IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 13:40

Морската сол е одлична за вашата убавина. Подеднакво е добра во чистењето, затегнувањето и омекнувањето на кожата.

morskata-sol-vo-sluzba-na-vasata-ubavina-01

И покрај тоа што мислевте дека солта само непотребно ја суши кожата, напротив, таа е преполна со магнезиум, калиум и натриум, што ја прави совршен сојузник на вашата убавина.

Солен пилинг против груба кожа

Промешајте слатка павлака со лажица морска сол и направете одличен пилинг за кожа. Нанесете и почекајте 10тина минути да делува. Потоа исплакнете со млака вода. Практикувајте го овој пилинг два пати неделно доколку сакате да се решите од грубата кожа.

Избелете ги забите на природен начин

Скапото избелување на забите може да го замените со мешавина на морска сол и сода бикарбона. Помешајте една кесичка сода, малку сол и додајте неколку капки оцет, па со добиената паста измијте ги забите. Оваа постапка не смеете да ја повторите повеќе од 3 пати месечно.

morskata-sol-vo-sluzba-na-vasata-ubavina-02

Морска сол за сјајна кожа

Во еден мал сад ставете лажичка сол и лажичка маслиново масло, а потоа мешајте неколку минути. Мешавината нанесете ја на лицето и масирајте 5 минути пред да исплакнете.

Купка за заморени стапала

Купката за стапала со морска сол помага за циркулацијата, болките и габичните инфекции на нозете. Доволно е да промешате една шолја морска сол со топла вода и во неа да ги држите стапалата најмалку 15 минути. Потоа исплакнете ги со ладна вода и нанесете крема.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 22:20

Зелената салата може да се користи за нега на телото. Ви ги претставуваме рецептите со кои зелената салата ќе ја претворите во идеална козметичка состојка.

kako-da-go-neguvate-liceto-so-zelena-salata

Салатата е диетална намирница богата со растителни влакна и помага во намалувањето на холестеролот, а корисна е и при превенција на запек. Се состои од речиси 95% вода, богата е со минерали и витамини, а има и млечен сок кој ја ублажува болката.

Облоги за хидратација на кожата
Ставете неколку свежи листови зелена салата во жешка вода, исцедете ги и оставете ги да се изладат. Ставете на лицето два до три слоја листови и оставете ги да делуваат 20 минути.

Лосион против мозолчиња
Земете 30 грама листови салата, варете ги на тивок оган околу 30 минути. Потоа водата исцедете ја и лосионот за кожа, особено за врат и лице е готов. Подготвениот лосион од зелена салата може да се користи два до три дена. Чувајте го во фрижидер. Лосионот нанесувајте го со памук на утро и навечер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 22:19

Доколку имате проблем со масната кожа, овој проблем најлесно ќе го решите по рецептот на славните руски убавици. Се работи за тоник од вотка кој секоја Русинка го има во својот дом.

tajnata-na-ruskite-ubavici-votka-tonik-za-lice-01

Вотката е одлична течност за дезинфекција на лицето, па во комбинација со правилни и здрави состојки може да се претвори во ефикасно средство за чистење на лицето.

Сè што ви е потребно е едно пластично шишенце со распрскувач, дестилирана вода, вотка и гранче рузмарин.

Во шишенцето ставете дестилирана вода и оставете простор за уште 3-4 лажици вотка. На крајот ставете го гранчето рузмарин, промешајте и оставете ја течноста да отстои неколку часа.

Тоникот се чува на студено место, се нанесува наутро и навечер на чисто лице и никако не смеете да го нанесете околу пределот на очите заради тоа што содржи алкохол.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:12

Најчест проблем со кој се соочуваме во зимскиот период е сувата кожа. Студениот зимски воздух е со намалена влажност и ги пресушува природните масла во кожата, на тој начин кожата ја губи влажноста и дехидрира.

kako-da-se-spravite-so-suvata-koza-vo-studenite-zimski-denovi

Острите зимски ветрови, исто така, предизвикуваат воспаление на кожата со црвенило и ситно лупење. Ова води кон груба, напната кожа и интензивен јадеж, со што дополнително ја иритираме, а таа реагира со задебелување, распукување и намалена способност да се регенерира.

Затоплувањето на домовите го суши воздухот во просториите, така што нашата кожа страда од двојно сушење. Со правилна нега и хигиена можеме да ја одржиме кожата здрава и витална и во зимскиот период.

Еве неколку совети:

  1. Избегнувајте користење на агресивни средства за чистење на кожа, користете медицински сапун, маслена купка и хидратантно млеко. Исто така избегнувајте го долгото капење со многу топла вода.
  2. Повеќе пати во денот нанесувајте високо хидрантни креми, средства на база на масло и богата ноќна витаминска крема која ќе ја регенерира кожата додека спиете.
  3. Редовно правете кристален пилинг со што ќе го отстраните мртвиот слој клетки од површината на кожата овозможувајќи и полесно да дише, забрзувајќи ја циркулацијата со што таа подобро ќе се исхранува, а истовремено олеснувајќи го навлегувањето на сите средства кои ги нанесувате со што тие побрзо ќе го покажат својот ефект.
  4. Еднаш месечно може да направите хемиски пилинг со кој длабински ќе ги прочистите вашите пори, и ќе внесете во кожата супстанции кои ќе стимулираат обнова на клетките.
  5. За сите, а особено за оние со многу сува кожа прекрасен третман кој ќе ја врати свежината на вашето лице е мезотерапијата со која во средниот слој на кожата внесуваме различни супстанции како витамини, минерали, биостимулативни состојки или  хијалуронска киселина, од каде таа многу полесно и побрзо ќе ги ресорбира.

kako-da-se-spravite-so-suvata-koza-vo-studenite-zimski-denovi-2

Проблемот со сува кожа во зимскиот период на годината може да се јави кај секој човек на било која возраст. Меѓутоа додека кај едни лица студот предизвикува само црвени и суви образи кај оние лица со веќе постоечка друга дерматоза како на пр. атопичен дерматит, егзема, псоријаза, може да дојде до влошување на истата.

Во таков случај најдобро ќе биде да ве прегледа дерматолог кој во зависност од дијагнозата ќе ви препише соодветна медицинска терапија за нега на кожа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:53

Подарете и на косата хидратација со помош на вкусни намирници. Сонцето оставило трага на вашата коса? Можете да и го подарите некогашниот сјај без да одите во фризерски салон и тоа само со неколку намирници.

namirnici-za-sjajna-i-revitalizirana-kosa

1. Маслиново масло

Маслиновото масло преставува камен темелник на медитеранската исхрана, а преставува и популарен избор во негата на косата и кожата. Измешајте малку масло со две изматени јајца и нанесете ја смесата на косата. Главата покријте ја со стара крпа (онаа за туширање) и оставете ја постои половина час. Исплакнете со вода и измијте ја косата со шампон за коса како што правите вообичаено. Овој третман го зајакнува слојот на протеини на косата и затоа видливо ја ревитализира вашата коса.

2. Авокадо и банана

Дозволете си хранлива маска од авокадо и банана – овошје кое е одлично за кршлива коса. На косата ќе и ги нанесете неопходните витамини А, Б и Е, како и калиум, а во исто време ќе ја нахраните со влага и ќе и овозможите да биде отпорна на топлина. Во еден сад помешајте една четвртина авокадо и еднаква количина банана сè додека не добиете каша. Со маската нежно, но темелно масирајте ја косата па покријте ја со крпа. По 20 до 25 минути исплакнете ја со млака вода (претоплата вода дополнително ја суши косата).

3. Оцет

Можеби оцетот има интензивен мирис, но неговата употреба е добра за косата. Со мала количина оцет масирајте ја косата и оставете така да постои половина час. Кога ќе ја исплакнете косата, ќе забележите разлика во нејзиниот сјај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:30

Тој е дел од животот на поголемиот дел од жените и создава големи проблеми кога ќе дојдат летните денови. Целулитот е нешто од кое сите жени сакаат да се ослободат по секоја цена.

mitovi-i-vistini-za-celulitot-01

Тоа се всушност масти кои се наоѓаат помеѓу сврзното ткиво на кожата, а најчесто се резултат на хормонски дисбаланс, неправилна исхрана и недостаток на вежбање. Мажите, од друга страна, не треба да се грижат премногу бидејќи нивната кожа е подебела од кај жените и поради тоа тие ретко имаат целулит.

Дури 90% од жените имаат изразен целулит и за да се отстранат од него одат на разни третмани, испробуваат некои домашни трикови, совети и скапи креми. За да ги заштедите вашите пари, време и психа ќе ви откриеме неколку вистини и заблуди за целулитот.

Само дебелите луѓе имаат целулит

Овој проблем го имаат и слабите девојки. Поради поврзаноста со хормоналните пореметувања, експертите сметаат дека ова може да биде и генетски поврзан. Жените од исто семејство имаат сличен степен на целулит, без разлика на дебелината. Земете го ова во предвид за да можете да делувате превентивно на него.

Со вежбање можете да го отстраните целулитот

Целулитот се појавува под површината на кожата додека мастите кои ги согоруваме со вежбање се наоѓаат подлабоко. Сепак ова не е причина да престанете да вежбате. Така ќе ги тонирате мускулите и ќе го одвлечете вниманието од вашите критични делови.

Масажите го намалуваат целулитот

Концептот на масажи крие дел од вистината за целулитот. Обичните масажи нема да ви помогнат, но ендермолошката масажа која продира длабоко во кожата е од голема помош. Оваа механичка масажа ќе го опушти ткивото, ќе ја зголеми циркулацијата и ќе помогне при процесирањето на вишокот вода.

mitovi-i-vistini-za-celulitot-02

Кафе во борба во целулитот

Кафето не е најефикасната метода при отстранување на целулитот, но помага при отстранувањето на вишокот вода од телото.

Истражувањата покажале дека нанесувањето на кафе на кожата го буди метаболизмот за согорување на маснотиите, што потикна некои компании да направат кратки пантолони кои содржат кофеин.

Ви предлагаме да направите пилинг од кафе кој кај некои жени се покажал како ефективна метода во борбата против целулитот.

mitovi-i-vistini-za-celulitot-03

Креми и гелови

Ако кремите и геловите помагаа, тогаш нашите проблеми одамна ќе беа заборавени. Вистина е дека некои производи можат да ја подобрат состојбата, но сигурно е дека не можат да го отстранат целосно.

Целулитот може да се отстрани со липосукција

Оваа процедура може да направи повеќе штета. Докторите не можат да го отстранат целулитот туку можат само слојот маснотија која се наоѓа под него. На прв поглед изгледа подобро по зафатот, но со годините кожата ја губи еластичноста, а дупките кои останале по процедурата ќе станат уште повидливи.

Темниот тен помага во прекривањето

Во овој мит има нешто вистинито. Потемнетата кожа изгледа попривлечно од светлата, но не заборавајте дека УВ зраците ја стареат кожата поради што по некое време целулитот ќе стане повпечатлив.

mitovi-i-vistini-za-celulitot-04

Мажите немаат целулит

И мажите имаат целулит, но во поинаков облик. Освен хормоналните разлики, машките масни клетки имаат поинаква форма и не се зголемуваат лесно, па затоа целулитот е помалку видлив. Ако жените се мачат со бутовите и задникот, кај мажите целулитот се појавува на вратот и стомакот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:29

Лимонот е исклучително важен за негата. Тој е одличен извор на калциум, Витамин Ц, магнезиум и железо, минерали и антиоксиданси кои го подобруваат изгледот и состојбата на косата, кожата и ноктите.

sto-treba-da-znaete-za-limonot

Што сè треба да знаете за лимотот?

1) Помага при проблеми со митесери

Лимонот има антибактериско и антифугално својство и затоа преставува природна алтернатива во лечењето на акни. Со резнака лимон истријте го лицето, или можете да додадете неколку капки мед помешани со сок од половина лимон и тоа нанесете го на местата каде што имате митесери. По 10 минути измијте се со студена вода.

2) Лимонот ги осветлува дамките на лицето

Лимоновиот сок содржи лимонска кислеина и постепено го изедначува тенот. Бидете внимателни ако имате отворени рани или исеченици на лицето, бидејќи може да ве пече.

3) Ги избелува забите

Лимонот е природен избелувач на забите. Растворот на сода бикарбона и лимонов сок нанесете ја на забите, не подолго од една минута.

4) Мрсна кожа

Памук натопете со лимон, намачкајте го лицето навечер, а наутро исплакнете го. Кожата повеќе нема да покажува знаци на замастување.

5) Поубава коса

Измешајте сок од лимон и регенератор за коса, исчешлајте ги прамените, седете на сонце и по неколку часа исплакнете ја косата. Повторете ги овие чекори барем еднаш неделно и ќе забележите дека вашата коса ќе биде помека и посјајна.

6) Ги зајакнува ноктите

Со маслиновото масло и лимоновиот сок истријте ги ноктите. Не само што ќе го решите проблемот со слабите и кршливи нокти, туку така и ќе ги избелите пожолтените нокти.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:18

Само неколку чекори ве делат од секојдневен совршен изглед. Без оглед дали се работи за специјална прилика, или пак секојдневна убавина, трудете се да се задржите од овие мали навики кои за 2 седмици од корен ќе ви го променат изгледот.

postignete-sovrsen-izgled-za-2-nedeli-01

Нега на лицето

- Мијте го лицето секое утро и секоја вечер. Одберете средство за чистење на лицето соодветно на вашиот тип на кожа и на вашите години.

- Користете пилинг за лице 2 до 3 пати неделно.

- Не ги отстранувајте акните на несоодветен начин. Така ризикувате да си оставите траги и лузни до крајот на животот. Наместо тоа инвестирајте во квалитетни производи за чистење на кожата.

- Пијте многу вода и јадете овошје и зеленчук. По 2 недели ќе ја забележите разликата, за која не сте биле свесни дека ја прави исхраната.

postignete-sovrsen-izgled-za-2-nedeli-1

Нега на косата

- Мијте ја косата 2 до 3 пати во неделата. Секојдневното миење ја ослабува и оштетува повеќе од што мислевте заради тоа што се губат природните масла кои на косата и се неопходни.

- Користете сет од шампони и регенератори. Тие го немаат истото дејство ако ги користите во комбинација со други производи.

- Откако ќе го нанесете регенераторот за коса, расчешлајте ја нежно со крупен чешел.

- Капките или ампулите за коса помагаат за било кој тип на коса. Меѓутоа, ти се користат исклучиво еднаш во месецот.

Нега на кожата

- Туширајте се секој ден со богата витаминска купка за тело.

- Ако сакате да лежите во када полна со пена, во водата додајте една шолја млеко.

- Користете пилинг за отстранување на мртвите клетки, секој втор ден.

- Негувајте го целото тело со витамински креми и млека за тело штом излезете од бањата.

postignete-sovrsen-izgled-za-2-nedeli-2

Нега на устата

- Четкајте ги забите секое утро и секоја вечер.

- Користете конец за чистење на забите еднаш дневно.

- Посетувајте го вашиот стоматолог најмалку 2 пати годишно.

- Направете си сладок пилинг од мед за сувите усни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:17

Ако во овие студени денови, кога косата и кожата стануваат сè посуви, вие никако немате време за разубавување и нивно витаминско хранење, ви предлагаме неколку едноставни зимски трикови.

5-trikovi-kako-da-bidete-ubavi-zimava

Проблемот со испукани врвови или сува кожа не е нерешлив. Ви ги нудиме петте наједноставни решенија, на петте најчести зимски женски проблеми.

Пилинг пред спиење

Доколку мислевте дека пилингот е наменет за утринско чистење на лицето, малку грешите. Дерматолозите тврдат дека пилингот е вечерен чекор. На тој начин преку целата вечер имате чиста кожа, без наталожени мртви клетки кои допринесуваат за грубиот изглед на кожата. Пилингот нека ви стане навика и практикувајте го секој трет ден.

Ноќна маска за коса

Разбудете се со мека и свежа коса, така што на неа ќе оставите маска која ќе делува цела ноќ. Овој длабински третман ги поправа оштетените влакна. Ваквиот тип на нега практикувајте го секоја седма, до десетта ноќ.

5-trikovi-kako-da-bidete-ubavi-zimava-1

Утринското миење на косата заменете го со сув шампон

Прескокнете го утринското миење на косата за да се ослободите од разлетаните влакна во текот на целиот ден. Сувиот шампон е препарат кој се нанесува на темето и се остава да делува неколку минути. Потоа косата се расчешлува и се бришат белите траги. За само неколку минути ќе постигнете ефект на свежа коса, иако не сте биле во можност да и се посветите повеќе.

