Испечати | Затвори го прозорот

Нем или безгласен договор

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25872
Датум на принтање: 25.Април.2024 во 01:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Нем или безгласен договор
Постирано од: Asdis Islandska
Наслов: Нем или безгласен договор
Датум на внесување: 18.Јуни.2012 во 14:14
Здраво,

Преведувам еден текст и сретнав термин за кој малку се двоумам како да го преведем - станува збор за Traités muets (на фр.)односно буквално на англиски Mute Treaties / или Silent Treaties (не ја познавам анг терминологија). Во секој случај, станува збор за меѓународни договори кои немаат јасно мислење во однос на одредени точки (на пр. немаат мислење за дозволување или не на резерви на договот.

Би сакала да знам дали во нашиот систем овие нарекуваат НЕМИ или БЕЗГЛАСНИ договори?

Ви благодарам



Коментари:
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 18.Јуни.2012 во 14:47
Originally posted by Asdis Islandska Asdis Islandska напиша:

Здраво,

Преведувам еден текст и сретнав термин за кој малку се двоумам како да го преведем - станува збор за Traités muets (на фр.)односно буквално на англиски Mute Treaties / или Silent Treaties (не ја познавам анг терминологија). Во секој случај, станува збор за меѓународни договори кои немаат јасно мислење во однос на одредени точки (на пр. немаат мислење за дозволување или не на резерви на договот.

Би сакала да знам дали во нашиот систем овие нарекуваат НЕМИ или БЕЗГЛАСНИ договори?

Ви благодарам

Извори на меѓународното јавно право се договорите (конвенциите) и обичаите. Но, меѓународното јавно право се однесува на регулирањето на односите меѓу државите, односите во рамки на меѓународните владини организации и на регулирање на определени дејствија кои се однесуваат на основните човекови права и слободи. 
Меѓународното приватно право, пак се однесува на регулирање на определени односи кои настануваат меѓу физичките и правните лица, во кои е присутен странскиот елемент, но, кои имаат приватен карактер. Тоа најчесто се однесува на односи кои се од областа на граѓанското, трговското, семејното и трудовото право.

Koга станува збор за меѓународно право, извори на правото се меѓународните договори, а не внатрешните одредби. Затоа меѓународните договори, нивната содржина и суштина, не можат да бидат пропишани со внатрешните одредби. Единствено нивната ратификација се пропишува со внатрешни одредби. Поради тоа не можеме да говориме за меѓународни договори пропишани со закони, кои претставуваат одредби кои се однесуваат само на определена држава.


Во нашиот систем договорите се склучуваат усно, писмено, или со конклудентни дејствија. Договорот со конклудентни дејствија се склучува на начин што се преземаат дејствија кои јасно покажуваат дека постои волја за склучување на договорот. Наједноставен пример за тоа е давањето пари во автобусот, а добивање билет за возење за возврат, без ништо да се говори. Доколку за некои точки не е нешто договорено, страните можат дополнително за истото да се договорат по пат на некоја од формите за склучување на договор. Доколку за нешто не се договорат, а правото кое се применува е македонското, тогаш за нештата за кои не се договориле, ќе се применува македонското право. 




-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 19.Јуни.2012 во 02:18
Originally posted by Asdis Islandska Asdis Islandska напиша:

Здраво,

Преведувам еден текст и сретнав термин за кој малку се двоумам како да го преведем - станува збор за Traités muets (на фр.)односно буквално на англиски Mute Treaties / или Silent Treaties (не ја познавам анг терминологија). Во секој случај, станува збор за меѓународни договори кои немаат јасно мислење во однос на одредени точки (на пр. немаат мислење за дозволување или не на резерви на договот.

Би сакала да знам дали во нашиот систем овие нарекуваат НЕМИ или БЕЗГЛАСНИ договори?

Ви благодарам

Не сум правен експерт, но порано ваквиот договор кај нас се нарекувал "преќутен договор". Можеби  денес да се нарекува подруго.


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk