IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2015 во 08:38

Пита со суви сливи совршена за во есен


Замислите топла, вкусна, кремаста пита од суви сливи... Направете го овој десерт за да ве згрее во овие есенски денови.

Потребни состојки:

  • ½ кг. кори за пита
  • 600 гр. суви сливи
  • 100 гр. мелени ореви
  • 1 кесичка цимет
  • 1 лажица џем од сливи
  • 200 мл. кисела вода
  • 250 гр. маргарин
  • 500 гр. шеќер
  • Сируп: 200 гр. шеќер и 200 мл. вода

Подготовка:

Сувите сливи исецкајте ги на коцки, додадете ванилин шеќер, ореви, цимет и џем, па потоа сипете го сирупот и зовријте ја смесата. Кога ќе се излади филувајте ја питата.

Редете кора по кора и премачкајте со смеса која ќе ја направите од маргаринот и киселата вода, потоа ставете го целиот фил, па повторете ја постапката со преостанатиот дел од кората како на почетокот, додека не ги потрошите сите состојки.

Исечете ја питата на коцки, па печете 20 минути на 180 степени, или додека не зарумени. Прелијте потоа со сирупот од 500 гр. шеќер и пола литар вода и на крај можете да додадете и исечени парчиња лимон поради арома.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2015 во 21:10

Брза пита со сирење и шунка идеална за вкусна вечера


Едноставна и брзо се подготвува, а количината на киселите краставички и киселите пиперки можете да си ја одредите по ваш вкус.


Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • Чаша јогурт
  • ½ чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • Кесичка прашок за пециво
  • Лажичка сол
  • 250 гр. ситно сирење
  • Сецкана шунка (количина по желба)
  • Сецкана црвена кисела пиперка (количина по желба)
  • Сецкани кисели краставички (количина по желба)
  • Лажичка оригано

Подготовка:

Одвоено изматете ги белките и жолчките, па соединете ги.

Додадете јогурт и масло, измешајте, а потоа додадете сирење, брашно, прашок за пециво, сол, оригано, шунка, пиперка и краставички.

Печете во подмачкан плех на 200 степени додека не зарумени

Пријатен апетит!



Изменето од Valerija - 09.Октомври.2015 во 21:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2015 во 13:31

Вкусна манастирска погача која ви носи незаборавни мириси во домот


Подготовката е лесна и погачата е готова за кратко. Таа е идеална кога ќе ви се најават гости во „пет за 12“ и морате брзо да реагирате и пријатно да ги изненадите. Погачата која ја подготвувате може да се консумира наместо леб. Еве како брзо и лесно да ја испечете.

Потребни состојки:

  • 200 гр. брашно
  • 4 јајца
  • 300 гр. овчо сирење
  • Прашок за пециво
  • 100 мл. масло
  • Кисела павлака
  • 200 мл. јогурт

Подготовка:

Во длабок сад изгмечете го сирењето, а потоа додадете ги јајцата. Со виљушка измешајте ги јајцата со сирењето. Додадете го маслото, павлаката и јогуртот. Измешајте па додадете го брашното во кое сте го ставиле и прашокот за пециво. Сето тоа добро соединете го.

Ставете масло на тепсијата во која ќе ја печете манастирската погача. Посипете со брашно и сипете ја смесата. Добро растресете за правилно да се распореди.

Печете 15 минути на 250 степени.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 15:12

Есенски деликатес: Вкусна пита со сливи


Доколку сакате да пробате вистински есенски деликатес, питата од сливи е идеален рецепт. Нејзиниот богат вкус е нешто посебно, а сега е вистинско време да ја направите.

esenski-delikates-vkusna-pita-od-slivi-01.jpg

Потребни состојки:

За тесто:

  • 300g брашно
  • 100g шеќер
  • 100g путер
  • 1 јајце
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Фил:

  • 600ml млеко
  • 2 пудинзи од ванила
  • 10 лажици шеќер
  • 200g Маскарпоне
  • 500g кисела павлака

И уште:

  • Околу 600g исчистени зрели сливи
  • 2 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер


Подготовка:

Калап со пречник од 24cm намачкајте го со путер и посипете го со брашно.

Подготовка на тестото:

Путерот исечете го на прачиња и додадете го во брашното, измешајте ги малку за да се растопи путерот и да добиете растресита смеса.

Додадете ги и останатите состојки за подготовка на тестото и измесете глатко тесто.

Од тестото одвојте еден дел (околу 150g) и двата дела (и поголемиот и помалиот) ставете ги во фрижидер на половина час.

Потоа поголемиот дел од тестото распоредете го во калапот така што ќе се покрие целиот калап.

Подготовка на филот:

Разматете го пудингот од ванила со 5 лажици шеќер и 100ml млеко. Преостанатите 50ml млеко и 5 лажици шеќер ставете ги да вријат и откако ќе зовријат на нив додадете го разматениот пудинг. На готовиот пудинг веднаш додадете ги маскарпонето и киселата павлака и добро промешајте.

Оваа смеса се распределува на тестото, а потоа се додаваат исечканите сливи, обичниот и ванилиниот шеѓер.

Врз сливите грубо се ренда остатокот од тестото.

Питата се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

esenski-delikates-vkusna-pita-od-slivi-1.jpg

Се остава да се олади, а потоа се става во фрижидер на неколку часа.

Може и преку цела ноќ за убаво да се стегне филот, тестото малку да омекне и да се соединат сите вкусови.

Се посипува со шеќер во прав.

esenski-delikates-vkusna-pita-od-slivi-2.jpg

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2015 во 20:28

Dave’s Kitchen: Празнична цветна погача



Потребни состојки :

  • 500 гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • 1 свеж квасец
  • 1/2 филџан шеќер
  • 1 филџан масло за јадење
  • прстофат сол
  • 200 гр. обарен и исечкан спанаќ
  • 150 гр. урда

Во сад на страна убаво измешајте ги млекото, квасецот и едно лажиче шеќер, оставете да стаса. Доколку сакате да ја забрзате постапката на стасување млекото треба да биде млако. Стасаната смеса додадете ја во брашното. Додадете ги маслото, шеќерот и солта. Од овие состојки направете меко и глатко тесто. Оставете да стаса 1 час на собна температура или додека не ја зголеми двојно големината.

 

Урдата и спанаќот измешајте ги заедно. 

Стасаното тесто расукајте го на работната површина во кора дебела околу половина сантиметар. Со помош на чаша вадете кругови. Во секој од круговите нанесете по 1 лажиче од смесата со урдата и нежно превиткајте го на половина, па потоа спојте ги краевите. Редете ги во подмачкано тавче на растојание од половина сантиметар. Постапката ја повторуваме додека не се исполни целото тавче.

Ја оставаме погачата да стаса половина час, ја премачкуваме со жолчка, а во меѓувреме ја загреваме рерната на 180 степени. Се пече околу 20-30 минути или додека не зарумени убаво.



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2015 во 20:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2015 во 20:06

ЗА САМО 30 МИНУТИ НАПРАВЕТЕ ВКУСНА ПИТА ОД КОМПИРИ

24
Потребни состојки:

3 јајца
1 компир
50 мл млеко
50 гр рендано сирење
1 лажица маслиново масло
Сол по вкус

Начин на подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги со сол, а потоа се додава ренданото сирење и се меша смесата со вилушка.

На крајот се додава млекото и полека се меша со вилушката. Премачкајте една тава за печење со маслиновото масло.

Компирот се вари и се сече на тенки кришки кои потоа се додаваат во смесата со јајца.

Се додава малку масло и малку сол, па смесата потоа се става во тавата за печење.

Се пече од 15 до 20 минути на 180 степени во загреана рерна или додека не зарумени.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2015 во 09:06

Ручек за мрзливи: Крцкава пица од стар леб


Кога нема да ви се готви, а сепак ќе ви се јаде нешто сочно, наместо да порачувате пица - направете си домашна.

rucek-za-mrzlivi-krckava-pica-od-star-leb-01.jpg

Предноста е што стариот леб ќе добие многу подобар вкус и нема ништо да фрлите.

Ви требаат само неколку состојки кои веројатно ги имате во фрижидер:

  • 10тина парчиња (сув) леб
  • 100g кајмак
  • 1 јајце
  • 1 лажица издробено тврдо сирење
  • 200ml млеко
  • 100g кулен или салама по желба
  • 300g кашкавал по желба
  • Кечап
  • Оригано, сол

Подготовка:

Подмачкајте една тепсија со масло или путер, распоредете ги парчињата леб, така што со мали парченца ќе ја пополните секоја празнина.

Во посебен сад измешајте го јајцето со млекото, кајмакот, сирењето и сол по желба. Прелијте преку лебот.

rucek-za-mrzlivi-krckava-pica-od-star-leb-02.jpg

Наредете а саламата, а кашкавалот исечкајте го на парчиња.

