Испечати | Затвори го прозорот

Современа наспроти традиционална архитектура

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Aрхитектура и дизајн
Опис на форумот: Хармоничен спој на наука и уметност...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25224
Датум на принтање: 28.Март.2024 во 15:24
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Современа наспроти традиционална архитектура
Постирано од: Renatax
Наслов: Современа наспроти традиционална архитектура
Датум на внесување: 02.Декември.2011 во 11:49
Ја отварам темава со цел да направиме зрела размена на аргументи која секако ќе биде заснована на субјективна перцепција за естетика,но би сакала да се огласи и некој архитект и да даде свое мислење од стручен аспект.среќа

Лично ја почитувам старата традиционална архитектура,но модерната архитектура е многу повеќе од естетика на екстериерот земајќи ги во предвид модерните материјали кои се користат,еколошки материјали,сведување на минимум на трошоците за одржување,максимален наслон на природно осветлување,проветрување,климатизации итн.

Би сакала да развиеме дискусија и да се произнесете со ваши ставови.среќа

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.




Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 05.Декември.2011 во 17:25
глејте го ова вака, и архитектурата која денеска се смета за традиционална, односно онаа историската, во свое време била иновативна и ултрамодерна
затоа и повеќе ја поддржувам современата архитектура, ако збориме од аспект на култура на еден урбан регион, се разбира современоста ја поддржувам и поради се она што го набројала рената

и малку осетлив збор е „традиционалната“ архитектура и мислам дека малку погрешно се употребува, не се разбирам сега до толку, ама традиционална архитектура е онаа која е врзана со потекло од еден регион и е позната за него и таа често се имплементира дури и при изградбата на нови иновации, зато всушност и одредени архитектонски стилови се наречени според земјите и географските региони од кои потекнуваат

ако ме прашате мене, јас се залагам секогаш за нови идеи во архитектурата и иновативен и уникатен дизајн, но доколку се гради во место каде постои некаква архитектонска традиција, да се следат примерите за изглед од постари објекти познати за тоа место, такви објекти всушност и ќе имаат најголема вредност за светската култура


-------------
размисли пред да напишеш глупост



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk