Купи куќа, купи стан - Проект на Владата на РМ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25621
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 11:49 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Купи куќа, купи стан - Проект на Владата на РМ
Постирано од: Santijago
Наслов: Купи куќа, купи стан - Проект на Владата на РМ
Датум на внесување: 27.Март.2012 во 11:39
Оваа година околу 2.000 брачни парови и поединци ќе можат да ја остварат својата најголема желба и да добијат сопствен дом!
Со проектот на Владата на Република Македонија „Купи куќа, купи стан“ граѓаните ќе може да аплицираат за субвенционирани станбени кредити, од 25 јануари до 31 мај 2012 година. Овие кредити ќе може да се користат за изградба или доградба на куќа или за купување нов стан.
Граѓаните, кои сакаат да аплицираат за субвенциониран кредит, треба да ги исполнуваат следните услови: - Вкупните месечни приходи на поединецот или на брачните партнери да бидат најмногу до 900 евра;
- Да нема во негова сопственост, во заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар, стан, односно куќа, или во сопственост да има само еден стан или една куќа, кои ги продава заради купување поголем стан, односно куќа за потребите на сопственото домување;
- Лицето или неговиот брачен другар да немаат подигнато друг станбен кредит;
- Субвенционираниот износ на кредитот е до 50.000 евра. Граѓаните може да земат и поголем кредит од 50.000 евра, при што субвенционирањето ќе се однесува на износот до 50.000 евра.
Станот што се купува, односно куќата што се гради, треба: - Да е новоградба со сета потребна документација (имотен лист, дозволи и одобренија за градба);
- Цената на станбениот објект да биде до 900 евра за метар квадратен;
- Да се купи директно од инвеститорот или од изведувачот на станбениот објект;
- Градежно-техничката документација за изградба на куќа да гласи на име на барателот.
Барање за користење субвенциониран кредит се поднесува до деловната банка, која ја проценува и одлучува за кредитната способност на барателот, а при склучувањето на договор, посебно ќе се предвиди: - Забрана за давање на недвижноста под закуп (кирија);
- Забрана за дополнително оптоварување на недвижноста со хипотека;
- Забрана за корисникот на кредитот да ја отуѓи недвижноста во период од првите 5 години од започнување со исплата на кредитот;
- Обврска за поднесување пријава за промена на местото на живеење на адреса на новиот стан или куќа до надлежен орган во рок од 60 дена од денот на воведување во владение на барателот на субвенционираниот кредит во станот, односно куќата;
- Доколку станбениот кредит предвремено се отплати (целосно или делумно), корисникот е должен субвенционираните средства да ги врати веднаш на Министерството за финансии преку деловната банка.
- Право на деловната банка, во случај кога корисникот на кредитот ќе доцни најмалку 90 дена во намирување на обврските, односно обврска на деловната банка, во случај кога корисникот на кредитот ќе доцни најмалку 180 дена во намирување на обврските, е да го раскине договорот за кредит и да преземе дејствија за присилна наплата на побарувањето по основ на станбениот кредит и субвенцијата.
- Доколку средствата одобрени за субвенциониран станбен кредит не се користат во согласност со Законот за субвенционирање на станбен кредит, или фактите врз кои се заснова одлуката за одобрување на субвенциониран станбен кредит биле невистинити, треба да се пристапи кон присилна наплата на станбениот кредит и субвенцијата.
1. МОДЕЛ „ПОЛОВИНА РАТА“
Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува: - 4,99% за првите три години
- 5,5% за четвртата и за петтата година од отплатата
2. МОДЕЛ „ПОЛОВИНА УЧЕСТВО“
Владата ќе плати 50% од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра.
Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.
Темава е наменета специјално за проектот Купи куќа, купи стан. За да не бидеме офтопик во постоечката тема, секоја понатамошна дискусија за проектот продолжете ја тука, а претходните коментари остануваат кај што беа.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Коментари:
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 27.Март.2012 во 12:31
...сите,ама скоро сите станови што се до 900 евра и што можат да влезат во овој проект се со монтирана инсталација за парно греење.Ако на тоа се додадат најавените 50% трошоци за греење без греење,апсолутно не се исплаќа да зацапаш во ваков бизнис.
Се разбира,оние без цевки се поскапи...зошто .
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 27.Март.2012 во 13:53
Тема како тема си е демек арна,..ама се однесува на рекламата на Пајко владата и веќе не знаеме по кој пат, се дехуманизира ова јадно општество.
