|
Современа наспроти традиционална архитектура |
Внеси реплика |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Декември.2011 во 11:49 |
Ја отварам темава со цел да направиме зрела размена на аргументи која
секако ќе биде заснована на субјективна перцепција за естетика,но би
сакала да се огласи и некој архитект и да даде свое мислење од стручен
аспект.
Лично ја почитувам старата традиционална архитектура,но модерната архитектура е многу повеќе од естетика на екстериерот земајќи ги во предвид модерните материјали кои се користат,еколошки материјали,сведување на минимум на трошоците за одржување,максимален наслон на природно осветлување,проветрување,климатизации итн. Би сакала да развиеме дискусија и да се произнесете со ваши ставови. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
глејте го ова вака, и архитектурата која денеска се смета за традиционална, односно онаа историската, во свое време била иновативна и ултрамодерна
затоа и повеќе ја поддржувам современата архитектура, ако збориме од аспект на култура на еден урбан регион, се разбира современоста ја поддржувам и поради се она што го набројала рената и малку осетлив збор е „традиционалната“ архитектура и мислам дека малку погрешно се употребува, не се разбирам сега до толку, ама традиционална архитектура е онаа која е врзана со потекло од еден регион и е позната за него и таа често се имплементира дури и при изградбата на нови иновации, зато всушност и одредени архитектонски стилови се наречени според земјите и географските региони од кои потекнуваат ако ме прашате мене, јас се залагам секогаш за нови идеи во архитектурата и иновативен и уникатен дизајн, но доколку се гради во место каде постои некаква архитектонска традиција, да се следат примерите за изглед од постари објекти познати за тоа место, такви објекти всушност и ќе имаат најголема вредност за светската култура |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |