![]() |
|
Нем или безгласен договор |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
Asdis Islandska ![]() Нов член ![]() Регистриран: 18.Јуни.2012 Статус: Офлајн Поени: 6 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 18.Јуни.2012 во 14:14 |
Здраво,
Преведувам еден текст и сретнав термин за кој малку се двоумам како да го преведем - станува збор за Traités muets (на фр.)односно буквално на англиски Mute Treaties / или Silent Treaties (не ја познавам анг терминологија). Во секој случај, станува збор за меѓународни договори кои немаат јасно мислење во однос на одредени точки (на пр. немаат мислење за дозволување или не на резерви на договот. Би сакала да знам дали во нашиот систем овие нарекуваат НЕМИ или БЕЗГЛАСНИ договори? Ви благодарам |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Извори на меѓународното јавно право се договорите (конвенциите) и обичаите. Но, меѓународното јавно право се однесува на регулирањето на односите меѓу државите, односите во рамки на меѓународните владини организации и на регулирање на определени дејствија кои се однесуваат на основните човекови права и слободи. Меѓународното приватно право, пак се однесува на регулирање на определени односи кои настануваат меѓу физичките и правните лица, во кои е присутен странскиот елемент, но, кои имаат приватен карактер. Тоа најчесто се однесува на односи кои се од областа на граѓанското, трговското, семејното и трудовото право. Koга станува збор за меѓународно право, извори на правото се меѓународните договори, а не внатрешните одредби. Затоа меѓународните договори, нивната содржина и суштина, не можат да бидат пропишани со внатрешните одредби. Единствено нивната ратификација се пропишува со внатрешни одредби. Поради тоа не можеме да говориме за меѓународни договори пропишани со закони, кои претставуваат одредби кои се однесуваат само на определена држава. Во нашиот систем договорите се склучуваат усно, писмено, или со конклудентни дејствија. Договорот со конклудентни дејствија се склучува на начин што се преземаат дејствија кои јасно покажуваат дека постои волја за склучување на договорот. Наједноставен пример за тоа е давањето пари во автобусот, а добивање билет за возење за возврат, без ништо да се говори. Доколку за некои точки не е нешто договорено, страните можат дополнително за истото да се договорат по пат на некоја од формите за склучување на договор. Доколку за нешто не се договорат, а правото кое се применува е македонското, тогаш за нештата за кои не се договориле, ќе се применува македонското право. Изменето од Македон - 18.Јуни.2012 во 14:59 |
|
![]() |
|
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум правен експерт, но порано ваквиот договор кај нас се нарекувал "преќутен договор". Можеби денес да се нарекува подруго.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |