бибер, сув зеленчук
  • 1/2 лимон
  • за потребата зејтин
  • колку што е потребно брашно
  • За залевање
  • 200 мл. бело суво вино

Подготовка

Дојрански е рецептот, ние ја обожаваме... мека, сочна, деликатесна...
 
1. На полуодмрзната риба олупете ја кожата.

Маринада
2. Во садот во кој ке ја ставите рибата да одлежи, ставете ситно исецканиот магданос, лукот, бибер, сол, сув зеленчук, исецкан лимон, додадете ја на парчиња исечена рибата, измешајте ја.
3. Додадете сега по 1/8 чаша од виното и оцетот, додадете зејтин толку колку што е потребно да заедно со останатите состојки ја прекрива рибата. Оставете да одлежи во неа најмалку 4 - 5 часа.
4. Вака одлежаната риба вадете парче по парче заедно со се што се полепило од него, валкајте во брашно и редете во лесно подмачкано тавче со зејтин.
5. Ставете во предходно загреана рерна на 200 степени и печете ја.
6. Кога е е веќе печена, извадете ја , залијте ја со виното и вратете повторно назад во рерната додека испари виното.
- Пригответе си прилог по ваша желба, салатичка и нека ви е слатко.

Напомена
- Јас откако ќе ја излупам рибата веднаш ја ставам и во маринадата, не чекам да се одледува, а целото тоа го спремам одвечер, за наредниот ден само ја вадам од маринадата, валкам во брашното и печам.
- Ја печам во Ростер тавата и истата не ја подмачкувам. За време на печењето рибата пушта доволно зејтин и затоа не е потребно да ја подмачкувам тавата. Доколку ставате во друга тава, тогаш само маааалку сосема малку да е подмачкана тавата.
- Кога ја вадам рибата од маринадата се трудам да што повеќе од магданосот, лимонот и лукот остане по неа, па така ја валкам, дури и кога ќе ја поставам на даската посипана со брашно, земам од истите и додавам врз неа пред да ја посипам со брашното од горната страна.
- Виното со кое на крај ја залевам многу бргу испарува, затоа внимавајте во тој момент. Тавата треба само да остане сува, да нема течност, извадете ја.
- Доколку не сакате да има толку вино во самата риба, тогаш изоставете ја количината која е напишана во маринадата. Од вино користам бела Смедеревка.
За овој ручек спремавме риба ослич.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 21:39

Која риба е најдобра да ја јадеме во зима?

Рибата најмногу се јаде инстинктивно во летните месеци, бидејќи топлото време најмногу ни асоцира на јадењето риба, а тоа е така поради одморот, морето, мирисот и сонцето.

Поради тоа во зима многу луѓе подзабораваат на рибата и се насочуваат кон мрсната храна, која ја компензира загубата на енергија. Тука се посните слави кои не потсетуваа на рибата, но потоа доаѓаат новогодишните и божиќните празници каде се јаде претежно мрсна храна.

- Рибата не смееме да ја забораваме. Таа е богата со Омега-3 масните киселини, кои не штитат од срцеви болести и го одржуваат крвниот систем чист. Овие полезни масти ефективно го намалуваат крвниот притисок и ја ограничуваат коагулацијата на крвта, што води до подобра функција на срцето и помал ризик од инфаркт. Омега-3 масните киселини најмногу ги има во морските риби и морските плодови, а во зима најпрепорачливо е да се јаде харингата, чии корисни масни киселини  ги подобруваат виталните функции на организмот, вели Хелен Линквист од Технолошкиот универзитет во Гетеборг.

Харингата има многу корисни својства. Овој вид риба штити од атеросклероза и го штити кардиоваскуларниот систем. Редовното консумирање на харинга помага да се намали "лошиот" холестерол и ги заздравува ѕидовите на крвните садови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:27

Тиквешки крап во бело вино и крем-сос од тиквички (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 2кг крап од Тиквешко Езеро
  • 200мл суво бело вино од сортата ризлинг
  • 3 чешниња лук
  • 2 тиквички
  • 100мл слатка павлака за готвење
  • Маслиново масло
  • Сол
  • Бибер

Начин на приготвување:

Крап

  1. Исечете го крапот на парчиња, посолете го и ставете го во сад.
  2. Во садот додајте бибер, вино, лук и малку маслиново масло.
  3. Прекријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер да отстои 10 часа.
  4. Испржете ги парчињата крап на маслиново масло.

