IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - Македонец дизајнираше MERCEDES инспириран од Охрид
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонец дизајнираше MERCEDES инспириран од Охрид

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонец дизајнираше MERCEDES инспириран од Охрид
    Испратена: 24.Јануари.2012 во 11:18

Апостол Тноковски е македонски индустриски дизајнер, роден 1982 година во Скопје. Неговите дизајнерски концепти се многу инвентивни и оригинални. При креирањето на концептите тој често користи органски форми, а инспирацијата за својата работа ја црпи од водниот свет. Во изминативе неколку години неговите концепти се објавени во многубројни интернационални магазини како Vogue, Playboy, FHM, National Geographic, Laptop Magazine, Le Grand Mag, Rich Style и дуги.

Aphelios001

ИНСПИРАЦИЈА
Она што е карактеристично за мене како дизајнер е тоа што моите концепти се најчесто органски и инспирирани од водниот свет.

При креирањето на овој концепт сакав да внесам свој личен печат со користење на органски (флуидни) форми, но во исто време како предмет на инспирација сакав да искористам нешто што е карактеристи-чно за Македонија. По мало истражување одлучив како предмет на инспирација да ја земам нашата позната охридската пастрмка.

ИНСПИРАЦИЈА МERCEDES - SLK APHELIOS

Охридската пастрмка е ендемна рибна врста на Балканот и во Европа. Овој вид го има исклучиво во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото.

Постојат четири вида на охридска пастрмка:
- Salmo balcanicus,
- Salmo lumi,
- Salmo aphelios,
- Salmo letnica.

Овие видови се разликуваат само по начинот на кој се размножуваат, но не и по својата форма. Причината поради која ја споменувам оваа категоризација е тоа што искористив едно од латинските имиња и мојот спортски концепт го нареков SLK APHELIOS.

РАЗВИВАЊЕ НА КОНЦЕПТ
Откако се одлучив што ќе биде предмет на анализа и на што ќе се темели формата на концептот, веднаш прејдов на наредната фаза која се состоеше од темелно скицирање, а потоа и стилизација и поедноноставување на скиците со цел да дојдам до форма која би можела да прерасне во автомобилски концепт.

Подолу можете да ги погледнете моите скици и мојот начин на размислување во поглед на развивање на формата.

РАЗВИВАЊЕ НА КОНЦЕПТ МERCEDES - SLK APHELIOS

Како што веќе прочитавте во текстот погоре, МERCEDES – SLK APHELIOS е футуристички спортски автомобил, инспириран од Охридска пастрмка. На концептот му го додадов предзнакот SLK бидејќи сметам дека во блиска иднина одлично би се вклопил во истоимената спортска линија на Мерцедес.

Специфична за овој концепт е флуидната линија која дава чувство на моќ и брзина, а во комбинација со мат – сребрената боја јасно асоцира на предметот на инспирација.

Со овој концепт учествував на натпреварот за дизајн на автомобил организиран од страна на претставникот за Мерцедес за Македонија – МакАутоСтар.

МERCEDES - SLK APHELIOS

МERCEDES - SLK APHELIOS

МERCEDES - SLK APHELIOS

МERCEDES - SLK APHELIOS

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.