http://www.imdb.com/title/tt1493068/" rel="nofollow - „Панкот не е мртов“ е еден од најлошите македонски филмови, што ги имам гледано во последните неколку години. Не знам зошто упорно мораме да се давиме во бедотија, стереотипи и безизлезност. Во продолжение ќе пишувам за моето лично доживување на филмот со „спојлери“, па ако не сте го гледале, подобро не читајте понатаму.
Приказната
Багра од пропаднати панкери, што очајно се борат со животот, има можност да свири во Дебар. Панкерите пола филм се натегаат дали да ја прифатат свирката и се собираат од по Балканот, за да го реоформат бендот. Во останатиот дел од филмот се случува свирката, неколку инциденти и тоа е тоа.
Низ целиот филм се испреплетени, би рекол, плитки обиди за доловување на македонското современие, животот на македонските панкери, животот во мултиетничкото општество, насилството кај Албанците и Комитите итн.
Стереотипи колку сакаш: Албанците се насилни; панкерите се „џанаци“, вулгарни и сиромашни; Македонците се плашат да се движат низ деловите во Скопје со доминантно албанско население; територијата што е населена од Албанци е небезбедна; Албанците прават матни зделки итн.
„Кур“, „п**ка“ и „педерче“ се најчестите зборови во филмот. Ако се земе предвид дека филмот ќе го гледа релативно млада публика, можете само да замислите колку негативно влијание тој ќе има на нивниот речник.
Најголем дел од смешките во филмот се излитени, наметливи и веќе чуени.
За изведбата на актерската екипа не сакам ни да почнувам да пишувам...
Мижи да ти баам
Имаше делови во филмот кога ми идеше да си станам и да си заминам. На пример: албански вооружени насилници што оперираат во околината на Дебар, се разнежнуваат на жаба; бендот јаде стравотен ќотек од Комитите, задржувајќи се повеќе од потребното заради истата жаба; погреб на жаба; филмот завршува со дискусија во врска со тоа дали и кој сè уште „си го дрка“.
Слободата на камерата
Настрана од сите глупости, „Панкот не е мртов“ има ефективна камера, што во некои сцени успешно ја отсликува тензијата, радоста, страста, стравот итн. Но, такви сцени нема премногу.
Заклучок
„Панкот не е мртов“ појдов да го гледам без никакви очекувања. Не ми се допадна. Патем, оценката од 8,5, на Internet Movie Database (IMDB) (во моментот додека го пишував текстов), нема никаква врска со реалноста.
http://pablisher.nicer2.com/%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%E2%80%9E%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B5-%D0%B5-%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%B2%E2%80%9C/" rel="nofollow - http://pablisher.nicer2.com/%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%E2%80%9E%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B5-%D0%B5-%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%B2%E2%80%9C/