IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Купи куќа, купи стан - Проект на Владата на РМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Купи куќа, купи стан - Проект на Владата на РМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Купи куќа, купи стан - Проект на Владата на РМ
    Испратена: 27.Март.2012 во 11:39

Оваа година околу 2.000 брачни парови и поединци ќе можат да ја остварат својата најголема желба и да добијат сопствен дом!

Со проектот на Владата на Република Македонија „Купи куќа, купи стан“ граѓаните ќе може да аплицираат за субвенционирани станбени кредити, од 25 јануари до 31 мај 2012 година. Овие кредити ќе може да се користат за изградба или доградба на куќа или за купување нов стан.


ЗА КОГО СЕ ОДНЕСУВА

Граѓаните, кои сакаат да аплицираат за субвенциониран кредит, треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Вкупните месечни приходи на поединецот или на брачните партнери да бидат најмногу до 900 евра;
  • Да нема во негова сопственост, во заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар, стан, односно куќа, или во сопственост да има само еден стан или една куќа, кои ги продава заради купување поголем стан, односно куќа за потребите на сопственото домување;
  • Лицето или неговиот брачен другар да немаат подигнато друг станбен кредит;
  • Субвенционираниот износ на кредитот е до 50.000 евра. Граѓаните може да земат и поголем кредит од 50.000 евра, при што субвенционирањето ќе се однесува на износот до 50.000 евра.

Станот што се купува, односно куќата што се гради, треба:

  • Да е новоградба со сета потребна документација (имотен лист, дозволи и одобренија за градба);
  • Цената на станбениот објект да биде до 900 евра за метар квадратен;
  • Да се купи директно од инвеститорот или од изведувачот на станбениот објект;
  • Градежно-техничката документација за изградба на куќа да гласи на име на барателот.

Барање за користење субвенциониран кредит се поднесува до деловната банка, која ја проценува и одлучува за кредитната способност на барателот, а при склучувањето на договор, посебно ќе се предвиди:

  • Забрана за давање на недвижноста под закуп (кирија);
  • Забрана за дополнително оптоварување на недвижноста со хипотека;
  • Забрана за корисникот на кредитот да ја отуѓи недвижноста во период од првите 5 години од започнување со исплата на кредитот; 
  • Обврска за поднесување пријава за промена на местото на живеење на адреса на новиот стан или куќа до надлежен орган во рок од 60 дена од денот на воведување во владение на барателот на субвенционираниот кредит во станот, односно куќата;
  • Доколку станбениот кредит предвремено се отплати (целосно или делумно), корисникот е должен субвенционираните средства да ги врати веднаш на Министерството за финансии преку деловната банка.
  • Право на деловната банка, во случај кога корисникот на кредитот ќе доцни најмалку 90 дена во намирување на обврските, односно обврска на деловната банка, во случај кога корисникот на кредитот ќе доцни најмалку 180 дена во намирување на обврските, е да го раскине договорот за кредит и да преземе дејствија за присилна наплата на побарувањето по основ на станбениот кредит и субвенцијата.
  • Доколку средствата одобрени за субвенциониран станбен кредит не се користат во согласност со Законот за субвенционирање на станбен кредит, или фактите врз кои се заснова одлуката за одобрување на субвенциониран станбен кредит биле невистинити, треба да се пристапи кон присилна наплата на станбениот кредит и субвенцијата.

 

ТИПОВИ НА СУБВЕНЦИИ

1. МОДЕЛ „ПОЛОВИНА РАТА“

Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. 
Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува:

  • 4,99% за првите три години
  • 5,5% за четвртата и за петтата година од отплатата

2. МОДЕЛ „ПОЛОВИНА УЧЕСТВО“

Владата ќе плати 50% од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. 

Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.







Темава е наменета специјално за проектот Купи куќа, купи стан. За да не бидеме офтопик во постоечката тема, секоја понатамошна дискусија за проектот продолжете ја тука, а претходните коментари остануваат кај што беа.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 12:31

...сите,ама скоро сите станови што се до 900 евра и што можат да влезат во овој проект се со монтирана инсталација за парно греење.Ако на тоа се додадат најавените 50% трошоци за греење без греење,апсолутно не се исплаќа да зацапаш во ваков бизнис.

Се разбира,оние без цевки се поскапи...зошто не знам.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 13:53

Тема како тема си е демек арна,..ама се однесува на рекламата на Пајко владата и веќе не знаеме по кој пат, се дехуманизира ова јадно општество.

Се знае на кого се однесува ова нешто,па за Внатрешните членови на пајо партијата, ..да оние кои се офајдија сега да си купат ,украдат стан,..а не како во сите нормални и паметни земји,секој има право и се поттикнува на нормален живот без ограничување...Очајот и бедата со јазот се зголемуваат.

Пример ,Шведска ,секој млад брачен пар,има право по стапување на брак,да има(ДОБИЕ)стан,работа и егзистенција едноставно,но..да таму сите плаќаат ДАНОК,како овде,а тука селекцијата е ПАТОРСКА,упс,партиска.

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 11:37

Седумдесет станови наменети за млади брачни двојки и самохрани родители ќе бидат распределени во Битола. Огласот за нив е објавен денеска во дневните весници.

mladi-bracni240

Становите се лоцирани на улицата „Кочо Рацин“ во Битола, а ќе се продаваат по цена од 554 евра за метар квадратен без ДДВ. Нивната распределба ќе се врши по електронски пат. Две третини од становите ќе се продаваат на млади брачни двојки со возраст на двајцата сопружници најмногу до 38 години и кои се во брак најмногу осум години зависно од бројот на децата. Останатите се наменети за самохрани родители во зависност од периодот во кој родителот е самохран и од бројот на децата.

Становите се дел од владината Програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на државата што го реализира АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Рокот за поднесување барања за учество во распределбата на станови е 28-ми следниот месец.

Во огласот покрај овие станови има објава за продажба и на три стана во општина Аеродром во Скопје кои се со просечна цена од 770 евра за метар квадратен без ДДВ. Станува збор за станови кои останале нераспределени на претходните три огласи.

Од Министерството за транспорт и врски најавуваат наскоро и објави за распределба на станови согласно владината Програма во Штип и во Битола.

Со проектот за домување на социјално ранливите групи е предвидена изградба на 35 објекти во 26 града во државата со 1.753 стана. Во периодот од 2007 до 2011 година се изградени девет објекти со 430 станови.

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 11:48
Емил...
Не гледам дека ова има врска со акцијата...
купи куќа купи стан...
освен ако и овие станови може да се купат со "поволностите"...
кои ги дава државата...
ама тогаш она сама од себе нешто ќе си купува...
пошто се нејзини становите, нели...
или јас сум нешто утка, а...?збунетост
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 12:03
Ти не гледаш ама јас гледам .Ете држвата им дава можност да си купат стан .И насекаде во Македонија каде се продават станови се' е обврзано со оваа инициатива ''Продај нива ,купи стан '' . Државата е проучила пазарот како оди и веќе се' она контролира .Ништо не поминува без нејзино знаење илидури дозвола .
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 15:46
...ma,...jas se tokmam i dva stana da im kupam......i edna kukja,...za na leto,да

...samo...se mislam dali so parno................ili bez!?збунетост

...poradi  ''moite''(idni) cefki...dabome,...dilemata (mi) e!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 15:50
Originally posted by brza brza напиша:

...ma,...jas se tokmam i dva stana da im kupam......i edna kukja,...za na leto,да

...samo...se mislam dali so parno................ili bez!?збунетост

...poradi  ''moite''(idni) cefki...dabome,...dilemata (mi) e!намигнување
 

ако си купуваш куќа гледај да е покрај некоја гора .Кога сечеч незаконски дрва за огрев ти ќе им кажуваш дека не сечеш а добиваш тоа што природата ти нуди .Немај гајле .намигнување    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 16:47
...shto ke mi e ogrev , bre,...rekov za na leto ke mi bide!изненадување

...tuku,.. i ne ti e losha idejata za drva za ogrev od tamu....za  sh*tkanje ,..mislam !намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2012 во 19:18
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2012 во 19:47
Некои луѓе очигледно видоа бенефит од акцијава ! 
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2012 во 22:44
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Некои луѓе очигледно видоа бенефит од акцијава ! 

Da, sega gi slusav-dobila gospoga koja raboti vo centralen registarзбунетостKoj imapak ke imaизненадување
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2012 во 11:45
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Ахаа


Очигледно интересот е голем...намигнување
Башка, глеам и економијава се раздвижи...збунетост


Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 00:28

проектот е во тек,засега работите на терен течат по планот,и се поизвесно е дека многумина од граѓаните ќе добијат...патос над главата.

дел од реализираните проекти...среќа





да

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.