IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Турска кујна и рецепти од турската кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Турска кујна и рецепти од турската кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 14:03
Турско слатко путер пециво со цимет

Турско слатко путер пециво со цимет


Состојки
За тесто
1 кг брашно
2 белки
600 мл млеко
2 пакетчиња сув квасец
140 гр путер
2 лажици шеќер
2 прстофати сол
За фил
250 гр путер
150 гр шеќер во прав
200 гр микс од бадеми и лешници
3 лажици цимет
За премачкување
2 жолчки
2-3 лажици масло
мед за премачкување откако ќе се испечат


Мирисна слаткотија ќе ве обземе кога ќе го печете ова вкусно украсно пециво, а пак кога ќе го пробате е тогаш е вистинскиот занес. Затоа кај нас се прави во дупла доза како што е напишано во состојките. Ви го препорачувам доколку го сакате слаткиот вкус на путер и цимет измешан со јаткасти плодови.

1. Путерот за тесто го топиме на тивок оган. Сите состојки заедно со путерот ги замесуваме со млако млеко. Месиме додека да добиеме еластична мазна топка од тесто која ќе ја оставиме да стаса, да се дуплира.
2. Го подготвуваме филот. Ги мелеме бадемите и лешниците на сечко, а можете да си ставите и само ореви или комбинација од јаткасти плодови. Ги соединуваме омекнатиот путер, шеќерот во прав и циметот
3. Откако тестото ќе стаса го делиме на четири дела. Секој дел го расукуваме тенко до 5 мм во правоаголна кора и го премачкуваме со ¼ од филот, па потоа ги посипуваме со јаткастите сечкани плодови. Поминуваме со рака или лажица за да се залепат. Мотаме ролати кои ги сечеме на триаголници. Секое триаголниче по средината го притискаме со рачката од дрвена лажица.
4. Ги ставаме во намрсена тава и ги оставаме 15-20 минути да стасаат. За тоа време ја вклучуваме рерната на 180-200 степени.
5. Пред печењето ги премачкуваме со измешано масло и жолчка, а може да го премачкате и пред стасување, како ќе ви оди работата така правете. Печеме додека да поруменат. Кога ќе ги извадите од рерна можете да ги премачкате со мед во кој сме раствориле неколку капки вода.

Забелешка
Оригиналнот рецепт е со ореви. Печев во Делимано тава и воопшто не ја ни намрсив. Ако сакате да ви бидат поблаги можете да ставите повеќе шеќер во прав, на нас вака ни се вкусни и доволно слатки.
Во филот може да го ставите и сечканото јаткасто овошје, ама ќе добиете една погуста смеса, па сметајте на тоа дека малку потешко ќе ја размачкате на кората. Како сметате дека ќе ви биде полесно така правете. Од оваа количина на брашно излегуваат многу погачки, па доколку не ви одговара преполовете ги состојките.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 15:41
Ќунефе - Турски десерт со кадаиф


Ќунефе - Турски десерт со кадаиф


Состојки
200-250 гр. пресен кадаиф
40-50 гр. путер
70 гр. моцарела
20-30 гр. фстаци
Шербет
1/3 чаша (од 200мл) шеќер
1/3 чаша вода
малку сок од лимон
Прекрасен турски деликатес.
За подготовка на овој рецепт во Турција се користат специјални чинии, но и обични метални чинии вршат работа.
За овој рецепт е потебен пресен кадаиф (турски, грчки).
Кадаифот се кини на мали парчиња, путерот се растопува и се додава на кадаифот.
Половината од кадаифот се става во метална чинија или тавче и се притиска. Над кадаифот се додава моцарелата или ако имате пресно несолено сирење кое што се растопува може да го искористите. Над сирењето се додава другата половина од кадаифот и пак се притиска
Така подготвеното ќунефе се пржи на многу тивок оган од едната страна додека да добие златна боја, потоа се врти од другата страна. За пржењето потребно е некаде половина час.

За шербетот се смесуваат состојките и се вари за кратко.
Млакиот шебет се додава на жешкото ќунефе и се остава за малку на оган потоа се тргнува од оган и се додаваат ситно сечканите фстаци.
Од овие состојки се добива едно ќунефе.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 19:26
Локма,мали рајски залаци , турски деликатес ,чуван во строга тајност


На турски јазик зборот локма означува мали рајски залаци…

ЛОКМА е турски колач кој се прави од пржено тесто и едноставен сируп (шербет). Овој десерт најчесто се послужува со црно кафе.

Во Турција овој колач најчесто се приготвува за специјални пригоди, како венчавки, бизнис забави и семејни собири, а особено се популарни во западниот дел на земјата.

Самиот збор локма на турски јазик означува мали залаци од рајот, а колачот потекнува од дворот на отоманските султани. Многу векови рецептот бил чуван во строга тајност, но во 20.век стана традиционално турско јадење и се прошири низ народот.

Потребни состојки за тесто:

250 г брашно

1 јајце

10 г шеќер

10 г свеж квасец

300 мл млака вода

Сируп:

500 мл вода

700 г шеќер

1 лимон – сокот

Постапка:

Направете сируп од вода, шеќер и сок од лимон. Кога ќе зоврие, тргнете од оган и оставете да излади.

Брашното, јајцето и омекнатиот квасец (оставете го малку топла вода) ставете во сад, додадете малку млака вода и замесете го тестото. Оставете да надојде околу 20-30 минути.

Загрејте масло во тавата со доволна длабочина да ги прекрие топчињата од тесто.

Земете во раце малку тесто, затворете ја дланката за да ви излезе малку смеса помеѓу палецот и показалецот. Со лажица фаќајте ги топчињата и ставајте ги во маслото, пржете ги додека да поруменат.

Вадете ги со лажица и веднаш ставајте ги во ладниот сируп на кратко за да не омекнат премногу. Редете ги во сад за сервирање.

Можете да ги прелиете со чоколадо, мед, цимет, мелени лешници или ореви.



Изменето од Valerija - 18.Март.2018 во 19:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:22

Специјалитет од турската кујна: Запечен компир со јогурт

Состојки:

3 средни компири

200 гр турски/грчки цврст јогурт

сол,бибер

100 гр рендано тврдо сирење

малку маслиново масло

Подготовка:

Излупете го компирот, па исечете го на кругови.

Направете фил

Ставете го во садот турскиот јогурт (ако не можете да најдете заменете со грчки или обичен цврст јогурт помешан со лажица кисела павлака), додадете сол и бибер и изрендан лук. Се помешајте да се поврзе. Пробајте, филот треба да биде малку посолен.

Садот премачкајте го со малку маслиново масло. Редете ги круговите компир еден до друг, нека не одат еден преку друг. Кога ќе го наредите првиот слој, премачкајте се филот. Сега наместете го другиот ред па и него премачкајте го со филот, постапката повторувајте ја најмногу 4 пати.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Покријте го садот во кој ќе печете со алуминиумска фолија, па поклопено печете 50 минути.

Пробајте со чепкалка дали компирот е мек.

Кога ќе омекне тргнете ја фолијата, ставете од наренданото сирење па печете уште 10тина минути на 200 С, додека не фати фина боја.

Добар апетит.



Изменето од Valerija - 18.Март.2018 во 20:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:31
Турски рецепт за влажен колач
Турски рецепт за влажен колач
Состојки
пандишпан
3 јајца
1 чаша ( 250 )мл шеќер
5 лажици какао
1/2 чаша зејтин
1 пакетче пециво
1 пакетче ванила
1/2 чаша млеко
2 чаши брашно
За прелив на пандишпанот
2 чаши млеко
Глазура
1 чаша (250мл) млеко
2 лажици какао
2 лажици брашно
5 лажици шеќер
1 чаша вода
1/2 (50гр) чоколадо за готвење
Фил
1 пакетче шлаг пена

Јајцата ги матиме заедно со шеќерот додека убаво не ни се згусти смесата. Го додаваме какаото 5 лажички и зејтинот. Во брашното ги додаваме пецивото и ванилата и промешуваме. Потоа го додаваме млекото и брашното и со миксерот промешуваме додека се изедначи смесата да нема грутчиња.

Подмачкуваме правоаголно плекче или ростер со зејтин и ја истураме смесата. Печеме на околу 180 до 200 степени времетраење (зависно од јачината на рерната) околу триесетина минути или проверете со чепкалка да не се лепи од тестото. 
Чекаме добро да истине пандишпанот и го полеваме со млекото.

Го спремаме шлаг кремот со или без шеќер.
Овој колач не е многу благ можете и да додадете 2 до 3 лажици шеќер. Во тенџере ги ставаме сите состојки потребни за филот, чекаме да проврие. На крајот го додаваме чоколадото додека да се растопи. Го тргаме филот настрана додека сосем не истине. Го полеваме пандишпанот со филот.

По вкус може да изрендате чоколадо одозгора, но не мора.
Овој рецепт прв пат го пробав кај моја драга пријателка Мавиш, многу ми се допадна и еве го споделувам овде со вас. Колачот е многу лесен за јадење,не е многу благ како што спомнав погоре во текстот. Рецептот е турски
Големо благодарам за вкусниот рецепт до Мавиш. Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне, ви посакувам добар апетит.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:33
Турски бухти


Турски бухти

Состојки
4-1/2 чаши брашно
1 чаша густин
1 чаша маслиново масло
1 белка
1 лажица истант квасец
1-1/2 чаша млеко
2 лажици шеќер
1-1/2 лажички сол
За премачкување и посипување
1 жолчка
1 лажица масло
колку е потребно бел и црн сусам... може и микс на семиња

Овој рецепт за тестото, а може да се полнат, останува вие да си изберете.
Постапка
Растворете го квасецот во топлото млеко во кое сте додале шеќерот, солта, потоа додадете го маслото, но не го ставајте одеднаш целото. Оставете ако се покаже за потребно, со него ќе го домесете тестото. Додадете ја лесно разматената блека, брашното измешано со густинот, месете да добиете фино нелепливо тесто. Оставете да стаса. Размесете го тестото и поделете го на топчиња во големина на мандарина, наредете во плекчето и оставете нека стасуваат околу 20 мин. Со остар нож или ножица направете засек, премачкајте со жолчката и посипете со сусамот. Ставете нека се печат на 190 степени. Готови се кога ќе заруменеат убаво.
Совет
- Како што реков, маслото не го истурајте одеднаш, можеби нема да е потребно цела 1 чаша. Тоа многу зависи од самото брашно.
- Ако сакате да ги полните можете во засекот да ставите парче сирење или да направи на дланката мала кора од секое топче, па полнете ги со фил од варен компир згмечен или нарендан во кој ќе додадете сирење, бибер, пржен кромид... измешајте и на средината на секоја мала кора ставете од филот, затворете и формирајте повторно топче. Јас денес си ги правев сосема празни, ќе бидат за забава, па нека секој си стави што сака. 



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:35
Турски сомун

Турски сомун

Состојки
Тесто
250 мл. топла вода
200 мл. топло млеко
40 мл. масло
1 јајце (жолчката)
20 гр. квасец свеж
1,5 лажичка сол
1 лажичка шекер
800 гр. брашно
За премачкување
1 белка
2 лажички вода
малку сол
Уште еден во низата на рецепти за сомуни - мали, овие како да се измислени само да се полнат со ќебапчиња или нешто печенко на скара...

- Во сад измешајте водата, млекото, квасецот, солта, шеќерот, лесно сматената жолчка и маслото.
- Во садот во кој месите ставете брашното, но не го истурајте целото одеднаш, одвојте околу 50 гр., ќе го додадете одпосле ако е многу меко тестото. Замесете тесто кое не се лепи за рацете, а сепак е меко. Покријте и нека одлежи на топло околу 30 мин.
- Истресете тестото на работната површина,поделете го на 16 дела, секој дел расукајте го во мала кора. Веднаш редете ги во тавката послана со хартија за печење, покријте и нека стасуваат околу 60 мин.
- Откако стасале, премачкајте ги со лесно сматената белка со водата и солта, засечете со остар нож одозгора, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени. Се печат се додека не добијат златеста боја.
Напомена
- Напишан ви е оригинал рецептот кој го сподели мојата пријателка Мучика. Таа има неверојатно убави рецепти од Турската кујна, но направив една мала измена која пак и не се важи - односно откако ги премачкав ги посолив со ким и шарена сол. Вие како сакате....
- Зависно од брашното - затоа напишав целото одеднаш да не го истурате иако кај мене точно по рецептот - 800 гр. Тестото е многу меко, многу податно за работа, мераци е....



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:36
Турски симит

Турски симит

Состојки
550 гр. брашно
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици зејтин
1 свеж квасец
250-300 мл. млака вода
Премаз
100 мл. гроздов сируп (маџун)
200 мл. вода
1 лажица брашно
За посипување
150 гр. сусам

Овие симити познати се на многумина од вас, во Турција ги продаваат на секој агол. Ова е рецептот кој јас го имам за овие симити.
Подготовка
1. Во еден длабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во него. Во неа издробете го квасецот, додадете го шеќерот и млаката вода. Измешајте колку да се стопи квасецот. Не мора да чекате да стаса.
2. Додадете ја солта и зејтинот и замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво изработете го тестото (месете околу 10 мин.). Ставете го во набрашнет сад и оставете да стаса убаво.
3. За тоа време, испржете го сусамот во едно тавче „на суво“. Не додавајте зејтин, путер или сл.
4. Подгответе го и премазот со тоа што во еден подлабок и широк сад ќе го ставите маџунот, водата и брашното и убаво ќе промешате.
5. Откако стасало, измесете го повторно и поделете го на шест дела од кои ќе направите топчиња. Јас го мерев тестото на вага и секое топче тежеше некои 150-160 гр.
6. Земете едно топче и во средина со плаците направете дупка. Со помош на плаците оформете го симитот, но притоа немојте да тегнете туку само внимателно „гмечете“ го тестото.
7. Секој симит најпрво потопете го на кратко во премазот од маџун и потоа „извалкајте“ го во сусамот.
8. Ставети ги во плех на хартија за печење и печете ги на 200° 25-30 минути.
Тестото е со неутрален вкус, какво и треба да биде. Кој сака посолено, тогаш солта во тестото зголемете ја на 1 до 1 1/2 лажичка.
Симитите непечени, можете и да ги замрзнете и по потреба да вадите и да печете и така да имате топли симити за појадок. Доколку ги печете замрзнати, тогаш времето на печење се продолжува за 5 минути. Инаку, замрзнатите симити имаат 6 месеци рок на траење.
Добар апетит!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:38
Турски погачици

Турски погачици
Состојки
250 мл млеко
40 гр квасец
70 гр маргарин
2 јајца
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
по потреба брашно (500-600 гр)
* За фил
250 гр сирење или урда
1 жолчка
* За премачкување
1 белка
малку сусам

Ставете го квасецот со шеќерот и 1 лажиче брашно во млакото млеко и оставете да се активира. За тоа време изгмечете го сирењето со вилушка и измешајте го со жолчката.

Во сад за месење скршете ги јајцата, додадете го активираниот квасец со млекото, омекнатиот маргарин и солта, па со брашното замесете глатко тесто.

Оставете да се дуплира. Потоа премесете го и оставете го повторно да се дуплира. Поделете го на мали топчиња.

Секое топче развлечете го овално со помош на сукалка врз набрашнетата работна маса. Исечете го по должина вертикално, премачкајте со фил и сролајте го дијагонално, накосо.

Вака зароланото тесто потоа завиткајте го во вид на полжав, како за мазник.

Погачиците премачкајте ги со белка и наросете ги со сусам. Печете ги на 200 степени околу 20 мин.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:41
Турски комад&amp;#8207;

Турски комад
Состојки
За филот
2 парчиња праз
100 мл масло
1 лажиче мешан зачин
За тесто
1 кг брашно
450-500 мл млака вода
1 коцка свеж квасец
1 мало лажиче сол
1/2 мало лажиче шеќер
За премачкување и попрскување околу 300 мл масло.

Рецептот стар, начинот на подготовка нов.
Тестото се замесува на стандарден начин.
Брашното сеено, квасецот разматен.
Се додава млака вода и сол.
Се замесува средно тесто.
Се остава да стаса,а откако ќе се дуплира,се размесува и се делина 8 топчиња.
Се делат на две купчиња по 4 топчиња.
Секое топче се расукува, па се премачкува масло.
Се редат така 3 корички,а на четвртата не се мачка масло Така ги правите и другите четири.
Ова доаѓа како лиснатите соленки кога ги изработуваме.
Од првите четири корички растегнуваме една голема.
Со сукалката ја натапкуваме како на помошните слики со паралелни прави, а потоа ја вртиме сукалката и во спротивен правец повторно ја притиснуваме сукалката.
За по јасно видете на сликите.
Тоа го правиме за кората да биде ровка кога ќе се усука, да се делат коричките под неа од маслото.
Потоа ја превртуваме од другата страна и пак ја сукаме.
Исуканата кора се протега во тавата.
Нека биде подолга кората нека излегува од тавата по неколку сантима.
Кората попрскајте ја со масло.
Потоа врз неа се нанесува филот,и какошто пишав погоре,ако е цел праз,тогаш запржете го,ако се само перца, ситно се сецкаат и зачинуваат.
Иако не ги пржите ставете масло во перцата.
Останатите 4 кори исто така изработете ги како првава и постелете ја врз филот.
Ставајте ја со сукалката да биде набрана кората.
Каде што ќе се соединат двете кори завиткајте ги навнатре како венец на суканото.
Оставете да нарасне комадот околу 30 минути ако е топло, ако не оставете малку повеќе.
Печете во загреана рерна додека не порумени.
Потоа извадете го од рерната попрскајте го малку вода и масло и пак вратете го назад нека постои во исклучена рерна 5 минути.
Покријте го со чиста крпа и нека постои надвор откако ќе го извадите.
На здравје



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2018 во 20:44
Турски ќебап

Турски ќебап

Состојки
За ќебапот
500 гр мелено месо и 1 јајце
1 кромид ситно насечкан
50-60 гр лебни трошки
1 лажичка мешан сув зачин
1/2 лажичка буковец
Состојки потребни за тавата
500 гр кромид, ситно сечкан
1 шоља ориз (150 мл)
100 гр морков
1 лажица буковец
1/2 лажичка оригано
1 лажичка мешан сув зачин
1 ловоров лист
свеж магдонос неколку листови

1. Смесата за ќебапи се меша, се прават мали ќебапи или ќофтиња и се пржат во масло.
2. Кромидот и морковот се сечкаат на ситно и ги пропржуваме на масло, додека не стане стаклен кромидот и морковот да омекне. Потоа го додаваме и оризот, претходно измиен и тој малку да се пропржи. Ги додаваме зачините, мешаме и ставаме се во тавата во која ќе печеме. Залеваме со околу три шољи вода.
3. Одозгора ги редиме ќебапите и ставаме да се пече на 200 степени во заклопена тава. При крај на печење, откако ќе изврие водата го ја откриваме тавата малку да се запече.

Користев мешано мелено месо, а оригиналната верзија е само со јунешко мелено месо.








Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2018 во 17:34
ИМАМ БАЈАЛДИ

Имам бајалди е турско јадење, а неговото име во буквален превод значи „имамот се онесвести“. Приказната за тоа како ова јадење го добило името вели дека кога имамот го пробал јадењево, се онесвестил од добриот вкус.  

post cover photo

Состојки 

  • 4 големи долги модри патлиџани

  • 9 лажици маслиново масло (или повеќе ако е потребно)

  • 12 чешниња лук 

  • 1 голем кромид исечкан на тенки полумесечини

  • 2 пиперки, благи и исечкани на мали парчиња

  • 1 голем домат, исечкан

  • 1 шолја сечкан магдонос

  • 1/2 лажица сол

  • 1/2 лажица шеќер 

  • 1/2 лажица мелен бибер

  • 1 голем домат, изрендан

Начин на подготовка

Излупете ги модрите патлиџани на линии, посолете ги убаво и оставете ги на страна 45 минути. Не сечете ги врвовите. 

Ставете 1/3 шолја маслиново масло во длабока тава за пржење. Додадете го кромидот, целите чешниња лук и исечканите пиперки. Пропржете сè додека кромидот не стане проѕирен. Мешајте постојано за кромидот и лукот да не потемнат. Ова е еден од клучните чекори за „Имам бајалди“. 

Потоа во тавата додадете ги фино сечканите домати, магдоносот, сол, бибер и шеќер. Гответе уште 5 минути. 

Во друга тава загрејте 1/4 шолја маслиново масло и пржете ги модрите патлиџани на секоја страна додека не добијат златна нијанса, 1 - 2 минути. Тргнете ја тавата од оган и ставете ги модрите патлиџани во тава за печење да се оладат. 

Расечете ги модрите патлиџани по средината, до половина. Не сечете ги по целата должина. Ако сакате да направите поголем отвор, користете ги рацете. Направете форма на кану. 

