IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака Обратен редослед
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 10:56
Ролат со туна

- 1 обланда
- 2 конзерви туна
- 300 гр пченка 
- 3 поголеми кисели краставички
- 2 лажици испржен сусам
- 100 гр маргарин
- сол и бибер

Обландата ставете ја помегу две влажни кујнски крпи за да омекне. Туната исцедете ја од мрснотијата. Во сад ставете го маргаринот и со миксер пенесто изматете го. Додадете ја исцедената туна и изматете го миксерот. Потоа додадете ги ситно искечканите кисели краставички, пченката, сусамот, па мешајте со лажица додека не добие хомогена смеса.
Со добиената смеса намачкајте ја омекнатата обланда, а потоа свиткајте ја во ролат.
Ролатот ставете го фрижидерот да отстои 2 часа. Исечето го на тенки парчиња и послужете го.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2015 во 21:33

Школки со сирење и брокули

Потребни состојки:

  • 250 грама варена паста во облик на школки
  • 1 китка брокула
  • 1 помал кромид ситно исечкан
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици путер
  • 200 гр изрендан чедар кашкавал
  • 100 грама пармезан
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Ставете ги путерот и кромидот во сад на оган и пржете додека малку не зарумени. Потоа додадете го брашното и мешајте со маталка додека не добиете паста.

Следниот чекор е пополека да започнете да го додавате млекото. Откако ќе добиете убав сос, кон ова го додавате ренданиот кашкавал, солта и биберот. Можете да ставите и малку лут сос, но тоа е опционално.

Обарените брокули и варената паста ја додавате во сосот и целата содржина ја  варите додека не дојде до состојба на вриење.  Откако сте го ставиле јадењето во садови за служење од горе ставате од пармезанот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 17:03
6

Морска риба на скара

  • 1 лажичка ким
  • 1 лажица суво оригано
  • 1 лажица чили во прав
  • 2 лажички сол
  • 4 лажици(1/4 чаша) ладно-цедено маслиново масло
  • 1/4 чаша ситно сецкан рузмарин
  • 2 килограми филе од шарен гргач или морска риба по избор, со кожа
  • Лимон

ЧЕКОР 1

Измешајте ги заедно зачините и солта. Во истиот сад додадете маслиново масло и лимон. Користете оштар нож за да ги засечете филетите на коси линии, и освен во кожата, трљајте ги двете страни од филетите со мешавината од зачини. Зачинетите филети  оставете ги во фрижидер 30 минути до 2 часа.

ЧЕКОР 2

Загрејте чиста, лесно подмачкана скара на висока температура. Поставете ја рибата, со месото кон доле, на топла скара. Не ја поместувајте околу 3 до 5 минути, за да не ви се распадне. Ротирајте користејќе два шпатули. Гответе додека рибата не зарумени, околу 5 до 7 минути.

ЧЕКОР 3

Префрлете ја рибата во тањирот за служење. Одвојте ги филетите за да се оладат малку. Исецкајте ги филетите во величина на  залак и украсете со гранчињата од рузмарин и лимон. Веднаш, или во период од 1 час послужете на собна температура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 22:54

Сом во сос од кисела павлака





Сом во сос од кисела павлака

    СОСТОЈКИ

    • 1 кг сом 
    • 2 чаши кисела павлака
    • 1 лажичка црвен пипер 
    • 1 лажичка брашно
    • 1 лажичка магданос 
    • 1 лажичка сол 
    • 1 лажичка масло

    ПОДГОТОВКА

    1. 1.Исчистениот сом, исечете го на парчиња. Посолете го и увалкајте го во брашно. Испржете го на загреано масло.
    2. 2.Во мала чинија измешајте ја киселата павлака, црвен пипер и ситно исецкан магдонос.
    3. 3.Испржената риба наредете ја во ватростален сад, прелијте ја со кисела павлака и динстајте околу 10 минути. Послужете со компир салата.
    Внимавај кому му веруваш.
    И ѓаволот еднаш беше ангел.


    Being RICH
    is not about how much you have,
    BUT about how much you GIVE

    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2014 во 16:29

    Летен ручек: Риба во пивско тесто


    Кога ќе имате потреба од нешто сласно, крцкаво и здраво, рибата е секогаш добар избор. Плус, ако и посветите малку поголемо внимание за подготовка, на уживањето ќе му нема крај.

    leten-rucek-riba-vo-pivsko-testo-01.jpg

    Пилешките прсти за ручек заменете ги со овие крцкави пилешки филети во пивско тесто – брзо, а вкусно. Со комбинација на омилената салата, за помалку од половина час ќе имате совршен летен ручек.

    Потребни состојки:

    • Масло за пржење
    • 2 лажички сушена пиперка
    • 4 филети риба (ослиќ или панга)
    • 2 лажички сол
    • ½ лажица бибер или друг зачин по желба
    • 200g брашно
    • 1 јајце
    • Светло пиво

    Подготовка:

    Рибата измијте ја, исушете ја и зачинете ја. Загрејте ја фритезата или зејтинот во длабоко тенџере и подгответе покрупна цедалка.

    Помешајте го брашното, сушената пиперка, солта и зачинот. Изматете едно јајце во смесата. Постепено додавајте пиво додека не добиете смеса слична на онаа за палачинки.

    Рибата исечкајте ја на филети и тенките филети обложете ги со пивската смеса. Пржете неколку минути, додека смесата не зарумени.

    Потоа, филетите риби наредете ги на салфетка да се исцедат и послужете со салата.

    На здравје!

    leten-rucek-riba-vo-pivsko-testo-02.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2014 во 23:53

    РАКЧИЊА ВО АВОКАДО И СУПА ОД АВОКАДО

    рецепт

    Ракчиња во авокадо

    Потребни производи:

    • 1 половина зрело авокадо
    • 1 канче кисело млеко
    • 100гр мајонез
    • 1 чешне лук
    • 200гр коктел ракчиња
    • 1 лажица сенф
    • бибер

    Начин на подготовка:

    Го чистите авокадото и ја полните дупката со сите состојки, однапред измешани.

    Супа од авокадо

    Потребни производи:

    • 1 половина зрело авокадо
    • 1 пилешки бујон
    • 2 чешниња лук
    • 1 павлака за готвење
    • сок од лимон
    • ролни од ракчиња
    • сол

    Начин на подготовка:

    Ја растворате коцката супа во 200 мл топла вода. Го лупите и сечете авокадото. Во блендер го додавате авокадото, растворената супа, лукот, сокот од лимон, сол и бибер. Ги пасирате сите состојки и додавате павлака. Ја сервирате супата, како посеана со исечени ролни од рак наместо фиде.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    evangeline Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 22.Август.2011
    Локација: Naxos
    Статус: Офлајн
    Поени: 6758
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 04:21
    Крап на манастирски начин

    Потребни состојки:

    • Крап
    • Кромид 1 кг.
    • 3 Моркови
    • 1 китка магдонос
    • Вино 2 дл.
    • Домата 2 дл. или 2 домати
    • 1 главица лук
    • Масло
    • Зачин од зеленчук (Зачинал, Дафинка)
    • Сол
    • Црн бибер
    • 3 Ловорови листа

    Начин на подготовка:

    • Крапот најпрвин внимателно се чисти од крлушките па се расекува на стомакот, му се вади внатрешноста и темелно се мие. Потоа се посолува со крупна сол и се остава да одстои 4 до 5 часа. Настрана се сецкаат на парчиња кромидот, морковот и лукот, им се додава убаво измиениот и ситно исецкан магдонос, се додава малку сол, зачин од зеленчук, ловоров лист и црн бибер. Тавата се премачкува со масло и во неа се става половина од смесата, со истата смеса се полни крапот и се реди во тавата, а отстрана му се додава останатата смеса. Најпосле крапот се полева со виното, доматата, останатото масло и малку вода и се става да се пече на 200ᴼC околу 1 час.

    krap1.jpg

    krap2.jpg

    Рецептот е од кујната на Манастирот Св. Јован Бигорски

    Внимавај кому му веруваш.
    И ѓаволот еднаш беше ангел.


    Being RICH
    is not about how much you have,
    BUT about how much you GIVE

    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:23

    Лосос со пире од грашок

    1


      • 4 филета од лосос, (по 150 грама секое)
      • 1 стебло праз, исецкан
      • Свежо исецкана пиперка
      • 2 лажички исецкани ливчиња од босилек
      • 1 лажичка кора од лимон и ¼ шолја свеж сок од лимон (потребно 2 лимона)
      • ½ лажичка шеќер
      • ½ лажичка сол
      • 1/3 шолја маслиново масло
      • 500 грама лупен градинарски грашок, свеж
      • 1 лажичка ситно сецкани ливчиња од мента

      Чекор 1

      Ставете го лососот во соодветен длабок сад со капак, додадете го празот, сецканата пиперка, 2 лажички сол и прелејте со 4 чаши вода. Оставете да зоврие водата а потоа намалете ја топлината и гответе уште 3 до 5 минути. Исцедете ја водата и покријте со капак да не се губи топлината.

      Чекор 2

      Во блендер ставете ги корите од лимон и босилекот, додадете го шеќерот и сокот од лимон, блендирајте додека да се добиете компактна смеса. додадете масло и посолете по желба, блендирајте и со тие состојки.

      Чекор 3

      Ставете вода во средно по големина тенџере и оставете да зоврие.  Додадете 1 лажичка сол и зрната од грашок. Намалете топлина и постепено мешајте додека зрната не добијат интензивна зелена боја, околу 4 минути. Исцедете ја водата и префлете ги во чинија. Додадете 2 лажички од претходно подготвениот оцет од босилек и испасирајте ги. Посолете по желба и додаете ја ментата.

      Чекор 4

      Поделете го пирето од грашок на 4 еднакви дела во 4 чинии и ставете ги врз тоа парчињата лосос. Прелејте со остатокот од оцетот и уште сецкан босилек.

       

      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
      Valerija Кликни и види ги опциите
      Модератор
      Модератор
      Лик (аватар)

      Регистриран: 07.Ноември.2005
      Статус: Офлајн
      Поени: 105588
      Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2014 во 21:40

      Запечени филети од крап

      krap

       

      СОСТОЈКИ:

      • 600 г филети крап
      • 600 г компири
      • 1 главица
      • кромид
      • 3 чешниња лук
      • 200 г кашкавал
      • 1 лимон
      • масло по потреба
      • 50 г маргарин
      • 250 г брашно
      • 5 дл млеко
      • 1 јајце
      • мешавина
      • зачини
      • сол

      ПРИГОТВУВАЊЕ:

      1. Филетите од крап се сечат на парчиња, се прскаат со лимон и се зачинуваат.
      2. Потоа се валкаат во брашно и се пржат во врело масло.
      3. Компирот се вари во лушпа и се остава да се излади, а потоа се сече на крукчиња.
      4. Кромидот и лукот ситно се сечкаат.
      5. Се приготвува бешамел-сос: во помал сад се растопува маргарин и се додаваат 2 лажици брашно, па се пропржува малку. Постепено се долева млеко, постојано мешајќи да се згусне.
      6. Во сосот се додава мешавина зачини по вкус, а кога малку ќе се излади, се меша со јајце.
      7. Се подмачкува огноотпорен сад, па на дното се распоредува компирот. Се посипува со исечкан кромид и се реди еден ред риба.
      8. Филетите се преливаат со бешамел-сос, па постапката се повторува. Одозгора се ренда кашкавал.
      9. Филетите се печат во рерна на 180 °Ц додека поруменат.
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
      Valerija Кликни и види ги опциите
      Модератор
      Модератор
      Лик (аватар)

      Регистриран: 07.Ноември.2005
      Статус: Офлајн
      Поени: 105588
      Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2014 во 21:38

      Риба со компири


      Clipboard035

      Состојки:

      • 500 гр тенки филети ослиќ
      • 1,5 кг компири
      • 1 поголема главица кромид
      • 1 морков
      • зејтин
      • 100 гр целер
      • 2 лажици брашно
      • 1 лажиче мелен пипер
      • 1,3 л супа од зеленчук
      • мешавина од зачини

      Приготвување:
      1. Филетите ослиќ се зачинуваат по желба, а потоа се виткаат во ролни и се прицврстуваат со чепкалки.
      2. Компирите се лупат и се сечат на тркалца, а кромидот на коцки. Морковот и целерот се рендаат.
      3. Во поголем сад се мешаат компирите, кромидот, морковот и целерот. Се додава брашно, мелен пипер и се зачинува по желба.
      4. Огноотпорен сад се мачка со зејтин и во него се става мешаниот зеленчук. Потоа се редат рибите и се заедно се прелива со супата од зеленчук.
      5. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ додека компирите и рибата не омекнат, а течноста не изврие.



      Изменето од Valerija - 26.Мај.2014 во 21:39
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
      Valerija Кликни и види ги опциите
      Модератор
      Модератор
      Лик (аватар)

      Регистриран: 07.Ноември.2005
      Статус: Офлајн
      Поени: 105588
      Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2014 во 19:56

      ШКОЛКИ СО ПУТЕР И ЛУК ЗА ВИСТИНСКИ АФРОДИЗИЈАК

      recept

      Велат дека морската храна делува како афродизијак. Пригответе го овој рецепт и испробајте дали е вистина :)

      Потребни состојки:

      1 кг. Школки

      5 чешниња лук

      200 гр. моцарела

      2 лажици сецкан магданос

      200 гр. путер

      Припрема:

      Исчистете ги школките и добро измијте ги со студена вода. Во тенџере на оган ваарете ги школките 4-6 минути, односно се додека не се отворат.

      Извадете ги школките од тенџерето и отворете ги. Во посебен сад ставете го растопениот путер и ситно исецканиот лук. Од смесата нанесете врз секоја школка.

      Наредете ги школките во тава за печење. Врз секоја школка изрендајте моцарела сирење. Ставете ги школките во претходно загреана рерна и оставете ги да се печат 10тина минути на температура од 160 степени целзиусови.

      Освен како афродизијак за вечера, послужете ги школките и како дел од менито на вашите забави. Сигурно ќе усреќите некого!



      Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:20
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
      Valerija Кликни и види ги опциите
      Модератор
      Модератор
      Лик (аватар)

      Регистриран: 07.Ноември.2005
      Статус: Офлајн
      Поени: 105588
      Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:52

      ЛИГЊА НА ЖАР НА ДОМАШЕН НАЧИН

      0551007.48

      Вкусен и брз ручек или вечера ќе го задоволи сечиј вкус во овие жешки летни денови. Лесно е да се подготви, и се основа на задржување на оригиналениот вкус на лигњата со многу малку додатоци.

      Лигњата се чисти, се мие, се суши во сува крпа и се посолува.

      Жицата на скарата треба да биде добро загреана, но без пламен и добро треба да се премачка со сончогледово масло. Во една чашка помешајте маслиново и сончогледово масло за да ја премачкате лигњата.

      Лигњата ставите ја на топлата жица да се пече 10-15 минути, потоа превртете ја и повторно печите ја 10-15 минути. Додека се пече капнете на неколку пати на неа од маслото.

      Печената лигња прелијте ја со маслиново масло во кое ќе додадете истолчен лук и свеж магдонос. Послужете ја во прилог со варен компир и цвекло и салата ако сакате.



      Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:18
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
      Valerija Кликни и види ги опциите
      Модератор
      Модератор
      Лик (аватар)

      Регистриран: 07.Ноември.2005
      Статус: Офлајн
      Поени: 105588
      Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 20:37

      ПЕЧЕНА БЕЛА РИБА СО ЗЕЛЕНЧУК

      losos_s_chrestem_big

      Компирите излупете ги, исечете ги на тркалца со дебелина од еден сантиметар и ставете ги во зовриена вода. Гответе ги многу кусо (2-3 минути), исцедете ги , а потоа ставете ги во огноотпорен сад и наросете ги со вегета. Додадете ги маслинките,исечканиот лук, доматите, копарот гранчињата рузмарн и маслиновото масло. Се добро измешајте и налејте 150 мл вода. Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. За тоа време рибата исчистете ја, филетирајте ја, попрскајте ја со сок од лимон и малку посолете ја. Од рерната извадете го садот со зеленчукот, отстранете ја фолијата, лесно измешајте и одозгора ставете ги филетите од риба. Потоа вратете го садот во рерна и продолжете со печење на 200 степени околу 25 минути. Пред крај на печењето додадете го виното. Рибата со компирите наросете ги со сечкан магданос и послужете ги веднаш.
      Совет:Ова јадење можете да го збогатите ако му додадете зелен или бел аспарагус.
      1 кг компири
      150 гр домати
      100 гр црни маслинки без семки
      20 гр копар
      2 чешниња лук
      2 гранчиња рузмарин
      50-100 мл бело вино
      50 мл маслиново масло
      1 лажица вегета
      800 гр бела риба(ослич, лист..)
      Малку сол
      2 лажици сок од лимон
      1 лажица магдонос
      Време на подготовка: 60 минути.



      Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:18
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
      Valerija Кликни и види ги опциите
      Модератор
      Модератор
      Лик (аватар)

      Регистриран: 07.Ноември.2005
      Статус: Офлајн
      Поени: 105588
      Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:44

      Запечени филети од крап


      krap


       

      СОСТОЈКИ:

      • 600 г филети крап
      • 600 г компири
      • 1 главица
      • кромид
      • 3 чешниња лук
      • 200 г кашкавал
      • 1 лимон
      • масло по потреба
      • 50 г маргарин
      • 250 г брашно
      • 5 дл млеко
      • 1 јајце
      • мешавина
      • зачини
      • сол

      ПРИГОТВУВАЊЕ:

      1. Филетите од крап се сечат на парчиња, се прскаат со лимон и се зачинуваат.
      2. Потоа се валкаат во брашно и се пржат во врело масло.
      3. Компирот се вари во лушпа и се остава да се излади, а потоа се сече на крукчиња.
      4. Кромидот и лукот ситно се сечкаат.
      5. Се приготвува бешамел-сос: во помал сад се растопува маргарин и се додаваат 2 лажици брашно, па се пропржува малку. Постепено се долева млеко, постојано мешајќи да се згусне.
      6. Во сосот се додава мешавина зачини по вкус, а кога малку ќе се излади, се меша со јајце.
      7. Се подмачкува огноотпорен сад, па на дното се распоредува компирот. Се посипува со исечкан кромид и се реди еден ред риба.
      8. Филетите се преливаат со бешамел-сос, па постапката се повторува. Одозгора се ренда кашкавал.
      9. Филетите се печат во рерна на 180 °Ц додека поруменат.


      Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 08:45
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
       Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
        Сподели тема   

      Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

      Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
      Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

      Страницата е генерирана за 0,533 секунди.