Крем-сос

  1. Тиквичките исечете ги на тенки листови и испржете ги во загреано масло.
  2. Додајте едно чешне лук, а потоа и слатката павлака и оставете ја смесата на оган додека не згусне.
  3. Ставете ја смесата во блендер и на крај сервирајте ја со испржените парчиња крап.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:05

Орада во сол 

Потребни состојки:

  • 1,6кг орада
  • 2,5кг крупна сол
  • 4 белки од јајца

Начин на приготвување:

  1. Изматете ги белките со миксер и додајте ги во солта.
  2. Промешајте ја смесата и еден дел ставете на дното од тава за печење.
  3. Добро исчистете ја орадата и ставете ја врз смесата од сол и белки.
  4. Прекријте ја рибата со останатиот дел од смесата од сол и белки.
  5. Печете околу 25 минути на температура од 200°C.
  6. Пред да ја послужите рибата, скршете ја обвивката од сол, одвојте ги кожата, коските и главата и сервирајте исчистено месо. Како гарнир може да се послужат компири или друг вид зеленчук.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:03

Печен крап

Потребни состојки:

  • 1 крап
  • 1 кромид
  • 1 корен од целер
  • 1 домат
  • 4 моркови
  • 1/2 китка магдонос
  • 200мл бело вино
  • 200мл вода
  • маслиново масло

Начин на приготвување:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на маслиново масло.
  2. Додајте ги морковите и коренот од целер, претходно исечкани на мали кругови. Откако ќе омекнат, додајте го ситно исечканиот домат.
  3. Зачинете со сол, бибер и додајте други зачини по вкус.
  4. Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на крапот и затворете ја со магдоносот.
  5. Прелијте го крапот со вино, вода и маслиново масло. Се пече на висока температура.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:39

Скуша во фолија

Скуша во фолија

Состојки

  • 2 парчиња риба скуша
  • 1 ловоров лист
  • 200 гр бело вино
  • 1/2 китка магдонос
  • 1 чешне лук
  • 2 лажица мешан зачин
  • 1 лимон
  • 1 лажица рузмарин
  • 100 гр маслиново масло

Подготовка

На почетокот од овој рецепт, ја земаме скушата и добро ја чистиме во внатрешноста, за да не остане ништо што може да горчи. Потоа во тава растегнуваме фолија на која ја редиме добро измиената риба, која претходно сме ја зачиниле.
Во внатрешноста на рибата полниме мешавина од лук, рузмарин и магдонос. Попрскуваме цеден лимонов сок и полеваме бело вино. Заборавив да напоменам дека пред да ја поставам скушата на фолијата попрскав маслиново масло. Со истото ја посипувам рибата .
Сецкаме тенки кругови од лимонот и ги нанесуваме околу скушата. Со филот кој ја наполнивме рибата попрскуваме и над неа. Ја виткаме рибата убаво во фолијата и оставаме да се пече на температура од 200 степени околу 30 минути.
Рибата е готова и спремна за сервирање.
Може да биде убав додаток за варени компирчиња. Тоа го оставам на вашиот вкус. На здравје со прекрасниот мирис на скушата.

Дополнителни фотографии

  • Centre Justify




Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:38

Ослич во фолија со крајтенбутер

Ослич во фолија со крајтенбутер

Состојки

  • 4-5 парчинја риба
  • 1 пак. крајтенбутер(види рецепт подолу)
  • малку маслиново масло
  • малку сол
  • 5-6 чесниња лук
  • за додаток компир, блитва, тиквици,кромид...
  • 125 гр путер
  • босилок, рузмарин, власец, магдонос,по желба може да се додадат и други зачински билки
  • 4-5 чесниња лук

Подготовка

1. Рибата добро се чисти и се брише со кујнска хартија да биде сува.
2. Добро се трие со сол.
3. Се сечат квадратни парчиња алу фолија и на секое парче се посипува малку маслиново масло, па се става парчето риба. Рибата внатре се полни со крајтенбутер, се става и по малку одозгора на рибата, се прелива со малку маслиново масло и фолијата добро се затвора.
4. Се пече на 200 ст.Ц околу 40 мин( може и повеке ако парчињата се поголеми)
5. Се сервира со варен компир и блитва, зачинети со маслиново масло и лук. О
дозгора се преливаат со сосот од печената риба.

На овој начин може да се приготвува секаков вид риба.

КРАЈТЕНБУТЕР или путер со зачини
Путерот се микса со зачинските билки, се става во прозирна фолија и се прави како цилиндер. Се става во фриз на неколку саати за да може полесно да се сече.
Парченце путер може да се стави на печен бифтек, да се намачка на печено лебче или да се користи по желба. На јадењето му дава посебен шмек.

Овој рецепт го открив на еден познат блог и сега го правам по трет пат. Вкусот е толку добар, што моите дома, покрај пржена риба, најмногу го сакаат овој начин на приготвување. Од се срце ви го препорачувам.





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.