Брз педикир

Веќе извесно време се каните да си направите педикир, но никако не можете да си посветите доволно време? Импровизирајте со крупна сол во топла вода и нахранете ја кожата на стапалата со мрсна крема или масло.

5-trikovi-kako-da-bidete-ubavi-zimava-2

Повеќенаменска шминка

Доколку сте во брзање и сакате само да изгледате свежо и природно, користете го ефектот на порцеланска кожа, истакнати јаболкници,природни усни и трепки со неколку слоеви маскара. Без оглед каде и да треба да одите, ова е одличен начин да изгледате уредно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:16

Кивито е интересна и корисна овошка за оние кои сакаат да ги ублажат брчките на лицето и да ја зачуваат еластичноста на кожата. Ова егзотично овошје е богато со витамин Ц, поточно едно киви ви е повеќе од доволно за да ги покриете дневните потреби на овој витамин.

domasen-spa-tretman-so-kivi-01

Високото количество на витамин Ц ја регенерира кожата, па затоа маската од киви е препорачлива за сите оние кои имаат над 25 години, добата кога количината на колаген и еластин во кожата опаѓа.

Постојат неколку варијации на маските од киви.

Ефикасна е маската од свежи кругови киви поставени на целото лице. Доволно е да дејствуваат околу 10тина минути за да забележите огромна промена. По оваа маска од свежо киви, задолжително исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хранлива крема.

Можете да направите и мешавина од пасирано киви и половина банана. Одлична храна за кожата, која е доволно да делува 15-20 минути пред да ја исплакнете.

domasen-spa-tretman-so-kivi-1

Кивито и медот се исто така добитна комбинација за оние кои сакаат да ја сочуваат меката и еластична кожа. Леплива и вкусна маска која за само 10тина минути ќе го постигне посакуваниот ефект.

Егзотичната маска од киви, маслиново масло и путер од кокос, освен тоа што мириса одлично, на кожата и дава доволно хранливи материи за претстојната седмица. Што значи, доволен е еден ваков третман неделно, од само 15 минути за да ја зачувате младоста.

domasen-spa-tretman-so-kivi-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:15

Во пресрет на летото, ви нудиме еден домашен рецепт за маска за коса кој е навистина едноставен, но делотворен и кој ќе ја нахрани вашата коса од коренот па се до врвовите.

hranliva-maska-za-kosa-od-kokosovo-maslo-2

Без разлика на тоа дали имате природно сува коса или пак таа е оштетена од често боење, ако имате првут  или наскоро одите на море каде косата ќе биде изложена на штетните влијанија на солта, ветерот и сонцето, оваа маска од кокосово масло ќе ви го потхрани влакното и ќе го поттикне растот на косата.

Потребно:

една голема лажица кокосово масло , една мала лажичка масло од гроздови семки, пола лажичка сок од лимон и 10 капки етерично масло од  лимон и 10 капки етерично масло од рузмарин.

Подготовка:

Маслото од кокос ставете го во метален сад и загрејте го, а во него додајте го маслото од гроздови семки.

За посветла коса – додајте пола лажичка лимонов сок или 10 капки етерично масло од лимон.

За потемна коса – додајте 10 капки етерично масло од рузмарин.

Смесата се нанесува на влажна коса додека маслото е сè уште топло. Убаво се распоредува по целата должина и се масира во коренот. Врз косата, потоа ставете капа за туширање и зацврстете со пешкир . Пред да го ставите на главата, пожелно е да се загреете и пешкирот, бидејќи топлината ја поттикнува делотворноста на маската која треба да ја држите околу 10 минути.

Потоа измијте ја косата со благ шампон и млака вода и ќе добиете мека, сјајна и здрава коса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2013 во 12:55

Не сте единствените кои имате еден куп накит кој не е употреблив, само затоа што стоел предолго во кутијата, па ја променил бојата од нечистотија.

iscistete-go-nakitot-kako-profesionalec-01

Наместо да дадете цело богатство за професионално чистење, ви откриваме неколку тајни и трикови кои уште денес можете да ги испробате.

Пиво за злато

Златото можете да го исполирате со пиво, само внимавајте ако има драгоцени каменчиња. На мека крпа истурете малку светло пиво и протријте го златото. Потоа избришете со сува, обична крпа.

Бел оцет за сребро

Сребрениот накит исполирајте го со мешавина од половина шолја бел оцет и 2 лажици сода бикарбона. Оставете го накитот да постои во оваа течност неколку часа, а потоа исплакнете со ладна вода.

Напомена: Ова важи само за чисто сребро! Пред да го потопите накитот во оцет, осигурете се дека бразлетната, ланчето или обетките се чисто сребро.

iscistete-go-nakitot-kako-profesionalec-02

Кечап за сјајно сребро

Ако среброто е чисто, но го изгубило сјајот, исполирајте го со кечап. Дури може да го оставите и неколку минути во чашка со кечап, а потоа добро измијте го и протријте со стара четка за заби. Киселината која се наоѓа во кечапот има сјајно дејство врз сребрениот накит.

Газирана вода за скапоцени каменчиња

Доколку сте една од среќничките кои поседуваат дијаманти, рубини, сафири или нешто слично, полијте ги со кисела вода и оставете да отстојат цела ноќ.

Вотка за кристали

Заради корозивните својства вотката е најкорисна за чистење на кристал и стакло. Оваа техника е ефикасна, посебно затоа што подеднакво исто делува на вистински и лажни каменчиња. Само пребришете ги со мокра крпа со вотка и работата е завршена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:14

Заради составот и видот на ткаенина од која е изработена, зимската гардероба има потреба од посебно одржување.

kako-pravilno-da-ja-odrzuvate-zimskata-garderoba-01

Постојат неколку начини со кои вашите омилени џемпери, јакни и шалови можете да ги износите неколку сезони плус, а воедно и да го сочувате нивниот првобитен изглед.

Перењето на јакните во текот на сезоната не смее да биде почест од 2 пати во 3-4 месеци, затоа што пердувите може да се оштетат. Ако ги перете во машина за перење, правете го тоа во студена вода и не користите обичен детергент, туку детергенти и додатоци за чувствителна облека.

Најдобро би било јакната да ја исушите во машина за сушење облека, доколку сте во можност, а ако ја немате таа привилегија, секогаш сушете ја на свеж воздух. Не ја затворајте во вашата дневна соба затоа што е потопло.

Џемперите би требало да ги перете на околу 6 носења, а на волнените треба да им посветите малку повеќе внимание. Пред перењето свртете ги на внатрешната страна и перете ги со облека со слична боја. Исперете ги два пати и сушете ги исклучиво на отворено.

Капите, ракавиците и шаловите перете ги најмногу 3 пати во сезона, во машина или рачно, зависно од материјалот.

Волнените палта перете ги 2 пати во сезона, а ако не ги носите пречесто, доволно е само еднаш да ги однесете на хемиско чистење, пред и по завршувањето на сезоната.

Во меѓувреме чувајте ги палтата на отворено и избегнувајте да го држите во гардероберот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 16:43

Боите од средината на спектарот, кои што не се ни премногу топли, ниту студени „им стојат“ на сите жени. Тие воедно создаваат секси чувство. Откријте кои бои се во прашање.

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-1

Црвена

Ако сте во дилема, облечете црвено. Оваа боја на секоја жена и ја „дава“ саканата предност. Дури и студијата на англискиот Универзитет Дурхам докажала дека на атлетските натпревари повеќе шанси за победа имале оние кои што носеле црвени дресови. Црвената е посебна боја и таа е адут за секоја жена.

 

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-2

Сино зелена

Сино зелената боја и дава здрав изглед на кожата. Поприлагодлива е од светлата, летна тиркизна боја. Одлично се комбинира со црна, кафена и останатите неутрални бои.

 

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-3

Валкано розова

Нежната, валкано розова нијанса е префинета боја за дамите. Таа е некаде помеѓу светло розовата и бојата на праска. Таа боја ја нагласува природната свежина на лицето и секој кој ја носи остава впечаток дека блеска.

 

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-4

Виолетова

Исклучително „прилагодлива“ боја, исто како и црната, темно кафената или морнарско сината.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,063 секунди.