IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Конференција за Македонците во соседството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Конференција за Македонците во соседството

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Конференција за Македонците во соседството
    Испратена: 14.Ноември.2012 во 10:55







Битола, 6 ноември 2011 (МИА) - Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција со седиште во Битола денеска ја одржа Втората конференција посветена на состојбите на македонското национално малцинство во соседните држави.
 
На конференцијата, поддржана од македонското Министерство за надворешни работи, учествуваа 70-тина претставници од македонски организации кои дејствуваат во сите соседни држави. 

- Првата конференција се одржа во 1997 година и од тогаш до денес нема напредок ниту подобрување во однос на правата на Македонците во соседните држави. Грција и Бугарија се членки на ЕУ, но и понатаму не им дозволуваат на Македонците во тие држави да се организираат на национална основа, а во Албанија каде има многу Македонци неодамна не им беше дозволено да се декларираат како Македонци на тамошниот попис, што значи состојбите стагнираат, истакна претседателот на организациониот одбор Никола Костурски.
 
На конференцијата беа усвоени повеќе заклучоци во кои се прецизирани проблемите на македонското национално малцинство во соседните држави, како и предлог мерки за подобрување на основните човекови и демократски права.

- Притисокот врз нас само затоа што се чувствуваме Македонци е голем. На поранешните пописи на населението во Бугарија имаше околу 180.000 Македонци, а годинава регистрираа само 1.570 Македонци. Тоа е геноцид врз Македонците од таа држава. Европскиот суд ја осуди Бугарија за своите постапки врз нас, но мислам дека е беспредметно да постои таков суд кога една држава не ги почитува неговите одлуки, истакна Стојан Николов-Ѓоргиев, ко-претседател на ОМО Илинден-Пирин. 
 
Претставниците на македонските организации од Албанија на средбата во Битола посочија дека на неодамнешниот попис во таа држава имало низа неправилности и затоа не ги прифаќаат резултатите и побараа создавање услови за попис според европски стандарди. 

За правата на Македонците во соседна Грција говореше Димитрис Јоану, член на претседателството на „Виножито“ кој посочи дека ваквите средби овозможуваат подобар контакт меѓу македонските организации и создавање на единствени политики за лобирање пред меѓународните институции.

- Ние како грчки државјани, Македонци по етнос се обидуваме да ги оствариме нашите права во рамките на Република Грција односно во рамките на ЕУ. За жал и покрај сите наши обиди многу од работите не можеме да ги оствариме и затоа тоа го правиме преку тела во ЕУ каде членуваме како што тоа е Европската слободна алијанса и преку која создаваме подобра клима за нас во Грција, рече Јоану.
 
Конференцијата заврши со усвојување Декларација со која се повикуваат меѓународните асоцијации во Европа и Светот доследно да ги применуваат сопствените резолуции и други акти кои се однесуваат на меѓународното регулирање на прашањата на човековите права и прашањата на правата на малцинствата. Декларацијата ќе биде испратена до ЕУ, владите и парламентите на соседните држави со Република Македонија, амбасадите на САД и Русија, како и до Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци во Женева, Скопје и Атина.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,232 секунди.