IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 65>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 10:32
Ќе имаат турнеа која ќе почне од Скопје 
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 09:43
Готово ... секое чудо за три дена.... ги заборавија ... 


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2014 во 14:28

Даниел Кајмакоски го доби својот нов автомобил „Mini“ и доаѓа во Скопје


По написите дека сè уште нема добиено ниту пари ниту автомобил како победник, веднаш почнаа да се менуваат работите и да се остваруваат ветувањата.

daniel-kajmakoski-go-dobi-svojot-nov-avtomobil-mini-i-doagja-vo-skopje-01

Денес во луксузниот салон за автомобили „MINI“, му беше врачен клучот и предаден автомобилот MINI COUPE Cooper SD од страна на Горан Јовановиќ претставник од компанијата Delta Motors.

„Чест ни е што овој автомобил ќе го вози токму талентираниот Даниел Кајмакоски, како прв победник на регионалното музичко шоу „Х-фактор Адриа“ – изјави Јовановиќ.

Сето тоа беше снимено од страна на „Пинк“ телевизија, а Даниел изјави:

„Вредно работиме на мојот нов сингл, веруваме дека ќе го завршиме до 23 мај кога почнува и нашата регионална турнеја, баш од Скопје, каде сите посетители на концертот ќе имаат можност да ја слушнат мојата прва песна. Многу сум возбуден и среќен што од денес ќе возам ваков преубав автомобил, како награда од МБК продукција и Delta Motors.

daniel-kajmakoski-go-dobi-svojot-nov-avtomobil-mini-i-doagja-vo-skopje-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:49

Даниле Кајмакоски кој е победник на „Х-фактор“ сеуште е во Белград каде очекува да ги добие заслужените награди. 

Тој за српски телеграф изјавил дека сеуште нема ни трага ни глас од ветените награди, а им било кажано дека по завршувањето на „Х-фактор“ ќе заминат на турнеја.

-Требаше да ги добијам наградите и сите финалисти потоа да заминеме на турнеја. Засега останувам во Белград и ќе почекам да видам што ќе се случува, изјавил Даниел.....







Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 08:07

Даниел Кајмакоски: Барам сериозна врска, а не авантури за една ноќ!


Дека соништата навистина стануваат стварност говори примерот на дваесет и деветгодишниот Македонец, Даниел Кајкмакоски, кој еден дел одлучи да ги спакува своите куфери од Виена и да допатува во Белград, со цел на целиот Балкан да му покаже дека во себе има „x-factor“. Шест месеци покасно неговото име се скандираше во белградската „Kombank arena“, кога талентираниот пејач беше прогласен за победник на првата сезона на шоу-програмот кој во светот ги сруши рекордите на гледаност.

Додека ужива во популарноста која му ја донесе неодамнешното учество во ова музичко натпреварување, Даниел отворено говори за победата како и за остварувањето на животниот сон, за тоа како фантазирал на градилиштето во Виена, на кое до доаѓањето во Белград со татко си заработувал за живот.

Во разговор за магазинот Hello, новата балканска ѕвезда открива зошто не го привлекуваат пролазните емотивни врски, а во свој манир одговара на прашањето каков x-factor мора да поседува една девојка за да го освои неговото срце.

Во претходно интервју за Hello изјави дека посакуваш брак. Дали и сега, кога се стекна со популарност, се плашиш да се ожениш со обожавателка?

Имам 30-години и сум во години кога бирам девојка со која би бил во иднина, бидејќи барам сериозна врска. Дали тој однос ќе заврши со брак, тоа е помалку битно. Она што го посакувам не се кратки врски за една ноќ или авантури со девојки кои со мене сакаат да бидат само поради мојата популарност или талент. Би сакал да најдам некоја која ќе ме запознае, која ќе и се допадне тоа каков човек сум. Секако, размислувам на тоа дека морам да се пазам на тоа со кого ќе бидам сега откако се случи оваа победа, т.е. со кого ќе го делам новото животно поглавје.

Каков x-factor мора да има девојката која би го освоила твоето срце?

- Мора да биде пониска од мене, обавезно. Сепак, срцето не бира и може да се случи спротивното, но да не зборам многу за тоа. Најважно е да биде човек, да биде искрена и природна девојка, останатото е помалку важно.

Како се чувствуваше кога Ана Михајловски на прогласувањето на победникот во „Arena“ го изговори твоето име?

- Бев пресреќен, тоа веќе е најубавиот момент во мојот живот. Се беше совршено и моите родители беа тука, што многу ми значеше.

Родителите дојдоа од Виена за да те бодрат во финалната вечер. Што ти рекоа после симнувањето од сцената?

- Од солзи не можеа да говорат, татко ми заплака прв пат после многу години. Покасно таа вечер ми кажа: „Секоја чест за она што го направи, ти си голем човек“ . Тие мораа да заминат за Виена, но се пресреќни поради мене и горди, одговараат на повиците и пораките од пријателите, роднините, фановите и многу уживаат во сето она што му се случува на нивниот син.

Чиј совет за време на натпреварувањето најмногу ти значеше?

- Ги помнам сите работи, а прва во текот на натпреварувањето ми рече Кристина Ковач. Ми кажа дека не би требало да се трудам да им се допаднам на сите, бидејќи не можат сите да ме сакаат и дека од тој момент кога ќе започнам да размислувам што другите мислат за мене и да започнам да им се прилагодувам ќе згрешам, тоа не е добро за ниту еден уметник. Другиот совет се случи во „Arena“, а ми го кажа Жељко: „Вечерва не се натпреваруваш, излегуваш на бина и уживаш, вечерва ти имаш концерт“. Тремата во тој момент исчезна, излегов сам на бина опуштен и уживав, дури ниту устата не ми се сушеше како на секој настап пред тоа.

Колку ти значеше тоа што од сите членови на жирито, тебе ментор ти беше Жељко Јаксимовиќ?

- Многу, бидејќи тој ми беше најпознат од сите членови на жирито. Ја слушав неговата музика и навивав за него на „Евровизија“. Сметам дека тој е вистински претставник на балканската музика во светот, ги пеев неговите песни и поради тоа ми беше голема чест.

Публиката го препозна твојот x-factor за разлика од професорот во средно школо, поради кој твоите родители после првата година те отпишале од Музичката гимназија?

- Тоа беше во 2000-та, пред 14 години. Запишав Музичка гимназија,но ме добив поддршка од главниот професор. Ние двајца не се разбиравме најдобро и тој после првата година на мојата мајка и кажа дека не сум доволно талентиран и ја наговори да ме отпише од школото. После една година ја увиде грешката, ме повика и ми се извини. Од тогаш повторно станав дел од тоа одделение. Иако повеќе не бев негов ученик, и ден денес сум присутен на сите негови прослави. 

Во финалето носеше амајлија која Марија Шерифовиќ ја носеше во победничката ноќ на Евросонг. Колку вам во тој момент ви значеше тоа срце?

- Бев многу среќен кога нашата стилистка Ивана Рабреновиќ го извади тоа срце кое после Евросонг останало кај неа и ми го даде. Тоа беше убаво чувство бидејќи ја имаше победничката енергија на Марија и ми значеше што е тука кога пеев во последниот круг.

Не се воздржуваше да заплачеш и со тоа покажа дека си голем емотивец. Дали тоа го сметаш како предност во работата или мана?

- Не мислам дека емотивноста е мана, бидејќи тоа сум јас. Мислам дека публиката токму поради тоа и ме засака, бидејќи сум искрен и кога би глумел, тоа тие би го виделе. Дојдов на аудицијата, се претставив на публиката и продукцијата. Искрено кажав се за мене и за својот живот, не криев каде живеам и што работам и на сите им покажав дека музиката е мојата најголема љубов. Мислам дека публиката токму поради тоа ме засака. Не се плашам и не ги кријам моите емоции, секогаш бев емотивен и ќе бидам таков до крајот на животот.

Го покажа целиот свој талент и љубов кон музиката. Публиката ти возврати, но сега следи голема работа во кариерата. Што ти претставува најголем предизвик?

- Најважно ми е да оформам добар тим, да во студиото го дадам најдоброто од себе и да оваа приказна продолжи во добра насока. Не би сакал да влезам во машинерија во која ќе немам никаква контрола, односно ќе бидам марионета. Би сакал да бидам преставен во вистинско светло бидејќи често се плашам дека нешто може да тргне на лошо, но мислам дека екипата околу мене е многу добра и дека знае што би требало да работиме сите заедно, па тој страв се губи.

Што сметаш дека е твојата слабост?

- Долго живеев во странство и израснав со странска музика. Ретко слушав песни од овие простори и не бев заинтересиран за народната музика. Тоа го сметам за недостаток, но не сум крив за тоа. Ме интересираше некој друг стил, но во иднина сакам да работам на тоа. Сепак сум Балканец, Македонец сум, а сега живеам во Србија, и домашната музика е она што ќе го слушам.

Од кога живеете во Белград?

- Во финалето изјавив дека ќе се преселам во Белград, па два месеца живеам тука. Изнајмив стан и тоа е прв стан во кој живеам сам. Живеам на пола од Австрија, како и од Македонија, а сега се одлучив за Белград да ми биде центар на мојот живот и мојата кариера.

Оствари голем сон. Што би им порачал на оние кои сонуваат да го сменат својот живот како што направи и ти, а не се осудуваат на тоа?

- Можеби немаме некој голем животен стандард, но по мојот пример се гледа дека не е решение да се замине од тука со цел да се постигне нешто во животот. Ако постои некоја цел или желба, не треба веднаш да се гледа како да се побегне од тука. Јас морав да се вратам за да го остварам мојот сон. Им порачувам баш на сите да веруваат во она што сакаат да постигнат во животот, да не дозволат нивниот сон да згасне. Човек мора сам да знае колку вреди и да не дозволи некој да го обесхрабри. Никогаш не треба да се откаже, а доколку нешто доволно силно се сака, тогаш желбите се остваруваат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 14:41

Маст би џоукинг смеење
А и ова се си викам некоја шега е, ама не било.
Тинејџери, тинејџери... ама да си ја делкаш раката за Даниел или било кој, малку ми е забегано.
Малку повеќе.


Лудило или љубов по Даниел Кајмакоски ?




Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 14:29
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Даниел ужива додека снима во студиото во Белград, возбуден е за секоја нова песна, а сигурно пристигнуваат илјадници понуди, бидејќи секој би сакал да соработува со моментално најголемата музичка ѕвезда на Балканот!



овој што го пишувал текстот гада би кидинг или маст би џоукинг... најголема ѕвезда на Балканот?!?

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 14:24

Првиот албум на Даниел ќе се појави во јуни


Откако победи на првиот регионален „Х-фактор Адриа“, Даниел ја посети својата родна Македонија, имаше средби со многубројни фанови, се одмори и сега повторно е вратен во Белград каде веќе ги одбира песните за првиот албум.

prviot-album-na-daniel-ke-se-pojavi-vo-juni-01

Од она што досега се знае сигурно е дека ќе има 3 негови авторски композиции, повеќето песни ќе бидат од странски автори, а ќе има и од неколку домашни.

Според последните најави се очекува првиот албум да излезе во јуни. Фановите се нетрпеливи и едвај чекаат да ги слушнат првите песни од својот миленик, да ги пеат заедно со него и што поскоро да го видат на концерт.

Даниел ужива додека снима во студиото во Белград, возбуден е за секоја нова песна, а сигурно пристигнуваат илјадници понуди, бидејќи секој би сакал да соработува со моментално најголемата музичка ѕвезда на Балканот!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2014 во 17:29
не гледаме веќе...заврши сезоната, не ради друго 
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
karaoglu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2014
Статус: Офлајн
Поени: 244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karaoglu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2014 во 17:25
uste li gledate vakvi detski raboti
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2014 во 10:40
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

Еден виц за Даниел  хи, хи...

Од кај излегло презимето „Кајмакоски“ на стружанецо Даниел Кајмакоски? 
Прабабаму и прадедому на Даниел биле прилепчани.
 Еден ден прабабаму сварила грав со ребра. 
Го клала граво на маса да јадат и му рекла на мажотје:
- Пази мажу коски мождима во граво!! 
Тој се исплашиш и наеднаш извикал на цел гас: 
- Кајма коски? Кајма коски? 
ahahahahah
Train hard,Fight easy !
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2014 во 21:59
Еден виц за Даниел  хи, хи...

Од кај излегло презимето „Кајмакоски“ на стружанецо Даниел Кајмакоски? 
Прабабаму и прадедому на Даниел биле прилепчани.
 Еден ден прабабаму сварила грав со ребра. 
Го клала граво на маса да јадат и му рекла на мажотје:
- Пази мажу коски мождима во граво!! 
Тој се исплашиш и наеднаш извикал на цел гас: 
- Кајма коски? Кајма коски? 
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 20:11
многу ми е забавно кога кај нас ќе се избаци некоја нова јавна личност и сите веднаш добиваат поетски нагони и ги задоволуваат до следниот момент...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 09:36

Се ОК, ама секоја втора-трета изјава му е нешто во врска со Тоше.
Самиот наметнува споредба со него, па после не сакал да го споредуваат.
Е ова не ми се допаѓа кај него.


Да се дистанцира од ваквите споредби и да си ја проба кариерата со свој личен печат и имиџ кој не мора да потсетува на никој друг.да

Даниел Кајмакоски: Тоше ме научи дека се е можно!




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.