Се знае на кого се однесува ова нешто,па за Внатрешните членови на пајо партијата, ..да оние кои се офајдија сега да си купат ,украдат стан,..а не како во сите нормални и паметни земји,секој има право и се поттикнува на нормален живот без ограничување...Очајот и бедата со јазот се зголемуваат. Пример ,Шведска ,секој млад брачен пар,има право по стапување на брак,да има(ДОБИЕ)стан,работа и егзистенција едноставно,но..да таму сите плаќаат ДАНОК,како овде,а тука селекцијата е ПАТОРСКА,упс,партиска.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 11:37
http://www.kurir.mk/republika/opstini/65809-Oglas-za-70-stanovi-vo-Bitola-za-mladi-bracni-dvojki-i-samohrani-roditeli" rel="nofollow - Оглас за 70 станови во Битола за млади брачни двојки и самохрани родители
Седумдесет станови наменети за млади брачни двојки и самохрани родители ќе бидат распределени во Битола. Огласот за нив е објавен денеска во дневните весници.Становите се лоцирани на улицата „Кочо Рацин“ во Битола, а ќе се продаваат по цена од 554 евра за метар квадратен без ДДВ. Нивната распределба ќе се врши по електронски пат. Две третини од становите ќе се продаваат на млади брачни двојки со возраст на двајцата сопружници најмногу до 38 години и кои се во брак најмногу осум години зависно од бројот на децата. Останатите се наменети за самохрани родители во зависност од периодот во кој родителот е самохран и од бројот на децата. Становите се дел од владината Програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на државата што го реализира АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Рокот за поднесување барања за учество во распределбата на станови е 28-ми следниот месец. Во огласот покрај овие станови има објава за продажба и на три стана во општина Аеродром во Скопје кои се со просечна цена од 770 евра за метар квадратен без ДДВ. Станува збор за станови кои останале нераспределени на претходните три огласи. Од Министерството за транспорт и врски најавуваат наскоро и објави за распределба на станови согласно владината Програма во Штип и во Битола. Со проектот за домување на социјално ранливите групи е предвидена изградба на 35 објекти во 26 града во државата со 1.753 стана. Во периодот од 2007 до 2011 година се изградени девет објекти со 430 станови.
-------------
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 11:48
Емил... Не гледам дека ова има врска со акцијата... купи куќа купи стан... освен ако и овие станови може да се купат со "поволностите"... кои ги дава државата... ама тогаш она сама од себе нешто ќе си купува... пошто се нејзини становите, нели... или јас сум нешто утка, а...?
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 12:03
Ти не гледаш ама јас гледам .Ете држвата им дава можност да си купат стан .И насекаде во Македонија каде се продават станови се' е обврзано со оваа инициатива ''Продај нива ,купи стан '' . Државата е проучила пазарот како оди и веќе се' она контролира .Ништо не поминува без нејзино знаење илидури дозвола .
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 15:46
...ma,...jas se tokmam i dva stana da im kupam......i edna kukja,...za na leto,
...samo...se mislam dali so parno................ili bez!?
...poradi ''moite''(idni) cefki...dabome,...dilemata (mi) e!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 15:50
brza напиша:
...ma,...jas se tokmam i dva stana da im kupam......i edna kukja,...za na leto,
...samo...se mislam dali so parno................ili bez!?
...poradi ''moite''(idni) cefki...dabome,...dilemata (mi) e! |
ако си купуваш куќа гледај да е покрај некоја гора .Кога сечеч незаконски дрва за огрев ти ќе им кажуваш дека не сечеш а добиваш тоа што природата ти нуди .Немај гајле .
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 16:47
...shto ke mi e ogrev , bre,...rekov za na leto ke mi bide!
...tuku,.. i ne ti e losha idejata za drva za ogrev od tamu.... za sh*tkanje ,..mislam !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Мај.2012 во 19:18
Ахаа
http://www.time.mk/read/cfbccf3135/99e04255a9/index.html" rel="nofollow - Доделени 50 решенија за “Купи куќа, купи стан”
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Мај.2012 во 19:47
Некои луѓе очигледно видоа бенефит од акцијава !
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Мај.2012 во 22:44
Messenger напиша:
Некои луѓе очигледно видоа бенефит од акцијава !
|
Da, sega gi slusav-dobila gospoga koja raboti vo centralen registarKoj imapak ke ima
-------------
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 11:45
Santijago напиша:
Ахаа
http://www.time.mk/read/cfbccf3135/99e04255a9/index.html" rel="nofollow - Доделени 50 решенија за “Купи куќа, купи стан” |
Очигледно интересот е голем... Башка, глеам и економијава се раздвижи...
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 30.Мај.2012 во 00:28
проектот е во тек,засега работите на терен течат по планот,и се поизвесно е дека многумина од граѓаните ќе добијат...патос над главата. дел од реализираните проекти...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 30.Мај.2012 во 00:39
imam slusnato bas od bankarski sluzbenici deka voopsto nema interesenti za proektot, bidejki uslovite se epten nepovolni za "bezdomnicite', i navodno vladata si pravi samo reklama, kolku sto znam proektot e prodolzen do esen!
------------- always look on the bright side of the life!
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 01.Јуни.2012 во 10:17
Пошто оваа акција на владата... доживеа огромен успех и популарност... јас би предложил нова акција во стил...