Оставете половина час лебот да ги впие состојките, па потоа печете на 220 степени околу 20 минути. Зачинете и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2016 во 12:07

Dave’s Kitchen: Пита со спанаќ и урда


Проблемот кај питите со готови кори е во тоа што веднаш можете да препознаете дека не се домашно сукани. Овој рецепт ќе ви помогне да направите пита која на вкус ќе изгледа како да сте го поминале попладнето со сукалото во рака.

Потребни состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 300 гр. урда
  • 100-150 гр. измиен и исчистен спанаќ
  • 2 јајца
  • сол и црн пипер

За преливот:

  • 5 лажици кисело млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сув квасец или половина коцка свеж квасец

Начин на подготовка: 

Во тавата во која ќе ја правите питата наредете половина од корите, така што помеѓу секоја од нив ќе премачкате со масло за јадење. Кога првата половина од корите ќе ја потрошите ставете го филот со урда и спанаќ. 

Истиот ќе го подготвите на следниот начин:

Во сад ставете ја урдата, спанаќот и 2 јајца , посолете и ставете мелен црн пипер. Сите состојки измешајте ги заедно. 

Кога ќе го ставите филот и ќе го распределите низ целата тава, редете ја втората половина од корите, исто така премачкувајќи со масло за јадење помеѓу секоја кора. 

На крајот кога ќе ги наредите сите кори ставете го преливот, а тој подгответе така што во сад ќе ги измешате киселото млеко, квасецот и 2 јајца. Оставете околу 10 минути квасецот да се активира. 

Печете на 200 степени околу 40-тина минути или додека не почне да добива убава златнокафена боја. По потреба намалете ја температурата на 150 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2016 во 21:53

Dave’s Kitchen: Пита со круши


За оние кои сакаат пити со овошје ова е полн погодок на денот. Најдобро е да го направите со круши, но доколку немата и јаболка ќе завршат работа.

Потребни состојки за тестото:

  • 100 гр брашно
  • 100 гр путер
  • 2 лажици шеќер
  • 2-3 лажици ладна вода
  • Кора од лимон
  • Мелени бадеми по желба

Потребни состојки за филот:

  • 150 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр бадеми мелени
  • 2 јајца (се додаваат едно по едно)
  • 4 лажици слатка павлака
  • 4 круши излупени и исчистени (може и круши од компот)

Начин на подготовка: 

Од наведените состојки се меси тесто кое се остава да отстои во фрижидер. Потоа се расукува и кората се става во намрсено тавче. Притоа со виљушка се прават дупчиња по него. Се пече на температура од 180 степени од 15 до 20 минути.

Откако ќе биде готово, во него се става филот. Истиот ќе го приготвите така што сите состојки освен крушите ќе ги изматите додека не направите фил. Потоа го ставате филмот во изладеното тесто, врз него ги редите крушите и печете уште 30-тина минути на 160 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 18:23

Пита со домати, сирење и кашкавал



За оваа едноставна пита, ви треба мала количина сирење и кашкавал. Вкусот е најдобар со производите на Идеал Шипка.

402934f7a2b52d48ba81ca6b2b0bfa323f-w=480-h=303

Состојки:

2 домати со средна величина

250 г кори за пита

100 мл млеко

100 мл газирана вода

100 мл маслиново масло

100 г сирење Идеал Шипка

100 г кашкавал Идеал Шипка

2 јајца

 

Приготвување:

Доматите измијте ги, избодете ги со вилјушка, завиткајте ги во алуминиумска фолија и печете ги во загреана рерна на 200 степени 20 минути.

Оставете ги да се изладат, излупете ги и исечете ги на мали коцки.

Измешајте млеко, масло, сирење, рендан кашкавал, газирана вода и изматени јајца. Зачинете.

 

4.Додадете ги исечканите домати и корите за пита кои неправилно сте ги искинале со раце.

Смесата истурете ја во подмачкан плех, поросете со ким или сусам и печете 40 минути на 220 степени.

Sirenje-Kravjo-400g-Kanticka-Zakoseno-смаленаKaskaval-Kravji-Vakum-2-смалена



Изменето од Valerija - 18.Март.2016 во 18:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2016 во 08:02
Пита со ананас

Порции

8 лица

Состојки

  • 1 листа замрзнато лиснато тесто, малку одмрзнато
  • 50гр. путер
  • 100гр. кафеав шеќер
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/2 помал ананас, излупен и исецкан на тенки парчиња
  • сладолед од ванила (по желба)

