|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 146> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Страшен лик Наеднаш само кога ќе се појавиш … со твојот нестварен лик меѓу тие други убави замислени.. Морници ме лазат и очи затворам… ахх таа кривина во мисла ми се појавува скришно те погледнувам и те упивам… Страшна фигура црна заканувачка… поглед што здив застанува збор што неискажан останува… Ветар силен дожд разнесува… а мене сонце ме грее брееее љубов ќе да е тоа?? Изменето од bijonse1 - 08.Ноември.2010 во 20:59 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влажен бакнеж
Не го сакам црниот облак што е сега над нас... не го сакам ниту овој ветар што ќе донесе уште... не го сакам ниту твојот поглед кој е толку смирен а олуја се спрема... Сакам да го почувствувам студенилото на облакот на моето лице.. сакам капка по капка да се тркала тоа студенило по моите усни.... сакам припиена блуза намокрена со студенилото по моите гради... конечно .....дожд.... мижам нагоре прекрасно чувство на моето лице.... се вртам со раширени раце прекрасно чувство врз моето тело... трчам боса ..... и желба ми се роди... ја сакам твојата прегратка.... го сакам твоето мокро тело.. замижи... на дождов бакни ме.... Изменето од bijonse1 - 20.Септември.2010 во 18:13 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Законот на долгите чекања
Кога егото ќе се накачи врз масивните планини на една немоќ, повикај го дождот со вртоглав танец, да ти го размачка лудилото… И престани да веруваш дека си подоздравел… Размачканото е разредена обилност, иста суштина разделена на детали, главен текст во милион фусноти, расфрлани куќи од еден ист дом… Му ги грицкам ноктите на овој бавен ден, зошто со моите не успевам да изгребам ни една цигара. Мојата розова несоница не успева да се продаде за најцрниот кошмар. Законот на долгите чекања ми ја искушува трпеливоста. Вистина е… Снегулката што го издржа теророт на летото ќе биде убиена од тежината на првиот снег. Срца од стиропор …А сакавме да им кажеме оти нема љубов меѓу гениталиите… оти има денови од пролетта, што ни ластовичките не ги знаат… оти има згазени цветови што и покрај сè, пуштаат семе за догодина. Ни довикуваа прекари што ги протолкувавме како називи на неоткриени ѕвезди. И подобро ни прилегаа на ликовите, отколку имињата што ни ги дале нашите родители. Ние во нивниот свет постоиме како коцки мраз, излишно поставени на тацната од топла шолја чај во декември. Со тенкиот скалпел на гневот, ни ги режат срцата, оти мислат дека и нашите се како нивните. Трошки од стиропор наместо крв… Совршено На дождовните капки им недостига твојот лик. Неочекувано фатени во блуд со шминката, ја признаваат сета вина, посакувајќи небо да им се твоите очи. Се сеќавам колку сакав да имам мокра улица со тебе и еден распукан ѕид од куќа со прекрасна фасада. Сакав крцкав трем и градина со свенато цвеќе, за да не биде совршено… Со тебе сакав залудност како цртање снег, и очигледна лага како утеха пред смрт. Сакав ветрот да ми љубомори што имам прсти за твојата коса и да ме повикаш дома на последниот чекор пред врвот на светот, оти ти недостигам, како што твојот лик им недостига на дождовните капки. И јас би се вратил, на нашата мокра улица, во нашата куќа со совршена фасада и еден распукан ѕид. Би те гушнал на нашиот крцкав трем и би ти нашол… Да, би ти го нашол совршениот цвет од нашата градина со свенато цвеќе… До кога? Крило од морски галеб ти е шамивчето со кое се простуваш од летото, а јас до тебе - крварам на врвот што ни облаците не го виделе. Заробен од стравот да не почнам да верувам, си ја полнам душата со ситен песок и се одрекувам од радоста што веќе се топи во нов очај. Која е другата страна? Таму кај што не се дише или таму кај што не се сонува? Си ги наместивме смртните постели и наскоро ќе молчиме легнати на перјата од мртви птици. Овде доживуваме. Овде доодуваме. Овде догоруваме. Овде довршуваме. До кога, до кога? |
|
G1RL
Сениор Регистриран: 09.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако не сум многу по пишување еве нешто од мене...
Црни мисли И оваа ноќ осамена седам со залутан поглед некаде гледам црни мисли повторно ме обвиваат тагата и болката повторно ме завиваат Со што заслужив да биде така зошто животот вака ми враќа? Се што знам е болка и лага за среќа незнам но знам за тага Како да продолжам идеја немам се што сакав животот ми зема Се што вредеше изгубив веќе сега венам ко обично цвеќе Незнам како е да си сакан од некого иако љубовта ја давав секому Незнам како е да имаш другар прав иако секој го сметав за драг Незнам како е да ти подадат рака но во животот кога-тогаш се се плаќа Надешта е мртва сега и засекогаш но омразата незнам дали ќе изчезне некогаш Желбата за одмазда во мене гори се чувствувам ко војник принуден да се бори Смртта станува најпосакуваното нешто но јас сум глумец го кријам тоа вешто Нека бидат среќни тие нека биде среќен тој и онака за него бев само странец некој Можеби кругот ќе се сврти некогаш ветувам дека ќе издржам сега како и секогаш. Имам некој талент или да се откажувам навреме Изменето од G1RL - 30.Август.2010 во 15:54 |
|
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
radost od..чуждина!Орелски крилја jas си метнaх, не како вамо, мрачно угревјат. .................................................. Овде је мрачно, и мрак м'обвиват, Не, ја не можам овде да седам, Тамо зората греит душата, Тамо по срце в кавал да свирам, ..........brza 2010 © |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.....Дождот.....
