IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:23


,,,receptot posle degustacija,,,,голема насмевка,,,


,,,ej a slikata,,,,se kumurosa pica,ta,,,тага


Изменето од pajser - 19.Септември.2013 во 14:24
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:38
Дај линк, може ќе ја закачиме некакосреќа
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:02

Макарони со виршли

Макарони со виршли

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Маслинки
  • 200 грама Макарони
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 6   Виршла/ли


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Макарони со виршли

ПОДГОТОВКА:

Се варат макароните 10 минути.
Се печат виршлите на тост или плотна 5-7
минути (по проценка).
Се додава прелив на макароните (кечап или сос од
домати).

Со рецептот препорачуваме маслинки и млад кромид.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:02

Шпагети примавера

Шпагети примавера

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Шпагети
  • 200 грама Шампињони
  • 100 грама Тиквичка
  • малку   Рузмарин
  • 1   Пиперка/ки
  • 50 грама Моркови
  • 4 лажица/ци Маслиново масло
  • 100 грама Домат
  • малку   Босилок
  • 2   Главица лук


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Тиквичките содржат разни нутритиенти, кои го поттикнуваат здравјето на организмот. Високиот удел на вода, ги прави тиквичките идеален продукт за диета, а за потполно искористување на лековитите својства, се препорачува да се консумираат тиквички со кора.

Диеталните влакна, кои генерално се во кората, ги редуцираат високите количества холестерол и го штитат крвниот систем.

Лабараториските истражувања, утврдиле дека фитонутрионентите во сокот од тиквичките, имаат антиканцерогени својства, бидејќи го спречуваат мутирањето на клетките.

Екстрактите од тиквички ги редуцираат симптомите на бенигната хипертрофија на простатата, а тој ефект се засилува во комбинација со другиот зеленчук.

ПОДГОТОВКА:

Загрејте го маслото и во него пропржете го исецканиуот црн лук.

Со повремено мешање додајте ги морковите, тиквичките и пиперката, кои предхофно сте ги исецкале на тенки и кратки стапчиња.

Потоа исечете ги шампињоните на коцкички, па и нив додадете ги во предходно споменатиот сад.

На крајот додадете го доматот исецкан на коцкички.

Сипете малку вода и сето тоа издинстајте го.

Кога зеленчукот ќе стане скоро готов, сипете ситно исецкан бел лук, босилек и рузмарин.

Шпагетите посебно сварете ги во посолена вода, исцедете ги и додадете им го подготвениот прелив.

Промешајте и сервирајте топло.

По вкус, можете да додадете и малку кисела павлака.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:03

Шпагети carbonara

Шпагети carbonara
.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Шпагети
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 150 грама Сланина
  • 15 грама Путер
  • 50 грама Печурки
  • 150 грама Пармезан
  • 1 лажица/ци Маслиново масло
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ова е класичен оброк, секогаш омилен, благодарение на одличната комбинација од сланина, печурки и пармезан.

ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад зовријте посолена вода, па додадете ги шпагетите со малку маслиново масло.

Варете ги 8 до 10 минути, повремено мешајки ги со вилушка.

Добро исцедете ги, па оставете ги на топло. Сланината исецкајте ја на коцкички.

Растопете го путерот во поголема тава за пржење и ставете ја сланината. Пржете околу 5 минути често мешајќи.

Во посебен сад помешајте ги изренданиот пармезан, јајцата и исецканите печурки.

Зачинете со црн пипер, па оставете настрана.

Шпагетите ставете ги во сланината, а потоа внимателно ставете ја смесата од јајца и печурки, па добро промешајте.

Потоа тргнете ја тавата од огнот и веднаш послужете повторно попрскано со црн пипер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:04

Макарони со брокули и тиквички

Макарони со брокули и тиквички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Црн бибер
  • 125 милилитри Супа од зеленчук
  • малку   Сол
  • 15 милилитри Маслиново масло
  • 220 грама Макарони
  • 2 чешниња Лук
  • 200 грама Брокула


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Макарони со брокули и тиквички

ПОДГОТОВКА:

Брокулата измијте ја и исецкајте ја на ситни цветиња. Варете ја во солена вода додека не омекне. За тоа време исецкајте ги тиквичките на ситни парчиња и продинстајте ги во маслиновото масло со исецканиот лук.

Оладената и процедена брокула ставете ја во пилешката супа. Додајте сол и бибер.

