Апостол Тноковски е македонски индустриски дизајнер, роден 1982 година во Скопје. Неговите дизајнерски концепти се многу инвентивни и оригинални. При креирањето на концептите тој често користи органски форми, а инспирацијата за својата работа ја црпи од водниот свет. Во изминативе неколку години неговите концепти се објавени во многубројни интернационални магазини како Vogue, Playboy, FHM, National Geographic, Laptop Magazine, Le Grand Mag, Rich Style и дуги.
ИНСПИРАЦИЈА Она што е карактеристично за мене како дизајнер е тоа што моите концепти се најчесто органски и инспирирани од водниот свет.
При креирањето на овој концепт сакав да внесам свој личен печат со користење на органски (флуидни) форми, но во исто време како предмет на инспирација сакав да искористам нешто што е карактеристи-чно за Македонија. По мало истражување одлучив како предмет на инспирација да ја земам нашата позната охридската пастрмка. Охридската пастрмка е ендемна рибна врста на Балканот и во Европа. Овој вид го има исклучиво во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Постојат четири вида на охридска пастрмка: - Salmo balcanicus, - Salmo lumi, - Salmo aphelios, - Salmo letnica. Овие видови се разликуваат само по начинот на кој се размножуваат, но не и по својата форма. Причината поради која ја споменувам оваа категоризација е тоа што искористив едно од латинските имиња и мојот спортски концепт го нареков SLK APHELIOS. РАЗВИВАЊЕ НА КОНЦЕПТ Откако се одлучив што ќе биде предмет на анализа и на што ќе се темели формата на концептот, веднаш прејдов на наредната фаза која се состоеше од темелно скицирање, а потоа и стилизација и поедноноставување на скиците со цел да дојдам до форма која би можела да прерасне во автомобилски концепт. Подолу можете да ги погледнете моите скици и мојот начин на размислување во поглед на развивање на формата. Како што веќе прочитавте во текстот погоре, МERCEDES – SLK APHELIOS е футуристички спортски автомобил, инспириран од Охридска пастрмка. На концептот му го додадов предзнакот SLK бидејќи сметам дека во блиска иднина одлично би се вклопил во истоимената спортска линија на Мерцедес. Специфична за овој концепт е флуидната линија која дава чувство на моќ и брзина, а во комбинација со мат – сребрената боја јасно асоцира на предметот на инспирација. Со овој концепт учествував на натпреварот за дизајн на автомобил организиран од страна на претставникот за Мерцедес за Македонија – МакАутоСтар.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|