Капка по капка ја чувствувам неговата смелост неговиот мирис ме заносува во стравот на бурните ноќи како магла да допирам исчезнува студен трепет чувствувам по моето лице потекува како доцен ноември, се заканува со острите канџи на сивилото го гледам и се плашам помислувам, плачам.. но дождот е секогаш позади прозорецот подоцна исчезнува! |
|
..Живеам за да умрам..!
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прекрасниот Тој Пресвет е овој ден.... предолго се знаеме за да биде вистина.... преамбициозно ме посакуваш.... претивок е твојот глас... Претопло за да го имам бакнежот од твоите усни... пресветло за да ја видам твојата сенка... пребучен е мојот глас... превлажно е моето тело... Предалеку е сонцето.... преблиску се твоите раце... префорсирано дишам... преболно е да си речеме збогум..... Пребрзо кажани зборови... предлабоки се чувствата... пре, пре, зарем само пре... прекрасно и престиж е ....човек да те познава !!! Изменето од bijonse1 - 05.Јули.2018 во 20:33 |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Go down on the balcony
To reveal your destiny See the cars rollin' The high winds blowin' Under the trees a desert is revealed Inside the desert...MORE TREES!!! Under the shade , of the tallest tree. A village whose houses had many such balconies... Oh , the doors of perception may be... Or such...they may not. Be... From the view of your balcony... Future life is to be seen. Just look at the growing trees... Изменето од Џо - 01.Август.2010 во 19:54 |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7007 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мy moon
Налутени стрели летаат кон сонцето кое ја измолзе и последната капка вода. Ползам по патеката на зајдисонцето, ја бришам неговата крв со малечок облак од мојот џеб. Го фрлам тој поцрвенет диск обоен од раните на сонцето за да ја нароси онаа проклета пустелија . Заминувам на починка, го гушкам млечниот пат, но што е тоа што гледам? Уморот ли ми исцедува капки сон на моите очи или тоа навистина е виножито? Се прашувам во оваа глува доба, ако сега му побарам на небото да ми навезе сребрена марама од кадифени ѕвезди, дали ќе го стори тоа за мене? Кога изутрина ќе изрти сонцето на исток, дали со своите зраци повторно ќе го обои небото сино и ќе ми ги украде ѕвездите? Се разденува, ветрот ми удира шамар. Ја собирам постелата и сеуште го слушам здивот на месечината како ми одѕвонува во ушите. Ветру, ти сојузнику на сонцето, ми ги зема прстените и останатите скапоцености, мојот бисер кој ми го подарија длабочините на морето во кои нуркав, но не можеш да ми ја земеш месечината, таа ме чува и ме прави среќна, ми ткае виножита доцна на полноќ, ме полева со волшебни стихови и јас растам во нејзината утроба. Изменето од ekszi88 - 21.Јули.2010 во 20:53 |
|
bohrmann04
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 19.Мај.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Среќен роденден Снашке
БЕЛГРАДСКИОТ ЦЕПЕЛИН На ќошињата на улиците го довикувам твоето име, Додека некаде од далеку се слуша како свири нашата музика. Си мислам на допирите на малите и меки раце, Кои го разгоруваа огнот во нас, На таа бледа Месечева светлина. Во сите барови и трговски центри, Пред себе го имам твоето лице, Кое редовно се губи во маглите на влажните утра. Но старите писма и фотографии едноставно не можат да те доловат, Исто како што се губеше откако автобусот ќе заминеше. Прекрасни дворци со столбови и куполи, Изградив држејки ги твоите раце. Веројатно ќе беше полесно да ме држиш при себе Отколку што се трудеше да разбереш, Колку далеку со умот избегав. Во прегратките на една трагедија, Премногу црна да се опише – Крајот на една голема илузија. Сите оние страсти и доживувања кои успеавме да ги украдеме. Тоа…Тоа не можат да те научат на школо. На светот со песнава му ги објавувам, Бесценетите вредности засекогаш замрзнати во времето, Изградени врз пепелта на нашите изгорени срца. Сите љубопитни би сакал да знаат дека, Нашата љубов не наликуваше на воен марш, На некаква си воена парада за демонстрација на моќ, Туку на лесна прошетка по облаците. |
|
IQ = 10 0000
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Олуја Околу островот океан огромен облаци отежнати олуја одеднаш опасно !!...остануваш овде?? Овде ???....озбилно? осакатен , омразен, одљубен одсекогаш отфрлен?? Охх обвинувај ...осакатиме,ошамариме овде!!....одма !!! остроумно оценувам....останувам!! Одеднаш отидоа облаците осилото опустошено остана одалеку одлетнува орел.... Одблиску осеќам оган око остро оценува огледалото осрамено останува... Одам одбројувајќи остатоци онаму оџакот одимува останува обелена онанија.... Изменето од bijonse1 - 29.Јули.2017 во 17:12 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mozebi vi lichi ama.....moja e!.........:
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОЖД Дали денес далечината делуваше ?? дали дождот.........делумно депримира?? додека директно дејствуваш...... дефинитивно ден дарувам!!! да делиме ден ?? ........дојди !!! дали душа да дам?? дали ден да додадам... дајј да докажам...... дискретно....ДА !! Изменето од bijonse1 - 29.Јули.2017 во 17:24 |
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |