IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
    Испратена: 25.Февруари.2020 во 22:27

Печен лосос со зеленчуци


Лосос со зеленчуци

Состојки (за 2 лица)

2 парчињалосос
зачин за рибаVegeta Natur
20 грпутер
200 грброкула
300 грзелена и жолта боранија
100 гршери домати

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Ставете ги парчињата лосос во тава и премачкајте ги со растопен путер. Поросете од двете страни на лососот со зачинот за риба. Печете 15 минути.
  2. Ставете малку путер во тавче на оган на средна температура. Додајте ги зеленчуците и збогатете им го вкусот со Vegeta Natur зачин со зеленчук. Гответе ги минимално за да им ја зачувате максимално хранливата вредност.
Лосос со зеленчуци
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2018 во 19:21

РАКЧИЊА НА СКАРА

Ракчиња со соја сос


Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 60мл. соја сос
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 2 лажици сусам
  • 1/2 лажичка сусамово масло
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кг. ракчиња, излупени

Подготовка

Во мал сад измешајте го соја сосот со оцет, шеќер, сусам и сусамово масло. Мешајте додека да се растопи шеќерот.
Загрејте ја скарата на најсилно. Во длабок сад измешајте ги ракчињата со маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Промешајте ги добро.
Печете ги ракчињата по 2-3 минути од секоја страна.
Послужете ги веднаш со сосот од соја.



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2017 во 10:32

Супер брз и лесен рецепт за пржени лигњи

Многумина од нас кога одат на одмор без проблем ќе потрошат некое евро плус на убава и вкусна морска храна. Лигњите се едни од најчесто нарачуваните јадење во познатите летни одмаралишта и несомнено едни од највкусните. 

Сепак, кога станува збор за нивното приготвување во домашни услови, повеќето се откажуваат од идејата за готвење, плашејќи се дека ќе биде премногу комплициран процес.

Доколку имате желба да ги изненадите своите најблиски со овој морски деликатес, ви предлагаме еден мошне брз и лесен рецепт.

Најпрвин упатете се до најблискиот поголем маркет каде што може да купите свежи лигњи и побарајте од вработениот убаво да ги исчисти. Кога ќе пристигнете дома, проверете дали случајно останале некои цврсти делови. Ако забележите таков дел отстранете го со нож и потоа убаво измијте ги парчињата. 

Со помош на ножот направете мали засеци по површината, така што ќе добиете ромб шара и исечете ја лигњата на помали парченца.

На страна ставете брашно (по потреба) и во него додадете сол, бибер, чили во прав, копар, рузмарин и оригано. Потоа ставете ги парчињата лигња во брашното и убаво извалкајте ги од сите страни. Пржете во фритеза или пак во длабок сад со зејтин.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2016 во 22:09

Крокети од риба


Барате идеја за лесен летен ручек кој заситува? Пригответе за вашите најблиски крокети од риба.

Крокети од риба

СОСТОЈКИ

За крокетите

4компири
4филети од риба, без коски (риба по избор, пожелно е да е морска)
1јајце
магдонос
1 лажицакапари
1 лажицапавлака
½ лажичкагустин
лимон
презла
сол
бибер

За панирање

1јајце
презла

ПОДГОТОВКА НА КРОКЕТИТЕ

  1. Компирите исечкајте ги на коцки и ставете ги да се варат. Околу 10-15 минути пред крајот, во нив додајте ги филетите риба и продолжете да ги варите заедно. Кога ќе бидат готови, тргнете ги од оган и исцедете ги.
  2. Испасирајте ги компирите и рибата и оставете ги да се ладат. Кога нема да се жешки, во нив додајте ги останатите намирници (јајце, сечкан магдонос, сечкан капари, павлака, сок од лимон или изрендана кора од лимон, густин, презла по потреба). Измешајте. Ако смесата е многу течна, се додава презла, а доколку е сува, можете да додадете јајце. Зачинете по вкус.
  3. Оставете ја смесата во фрижидер околу 1 час (најдобро е да отстои цела ноќ).
  4. Формирајте ги крокетите и тркалајте ги во јајце и презла пред да ги ставите да се пржат во загреано масло. Излегуваат отприлика 20-25 парчиња.
  5. Откако ќе ги извадите од маслото, поставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

Крокетите се сервирани со бел сос.

СОСТОЈКИ ЗА СОСОТ

3-4кисели краставички
1варено јајце
2 лажиципавлака
1 лажицамајонез
магдонос
копар
сок од лимон
бибер
сол

ПОДГОТОВКА НА СОСОТ

  1. Краставичките и јајцето исечкајте ги на мали коцки.
  2. Додајте ги останатите состојки и добро промешајте. Зачинете по вкус.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 18:03

Теријаки лосос


losos1

Состојки:

- 4 филети лосос

- 1/2 чаша вода

- 3 лажици маслиново масло

- 4 лажици мед

- 4 лажици соја сос

- 2 лажици сенф

- 2 лажици сусам

- 1 чешне рендан лук

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги сите состојки освен лососот. Смесата треба да има темно кафена боја.

Маринирајте го лососот во неа, и ставете го во фрижидер неколку часа.

Пржете ја рибата околу 10 минути на 200ºC. Послужете ја со лути пиперчиња за уште подобар вкус.

losos2

losos3



Изменето од Valerija - 22.Февруари.2016 во 18:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 20:56

Сардини на скара (Бакалау)


Поздрав од Португалија!!! Меѓу многубројните јадења со риба тука е и „бакалау“ (сушена риба) која се подготвува и продава на илјада различни начини од кои попознати и покомерцијални се „Калдеирада“ (супа од риба) и „Сардињас асадас“ (сардини на скара).



Подготовка

За подготвување на ова јадење најпрво потребно е да се зачини свешата сардина со зачините и да се остави малку да отстои. Значи сардината се посипува со мајчина душичка, сол, црн пипер, а исто така добро е во овој момент да се стави и малку лимонов сок заедно со маслиново масло. Откако сардините ќе отстојат некој час стануваат спремни за печење. Ставете ги сардините во загрена скара, рерна но и пред печење повторно ставете неколку гранчиња мајчина душичка како и лимон и масло. Откако ќе се испечат се оставаат да се оладат. Препорака: Сардините послужете ги со тапенаде, сос од маслинки или едноставно само ставете парченца свеж лимон.

Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3

Состав

- Свежи сардини 
- Мајчина душичка
- Сол
- Црн пипер
- Масло 
- Лимон

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 20:56

Ослич во бело вино


За добар вид и здрав живот, еднаш неделно подготвувајте риба



Подготовка

Половина путер се топи, се додаваат сечканите моркови и кромидот. Кога кромидот ќе биде проѕирен, се посипува со брашно, се загрева уште една мин. и се додава белото вино. Кога ќе проврие, се додава сечканиот магдонос. Се покрива и се остава да се вари околу 20 минути. За тоа време, во огноотпорен сад се редат посолените, посипани со брашно риби. Од вареното вино се отстранува магдоносот, се додава чаша ладна вода и се прелива рибата. Рибата се пече во загреана рерна на 220 степени, покриената со алуминиумска фолија, додека да се зацрвени околу 20 мин. Рерната се исклучува и рибата се остава уште неколку минути. Пред да се пренесе на трпезата, се прелива со стопен путер.

Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3

Состав

300 милилитри Суво бело вино
50 грама Путер
800 грама Ослич
100 грама Моркови
малку Магдонос
1 Кромид/а
малку Сол
малку Брашно

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 20:54

Печен лосос


Најдобро е рибата да стои цела ноќ во маринада, па потоа да се пече. Добар апетит!



Подготовка

Лососот се става во тавче, магдоносот зоврива во вода и со таа течност се прелива рибата. Потоа Лососот се прелива со маслиново масло, вино и зачините. Така приготвената риба, се пече во загреана рерна 40 минути, на температура од 160 степени.

Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3

Состав

25 милилитри Цеден Лимон,
250 милилитри Суво бело вино,
малку Сол,
150 милилитри Маслиново масло,
малку Магдонос,
900 грама Лосос,
300 милилитри Вода,
малку Црн бибер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:45

Морски плодови во сос

.



Подготовка

Морските плодови ги варите во солена вода околу 20 мин.Ги тргате на страна.Кромидот го пржите со маслиновиот зејтин околу 5 мин и ја додаваме пиперката,лукот и 1 шоља од водата кај што се вареа морските плодови.Го зачинуваме со сол,бибер и шекер.Го ставаме на тивко да врие околу 10-15 мин.Го додаваме магдоносот,сирењето сечено на коцки и морските плодови и продолжуваме со динстањето уште 5мин и го додавате узото.Јадењето го ставате во тава по можност од теракота,го поливате со виното и го печете на веќе загреана рерна околу 10-15 мин.

Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 4
Kомплицираност: 5

Состав

Околу 1 кг морски плодови(лигњи,морски стапчиња и ракчиња)
3-4 лажици пире од патлиџан
1 кромид
1-2 чешниња лук
250 гр бело сирење(фета)
1/2 китка магдонос
3/4 шоља маслинов зејтин
1 пиперка зелена ситно сецкана
1/2 лажиче шекер
1 шољичка узо
1 шоља бела вино
1 пиперче љуто(кој сака)
сол и бибер

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:42

Охридска jагула печена во пепел




Подготовка

Кожата засечете ја пoд главата, а потоа извлечете ја надоле до oпашката. Распорете ја, исчистете ја, измијте ја во неколку ладни води и посoлете ја. Прелејте ја со виното и oставете ја да стои петнаесетина минути. Земете една кеса погoлема од пергамент хартија и ставете ја внатре како и залепете ја. Кесето со јаryлата ставете го во врел пепел, без жар и пoкријте ја од сите страни со дебел слој врел пепел. Печењето трае 1-2 часа што зависи од топлината на пепелoт. Кoга јагулата ќе се испече, внимателно извадете ја од кесата ставете ја на долгнавеста чинија. Налејте ја само со дел од сокот што го пуштила, бидејќи сoкот е масен. Преку јаryлата ставете ситно сечкан кромид, украсете ја со зелени пиперчиња и служете ја со салата.