Подготовка

Загрејте ја рернатана 220 степени. Поставете го тестото на работна маса. Отсечете ги внимателно ќошињата за да добиете кружна форма.
Загрејте путер, шеќер, цимет и сок од лимон во огноотпорна длабока тава или тенџере со димензии од 20см. на среден оган. Мешајте го сосот 2-3 минути додека да се растопи шеќерот. Кога ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата и гответе уште 2-3 минути додека да згусне.
Тргнете ја тавата од рингла. Наредете ги парчињата од ананас врз сосот така што ќе го прекиете дното. Вратете ја тавата на рингла и гответе го ананасот 6-8 минути.
Тргнете ја тавата од рингла и врз ананасот ставете го лиснатото тесто. Печете ја питата во загреана рерна 15 минути додека да добие златно жолта боја. ОСтавете ја питата да одстои 5 минути па превртете ја врз чинија за сервирање.
Послужете ја питата со сладолед од ванила.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2016 во 08:03
Пита со тоблероне и бадеми

Порции

2 лица

Состојки

  • 50гр. чоколадо за готвење
  • 50гр. тоблероне, искршено на парчиња
  • 20гр. путер
  • 2 јајца, издвоени белки и жолчки
  • 125мл. хопла
  • 1 лист замрзнато лиснато тесто
  • 1 јајце лесно изматено
  • 1 лажица сецкани бадеми
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • шеќер во прав за декорација

Подготовка

Растопете го чоколадото за готвење и тоблероне чоколадото заедно со путерот во огноотпорен сад на пареа над зовриена вода. Мешајте додека двете чоколади да се растопат и соединат. Оставете ги малку да се изладат па додадете ги жолчките од двете јајца една по една и измешајте.
Со миксер изматете ги белките во чист сад додека да добиете пена. Хоплата изматете ја во друг сад. Со лажица додадете ја изматената хопла во чоколадниот крем а потоа додадете ги и белките. Измешајте го кремот, префрлете го во пластичен сад со капак и оставете го фрижидер 3-4 часа. Можете да го оставите и прелу ноќ.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете плех со хартија за печење. Исечете го тестото на 6 коцки. Поставете ги парчињата лиснато тесто врз плехот. Премачкајте ги со лесно изматено јајце. Измешајте ги бадемите и шеќерот и додадете ги врз тестото. Печете го лиснатото тесто 10 минути. Потоа оставете го да се излади.
Во две чинии за сервирање ставете по едно парче лиснато тесто. Премачкајте го со чоколадниот крем. Врз кремот ставете уште едно парче лиснато тесто. Додадете уште еден слој од кремот и на крај завршете со последните парчиња лиснато тесто.
Наросете врз чоколадната пита малку шеќер во прав.
На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2016 во 08:29

Dave's Kitchen: Вкусна домашно подготвена пастрмајлија


Изненадете го Вашето семејство и пригответе им превкусна пастрмајлија.

Ќе ви бидат и повеќе од благодарни! За овој рецепт од кујната на Давор ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 1кгр. Екстра бело брашно Тип 400- Жито Лукс
  • 600 мл. млака вода
  • 2 лажичиња сол
  • 2 лажичиња шеќер
  • 100 гр. масло за јадење
  • 1 квасец
  • 150 гр. ситно исечкано пилешко месо посолено и отстоено во сол минимум 30 минути
  • 1 јајце

Начин на подготовка: 

Од сите состојки се замесува тесто и се остава тестото да стаса околу 90 минути. 

Се размесува и се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во форма на чамец со притискање на средишниот дел за краевите да бидат повисоки. 

Се редат парчињата месо низ целата пастрмајлија и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути, па се намалува на 200 уште 10-тина минути. Кога ќе фати кора пастрмајлијата се премачкува со свинска маст. 

Две до три минути пред да биде готова искршете го јајцето, изматете го и прелијте го врз месото. Печете уште 2-3 минути. 

Добар апетит!

За повеќе рецепти од кујна на Давор посетете ја неговата FB странаDave’s Kitchen.



Изменето од Valerija - 25.Април.2016 во 08:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91024
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2016 во 18:04

Лисната погача

Потребни состојки за овој рецепт се:

  • 100 мл топла вода
  • 150 мл топло млеко
  • 20 гр квасец
  • Околу 500 грама брашно
  • 6 лажици масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце

За премачкување:

  • Жолчка и малку млеко
  • Сусам

Начин на подготовка: 

Замесувате тесто од сите наведени состојки и го оставате да нарасне двојно. Потоа го поделувате на 4 дела и секој дел го развлекувате во мини кори кои ги редите една врз друга така што ставате маргарин помеѓу нив. Во следната фаза расукувате една кора која што ја сечете како што е прикажано на сликата.

Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.