IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Турска кујна и рецепти од турската кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Турска кујна и рецепти од турската кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 16:48
Домашен локум

Дали некогаш сте пробале локум? Овој вкусен деликатес е еден од најдобрите белези на Турција.Локумот може да биде „обичен“, зачинет со миризлива розина вода, сушено овошје, ореви, кокос… Моите деца обожуваат локум, а живеат во странство и јас не можам секогаш да им ги донесам овие прекрасни задоволства од дома. Но, сега можете да направите локум во вашиот дом!

Lokum Ozlem_cover

Малку за историјата на турскиот локум. Пред доаѓањето на рафинираниот шеќер во доцниот 18 век, Османлиите правеле сирова верзија на локум со користење мед или мармелад, концентриран гроздов сируп и пченкарно брашно. Хаци Бекир, конфекционер во тоа време, станал познат поради неговата генијална употреба на бел шеќер и пченкарен скроб и бил повикан во Палатата Топкапи да стане пионер во развојот на она што денес е една од знаменитостите на Турција.Варијации на локумот може да се најдат во сите региони на Турција. Сакз (мастика за џвакање) е уште една состојка, почитувана од страна на султаните, а која може да се користи за креирање на верзија на локумот која може да се витка.

Lokum ph2,Turkish Delight with OTT

Рецепт за „обичен“ локум

Потребни состојки:

- 25 грама шеќер
- 100 грама пченкарно брашно
- 700 грама шеќер во прав
- сок од лимон
- 3 лажици желатин
- црвена или розова боја за готвење
- 2 лажици розина вода

Lokum ph2, bulgur and almond rice 015

Подготовка:

Поставете проѕирна фолија на еден поголем, по можност проѕирен сад за печење и испрскајте го со малку шеќер и со пченкарно брашно на основата. Во друг сад за готвење се ставаат шеќерот во прав, сокот од лимон и 400 мл. вода. Се готви на тивок оган додека не се растворат. Во друг мал сад, промешајте го останатото пченкарно брашно со 100 мл. ладна вода, а потоа додадете го во шеќерниот сируп. Посипете желатин и мешајте се додека ги снема грутките. Смесата треба да зоврие, а потоа да се вари на средна температура уште 20 минути, а за тоа време често мешајте. Смесата треба да згусне и да добие бледо-жолта боја.

По готвењето се додава розината вода и по желба боја за готвење за локумот да ја добие посакуваната нијанса. Потоа се става во садот што првично го подготвивме и се остава да одлежи на ладно место во текот на ноќта. Откако ќе се зацврсти исечете го во посакуваната форма и потоа можете да го превртите во мешавина од шеќер во прав и пченкарно брашно за да не се лепи. Вкусниот домашен локум е подготвен, а тој одлично оди со турско кафе.

Lokum i kafe lokum i kafe 2

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 19:45
Едноставни турски лепчиња

Едноставни турски лепчиња

1. Во млекото го ставаме квасецот, шеќерот и солта.
2. Во сад за месење ги ставаме млекото со квасецот, солта и шеќерот. Ги додаваме јајцата, маргаринот и маслото. Мешаме со жица за матење.
3. Пополека го додаваме брашното и замесуваме средно тесто. Тестото го оставаме да нарасни.
4. Од тестото земаме парчина со големина на јајце. Тестото го обликуваме во форма на топче и со помош на дланките нежно го притискаме.
5. Лепчината ги ставаме во плех обложен со хартија за печење. Ги оставаме малку да нараснат.
6. Ги премачкуваме со жолчка и ги посипуваме со сусам.
7. Ги печиме на 180 степени околу 20 минути.

Забелешка
- чашата е 200 мл, а филџанот е 75 мл
- јас врз некои од лепчината ставив сончоглед, кој претходно малку го истолчив
Уживајте во овие прекрасни лепчина = )))


Afiyet olsun !!!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 21:50
Кисир салата

Салата за 6 лица 

Состојки

1 чаша булгур 
домат
6 главички млад кромид
3 лажици густа паста од домати лута
1 китка магдонос
2 лажици сушено нане
2 лажици сол
1/4 чаша маслиново масло
сок од 2 лимона

Начин на подготовка

Булгурот го вариме. Доматот го лупиме и го сечкаме на ситни коцки. Младиот кромид и магдоносот ситно ги сецкаме. Сите состојки ги промешуваме и ја сервираме салатата.




Изменето од evangeline - 06.Февруари.2014 во 21:50
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 21:59
Мантии

Состојки

за тестото - 400 гр. брашно
за тестото - 1 жолчка
за тестото - 1 јајце
за тестото - 100 гр. вода
за тестото - сол
за филот - 200 гр. мелено месо
за филот - 3 главички кромид
за филот - сол
за филот - црн пипер
за варење - 6 чаши супа од коцка
за сервирање - 500 гр. јогурт
за сервирање - 2-3 чешниња лук
за сервирање - 5 лажици маргарин
за сервирање - 1 лажица мелен црвен пипер

Начин на подготовка

Во сад ги ставаме меленото месо, исецканиот кромид, сол и црн пипер. Ги мешаме и ги гмечеме 2 минути. Го просејуваме брашното. Правиме дупка на средината, во неа ставаме 1 цело јајце, 1 жолчка, сол и 100 мл. вода. Го замесуваме тестото и го оставаме да отстои 1 час. Потоа ја набрашнуваме работната маса и тестото и со оклагија го развлекуваме тестото што е можно потенко. Го сечеме на парчиња од 6*6 квадратни сантиметри и на секое му ставаме по 1 лажица фил. Сите 4 ќошиња од квадратот ги повлекуваме кон средината и може со прсти да ги стиснеме за да се залепат. Ги редиме во огноотпорен длабок сад премачкан со маргарин. Ги премачкуваме со растопен маргарин. Ги запечуваме во рерна околу 25 минути на среден оган додека не поруменат. Потоа ги преливаме со 6 чаши жешка супа. Ги покриваме и ги печеме во рерна се додека има течност. Ги вадиме и ги сервираме во длабок овален сад. Изгмечуваме лук и го помешуваме со јогурт и малку сол, па го истураме одзгоре. Растопуваме маргарин и пропржуваме црвен пипер, па и тоа го додаваме одзгоре.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:01
Јајла чорба

Состојки

8 чаши пилешка супа
80 гр. брашно
80 гр. ориз
3 чаши јогурт
жолчки
3 лажици путер
2 лажици нане

Начин на подготовка

Оризот го вариме во 8-те чаши супа на тивок оган. Го заматуваме јогуртот со жолчка и брашно. Константно мешајќи додаваме 2 чаши зовриена вода. Потоа го истураме во шерпа и го оставаме да се вари 10 минути. Го растопуваме путерот, додаваме нане и го пржиме 1 минута на слаб оган. Потоа го додаваме во чорбата и чорбата може да се сервира.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:05
Казандиби


Состојки

7 чаши млеко
1.5 чаша шеќер
3/4 чаша густин
1 1/4 чаша оризово брашно
1 1/2 чаша вода
1/2 лажица сол
1 парче пилешки стек
цимет

Начин на подготовка

Пилешкиот стек го вариме се додека не омекне убаво. Го сечеме попречно на ленти со должина околу 5 см. Парчињата ги земаме во рака и ги триеме со дланките додека не се претворат во ситни влакна. Ги измиваме 3-4 пати влакната со жешка вода, менувајќи ја водата секојпат. Потоа ги цедиме убаво за да останат сосема без вода. Во шерпа ги истураме шеќерот, млекото и солта. Го оставаме шеќерот да се стопи. Во посебен сад ги промешуваме брашното и густинот. Полека додаваме од млекото и мешаме дури да се добие мазна паста. Ја истураме пастата во млеко и мешаме додека не почне да се згуснува. Земаме 4-5 лажици од пудингот и ги ставаме во садот со влакната. Ги промешуваме со виљушка, па ги враќаме во пудингот. Вариме на тивок оган и мешаме се додека не се згусне. Кога ќе биде готов го истураме во сад длабок 2-3 см, којшто ќе може да се стави и на оган и во фрижидер. Го потпечуваме малку одоздола и го оставаме во фрижидер 2-3 часа. После тоа го сечеме на правоаголници и со помош на шпахтла го завиткуваме во тенки ролни со печената страна одозгоре. Одозгора му наросуваме цимет.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:43
Кадаиф


