IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 65>
Автор
Порака Обратен редослед
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: X Фактор
    Испратена: 30.Јуни.2015 во 17:21
И Даниел и овој Ќуриќ победија со 30+ години, што викаат дека попалени тинејџерки гласале?
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 04:33
Se ubavo ama mnogu star mi izglea ovoj be...kolku gi ima"dechkoto"...30-35 god mozda...mislam kariera se prai muzichka na 16-18 god.
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2015 во 21:50
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2015 во 09:07

Како го пречекаа Амел Чуриќ во неговиот роден град?


Победникот на Х-фактор Адриа, Босанецот Амел Чуриќ, во неговиот роден град Грачаница беше свечено пречекан од илјадници фанови од цела Босна.

kako-go-precekaa-amel-curik-vo-negoviot-roden-grad-01

Над сцената каде што ги поздрави стоеше транспарент „Амел ти си гордоста на Грачаница“. Иако веќе 12 години тој живее во Сараево, сепак ова е неговиот роден град.

Амел има победено и во 2003-та година на друго шоу за музички таленти, но тогаш ни од далеку немал толкава популарност и толку почести.

Покрај него како поддршка на пречекот беа и дуото Аднан и Тарик, Фарис од 9Control, како и малата Ива Чуриќ. Тој е веќе прогласен за ѕвезда таму и сите со нетрпение ги очекуваат сите негови следни настапи, песни и концерти.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2015 во 16:57

ШТО ИЗЈАВИ АМЕЛ ЧУРИЌ ПО ПОБЕДАТА ВО X ФАКТОР?

5
Амел Чуриќ, човекот кој го освои првото место во втората сезона на X Фактор Адриа вели дека ќе му требаат неколку дена да ги собере впечатоците по суперфиналето.

Нe можам да поверувам дека победив два пати во животот! Искрено, мислев дека за мене веќе нема шанса – изјави Амел на пресконференцијата по победата во регионалното шоу.

Покрај него седеше и Боби Мојсовски кој го освои второто место, а за кого Амел предчувствувал дека ќе му биде ривал во самото финале.

– Еве сега се сеќавам дека предвидев уште во буткампот. Тогаш му реков на Боби, а може и тој да потврди, дека ние се загреваме за во финале.

Победникот на овогодинешниот X-Фактор вели дека уште не направил детален план како ќе ги троши парите, но дека сигурно ќе отиде со Боби на ручек.

Шармантниот Сараевчанец на тој ручек ќе ја одведе и својата девојка, за која што не обожава многу да разговара со медиумите.

– Се вика Јелена и е од Сараево, повеќе од тоа нема да кажам- вели Амел.

Тој најави дека нема да чека „кариера“ како некои од неговите колеги, туку веднаш ќе се впушти во „огнот“.

– Нема да чекам година, две… Сакам веднаш да снимам албум, да тргнам во акција – вели дечкото кој дефинитивно успеа да завладее со сцената во белградската „Арена“.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2015 во 08:51

ПОБЕДНИКОТ НА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА РЕГИОНАЛНОТО ШОУ „Х ФАКТОР АДРИА“ Е АМЕЛ ЧУРИЌ

1


Амел Чуриќ за последниот настап во суперфиналето се одлучи за песната  “Da te bogdo ne volim” на  “Bijelo dugme”.  Амел уште еднаш го покажа својот раскошен талент, а жирито беше повеќе од задоволно. Амел, кој пред 11 години еднаш победил на талент шоу, призна дека сонувал за овој момент. Амел Чуриќ е победникот на второто издание на регионалното шоу „Икс Фактор Адриа“. Тој ја доби главната награда во износ од 20.000 евра.

Нашиот Боби повторно ја изведе рок баладата „Bed of Roses“ маестрално и покрај здравствените проблеми. Жирито не ги штедеше пофалбите и восхитот за неговиот гигантски глас.



Судиите во своите коментари едногласно ги охрабрија двајцата финалисти дека неспорно се двата најмаестрални гласови во шоуто и дека се вистински победници, без разлика кој ќе го избере публиката за најдобар.

Амел кога ја примаше наградата изјави дека не му се верува дека втор пат победува на вакво шоу и уште еднаш го поздрави Боби откривајќи дека тој сјајно отпеал и со бронхитис, а кој знае како ќе испеел да бил во полна сила.



Изменето од Valerija - 22.Јуни.2015 во 08:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2015 во 14:00
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2015 во 14:45
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2015 во 18:35
^^^

потполно погрешна информација, членови на жирито се:
Александра Ковач, Масимо Савиќ, Тончи Хуљиќ и Жељко Јоксимовиќ.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2015 во 09:50

КОНЕЧНО ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ ВО ЖИРИТО НА Х-ФАКТОР

10

Некои ќе се израдуваат, некои ќе се разочараат, но згодната Емина Јаховиќ е единствената од претходниот состав на жирито, која останува на своето место.

Покрај неа ќе седат српскиот шармер Владо Георгиев, русокосата хрватска пејачка Јелена Розга и легендарниот Џибони.

Во составот нема македонски претставници, иако се најавуваше Калиопи како можен избор.

Шоуто ќе започне на 22 март.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2014 во 13:13

Наскоро започнуваат аудициите за „X Factor Адриа“


Во новата сезона и со нова продукциска екипа, најпопуларното шоу на планетата „X Factor“ наскоро ќе започне со аудиции.


Новост во оваа сезона е дека шоуто навистина станува регионално со оглед на тоа што ќе се емитува во пет земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од оваа сезона и во Хрватска.

Проектот ќе биде реализиран во соработка со продуцентската куќа "CLM", кој ја има лиценцата за овој ТВ формат, а во Македонија Сител ТВ ќе биде дел од продукцијата.

Подготовките за аудициите се во полн ек, а скоро 19 милион луѓе од регионот ги очекува една фантастична и возбудлива музичка авантура, во која најголемите таленти ќе се борат за престижни награди и квалитетен почеток на кариерата.

Сите пејачки таленти од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе имаат шанса наскоро да се пријават и да ја пробаат својата шанса на аудициите кои ќе се одржат во многу градови ширум регионот.

Со оглед на регионалниот карактер, шоуто ќе донесе и многу изненадувања. Тоа што е сигурно е дека напролет не очекува одлична забава за која ќе се погрижат не само врвните изведувачи, туку и многу интересно жири составено од извонредни музичари и секако водителите на шоуто.

Сите кои сакаат можат да се пријават преку испраќање на СМС порака со текст: Џ2 (празно место) ваше име и презиме на бројот 14722, цената на една порака е 5,9 денари со вклучен ДДВ.

Можете да се пријавите и преку Facebook страницата: https://www.facebook.com/XFactorAdria 

„X Factor“



“X Factor” е планетарно познат ТВ формат кој во 2004 година го креира познатиот ТВ продуцент и талент скаут Сајмон Кауел. Ова популарно ТВ шоу претставува натпревар во пеење во кој своја шанса добиваат таленти кои сакаат да остварат пејачка кариера и да покажат дека во себе го носат т.н. Џ потребен за меѓународен успех. Голема популарност ова шоу има благодарејќи им и на судиите кои во одредена фаза на натпреварувањето стануваат ментори на кандидатите, па од емисија во емисија се гради и дополнително натпреварувачко ниво во кое и судиите се натпреваруваат меѓусебно, преку своите кандидати.

За тоа колку е влијателен овој ТВ проект најдобро зборуваат имињата кои досега биле во жири на овој ТВ формат, меѓу нив се: Никол Шерцингер, Пола Абдул, Шерон Озборн, Кели Роуланд, Бритни Спирс, Деми Ловато, Шерил Кол, Мел Б и самиот Сајмон Кауел.

Своите први музички чекори во овој ТВ формат ги почнале сега веќе анимирани музички ѕвезди како Џејмс Артур, Литл Микс, Леона Луис, Шејн Ворд, Ела Хендерсон, ЈЛС како и најпопуларната поп група на светот „One Direction“. 

Колку ова шоу им се допаѓа на гледачите зборува и податокот дека моментално “X Factor” се емитува во преку 40 земји во светот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2014 во 00:15




Изменето од Gabriela_S - 22.Јуни.2014 во 00:16
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2014 во 16:53

Даниел Кајмакоски ќе го отвори големиот двочасовен концерт на „Х - фактор“ во сабота


Во сабота (7. јуни) конечно ќе имаме можност да бидеме дел од големиот концерт на финалистите на „Х Фактор“ кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-01

Финалистите на „Х Фактор“ се веќе подготвени за првата средба со своите македонски фанови на овој сензационален концерт чиј почеток е закажан во 21:00 часот, додека пак влезот за посетителите ќе биде отворен во 20:00 часот.  

Освен што е планирано тие да настапат со своите изведби од емисиите во живо на „Х Фактор“, дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки.

Честа да го отвори големиот концерт во сабота ќе ја има токму победникот на „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски.


„На концертот во Скопје, голема чест е за мене што како домаќин ќе можам да ги угостам сите тие талентирани млади луѓе. Ние бевме и во Босна, во Бања Лука и атмосферата секаде беше одлична, но сигурен сум и убеден дека во Скопје во сабота ќе биде феноменално“ – изјави Даниел.

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-1


Во контекст на последните шпекулации во медиумите за соработката на Даниел со „МБК“ продукција, тој додава: „Сето тоа не е точно. Излегоа муабети дека не сум ги добил наградите или дека нешто не е во ред со продукцијата, стварно тука не можам да ви дадам некој одговор, бидејќи и сами можете да видите дека автомобилот од наградата е тука, а паричната награда ќе ми биде доделена пред концертот во Скопје во сабота.

За сè друго можам само најдобро да зборувам за нас како финалисти и за МБК продукција. Јас сум исклучително благодарен што имав можност да го доживеам сè ова што ми се случи со учеството и победата на „Х-Фактор“. Продукцијата беше професионална и коректна кон мене за целото време, а нејзините обврски кон мене на најдобар начин завршуваат со концертот во Скопје, по што се надевам дека мојата кариера ќе продолжи и понатаму со нови успеси.“

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-2


Покрај Даниел Кајмакоски, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12-те финалисти на „Х-фактор Адриа“ како Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Маид Хеќимовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Во Скопје во сабота пристигнува и тим од 33 луѓе со вклучен стилист, тонец, продуценти од МБК продукција, креативниот директор на „Х-фактор“, како и бенд кој ќе ги придружува финалистите на сцената.

На концертот ќе се испеат точно 45 песни, меѓу кои ќе имаме чест за првпат да чуеме и неколку премиерни изведби на песни на финалистите, како на пример дуетот на „Доктори“ и Кристина Ковач, но и неколку изненадувања. Концертниот спектакл кој нè очекува во сабота ќе трае најмалку 120 минути. 

Сите кои сè уште не ги набавиле своите влезници имаат уште малку време за да си го обезбедат своето присуство на овој концерт. ВИП билетите за концертот се целосно распродадени, а останати се само уште 50 билети за најпопуларниот фан-пит, 280 билети за трибините, како и мал број влезници за партерот.  

Посакајте им топло добредојде на сите финалисти и дајте му ја најголемата македонска поддршка на Даниел!

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2014 во 21:13

Даниел Кајмакоски со големо срце и поддршка на дело за Србија и Босна


Денес на плоштадот Македонија во Скопје, додека сите граѓани безрезервно собираа хуманитарна помош и донации за настраданите од поплавите во Србија и Босна, покрај сите останати се појави и Даниел Кајмакоски.

daniel-kamakoski-so-golemo-srce-i-poddrska-na-delo-za-srbija-i-bosna-01

Со големо срце, но и со вистински труд помагаше за да се спакуваат сите производи, да се пренесат сите кутии.

Рамномерно со сите присуни, без разлика на неговата популарност, без разлика што сите чекаа на ред да се сликаат со него, тој најде време за сѐ и за сите.

Покажа солидарност и благодарност на вистински начин со која им се оддолжи на сите кои го поддржаа кога му беше најпотребно.

daniel-kamakoski-so-golemo-srce-i-poddrska-na-delo-za-srbija-i-bosna-2

Даниел е вистински пример за тоа како правилно треба да се користи популарноста, како се мотивираат сите луѓе за да помогнат и како се покажува човечност, благодарност и поддршка кога најмногу е потребно.

Денеска е гордост да се биде Македонец и гордост е да се знае какви јавни личности и идни големи ѕвезди има Македонија.

daniel-kamakoski-so-golemo-srce-i-poddrska-na-delo-za-srbija-i-bosna-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.