Во Меѓувреме,  во солената вода сварете ги макароните што ќе ги прелиете со подготвените тиквички и брокулата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:07

Шпагети со грашок

Шпагети со грашок

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Шпагети
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 300 милилитри Супа од зеленчук
  • малку   Сол
  • 100 грама Путер
  • 150 грама Пршута
  • 50 грама Презла
  • малку   Магдонос
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Кашкавал
  • 4   Жолчка/ки
  • 50 милилитри Доматен сок
  • 250 грама Грашок
  • малку   Босилок
  • 2   Белка/ки


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Шпагети со грашок

ПОДГОТОВКА:

 Еден ден порано пропржете го кромидот на 50 грама путер, додадете ги исецканата пршута и грашокот.

Посолете ги, полијте ги со супата во која сте го додале сосот од домати, па варете ги 20 минути. Додадете 50 грама павлаката и продолжете да ги варите уште 5 минути.

Сварете ги тестенините, исцедете ги и зачинете ги со подготвениот сос. Додадете им 1 лажица исецкан магдонос, босилок, 80 грама кашкавал и жолчките, изматени со малку сол и црн пипер. На крајот додадете го снегот од белки.

Прекријте една тава со масна хартија, па посипете ја со презла. Сипете ги тестенините и посипете ги со останатиот кашкавал.

Додадете неколку парчиња путер и печете ги шпагетите 30 минути на 180 степени. Покријте ги со алуминиумска фолија и оставете ги во фрижидер да се оладат.

Другиот ден тавата ставете ја 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Отстранете ја алуминиумската фолија и печете ги шпагетите уште 10 минути на 200 степени.

Сервирајте ги тестенините топли.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:08

Печени равиоли

Печени равиоли

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 5   Домат/и
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 3 чешниња Лук
  • малку   Мајчина душица
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 200 грама Моцарела
  • 150 грама Пармезан
  • 1000 грама Равиоли
  • малку   Сол
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Равиоли (на италијански - Ravioli) е традиционален итлијански специјалитет. Аналогнмо на равиолите во Руската кујна се подготвуваат Пелмените, но за разлика од нив, равиолите можат да бидат сервирани и како десерт.
Историјата, кога се во прашање равиолите, зборува за тоа дека во Европа се донесени од Кина и то уште пред 8 век, од страна на големиот патешественик Марко Поло.

ПОДГОТОВКА:

 Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. 
Во меѓувреме во голема тава за пржење загреваме масло на средна јачина. Ги додаваме кромидот и лукот, зачинуваме малку со сол и бибер и мешаме повремено додека не се омекнат состојките, отприлика 5 минути. 
Ги додаваме доматите и мајчината душа и чекаме да проврие сето тоа. Кога ќе проврие ја намалуваме јачината на топлината и доматите ги гмечиме или пасираме со помош на лажица и оставаме сосот да се згусне, односно да се готви уште некој 20 минути. Повремено мешаме.
Додека тоа се готви ги вариме равиолите во големо тенџере со зовриена вода и малку сол. Вариме се додека равиолите не почнат да пливаат на површината затоа што остатокот од нив ќе се зготват во рерната. Равиолите се цедат и се враќаат во тенџерето. 
Сосот го ставате во тенџерето со равиоли, промешувате и сето тоа го ставате во соодветна тава за печење и го посипувате со моцарелата и пармезанот. 
Печете додека сирењата не станат златни или 20 до 25 минути. 
Изледете ги малку пред да ги сервирате.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:09

Макарони со модар патлиџан

Макарони со модар патлиџан

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2 лажица/ци Сол
  • 500 грама Модар Домат
  • 1 чаша 200мл Масло
  • 400 грама Макарони
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 200 грама Домат
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 1 мала лажица Бибер


  • Време за подготовка: 50 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Модар патлиџан (Solanum melongena)
Се нарекува и црн (темен) патлиџан. Може да се одгледува на отворени површини само во топлите области. Во другите (поладни) области се одгледува само во стаклени градини.

Кај нас најчесто се среќаваат овалните, темновиолетови додека во други земји може да се сретнат и други облици: јајцевидни, капчести, долгнавести, во облик на боздоган, на краставица и змиести модри патлиџани.

На пазарот се наоѓа во текот на целата година, па затоа и може да претставува дел од секојдневниот оброк преку целата година.

ПОДГОТОВКА:

Рецептот е за 4 лица.

Половината од кромидот се пржи во масло додека не пожолти.
Се земаат 2-та црни патлиџани со средна големина.
Се сечат дршките од патлиџаните, се мијат и се сечат на коцки заедно со лушпата.
Заедно со кромидот се пропржуваат колку да упијат од маслото.
Промешајте ги неколку пати и додадете еден поголем црвен домат.
По желба може да се додадат и лупени црвени домати од конзерва, но во лето кога е сезона на доматите, подобро е да бидат свежи.
Додадете сецкан магдонос и повторно промешајте.
Зачинете со сол, бибер, зачинета сол и малку суво нане.

Откако ќе ги измешате сите намирници, додадете 1 чаша вода и оставете ги на тивко да се варат половина час.

Во друг сад се варат макароните.
Откако ќе се сварат макароните, се послужуваат со сосот од модри патчиџани.

 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:11

Шпагети со сос од туна и школки

Шпагети со сос од туна и школки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Шпагети
  • 200 грама Школки
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 375 грама Туна
  • малку   Сол
  • малку   Оригано
  • 50 милилитри Масло
  • 30 милилитри Маслиново масло
  • 2 чешниња Лук
  • 250 грама Домат


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 25 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Дагњите се школки со плаво-црна боја, а се силно прицврстени за подлогата (карпите), со што се штитат да не бидат однесени од брановите и морските струи. Дагњите се школки со плаво-црна боја, а се хранат со планктони и алги.

Ако случајно бидат однесени од брановите на површина, оклопот цврсто им се затвора, така што можат со саати да останат на површината без вода.

На пазарот најчесто се нудат дагњи од најчистите делови на Јадранското море.

Созревањето на дагњите е до 4-тири години.

ПОДГОТОВКА:

Доматот излупете го, а месото исецкајте им го на ситни коцкички.

Исцедете ги школките и туната, а туната малку иситнете ја со вилушка.

Потоа ситно исецкајте го лукот. Во тава за пржење, загрејте масло и додадете го лукот, па пржете мешајки додека не омекне, мешајки.

Додадете ги доматите и динстајте 5 минути, а потоа додадете ги школките, добро измешајте и варете 5 минути додека често мешајки, се заедно добро се загрее. На крајот од подготовката на овој сос се додава туната. Динстајте уште 2-4 минути.

Потоа зачинете според вкус со вегета и црн пипер. Држете на топло.

Во меѓувреме, во поголем сад сварете на тивок оган посолна вода.

Потоа во водата ставете малку масло, па шпагетите.

Варете 8 до 10 минути, повремено мешајте со вилушка.

Измијте ги и исцедете ги шпагетите, па прелијте ги со предходно подготвениот сос, па наросете со оригано.

Послужете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:13

Пикантни макарони со кари

Пикантни макарони со кари

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 400 грама Ракчиња
  • 1   Праз
  • 1   Пикантно пиперче/ња
  • 6 лажица/ци Масло
  • 350 грама Макарони
  • 1   Китка магдонос
  • 2 лажица/ци Кари


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

За 4-тири порции.

ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги ракчињата, измијте ги и избришете ги. Исчистете го празот, оставете малку од зелениот дел и исечете го на тенки ленти. Пржете го 2 минути на 3 лажици масло.

Додајте ги ракчињата и карито и пржете ги на силен оган 2 минути. Полијте ги со виното и оставете го да се редуцира до половина, па посолете го.

Сверете ги тестенините, исцедете ги и префрлете ги во тавата со сосот. Пржете ги 2 минути на силен оган, мешајќи ги повремено, и додајте вода доколку е потребно. Додајте малку пикантно пиперче, исечкан магдонос и останатото масло.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:14

Siennese макарони со пармезан

Siennese макарони со пармезан

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шунка
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 250 грама Печурки
  • 100 грама Пармезан
  • 125 грама Ореви
  • 500 грама Макарони
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Софистицирано, а сепак едноставно јадење од макарони со сос од пермазан, шунка и ореви, зачинети со свеж босилок.

ПОДГОТОВКА:

Варете ги макароните во поголем сад со малку посолена вода, околу 8 до 12 минути.

Добро исцедете ги па оставете ги на топло.

Исецкајте ливчиња босилек и ситно исецкајте ги оревите.

Растопете го путерот во огноотпорен сад, додадете ги босилекот и оревите, па пржете ги 10 минути на тивок оган, повремено мешајќи.

Шунката и печурките ситно исецкајте ја, па додадете ја во садот заедно со босилекот и оревите.

Зачинете со сол и црн пипер по вкус.

Додадете ги макароните, па мешајте над тивок оган, за сосот да навлезе во шуплините на макароните.

Помешајте пола пармезан, а со останатата половина изрендајте одозгора и веднаш послужете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:19

Њоки со доматен сос и пармезан


Њоки со доматен сос и пармезан, декорирани со свеж босилек

Ако ја сакате италијанската кујна и ако тестенините редовно се на вашето мени, тогаш дефинитивно ќе ги обожавате њоките. Тие се едноставни за приготвување, а поради тоа што немаат силен вкус, можат да се комбинираат со различни сосови, па секојпат ќе имате нов специјалитет.

Њоките можат да се купат како готов производ, но домашните њоки имаат посебен шмек, па засукајте ги ракавите и подгответе се за нова авантура во кујната.

Состојки

1kgкомпири
1 ½ шолјибрашно (~200g)
½ шолјаситно рендан пармезан
1јајце
500mlдоматен сос
1чешне лук
1 лажичкамелено морско оревче

босилек

сол

црн бибер

маслиново масло

Подготовка на њоките

  1. Сварете ги компирите во длабоко тенџере со солена вода. Исцедете ги и оставете ги да се изладат. Излупете им ја лушпата и изрендајте ги ситно во длабок сад. Многу е важно компирите да бидат ситно рендани за да нема големи парчиња и да се добие соединето тесто без грутки.
  2. Во ренданите компири додајте го брашното, пармезанот, морското оревче и зачинете со сол и бибер по вкус. На крајот додајте го и јајцето и започнете да мешате со дрвена лажица. Потоа со рацете месете го тестото додека компирите не се соединат со брашното.
  3. Поросете брашно на површината на работната маса, земете мал дел од тестото и развлекувајте го во долга колбасеста форма. Дебелината на „колбасот“ од тесто треба да изнесува 1 до 2 сантиметри. Со нож расечете го обликуваното тесто на парчиња долги околу 2 сантиметри (по желба може и поголеми). Со врвот на прстот од едната страна на секое парче направете мала вдлабнатина, а на другата страна со виљушка направете ребреста текстура. Ребрестата текстура помага сосот подобро да се задржи на њоките.
  4. Во тенџере со вода додајте една лажичка сол и ставете го на оган за водата да зоврие. Во врелата вода додајте ги њоките. Њоките се готови откако ќе испливаат на површина. Извадете ги од водата.

Подготовка на сосот

  1. Во тавче ставете 1 лажица маслиново масло. Откако ќе се загрее, додајте го ситно исечканиот лук и пржете додека лукот не добие златна боја.
  2. Додајте го доматниот сос и зачинете со босилек, црн бибер и сол по вкус. Препорачливо е да се користи свеж босилек, но и сувиот ќе го збогати јадењето со примамлива арома.
  3. Мешајте и пржете додека сосот не се згусне.
  4. Полејте ги њоките со сосот и врз нив поросете малку пармезан. Украсете со ливчиња босилек.

Совет:

Ако не сакате њоките да бидат премногу меки и ако сакате да имаат крцкава златна надворешност, пред да ги ставите во сосот, кратко пропржете ги во тавче со минимално количество масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:39

Шпагети со песто-сос

Потребно:

400 г шпагети
сол
бибер
2 китки босилек
100 г пармезан
2 чешниња лук
50 г мелени бадеми
125 мл маслиново масло

Приготвување: сварете ги шпагетите во солена вода, т.е. според упатството на пакувањето. Босилекот измијте го, исушете го и ситно исечкајте го. Исто така, и лукот ситно исечкајте го. За песто-сосот измешајте ги босилекот, лукот, ренданиот пармезан, мелените бадеми и маслиновото масло (или, без претходно сечкање, сите состојки ставете ги во миксер и добро сомелете ги). Сосот зачинете го со сол и бибер. Шпагетите исцедете ги, но зачувајте малку вода во која се вареа, па измешајте ги со сосот. Шпагетите поклопете ги и оставете ги да отстојат 10-тина минути за да го впијат вишокот вода, па сервирајте ги топли

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.