купи нова кола - купи стара кола... да им помогне малку и на продавачите на коли... и ним нешто им застана бизнисот...
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 12.Октомври.2012 во 19:36
Навистина срамежливо настапувам... окулу темава... ама...
до кај е ова купи куќа, купи стан... изгледа проектов толку ја раздвижи економијава... што се нема време и резултатите да се кажат... а...?
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 12.Октомври.2012 во 23:07
колку што знам, се на се има продадено 65-70 станови....и дека многу поатрактивни се станбените кредити од банките отколку понудата на државата....инаку до сега ќе се испосереа фалејќи се....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 01:34
исто како што во државата на големо се градат станови, а нема побарувачка за нив, така и проектов... само што тука државата го спроведува проектот а сме имале и претходно искуство со социјални станови, и тие станови биле све, само не социјални...
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 13:06
Рикна проектов, само си отидоа парите за рекламчиња некаде... кој има пари денес да се осуди да купи стан туку така, кога на ниту еден не му е загарантирана платата. Воедно добар дел од критериумите за добивање кредит и помош од државата ја таргетираат средната класа (ако остана нешто од неа). Добро смислена кампања, во многу погрешно време, и уште еден промашен проект. Само ме интересира со колкави бројки ќе излезе владата и дали воопшто ќе презентира некакви бројки или како и се останато ќе го збута како прашина под килим.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 23.Октомври.2012 во 00:56
Очигледно дека акцијата е успешна... исто ко оние што продаваат нешто а не может да го продадат... па викаат...
по ваше барање... повторно ви нудиме... бла бла...
па така...
http://forum.idividi.com.mk/new_reply_form.asp?PID=2793637&PN=2&TR=20" rel="nofollow - Продолжува аплицирањето за „Купи куќа, купи стан“
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Февруари.2013 во 23:06
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=63074" rel="nofollow - Купувањето или
изградбата на куќа со субвенциониран кредит станува подостапно. Наместо
половина од ратата, односно од учеството, државата ќе покрива три
четвртини. Со ова, за кредит од 50.000 евра владината помош ќе достигне
околу 15.000 евра за мерката половина рата и над 9.000 евра за половина
учество. Ќе се прифаќаат апликации и за доградба и проширување на
постојна куќа. Се отвора и можноста по 10-тата година кредитот да биде
исплатен пред време без да се врати субвенцијата.
Условите - цената на квадратот, но и вкупните семејни приходи да не надминуваат 900 евра остануваат непроменети.
„Проектот е наменет за граѓани кои имаат извесен приход, кои не се
социјални категории, но немаат доволен приход сами да го решат
станбеното прашање“ изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за
финансии
Барањето на градежниците - државата да се јави како жирант за
банкарските кредити, не е дел од овие законски измени кои влегуваат во
собраниска процедура.
Досега над 130 семејства го решија станбеното прашање преку проектот „Купи куќа, купи стан“.
-------------
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 08.Февруари.2013 во 14:26
камо среќа јас да ги имав тие услови овде кога купував куќа
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Февруари.2013 во 14:45
Zeksi71 напиша:
камо среќа јас да ги имав тие услови овде кога купував куќа |
pa dojdi be majstore...ima uste ponudi na lager.... em ke ni ja zatvoris ustata na nas predavnicite deka vie emigrantite ste samo "patrioti na daljinsko" ...baska ke se slikas so Stavreski kako ke ti vraci resenie pa popat ke mozes i nesto javno da promrcis za ljubovta tvoja, Branko....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 08.Февруари.2013 во 14:49
"..............za ljubovta tvoja, Branko...."
....i nikogash ...ne prezalena!....
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 15.Август.2013 во 07:54
Zeksi71 напиша:
камо среќа јас да ги имав тие услови овде кога купував куќа |
Значи у право си ти, така е... а бе да не се знаело да се искористи таква поволност... да живееш со 300 и кусур евра... наредните 20 години... голем кур... башка и помагаш на економијата да се развива...
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8141398542&id=10&setIzdanie=22952#.UgxqVX8hM0s" rel="nofollow -
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 21.Декември.2013 во 20:03
Поради огромниот и зголемен интерес... на граѓаните... акцијата продолжува...
http://a1on.mk/wordpress/archives/256354" rel="nofollow - Ставрески: Проектот „Купи куќа-купи стан“ продолжува во 2014 ............ Проектот „Купи куќа-купи стан“ го продолжуваме и во 2014 година. Досега
имаме одобрено 228 апликации, 197 одобрени кредити за стан и 31 кредит
за куќа. ..............
не заебавај.... дури 228 апликации...
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 09.Декември.2014 во 16:55
А бе... туркаме понатаму... и понатаму...
http://mrt.com.mk/node/18049" rel="nofollow - Саемското промовирање на „Купи куќа- Купи стан“ дава одлични ефекти
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 09.Декември.2014 во 17:33
Ти па да не се изгоре со проектов, според коментариве?!
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
|