IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Екстерно тестирање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Екстерно тестирање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2015 во 22:23
Прво ,за да има добро знаење треба да има добри материјали добри предавачи и добри услови каде ке се врши сето тоа.
Пред некој ден имав можност да посетам едно училиште во нашата ни мила државичка и она шо го видов ме остави без зборови,не знаев дали сум во Македонија или во Афганистан.
За да ви биди јасно ова шо ви го кажувам треба да прошетате низ Македонија ,да ги видите убавините која таа ги нуди но и мизеријата која ја има и потоа ке можиме да правиме реален и поконструктивен разговор.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2015 во 23:00
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Прво ,за да има добро знаење треба да има добри материјали добри предавачи и добри услови каде ке се врши сето тоа.
Пред некој ден имав можност да посетам едно училиште во нашата ни мила државичка и она шо го видов ме остави без зборови,не знаев дали сум во Македонија или во Афганистан.
За да ви биди јасно ова шо ви го кажувам треба да прошетате низ Македонија ,да ги видите убавините која таа ги нуди но и мизеријата која ја има и потоа ке можиме да правиме реален и поконструктивен разговор.


И јас го пишав истово пред некој ден. Само оној кој не е директно инволвиран во нашиот образовен систем, може да пишува спротивно.

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 01:42
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Ne znam zoshto voopahto meshate politika vo podforum obrazovanie, odete vo pdf politika..

Tuka stanuva zbor za testiranje, ne za politika!

тука станува токму збор за политика и за ништо друго

проблемот се создаде со тоа што сите се бунеа за екстерното како да е од пеколот излезено... не е екстерното нешто што може тешко да и наштети на државата, ама не е воопшто потребно со тоа што не воведува ама баш ништо ново, а отвара повеќе работа и средства за државата, факултетите и студентите
ај жити све, што е разликата во тоа инспекција да ги чешла факултетите, и тоа да се полага испит?
исто ко што нема разлика меѓу „барокна“ и модернистичка фасада, ама ај тоа е друга тема...

уствари ако нешто ме нервира повеќе од испитов, то се луѓе кои наводно веруваат дека испитов ќе искорени 20 и кусур самостојни години од закоравени и закоренети мито, корупција, партиски книшки и роднински и пријателски врски... да не збориме па за вработувањата во оваа земја

Абе ајде, не зезај, како нема да смени?!зевање
Јас го почнав муабетот за екстерното тестирање во средните училишта (и линкот што го поставив е за средните), затоа што така била поставена темава на почеток, пред некој болката од факултетскиот државен испит да ја манифестира со препирки на тема позиција vs опозиција..
А екстерното тестирање во средните и те како е потребно. Не може бе се и ќоро и сакато да се запише по факултетиве и да заврши со некое евро плус.
Јас сум не само за екстерно, туку и за приемни испити на факултетиве. Некои луѓе им се смеат на американците што мораат да полагаат SAT, ACT, GMAT и други испити за влез во средно и факултет, ама подобра селекција од тоа нема.
Никогаш нема да се искорени корупцијата, дури и 100 испити да се воведат. Никаде не се искоренила 100%, па нема ни кај нас. Зарем малку скандали ги треселе западните општества, кога ученички завршувале во кревет со професори само за оценки.. Епа и тоа ти е поткуп.
Најтрагично е што наместо и средношколците и студентите да седнат да си го загреат столчето за нивно добро, тие преферираат да си го губат времето кое и онака е скапоцено.
Било кое знаење ќе ви користи еден ден. Што повеќе знаеш, тоа подобро. 
За да не дојдеш во ситуација утре да не можеш да ги исполниш барањата и очекувањата од некој 60 годишен газда, што гледа само како да те избрка од работа без да ги прекрши законите.

знам дека не е возможно да се искорени криминалот, друго ми е поентата... истите „проекти“ ни се сервираат цело време со години, па не успеваат, па пу пу не важи, па после пак „нова“ идеја во друго паковање, па ај да видиме дали ќе ја бидне и нејзе, а уствари на никој не му било гајле дали ќе ја бидне
не иде тоа така, за да се решат одредени проблеми во еден голем зафат, сето тоа прво однапред добро се анализира и планира... а не само лупни некој рандом тест и готово
затоа и викам дека најголемо проклетство ни е хроничната амнезија

кај нас има проблем на презаситеност на факултетите, новоотворени факултети кои кај нас не се вреднуваат или пак не постојат воопшто како струка, недостаток на практична работа... на овие работи се пристапува многу поинаку и системски, а не се зашлапува со некој бескорисен испит кој дури е и полесен од нормален испит, и демек све е средено

проблемот со квалитетот на образованието, е што секој факултет си примени своја сопствена верзија на ЕКТС, систем кој е конкретен до најмали детали и може да биде применет во различни струки, по ист шаблон... со ова лесно се регулираат задолжителни семинарски, начин на полагање на испити, систем на оценување
и тој шаблон ако се испочитува законски се е во ред... проблем е непочитувањето на системот, а ако така детално скроен не се почитувал, нема да се почитува ни новиот

тоа што е проблем со овој систем (заедно со средното екстерно) е тоа што со македонските интелектуални капацитети (не земајќи го во предвид криминалот), дозволува многу поголем број на студенти да се запишуваат и да завршуваат факултет
ова се решава со приемни испити, како што викаш ти, ама тогаш целата поента на екстерното средно пропаѓа во вода, со тоа што нема потреба од него
друга, многу потребна работа во образованието, е праксата, и таа законски треба да постои, ама не е испочитувана, а јас за ова дознав тек кога требаше дипломска да спремам
праксата е многу подобар показател на знаењето и спремноста, октколку некој испит црно на бело... а плус им дава повеќе можности на новопечените дипломци

едит: го полагав екстерното во средно, и можам вака внатрешно да потврдам дека е гола вода


Изменето од zabegan - 29.Јануари.2015 во 02:08
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2015 во 19:16

На средбата, како што се вели во соопштението, било договорено во периодот што следува да продолжи дискусијата на ниво на работни групи од двете страни во насока на подобрување на пакетот закони за реформи во високото образование, односно носење на нов закон за високо образование.





Изменето од Messenger - 06.Февруари.2015 во 19:16
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2015 во 20:12
Мислам дека си ја утнал темата од возвишеност,овде станува збор за промашено екстерно тестирање во основно и средно образование, државниот демагошки испит е за на универзитет и се уште не е решено ништо за твоја информација.

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2016 во 14:07
http://www.fakulteti.mk/news/16-01-25/maturantite_chekale_dva_chasa_za_da_polagaat_eksterni_testovi.aspx

Матурантите чекале два часа за да полагаат екстерни тестови


ИДИОТИТЕ од власта нема никогаш да научат што е ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ,но ДАЛИ треба и понатаму да се оди ВАКА,до КОГА БЕ НЕПИСМЕНИ ?


ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.