Распоредете ја смесата за полнење еднакво низ патлиџаните. Наполнете ги убаво. Потоа додадете го ренданиот патлиџан, покријте ја тавата за печење со алуминиумска фолија и направете неколку дупки на фолијата за да може пареата да излезе.

Печете на температура од 180 степени околу 45 минути сè додека патлиџаните не бидат готови. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 17:44

Dave`s Kitchen: Турски лепчиња за појадок



Потребни состојки :

  • 20 гр. свеж квасец
  • 100 мл. млака вода
  • 250 гр. растопен путер (или маргарин)
  • 100 мл. масло за јадење
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 цело јајце
  • 750 гр. брашно
  • 1 жолчка за премачкување


Начин на подготовка:

Замесете меко тесто од овие состојки и оставете го да стасува околу 60-75 минути. Откако ќе нарасне тестото поделете го на 10 еднакви парчиња и наредете ги во тавче обложено со хартија. Оставете 10-15 минути да одморат, а потоа притиснете ги со помош на дланката.Премачкајте ги со жолчка и нарусете сусам. 
Со помош на вилушка направете шара и печете ги во загреана рерна од 180 степени околу 15-20 минути. 
Одлични се како и за солени така и за благи варијанти. 



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2018 во 08:52

ГУЛАЏ – МЛЕЧЕН ДЕСЕРТ СО КАЛИНКИ, ОРЕВИ ИЛИ ФСТАЦИ

Балкон3 ви подготвува Гулаџ (Güllaç) – традиционален турски десерт, посебно ценет за време на Рамазанските пости

gullach1_balkon3

Турската кујна е позната по хранливите и многу вкусни десерти со млеко.

Млечниот десерт Гулаџ – güllaç (gioul-LAHCH )  се наоѓа на врвот на оваа листа. Имено станува збор за бел, мек и лесен десерт кој е направен од неколку слоеви кори – од пченкарно брашно и пченкарен скроб, натопени со засладено млеко и зачинети со Розова вода или екстракт од ванила.

Овој традиционален десерт може да го сретнете на излогот во сите ресторани и слаткарници кои служат традиционални турски десерти. Обично е гарниран со семе од свежа калинка, ореви, фстаци, лешници кои му даваат екстра вкус и текстура.

Никогаш не е доцна да го пробате овој десерт за кој еден сопственик на слаткарница ќе каже „Тој е бел како ангел, и со многу добар вкус исто така “.

gullach_balkon3

Овој десерт особено се цени за време на светиот месец Рамазан, бидејќи е лесен за стомакот по долгиот испоснички ден. Имено за време на Рамазан потрошувачката на корите и на овој десерт расте над 85% . Но овој десерт може да се сервира во било кој период од годината.

< width="630" height="60" border="0" marginwidth="0" marginheight="0" ="0" ="0" allowtransparency="true" scrolling="no" allowfullscreen="true" id="aswift_1" name="aswift_1" style="left: 0px; : ; top: 0px; width: 630px; height: 60px;">

За да подготвите Гулаџ дома потребни ви се следниве состојки :

gullach_kori_balkon310  güllaç кори

1 ½  литар млеко

350 гр.шеќер
1 чаша сецкани ореви или фстаци

и калинка за гарнир

Подготовка:

Gullac 2Најнапред стоплете го млекото заедно со шеќерот, притоа млекото треба да е навистина жешко за да може да се растопи шеќерот во него. Во тава ставате една  gullac кора и истата  ја  прскате со млеко, причекајте млекото да се впие и истата постапка повторете ја и за останатите четири кори. Откако ќе ја завршите постапката со петата кора на истата ги посипуваме сечканите ореви или фстаци. По ова ја повторувате постапката со редењето на корите и попрскувањето со млекото со останатите пет кори, а на крај го истурате остатокот од млекото над колачот.

Истиот го ставате во фрижидер добро да се излади. Притоа сакам да ви напоменам да не се разочарувате доколку корите ви имаат неправилна форма или ви испукаат имено од млекото истите ќе набабрат и ќе се изедначат.

Откако добро ќе се излади може да ја сервирате сечејќи ја на коцки или баклави, наросете ја со фстак, орев или кокос. А како гарнир може да додадете и калинки, малинки или јагоди.

 

Gullac

Уживајте со десертот на Балкон3

На здравје, Afıyet olsun &amp;#128578;

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.