IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Екстерно тестирање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Екстерно тестирање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
yuiop Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 234
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај yuiop Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Екстерно тестирање
    Испратена: 22.Мај.2013 во 05:00
.

Изменето од yuiop - 02.Јуни.2013 во 00:51
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 10:51
Originally posted by yuiop yuiop напиша:

Причини зошто треба да се укине Екстерното тестирање:

 
Не може нешто да се укине што не се ни одржало (испробало).
Нека се даде шанса на тестирањево оваа година , па ако не го бива нека го укинат следната година.
Повеќе генерации на ученици биле лабораториски глувци, не се само овие.
Децата денот по екстерното тестирање ќе бидат живи и здрави.
 
среќа


Изменето од LiDivio - 22.Мај.2013 во 10:52
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 11:29
Искрено Ли поголема глупост од екстерното тестирање досега не е измислено.
Еден тест не може реално да го оцени знаењето на еден ученик и тој тест може лесно да го избрише трудот вложен во целата учебна година. Да беше така и досега секој наставник/професор ќе правеше по еден тест на крајот на годината без да посветува внимание на секоја тема посебно, на активноста на часот, на домашните задачи ..... 
Екстерното тестирање го омаловажува и трудот на наставникот и трудот на ученикот во целата школска година.
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 11:59
"Мојата чудесна земја Македонија"...животот ни го сведоа на казнувања и експериментирања, каде и да се свртиш-закани летаат,казни се пишуваат,по уши те маваат...
Не да сум против,најпротив да по против не може да биде во врска со новиов експеримент наречен ектерно тестирање... како прво,направија невидена каша - попара... Најпрво беше ставот дека ќе служи за проверка на објективноста на наставникот и дека нема да влијае врз успехот на ученикот..одеднаш промена на ставот-ќе се внесуваат во сведителства,ама само како показател за на крај (ако е воопшто крај ) ќе се внесуваат во сведителства и ќе се пресметуваат во просекот на ученикот.
Понатака, многу сум против и за начинот на кој ќе се одвива тестирањето... прво,немаме саглам учебници,ако некој заборавил,да потсетам за фамата што се креваше за одредени учебници преполни со грешки и со содржини над кои не знаеш дали да се смееш или да си пукнеш од мака. Дали ќе се оценуваат според пишаното во нив или според она што наставникот им го кажувал на час(мимо содржината) во учебникот? Дали и колку ќе биде реална таа оценка имајќи во предвид дека наставникот е тој што е во континуирана интеракција со ученикот и ги оценува децата по еден предмет 4 пати во тек на училишната година(прво тромесечие,прво полугодие,трето и четврто тромесечие) и она најважното што или го забораваат или намерно не го спомнуваат како мошне важен фактор- психолошкиот  момент кај детето... Секој од нас бил сведок или лично го доживеал стресот и неизвесноста од тестот(испитот)...колку пати се случувало,најдобриот во класот( а и мене лично ми се има случено)  да направи слаб тест затоа што едноставно се блокира,затоа што грешиш на некоја ситница затоа што ти е тооолку лесна па брзаш да преминеш на следното(да не набрајам понатаму,примери мал милион)...Децата не се само бројче во дневникот или првата буква во презимето,дотичните требало да размислат и за тој аспект смислувајќи го и воведувајќи го феноменот екстерно тестирање.... Со вакви  тестови, целата мотивација и заложувањата на наставниците во текот на годината се сведуваат на една бројка која ја добиваат со еден тест. И со тоа и наставниците ги ставаат во незгодна позиција оценката да ја пишуваат врз основа колку добро детето мислат дека ќе се изрази на еден тест. ... Зошто не  воведат вакви тестови во текот на целата учебна година, нека се тестираат по секој предмет,но нека се тестираат континуирано,па на крај нека вадат вадат конечни оценки, а не вака,2 предмети на крај на година...
Темава-нема крај на размислувањата...да скратам, го прочитав воведниот текст на yuiop и го подржувам од збор до збор...

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 12:55
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Екстерното тестирање го омаловажува и трудот на наставникот и трудот на ученикот во целата школска година.
 
Тука лежи зајакот... не постои труд ниту од ученикот ниту од наставникот (во 90% од случаевите)... така што мора некој однадвор да ги ,,натера,, и учениците и наставниците да поработат малку.
 
Образованието денес се сведува на:
протекции, врски, закани, уцени, притисоци, омаловажувања, навреди, понижувања дури и физички пресметки (од двете страни).
 
Затоа велам не е лошо професорите и посебно учениците да осетат што е вистински притисок и дека не е се` фер во животот, ќе им користи за понатаму. Не е толку во екстерното тестирање колку до менталитетот на народот.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 13:15
Не се сложувам со тебе. Генерализација на термините „ученик“ и „наставник“ не може да има!
Треба да се земе во обзир обемот на материјалот кој го имаат учениците денеска, за разлика од она што ние сме го имале некогаш. Обемната “папирологија“ која ја имаат за обврска наставниците бара многу време и труд, така да освен што се расправаат со деца во развој и илјадници карактери знам многу наставници и професори кои си ја сакаат својата професија и даваат се од себе да го мотивираат ученикот да прифати и научи нешто. Според мене малку се платени и треба да имаат и бенифициран стаж голема насмевка
Бедните објаснувања на МОН за тоа како ќе се доведат “во ред“ наставниците а и учениците со екстерното тестирање се исто толку банални како и континуираното менување на одлуките кои ги донесуваат а се менуваат додека да трепнеш. Треба да посветат поголемо внимание на обемот на наставата, книгите кои се во хаос, да ги поправат грешките од веќе пропаднатите експерименти а не континуирано да прават нови оставајќи се поголеми дупки во образованието.
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 13:28
Затоа е форумов, да ги артикулираме различните мислења... големо гушкање
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 13:41
можеме да коментираме до бескрај.....да поддржуваме или напаѓаме.......нема да смениме ништо бидејќи кај нас генерално не се знае како треба да се избориш за нешто.....лично сум против ова тестирање.....вака било онака било со заокружување било..не било тешко...демек ако си учел ќе знаеш....кај е паниката која се ствара кај некои деца кога се пред писмен тест....настрана сегашниве книги од кои учат нашите деца имаат многу мани..грешки..нелогичности....деца од 9 години се тестираат за целокупен материјал по два предмети......што се они....компјутери .....па чуваат се у фолдери.....од преголема желба да направиме генерации кои ке имаат знаење....се греши...но штета е што грешките ке ги согледуваме многу касно.....
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 14:28
Со првиот пост целосно се сложувам само можам да надополнам уште неколку работи како педагошко лице ,иако со таа дејност не се занимавам поради глупавоста во нашиот воспитно образовен систем.
Адаптацијата е фактор кој влијае на резултатот од тестирањето.
Тестовите мораат да го оценуваат објективното знаење,да бидат валидни ,добро подготвени по сите дидактички принципи и да го диверзифицираат степенот на знаењето кај испитаниците.
Со еден тест не можи да се анулираат негативните појави кој влијаат на закоченост кај испитаниците ( нус појавата која се јавува кај голем број испитаници )а тоа директно влијае на оцената како краен резултат од тестирањето.
Битен фактор е и лицето кое тестира.
Оној кој ке биди присутен во просторијата за тестирање треба да биди лице со кредибилитет ,одличен педагог и психолог бидејки неговото присуство директно влијае на субјектите врз кои се врши тестирањето.
Треба да направи опуштена атмосвера со цел што е можно повеке да се намали степенот на стрес и напнатост кој го чуствуваат испитаниците при процесот на тестирање.
Кај нас за жал ова не важи зошто господата кој тестираат се или некој исфрустрирани манијаци кој лечат комплекси во погрешно време и погрешно место или оние кој го подготвуваат тестот се типови со коефициент на интелегенција од 156 по Македонски стандард а по Светски не се стигнати ни до 55 бидејки факултетите ги зедоа по принципот индекс на рака. За да се подготви еден тест треба долго време на подготовка со ангажирање на стручни лиица и експерти од областа која е поле на тестирање со цел да се направи валиден,објективен,релевантен не двосмислен тест без можност за случајно нагаѓање на одговорот.
Кон врв
yuiop Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 234
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај yuiop Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 00:21
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by yuiop yuiop напиша:

Причини зошто треба да се укине Екстерното тестирање:


 

Не може нешто да се укине што не се ни одржало (испробало).

Нека се даде шанса на тестирањево оваа година , па ако не го бива нека го укинат следната година.

Повеќе генерации на ученици биле лабораториски глувци, не се само овие.

Децата денот по екстерното тестирање ќе бидат живи и здрави.

 

среќа



Абе укинат си ти од поодамна, ама сеуште не ти кажале.....Кој ти кажал дека не се одржало....пребарај си таму......

Дај ми ја женати/женска ти на една година, па ако не ја бива ќе ти ја вратам.....

Проблемот со тебе е што ти си станал стаорец......

Ти жив си, ама здрав не си......




Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 01:29

Екстремно понижување e резултатoт на екстерното тестирање

cropped-pappaspressОткако се’ во животот се сведе на казнување и експериментирање, на ред дојде сегашните генерации во средните училишта да послужат и како лабораториски глувци.  Е па, добредојдовте во мојата чудесна земја Черн… Ова де, Македонија.

После години и години најавување, од оваа година, кога конечно се „отстранија“ сите пречки за (не)реализација на екстерното оценување, сега можеме да спиеме мирно, затоа што ќе бидеме оценети на „европски“ начин, со екстремно оценување.. Упс, екстерно!

Само видете, во главата ми бодат неколку дилеми! Ајде, се’ со ред..

Не сум против, туку најпротив за реализирање на овој (не)успешен проект на Министерството за образование и наука.. Си направија – ПОПАРА! Зошто во еден момент не се консултираа со професори, наставници, ученици? Можеби ќе ги поучеа и ќе се најдеше друг начин за „проверката“ на објективноста на овие загрозени видови во овој процес на тестирање.

Драг министере и сите вие околу него, кажете ми дали знаете ли како еден ученик добива оцена и што се’ ја сочинува оцената? -Очигледно не. Оцената која ја добиваме сите ние е всушност збир од повеќе активности на ученикот во текот на една наставна година.. Тука спаѓаат: тестовите, активностите од часот, проектите, усните одговори, додатната настава, редовноста, дисциплината итн. Има потреба да набројам повеќе? -Јас мислам не. Ќе ви предложам да ги отворите критериумите за оценување и ќе осознаете.

Втора работа, ако ние учениците во средните училишта, а и тие во основните, мислевме дека сме толку напредни немаше да учиме во средно или основно, туку ќе учевме на факултет! Точно е тоа дека не се сите луѓе за во училишна клупа, некој мора и овци да пасе.. Но, ако ние мислиме дека можеме со еден тест да положиме цел материјал од една учебна година, кој инаку го одговараме тема по тема, тогаш ние ќе се запишевме вонредно и ќе го затворевме овој проблем. Но, во никој случај немаше секој ден да се малтретираме и да одиме во училиште, да учиме и да се малтретираме, просто кажано. Уште еден доказ дека скиците за вашиот проект не се компатибилни за да бидат реалност.

Од кои учебници ние да учиме?! Извинете, но вашиот проект за бесплатни учебници не успеа, па така ние по некои предмети немаме учебници, по некои предмети учиме од учебници за на факултет, а се случува и на некои предмети да се чувствуваме како да сме во среден век па пишуваме во тетратки, како под казна да сме. П.с. ако ви треба тетратка за да ги извадите прашањата, кажете.. Да не биде после „држ, не дај“!

Кои се стандардите за оценување на екстерните тестови?! Т.е. има ли стандарди? Охоо. Ајде да ве поучам драг министере.. Ако сакате реално да ги оцените сите ученици, тогаш дефинитивно тоа не можете да го направите со прашања на заокружување. За да оцените еден ученик важно е да видите како тој се изразува па така, тука треба да се вметнат самостојни одговори, опис на некоја личност, појава, процес, реакција, задачи со дополнување и така натаму.  Тестот за екстерно оценување не исполнува ниту еден единствен услов од горенаведените.

Јас се уште се чудам како ли ќе се реализира ова тестирање, која е техничката подготвеност?! Дефинитивно тука не би ги сместил искршените компјутери, софтверските проблеми, нефункционирање на системот итн. Направивме пробно тестирање и така ги утврдивме овие „мали“ недостатоци.

Како ли ова ќе функционира.. Или пак, воопшто нема да функционира?! Зошто не  воведат вакви тестови во текот на целата учебна година, нека се тестираат учениците по секој предмет но, нека се тестираат континуирано,па на крај нека вадат конечни оценки, вака веќе би било прифатливо. Инаку вака не ја бива работава!

Треба да се земе предвид обемот на материјалот кој го учат сите ученици денес. Обемот на материјалот, кој професорите и наставниците имаат за задача да ни го предадат, за ние да го научиме бара многу труд, така што освен што се расправаат со деца кои се уште се развииваат како и со илјадници карактери, тие даваат се’ од себе да го мотивираат ученикот да прифати и да научи нешто.. Дефинитивно не се сите од тој тип, но има и вакви кои јас ги познавам.

Секој може да „киксне“ на овие екстерни тестови, најпрво поради стресот! Но, има ли некој кој го разбира ова? Некој да не сфати нас учениците? Почнувам да размислувам и се’ мислам дека и овие протести кои се организираат, се всушност дело на некој друг, а вклучени се учениците, затоа што се свесни за неуспехот на проектот, па кога ќе паднат сите вложени средства да се вадат на нас, учениците, на професорите, родителите итн.

Проектот ќе се реализира, но НЕУСПЕШНО, тоа го докажуваат и овие горенаведените факти, кои ако почнам да ги набројувам ќе ги има уште многу, затоа што не сум стигнал ни до пола..

Бедните објаснувања на Министерството за образование и наука, за тоа дека со екстерното тестирање ќе се доведат „во ред“ наставниците и учениците се толку многу банални како и континуираното менување на одлуките кои ги донесуваат овие институции, односно се’ се прави преку ноќ, додека да трепнеш. Наместо екстерни тестирања, нека посветат поголемо внимание на книгите (кои или ги нема или се хаос),  обемот на наставата, потребите на учениците и професорите.. Прво нека ги поправат грешките од веќе пропаднатите експерименти, а не континуирано да се прават нови, оставајќи големи дупки во образованието.

* Tекстот не е превземен/копиран и сите авторски права ги задржува -ПаппасПресс-

*Идентитетот на авторот од овој момент е заштитен.
*Како блог страна, се повикуваме на член 16 од уставот на РМ,со кој се гарантира слободата на јавното изразување, јавниот настап и говор. Цензурата е забранета.
*Воедно се повикуваме и на правото заштитено со Европската конвенција за човекови права член 10, како и на сите меѓународни конвенции на кои Македонија се обврзала


http://becepress.wordpress.com/2013/05/22/%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-e-%D1%80%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82o%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BA/



Ccccc.... pa kradat i od forumskive repliki, koga gi napisav koga gi prekroija .... изненадувањезбунетост

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 01:41
Ма битно дека:  Tекстот не е превземен/копиран и сите авторски права ги задржува -ПаппасПресс-
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 08:50
Originally posted by yuiop yuiop напиша:


8. Родители.
Замислете сега како им е.....ама можам јас да замислам, кој што сум професор и кој има дете што ќе полага екстерно........овие од БРО и МОН не сум сигурен дали можат да замислат......ниту се професори, ниту ученици, ниту родители (ова последново да не ме сфатат погрешно со оглед на нивната возраст ) ама важно ќе не оценуваат.
Заклучок: Препуштен на родителите.
 
Ако ова е твој текст, а не е копиран од некаде, господ нека им е на помош и на твоите деца и на твоите ученици со такви родители и професори. Сега сум уште поубеден дека треба да има тестирање (по можност и бонус психотестирање за професорите). И ќе има. плазење
 
ПС: Добро е, пишувало стаорец, во прв момент ми се прочита старец... ухголема насмевка
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 08:53
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Екстремно понижување e резултатoт на екстерното тестирање

Откако се’ во животот се сведе на казнување и експериментирање, на ред дојде сегашните генерации во средните училишта да послужат и како лабораториски глувци.

 
 трепкање и јас да се пофалам и од мене украле... голема насмевка


Изменето од LiDivio - 23.Мај.2013 во 08:53
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,264 секунди.