500 гр. кадаиф 

200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје

Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:33

Кадаиф – Рецепт на старите турци


kadaif

500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје

Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 05:30

Цариградска торта

1. Најпрвин сувото грозје го потураме со румот. Оставаме да стои околу 30 минути одвреме навреме промешувајќи за да сето грозје прими од румот. Откако ќе отстои го цедиме од румот
2. Јајцата се матат со шеќерот.
3. Јаболката ги лупиме и ги рендаме. Ги цедиме од течноста.
4. Во изматените јајца ги додаваме, јаболката, гризот, сецканите ореви, сувото грозје, брашното и пецивото. Мешаме со дрвена лажица.
5. Смесата ја ставаме во караванче број 30, печиме на 180 степени 20 минути.
6. Испечената торта ја сечиме на ромбоиди. Ја оставаме да се излади.
7. Шербет – рендаме кора од лимонот, а потоа го цедиме. Во сад на оган ја ставаме водата. Го додаваме шеќерот, ванилата, сокот и кората од лимон. Откако ќе зоврие вариме уште 10 минути.
8. Ладната торта ја прелеваме со ладен шербет
Забелешка – шолјата е 250 мл.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 22:17
Турски ќебап

Турски ќебап


Состојки (за ќебапот)
  1. 500 гр мелено месо и 1 јајце
  2. 1 кромид ситно насечкан
  3. 50-60 гр лебни трошки
  4. 1 лажичка мешан сув зачин
  5. 1/2 лажичка буковец

Состојки за тавата

  1. 500 гр кромид, ситно сечкан
  2. 1 шоља ориз (150 мл)
  3. 100 гр морков
  4. 1 лажица буковец
  5. 1/2 лажичка оригано
  6. 1 лажичка мешан сув зачин
  7. 1 ловоров лист
  8. свеж магдонос неколку листови
1. Смесата за ќебапи се меша, се прават мали ќебапи или ќофтиња и се пржат во масло.

2. Кромидот и морковот се сечкаат на ситно и ги пропржуваме на масло, додека не стане стаклен кромидот и морковот да омекне. Потоа го додаваме и оризот, претходно измиен и тој малку да се пропржи. Ги додаваме зачините, мешаме и ставаме се во тавата во која ќе печеме. Залеваме со околу три шољи вода.
3. Одозгора ги редиме ќебапите и ставаме да се пече на 200 степени во заклопена тава. При крај на печење, откако ќе изврие водата го ја откриваме тавата малку да се запече.

Користев мешано мелено месо, а оригиналната верзија е само со јунешко мелено месо.





Изменето од Valerija - 24.Февруари.2014 во 22:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:02

Поча-турско пециво



Јадење за 10 лица, во времетраење од 30 минути.Состојки

2 шолји (200мл) брашно

половина лажица сол

лажица сув квасец (или половина коцка свеж квасец)

четвртина шолја маслиново масло

четвртина шолја омекнат путер

четвртина шолја јогурт

половина шолја издробено фета сирење

лажица магдонос

лажица копар

лажица мајчина душица

Подготовка

Почата е турско печиво кое е прилично вкусно поради миксот од зачини кој се употребува во филот. Секогаш може филот да се прилагоди по желба, но сепак смесата од фета сирење со зачини е најдобрата варијанта за полнење.

1. Во длабок сад се мешаат брашното, солта и квасецот.

2. Се додава путерот, белката, јогуртот и маслото. Се меси меко тесто.

3. Зачините ситно се сецкаат и се мешаат.

4. Издробеното сирење се меша со зачините и со малку јогурт да се добие кремаста смеса. По желба се додава црн пипер или лути пиперчиња.

5. Се зема топче од тестото малку поголемо од орев и се сука, се засекува два пати на едната страна. Во средина се става сирење и се превиткува така што засеците ќе дојдат од горната страна. Се редат на хартија во плех.

6. Се премачкуваат со жолчка од јајце измешана со малку масло

7. Се наросуваат со сусам или ким. Се печат на 200 степени, 15-20 минути.

Зачините може да бидат свежи или суви, какви што имате. Ако се свежи пожелно е да се исечкаат што поситно.




Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 13:02

Taтлии


Татлии е вкусен десерт, кој во нашите краеви доаѓа од Турција и станал дел од српската, македонската и бугарската кујна. 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 Шекер лажички
1000 грама Шеќер
малку Цимет
200 грама Урми
1 кесичка Прашак за печиво
150 грама Ореви
250 грама Маргарин
4 лажици Лимонов сок
1 Кора од лимон
1000 милилитри Вода
2 кесички Ванилин Шеќер
450 грама Брашно
2 Јајца

ПОДГОТОВКА:

Од брашното, прашокот за печиво, 1 ванилин шеќер, јајцата и истопениот маргарин замесете убаво тесто.

Тестото оставете го да одмори 15-тина минути.

Потоа продолжете со месењето, при што се додава (доколку е потребно) уште малку брашно.

Во посебен сад ги месиме оревите, иситнетите урми, циметот и 3-те лажици шеќер.

Тоа е филот за татлиите.

Од тестото земаме мали топчиња со големина колку орев, со дланката се стискаат, се филуваат, па убаво се затвораат од сите страни за да не испадне филот.

Вака подготвените татлии се редат на плех и се печат на 220 степени.

Додека татлии се печат се подготвува се подготвува сирупот од 1кг. шеќер, водата. ванилата и лимоновиот сок кој се додава после 15 минути варење.

Потребно е сирупот да биде сварен и со светло жолта боја.

Кога татлиите ќе се испечат се налеваат со сирупот.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2014 во 08:39

Вкусот на ориентот - Лахмаџун


Во пролетните денови кои се пред нас ви препорачуваме да пробате нешто вкусно и ориентално.

vkusot-na-orientoto-lahmadzun-01

Ако досега сте немале прилика да пробате турска пица, позната како лахмаџун, време е да го сторите тоа.

Еве уште подобра идеја како да се искористи убавото време - поканете го друштвото и покажете се како вистински експерт во кујна.

Подготовката на пицата е брза и едноставна, а во исто време е толку свежа, некалорична и вкусна.

Ако се решите да пробате нешто ново, ова е рецептот:

Состојки:

За тесто:

  • 350g брашно
  • 1 кесичка квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 200 ml млака вода
  • 2 големи лажици маслиново масло

За фил:

  • 1 кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 лажички сос од домати
  • 250 грама мелено месо
  • 1 лажичка магданос
  • Сол и бибер

Начинот на подготовка е следниот:

Сите состојки што ви се потребни за тестото ќе ги ставите во еден длабок сад, убаво ќе ги измешате и ќе го оставите тестото да отстои 40 минути.

Кромидот и пиперката ситно исечкајте ги или уште подобро измелете ги. Додадете ги доматите, солта, магдоносот, биберот и убаво измешајте.

Сите состојки измешајте ги и пропржете ги заедно со меленото месо, околу 10-тина минути.

Подготете 2 тепсии со хартија за печење на нив. Ставете малку брашно на работната маса, поделете го тестото на 2 еднакви дела и растегнете ги во кружна форма. Врз тестата нанесете го филот.

Рерната вклучете ја на 220 степени и печете од 8 до 10 минути.

Откако ќе се испече тестото, пресечете го лахмаџунот и врз секое делче сервирајте зелена салата, исцедете малку свеж лимон, а може и да ги свиткате парчињата во ролна.

Добар апетит!

vkusot-na-orientoto-lahmadzun-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 04:47

Турска чорба

Најпрво се става оризот да се вари со 1 чаша вода и кога е напола варен се трга тенџерето на страна и се додава другата чаша вода, јогуртот, јајцето и брашното кои се претходно измешани со жица за матење. Тенџерото се враќа на рингла на среден оган и постојано се маша додека зоврие без додавање на сол. Кога ќе зоврие се намалува ринглата и се оства да се вари 10 мин со повремено мешање. После 10 мин се проверува дали е оризот варен и тенџерето се трга од оган и се посолува по вкус. Путерот се става да оган да се стопи и кога ќе се стопи се додава 1 мало лажиче црвен пипер и нането свежо или суво и со ова се посипува супата. Може да се јаде и ладна но може малку да се згусти




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.