IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 146>
Автор
Порака Обратен редослед
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2010 во 21:10

Не им обраќам внимание
на чудесно симетрични лица,
на усни што врз себе
го имаат распоредот на сите
евроазиски реки...
...Ја наоѓам љубовта како
ненадејна болка од модрица
што не знам каде сум ја добил...

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2010 во 21:10

Нешто во нештата

Има нешто во нештата

што ги немам.

Чекајќи го летниот солстициј,

да ти го проколнам

сонот во најкратката ноќ,

си го простирам езерото од гнев

меѓу две липи и заборавам

дека те имам во нивниот мирис,

а те немам во мојот кревет…

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 15:22

Why Bother?

Крилести змејови дојдоа да го смират

готскиот призвук на незавршена есен…

Зарем останаа нешта што не можат

да бидат сфатени на прв поглед?

Ликовите заѕидани во градските фасади

љубопитно го следат твоето месечарење…

Тие глумат движење…

Го чекаат твојот пад…

Тие се со тебе

до самиот раб на дупката…

Понатаму си сам со

болка во коските,

гнилеж во месото,

и психијатриска дијагноза…

Во алманахот на страдањата

ги има само нивните ликови…

И сите се потпишани

со исто име…

Твоето…

Тие што не ти

оставија крв во телото

за да порумениш

кога ќе ти стане срам…

Тие што ти ги избришаа

и пцостите од речникот,

за да не искажеш

колку ги мразиш…

Тие што решаваат

што да биде грев…

Бадијала ги соголуваш…

Под секој шарен омот,

нова ‘pѓава лушпа…

(Премногу ли остарев

што зборот и гробот

ми се исти по длабочина?)

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 18:04


Ахх ....таа буква М.....голема%20насмевка

http://zapzap.ru/images/letter-m_resize.jpghttp://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/E99BAFDBBC1D544EA9F2F71BBA4A207C.jpg

Мугри…

мирно место …

малини ми мирисаат   ….

мисла ми минува …..

Маѓепсана ….

мислиш ме мачиш ??

можно….

море мелодии

Маченце мое ме мазиш……

мисла менувам…

мрак…

мразам моменти меланхолични….

Моќна муза ме мислиш..

можеби..

моќен маж

мрежа ми мести

Маскембал  маска можеби…

мислев  ме милуваш

мускетару мој…

http://news.city.zt.ua/uploads/posts/2010-03/1267787494_neveroyatnoe-3.jpg

Dawn ...

peaceful place ...

I smell raspberries ....

My thought goes .....

Enchanted ....

do you bother me?

possible ....

Sea ringtones

My  cat  carres me ......

Thought change ...

darkness ...

I hate melancholic moments ....

Powerful muse me think ..

maybe ..

powerful man

My network setting

Maskembal skin may ...

I thought you caress

My Musketeers ....



Изменето од bijonse1 - 23.Мај.2010 во 18:06
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 02:22

Значења

Прости ми што сум

плиток до последниот

слој на глупоста…

…што разлистувам ликови

и се виткам пред лудиот ветер

кој вчера го одвеа

Бог од молитвите.

Не сум заборавил!

Имаме состанок во пустиот град

што се сомнева дека им плаќаме

на минувачите да ни бидат

статисти во љубовна сцена…

Ако додржам до вечерва…

Знаеш, гнили се врвците

што ја стегаат душата во ова тело…

Ќе зборуваме за малата веројатност

некогаш да се сретнеме вистински…

И ти ќе се согласиш дека допирот

е најдлабокиот недоволен начин

да продреш во мене…

Износените лица на љубовта

безизразно ќе се дават во

плитките значења

што и’ ги даваме на нашата болка.