Изменето од Valerija - 11.Ноември.2015 во 17:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2015 во 21:57

ОКТОПОД СО ПАЛЕНТА

morska
Потребни состојки:
  • 8 лажици палента
  • 0,5дл маслиново масло
  • 1 кромид (изрендан и карамелизиран во чипс)
  • 2 лажици изецкани суви домати
  • 4-5 големи варени пипци од октопод
  • 1 лажица кисела павлака
  • 2 главици кромид
  • сол
  • малку чили

 

Начин на подготовка:

Сварете ја палентата во солена вода, и кога ќе биде готова прелијте во помали калапи премачкани со масло.

Додека е топла палентата посипете со карамелизиран кромид. Кромидот ќе го карамелизирарте ако го изрендате, помешате со малку мед и лимунов сок, малку посолете, па внимателно печете на тава на средна топлина, со постојано мешање, да не изгори.

На веќе оладената палента ставете петходно сварени пипци од октопод, па преку се посипете со саушени домати и ситно сецкан кромид. По желба додадете малку масло,сол и чили.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:56

ЗАЧИНЕТА ПАСТРМКА СО БАДЕМИ

DSC02223

Потребни состојки:

  • 2 пастрмки
  • 100 гр. бадеми исечени по должина
  • 1 јајце
  • 3 лажици брашно
  • ½ лажичка кумин
  • ½ лажичка кориандер
  • ½ мелен црвен пипер
  • ½ сол
  • Мелен црн пипер

Припрема:

Во плиток сад измешајте го брашното и зачините, и наросете црн пипер.

DSC02215

Измијте и исчистете ја рибата, па оставете ја малку да се исуши. Секоја пастрмка извалкајте ја во смесата од брашно, па во разматеното јајце. Повторно потопете ги пастрмките во смесата со брашно, па во смесата со јајце, и на крај посипете ја целата површина на рибите со сечени бадеми.

DSC02217

Во тавче на оган ставете масло да се загрее на средна температура. Пржете ги рибите на едната страна се додека бадемите не потемнат, а потоа свртете ги и пржете ги на другата страна.

DSC02219

Испржената пастрмка послужете ја во чинија за сервирање украсена со моркови. Добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:51

ПОЛНЕТИ ЛИГЊИ

Подготовка:

Во тава за пржење ставете маслиново масло и исецкани шампињони, а потоа и црвените конзервирани пиперки со кисели краставички исецкани на парчиња. Во тавата додадете маслиново масло, сол и мелен црн пипер, а потоа и спанаќот. Со вака приготвената смеса може да ги полните лигњите и затворете ги со дрвени стапчиња за ражничи. Скарата на која ќе ги печеме лигњите ја попрскувате со маслиново масло. Потоа на скарата ги ставате полнетите лигњи. Откако ќе се испечат од едната страна лигњите ги превртувате за да бидат подеднакво испечени од сите страни. Испечените лигњи ставете ги на чинија. Добар апетит.

Состојки:

  • 800гр Лигњи
  • 500гр спанаќ
  • 2 црвени конзервирани пиперки
  • 300гр Сечкани маринирани шампињони
  • 200гр Кисели краставички
  • маслиново масло
  •  сол и црн пипер


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 16:44


Ослич во сос од домати

    INGREDIENTS

    INSTRUCTIONS

    1. Состојки и подготовка на ослич во сос1.Филетите ослич ги сечкаме на парченца. Во сад мешаме 2 лажици пченкарно брашно, вегета, сол, црн пипер и во оваа смеса ги валкаме парченцата риба. Ги запржува на тивок оган се додека не станат крцкави.
    2. Finito!2.Во друг сад за ги запржуваме кромидот и пиперките (кои претходно сме ги исечкале на ситни парченца), го додаваме сосот од домати и 1 лажица пченкарно брашно. Кога сосот ќе ја добие посакуваната густина (а доколку се згусне премногу слободно додадете вода), ставете ги парченцата риба, малку путер и динстајте 10-15 минути.
    3. 3.Пред сервирање наросете свеж магдонос. Ова јадење совршено одговара со ориз или друг варен зеленчук.

    Внимавај кому му веруваш.
    И ѓаволот еднаш беше ангел.


    Being RICH
    is not about how much you have,
    BUT about how much you GIVE

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 1,672 секунди.