IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Панкот не е мртов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Панкот не е мртов

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Панкот не е мртов
    Испратена: 25.Јануари.2012 во 00:09




Рецензија: „Панкот не е мртов“

„Панкот не е мртов“ е еден од најлошите македонски филмови, што ги имам гледано во последните неколку години. Не знам зошто упорно мораме да се давиме во бедотија, стереотипи и безизлезност. Во продолжение ќе пишувам за моето лично доживување на филмот со „спојлери“, па ако не сте го гледале, подобро не читајте понатаму.

Pankot_ne_e_mrtov_220619s

Приказната

Багра од пропаднати панкери, што очајно се борат со животот, има можност да свири во Дебар. Панкерите пола филм се натегаат дали да ја прифатат свирката и се собираат од по Балканот, за да го реоформат бендот. Во останатиот дел од филмот се случува свирката, неколку инциденти и тоа е тоа.

Низ целиот филм се испреплетени, би рекол, плитки обиди за доловување на македонското современие, животот на македонските панкери, животот во мултиетничкото општество, насилството кај Албанците и Комитите итн.

Стереотипи колку сакаш: Албанците се насилни; панкерите се „џанаци“, вулгарни и сиромашни; Македонците се плашат да се движат низ деловите во Скопје со доминантно албанско население; територијата што е населена од Албанци е небезбедна; Албанците прават матни зделки итн.

„Кур“, „п**ка“ и „педерче“ се најчестите зборови во филмот. Ако се земе предвид дека филмот ќе го гледа релативно млада публика, можете само да замислите колку негативно влијание тој ќе има на нивниот речник.

Најголем дел од смешките во филмот се излитени, наметливи и веќе чуени.

За изведбата на актерската екипа не сакам ни да почнувам да пишувам...

Мижи да ти баам

Имаше делови во филмот кога ми идеше да си станам и да си заминам. На пример: албански вооружени насилници што оперираат во околината на Дебар, се разнежнуваат на жаба; бендот јаде стравотен ќотек од Комитите, задржувајќи се повеќе од потребното заради истата жаба; погреб на жаба; филмот завршува со дискусија во врска со тоа дали и кој сè уште „си го дрка“.

Слободата на камерата

Настрана од сите глупости, „Панкот не е мртов“ има ефективна камера, што во некои сцени успешно ја отсликува тензијата, радоста, страста, стравот итн. Но, такви сцени нема премногу.

Заклучок

„Панкот не е мртов“ појдов да го гледам без никакви очекувања. Не ми се допадна. Патем, оценката од 8,5, на Internet Movie Database (IMDB) (во моментот додека го пишував текстов), нема никаква врска со реалноста.

http://pablisher.nicer2.com/%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%E2%80%9E%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B5-%D0%B5-%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%B2%E2%80%9C/



Изменето од mungos80 - 25.Јануари.2012 во 00:11
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2012 во 00:13
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2012 во 02:36
Го гледав преди еден месец филмот.Ви го препорачувам.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,891 секунди.