Дури и моето заминување

ќе изгледа како да те напуштам…

Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 19:41
Тага е името мое
Болка ми е презиме
Солза ми е прекар
Трепетот на крилцата мали
се претвори во тивко липање
око не пресуши солза
А среќен требаше да е денот
и болката требаше да е заборав
Само тага остана после се
само солзи
Нема да стивне душата
липа тивко никој да не чуе
а никој не ни претпоставува
дека сета болка во очиве си ти
Тагата на лице е подарок од тебе
Солзата горка од око што тече
се вика исто како и ти
Името твое не заминува од усни
Ликот твој ангелски
не сака да си оди од мисли
Ниту насмевката твоја
сака да замине од пред очи
А само сакав....
толку силно сакав....
и на крај посакав
да те допрам,
да те гушнам,
да те гледам пред мене насмеан.
Згрешив мило мое,
многу згрешив.....
сега ја плаќам грешката
Згрешив оти посакав.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 20:14
Утрата веќе не прекрасни
како што беа порано.
Сонцето не сјае со истиот сјај,
ни облаците не се така прекрасни
како некогаш....
Ниту денот не е убав
и весел како некогаш.
ништо не е доволно добро
и возбудливо во него.
Ниту ноќта е ноќ
ниту сонот е сон,
а и го нема во ноќите
само мисли и болка,
тага и солзи ме дружат.
Ништо не е како што беше
Без тебе!
Ни животот е живот,
ни смеата е смеа,
и ништо не е доволно добро
мило мое ангелче,
без твојот глас,поглед,смеа....
Без тебе!
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 21:17
Те натопив со солза врела.
Те исплакав со секое ново утро
во кое го немаше твоето битие.
Не го слушаш плачот веќе.
Не ја чувствуваш болката во гради.
Не те допира мојот глас.
Исчезна........
Ех кога само би можело....
Да исчезнеш од срцево.
Да ја снема болката.
Да испариш од душава,
да не тагува повеќе.
Да те снема од мисливе,
да се одморат малку.
Да се искушат солзиве тешки.
Да потонам во мир....вечен.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 20:30
За тебе сум ова што сум.
Заради тебе правам се што правам.
За тебе дишам
За тебе се будам.
За тебе живеам.
А ти...?
Ме оставаш на тие
кои не ме заслужиле
ни на пола од тебе.
Оти со тебе плачам долго во ноќта.
Со тебе се смеам цел ден.
Со тебе заспивам во бессоните ноќи.
Со тебе се будам во ладните утра.
Ти си мојот сон
Моја болка и тага.
Моја насмевка,моја солза,
мој дом,моја жед,моја глад
Ти си ми......се.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 11:31
Ко ѕвонлива песна во ушите
ми трепери гласот твој.
Камен студен во гради
здив ми одзема,болка ми задава.
Болка за тебе,
а се срамам од себе,
да кажам гласно
те боледувам секој ден.
Ме болиш секој час.
Ми недостигаш секоја минута
се повеќе и повеќе.
Толку недостижна ми е далечината
недофатен ми е ликот твој,
а толки си ми близок.
Ѕиркам низ оквирот од прозорецот
да ја догледам далечината
која стои меѓу нас,
небаре ќе го сретне таму некаде
погледот мој-зеленилото на окото твое.
Недоглед ми е се
Непознато....а толку познато.
Насмевка си насекаде
Лик во мојата драма
Брат на мојата болка
Сестра на мојата несреќа
Дете на моето мајчинство
Маж на мојот сон
На мојот живот.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 16:32
Дозволи ми да те сакам
како што се сака брат по душа.
Дај му на срцево да чука,
како немирно дете да подрипнува.
Дојди!!!Допри го телово порочно.
Исчисти го гревот насобран.
Подари ми љубов исконска.
Помилувај ме со својата чистота.
Легни ме на кревет од облачиња.
Крени ме високо до сонцето,
да се напијам светлина,
да соберам топлина...
И пак назад врати ме,
да пиеш од изворот мој.
Да згаснеш жед.
Да скротиш ѕвер.
Да се роди светица до тебе...
Своја!Единствена!Твоја!
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 20:10
kratka pesna od 2 i 1/2 stih
.

http://hollabackdc.files.wordpress.com/2009/07/smile1.jpg

.

солзите не оставаат лузни на лицето

подобро е, да оставаа таму

многу подобро


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 10:10
Да се родам повторно
би била слово златно
под перото твое непресушно.
Да се родам пак
би била реч ѕвонлива
на усните твои румени.
Немо би лебдела
закачена на белилото
во мирисот на тетратаката
која ја чуваш како зеницата.
Закачена во просторот,
како слика на ѕидот,
би била нем сведок
на нешто кое никогаш
не се искажува до крај.
Икона на вечноста наша
во храмот на Бог,
пред која крстот
го ставаш на себе
и дланка на мене,
оставајки секој ден
по еден дел
од душата твоја страдна.
Вечно да останеш запечатен
во душата моја мачна.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 11:52
а ова?

сакаше да го сокриеш, а? ее, нема

ме бараш да не ме најдеш
песна напиша да не разберам
пееш песни на многу повисока октава
а јас не можам да ја испеам


(од anakin)

Изменето од ПодВодно - 23.Април.2010 во 11:52
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,846 секунди.