IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - МОРАЛОТ ВО ИСЛАМ – (АХЛАК)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МОРАЛОТ ВО ИСЛАМ – (АХЛАК)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
MUSLIMA_1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MUSLIMA_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: МОРАЛОТ ВО ИСЛАМ – (АХЛАК)
    Испратена: 18.Септември.2011 во 03:30

 

МОРАЛОТ ВО ИСЛАМ – (АХЛАК)

Моралот во Ислам зазема голема позиција и почесно место. Моралот е составен дел од оваа возвишена вера. Тој е основна и фундаментална цел од испраќање на Пејгамберот Мухаммед а.с.. Тој е сегмент кој е присутен кој секој ибадет и особина што треба да најде место кај секој муслиман. Тој е средство преку кое човекот се доближува до својот Господар и го резервира своето место во Џеннет. Дури и најголемата пофалба на Пејгамберот а.с. е онаа што Возвишениот Аллах џ.ш. ја потенцирал во к*ранскиот ајет: "Ти си навистина, со најсовршен морал." (Ел-Калем, 4)

Исто така Пејгамберот а.с. ни ја нагласил неговата основна задача од пратеничката мисија кога рекол: "Навистина сум испратен да ги усовршам моралните особини кај луѓето." (Малик)

Намазот кој е првиот практичен основ и темел на оваа вера, во себе го содржи моралот како еден од целите преку кои клањачот треба да ги оствари. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "И клањај, навистина, намазот одвраќа од лоши и нечесни работи." (Ел-Анкебут, 45)

Исто така и зекатот, неговата функција на извршување е прочистување на душата и нејзино воздигнување. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "Земи им од нивните имоти садака за да ги очистиш и со тоа да ги облагородиш." (Ет-Тевбе, 103)

И постот ја носи таа порака со цел душата да ја навикне на одрекнување од нејзините страсти и сите негативни пороци кои можат да произлезат со збор или дело. Во веродостоен хадис Мухаммед а.с. рекол: "Кој не ги остава лошите зборови и постапувања според нив, тогаш Аллах нема потреба од оставање на неговото јадење и пиење." (Бухари) Исто така рекол: "Кога некој од вас ќе пости, нека не навредува и нека не се кара. А ако некој го опцуе или навреди нека рече "Јас сум постач"." (Бухари)

И хаџот не е едноставно само формално патување до светите места, и не е само облекување на ихрам, правење тафав или сај. Тој исто така е средство за морално воздигнување. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: "Хаџот е во одредени месеци, па кој од вас ќе одлучи за хаџџ, тогаш нема пцуење, нанесување штета ниту расправање со луѓето." (Ел-Бекаре, 197)

На ваков начин гледаме како ибадетите се разликуваат по својата форма, време, место но се соединуваат и спојуваат околу нивната суштина и улога: Обожавање, служење на Аллах џ.ш. и постигнување на висок морал и добар карактер на однесување.

Иманот (верувањето) моралот и доброто однесување се тесно поврзани и имаат неколку заеднички споиви точки:


 Спомнато е пред Пејгамберот а.с. дека има некоја жена која§ многу пости, клања и дели садака освен што има една мана а тоа е што ги вознемирува и им нанесува зло на своите комшии со јазик. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џехеннем (оган)." Исто така е спомнато дека има некоја жена која не клања многу, ниту пости многу ниту дели многу садака (значи од нестрогите должности) меѓутоа не ги вознемирува комшиите. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џеннет." (Ахмед)


 Пејгамберот а.с. објаснил§ дека добрите дела, доброчинството, моралот, сите спаѓаат во областа на садака (пофални дела со кои човекот се доближува до Аллах џ.ш.) Мухаммед а.с. рекол: "Секој поздрав на луѓето е садака во кој изгрева сонцето: да помириш двајца е садака, да му помогнеш на некој човек да се качи на добитокот или да му ги подигнеш багажите е садака, убава збор е садака, за секој чекор што го одиш за намаз е садака, да отстраниш пречка од пат е садака." (Бухари)

 Во друг§ хадис кој го пренесува Бухари стои: "Твојата насмевка во лицето на твојот брат е садака, твоето наредување на добро е садака, твоето забранување на зло е садака, твоето упатување на човек кој заскитал е садака, твоето отстранување на пречка, трње и коски од патот е садака, и посипување на твојата кофа во кофата на твојот брат е садака, твоето гледање на човек со деформиран вид е садака."

§ Наспроти тоа, лошиот морал и расипан карактер ги пропаѓа добрите дела. Пејгамберот а.с. вели: "Губитник од мојот уммет е оној кој ќе дојде на Судниот ден со намаз, зекат, пост, а во меѓувреме го опцул овој, го оклеветил овој, му одзел имот на овој, му узурпирал имот на овој, го удрил овој.. Па ќе му се даде на овој од неговите добри дела, и на овој од неговите добри дела; па ако му завршат добрите дела пред да исплати што е должен, се земаат нивните
гревови и му се товарат нему, потоа ќе биде фрлен во Оган." (Муслим)

 "Срамот и§ иманот се нераздвојни дела ако едниот се раздели, другиот ќе исчезне." (Хаким, Таберани)


Пренесува Абдуллах б. Амр б. ел-Ас вели: Аллаховиот Пејгамбер а.с. не бил груб ниту одвратен. Туку велел: "Најдобар од вас е оној со најдобар морал."

Пренесува Муслим од хадисот на Нуввас б. Сем'ан дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: "Доброчинство е добар морал."
Пренесува Ебу Давуд и Тирмизи од хадисот на Џабир р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Најсакан од вас кај мене и најблиско место до мене на Судниот ден ќе имаат оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и Хаким и рекол – хадис сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: "Најсовршени верници се оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис добар сахих – од хадисот на Еби Дерда р.а. дека Муха-ммед а.с. рекол: "Нема потешко нешто (од добрите дела) во терезијата на човекот верник на Судниот ден од добар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис хасен сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. кој вели: Прашан е Аллаховиот Пратеник а.с. што е она што најповеќе луѓето ќе ги воведе во Џеннет. Рекол: "Побожност во Аллах и добар морал."

Пренесува Тирмизи од Ибн Мубарек во дефинирање на добар морал (ахлак) рекол: "Тоа е ведрина во лице, правење на добро и спречување на зло."

Ебу Дерда р.а. рекол: „Најповеќе што се плашам за себеси кога ќе застанам да полагам сметка на Судниот е да ми се рече: Ти си научил, па што си работел според она што си го научил?!”

 

ВИСТИНСКИОТ ИСЛАМСКИ МОРАЛ



Има луѓе кои тврдат дека тие соодветно се држат за својата религија, додека истите тие својата религија погрешно ја разбираат или погрешно ја исповедаат. Поради оваа причина се добива погрешна слика за религијата ако се следат овие луѓе. Најдобриот пат за да се разбере Исламот е преку својот возвишен извор.

Светиот извор на Исламот е Ку'ран а.ш.. Моделот за моралот во к*р'анот а.ш. е многу различен од претпоставките што некои луѓе на запад ги имаат претпоставени со своите очи.

к*р'анот се базира врз особините на добротиите како: љубов, милост, опростување, скромност, пожртвованост, толеранција и мир. Еден муслиман што навистина ги присвоил овие особини и живее според нив, тој всушност е на висок степен култивиран, рационален, толерантен, доверлив, едноставен и пријатен во односот со другите и другите кон него. На оние кои се околу него во општеството им изразува љубов и респект и им дава мир на душите и животна радост.

Исламот е Религија на мир и спокојство. Самиот збор Ислам на арапски значи МИР. Исламот е религија која е објавена на луѓето да им понуди еден живот во смиреност и спокој, во која што Аллаховото вечно сочувство и опрост ќе се манифестира.

Аллах џ.ш. ги повикува сите луѓе моралното учење на к*р'анот а.ш. да го прифатат како модел, како опрост, сочувство, толеранција, а во светот да шират мир. Во 208.иот ајет од Суре Бекаре стои следново упатство: "О верници, живеејте сите во мир и не следете ги стапките на шејтанот; тој ви е вам, навистина, отворен непријател."

Како што гледаме во овој ајет, луѓето ќе остварат задоволство и среќа ако се покорат на моралните наредби и принципи на к*р'анот. Возвишениот Аллах го проколнува злото. Аллах џ.ш. му наредува на човештвото да го презира лошото и одвратното. Севишниот Аллах џ.ш. го забранил неморалот, непослушноста, агресијата убиството, крвопролевањето. Така оние кои не се покораваат на Аллах џ.ш. ги следат патиштата на Шејтанот, како што се наведува во горе наведениот ајет. И така заземааат став што Аллах џ.ш. без сомнение не го прифаќа.

Од многубројните ајети на оваа тема ќе наведеме само неколку.

"А оние кои не се придржуваат кон ветувањето по договорот склучен со Аллах, и кои се одвојуваат од она што го нареди Аллах да се почитува, и кои не се врз тоа, и кои прават безредие по земјата... врз нив е проклетството и за нив има лоша Куќа!" (Ер-Р'ад, 25)

"И посакувај го она што Аллах ќе ти го даде во Куќата ахиретска. Но, не заборавај го и уделот твој и на овој свет. И биди добар како што Аллах е добар кон тебе. И не посакувај безредие на земјава! Аллах, навистина, не ги љуби безредниците!" (Касас, 77)

Колку што можеме да разбереме, во овие ајети, Аллах џ.ш. ги забранува и ги обвинува сите оние кои во името на исламската вера прават лоши работи, недозволени работи, меѓу другото тероризам и насилство. Еден муслиман на светот му дарува убавина и начин за неговото афирмирање. Исламот е религија која слободата на живеење, идеите и размислувањето ги поддржува и унапредува. Исламот воедно ги забранува судирите и конфликтите меѓу луѓето, озборувањето, меѓусебното сомневање и други негативни мисли и дела кон другите. Исламот не само што го забранил тероризмот и насилството, туку забранил и секој најмал обид за наметнување идеи на другите луѓе.

"Во верата нема присилување зашто патот вистински јасно се одделува од заблудата. Оној кој ги отфрла другите богови и го прифаќа Аллах како апсолутно Боженство, тој се држи за вистинското Јаже кое нема искинатина. А Аллах е Оној кој сe слуша и сe знае." (Ел-Бекаре, 256)

"Па, опоменувај. Ти си, навистина, само опоменувач! Не е твое да владееш со нив!" (Гашија, 21:22)

Да присилуваш некого да ја прифати некоја вера е спротивно на духот и смислата на Исламот, туку морално е: Верувањето да биде самоволно и свесно. Секако дека е дозволено муслиманите некому да му го претстават Исламот и да го повикаат во Ислам (давет). Моралните наредби што се учат и се бара да се робота соодветно кон нив во к*р'анот, ниту најмалку нема присилување во нив.


На ова место дозволете да погледнеме еден друг модел на заедница/општество. На пр. Еден свет каде што луѓето ќе бидат принудени со закон да живеат по нормите на верата. Ваков еден модел на општество со Исламот е во потполна контрадикторност, затоа што верата и обожавањето имаат вредност тогаш само кога на Аллах ќе му се исповедат. Кога би имало еден систем што го присилува народот во верување и робување, тие тоа би го извршувале само поради страв од тој систем. Од верско гледиште се разбира дека верата се манифестира во една средина каде што се дозволува слободата и следењето на својот разум, и се живее само за Аллаховото задоволство.

Возвишениот Алах џ.ш. го забранил убис-твото на невини.

Врз к*ранската основа убивање на еден невин човек спаѓа меѓу најголемите харами - гревови:

"И заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови дека, секако, оној кој ќе убие еден човек, кој не убил никого и кој не прави безредие по земјата... како да ги убил сите луѓе, а оној кој ќе спаси еден човек... како да ги спасил сите луѓе. Пејгамберите Наши им доаѓаа со јаснотии, и голем број од нив, по тоа, на земјата со испадите претеруваа." (Ел-Маиде, 32)

"И кои, освен на Аллах не се повикуваат на друг бог, и кои не убиваат никого за кого забрани Аллах, освен по правда... А оној кој ова го прави ќе вкуси грев." (Ел-Фуркан, 68)

Како што видовме во горе наведените ајети, оние кои ќе убијат невини лица без никаква причина ги очекува жестока казна. Возвишениот Аллах џ.ш. објавил дека убивањето на еден човек е толкав грев што се смета како убивање на целото човештво. Ниту еден муслиман кој ги почитува Аллаховите права, не би нанесол некакво зло кон некој друг човек. Оние кои сметаат дека ќе ја избегнат правдата и казната на овој свет, никогаш нема да ја избегнат одговорноста пред Аллах џ.ш. на Судниот ден. Затоа верниците се внимателни во секоја овосветска ситуација, затоа што знаат дека на Судниот ден ќе полагаат сметка пред Возвишениот Аллах џ.ш.

"Семоќниот Аллах им наредува на верниците доброчинство и сочувствителност."

Во овој ајет е објаснет исламскиот морал. Потребно е, верниците еднинадруги трпеливост да препорачуваат и еднисодруги милост да препорачуваат

Исламот како што е објаснет во к*р'анот е една модерна разјаснета и прогресивна религија. Еден муслиман најпрвин е човек на мир, тој е толерантен, цивилизиран, поседува демократска душа, култивиран, стабилен, смирен, чесен, поседува знаење за уметност и наука.

Еден муслиман кој во вистинска смисла според моралните к*рански принципи е воспитан, му се доближува на секого со потребна љубов што Исламот ја налага. Тој покажува почит кон секоја идеја и искажува големо значење на уметноста и естетиката. Тој во секоја ситуација е смирен. Општествата кои се изградени со вакви индивидуи и поседуваат исто такви индивидуи поседуваат висока цивилизација, со големо морално и социјално ниво. Во неа владеат многу радост и среќа, праведност и сигурност,

"Биди умерен! Наредувај добро и избегнувај ги незнајковците!" (Ал-'Араф, 199)

Наведената добра постапка во сурето Ал'Араф 199.ти ајет, ги покажува особините на толеранцијата и добрата постапка, а тие се од фундаменталните принципи на исламската вера.
Ако погледнеме во Историјата на исламот, можеме да го забележиме следново: Како муслиманите оваа важна наредба, моралното покорување на к*р'анот го гледаат во нивниот социјален живот.? Во секој аспект од нивниот развој разоруваа расипани средини, а изградуваа една слободна и толерантна средина. Во просторот на верата, јазикот и културата им докажаа на луѓето дека е можно сите да живееат под ист покрив слободно и мирно. Затоа им нудеа на оние, што од нив зависат предностите во науката, една социјална и општествена позиција. Една од најважните причини за постоењето и зајакнувањето на големата и раширена Османлиска Империја преку многу векови, беше нејзиниот животен начин на толеранција и разбирање, што нивните корени се почиват врз Исламот.

Низ векови муслиманите се очитуваа и одразуваа преку нивната толеранција и солидарност. Во секој период муслиманите беа најправедните и најдобродушните луѓе. Сите етнички групи во границите на мултикултурната заедница, ги извршуваа нивните верски прописи, и уживаа предност соодветно на нивните култури, да живеат и на нивниот Бог на својот начин да му робуваат.

Навистина исклучителната толеранција на муслиманите, што е наредена да се искажува според к*р'анот може на целиот свет да му донесе мир и благосостојба. к*р'анот посветува внимание на посебниот начин на толеранцијата:

"Не се изедначуваат доброто и злото! Возврати му со она што е најдобро, па ако меѓу него и меѓу тебе има непријателство, потоа може да стане пријател близок." (Фусилет, 34)

 

Моралот во Ислам зазема голема позиција и почесно место. Моралот е составен дел од оваа возвишена вера. Тој е основна и фундаментална цел од испраќање на Пејгамберот Мухаммед а.с.. Тој е сегмент кој е присутен кој секој ибадет и особина што треба да најде место кај секој муслиман. Тој е средство преку кое човекот се доближува до својот Господар и го резервира своето место во Џеннет.

 

Исто така Пејгамберот а.с. ни ја нагласил неговата основна задача од пратеничката мисија кога рекол:

 

إنّما بُعثت لأُتمم مكارم الأخلاق
"Навистина сум испратен да ги усовршам моралните особини кај луѓето." (Малик)

 

Пример за нашето однесување мора да биде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., бидејќи токму него Аллах џ.ш. го избрал да биде модел во кој треба му’минот да се угледа. Возвишениот Аллах вели:

 

لَّقَدْ كَانَ لَكُمْ فِي رَسُولِ ٱللَّهِ أُسْوَةٌ حَسَنَةٌ
“Вие е во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример..” (Ел-Ахзаб, 21)


Намазот кој е првиот практичен основ и темел на оваа вера, во себе го содржи моралот како еден од целите преку кои клањачот треба да ги оствари. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "И клањај, навистина, намазот одвраќа од лоши и нечесни работи." (Ел-Анкебут, 45)
Исто така и зекатот, неговата функција на извршување е прочистување на душата и нејзино воздигнување. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "Земи им од нивните имоти садака за да ги очистиш и со тоа да ги облагородиш." (Ет-Тевбе, 103)

И постот ја носи таа порака со цел душата да ја навикне на одрекнување од нејзините страсти и сите негативни пороци кои можат да произлезат со збор или дело. Во веродостоен хадис Мухаммед а.с. рекол: "Кој не ги остава лошите зборови и постапувања според нив, тогаш Аллах нема потреба од оставање на неговото јадење и пиење." (Бухари) Исто така рекол: "Кога некој од вас ќе пости, нека не навредува и нека не се кара. А ако некој го опцуе или навреди нека рече: ‘Јас сум постач’.” (Бухари)

И хаџот не е едноставно само формално патување до светите места, и не е само облекување на ихрам, правење тафав или сај. Тој исто така е средство за морално воздигнување. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: "Хаџот е во одредени месеци, па кој од вас ќе одлучи за хаџџ, тогаш нема пцуење, нанесување штета ниту расправање со луѓето." (Ел-Бекаре, 197)

На ваков начин гледаме како ибадетите се разликуваат по својата форма, време, место но се соединуваат и спојуваат околу нивната суштина и улога: Обожавање, служење на Аллах џ.ш. и постигнување на висок морал и добар карактер на однесување.
Иманот (верувањето) моралот и доброто однесување се тесно поврзани и имаат неколку заеднички споиви точки:

 Спомнато е пред Пејгамберот а.с. дека има§ некоја жена која многу пости, клања и дели садака освен што има една мана а тоа е што ги вознемирува и им нанесува зло на своите комшии со јазик. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џехеннем (оган)." Исто така е спомнато дека има некоја жена која не клања многу, ниту пости многу ниту дели многу садака (значи од нестрогите должности) меѓутоа не ги вознемирува комшиите. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џеннет." (Ахмед)

 Пејгамберот а.с. објаснил дека добрите дела,§ доброчинството, моралот, сите спаѓаат во областа на садака (пофални дела со кои човекот се доближува до Аллах џ.ш.) Мухаммед а.с. рекол: "Секој поздрав на луѓето е садака во кој изгрева сонцето: да помириш двајца е садака, да му помогнеш на некој човек да се качи на добитокот или да му ги подигнеш багажите е садака, убава збор е садака, за секој чекор што го одиш за намаз е садака, да отстраниш пречка од пат е садака." (Бухари)

 Во друг хадис кој го пренесува Бухари стои:§ "Твојата насмевка во лицето на твојот брат е садака, твоето наредување на добро е садака, твоето забранување на зло е садака, твоето упатување на човек кој заскитал е садака, твоето отстранување на пречка, трње и коски од патот е садака, и посипување на твојата кофа во кофата на твојот брат е садака, твоето гледање на човек со деформиран вид е садака."

 Наспроти тоа, лошиот морал и расипан карактер§ ги пропаѓа добрите дела. Пејгамберот а.с. вели: "Губитник од мојот уммет е оној кој ќе дојде на Судниот ден со намаз, зекат, пост, а во меѓувреме го опцул овој, го оклеветил овој, му одзел имот на овој, му узурпирал имот на овој, го удрил овој.. Па ќе му се даде на овој од неговите добри дела, и на овој од неговите добри дела; па ако му завршат добрите дела пред да исплати што е должен, се земаат нивните гревови и му се товарат нему, потоа ќе биде фрлен во Оган." (Муслим)

 "Срамот и§ иманот се нераздвојни дела ако едниот се раздели, другиот ќе исчезне." (Хаким, Таберани)
Пренесува Абдуллах б. Амр б. ел-Ас вели: “Аллаховиот Пејгамбер а.с. не бил груб ниту одвратен. Туку велел: "Најдобар од вас е оној со најдобар морал."

Пренесува Муслим од хадисот на Нуввас б. Сем'ан дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: "Доброчинство е добар морал."

Пренесува Ебу Давуд и Тирмизи од хадисот на Џабир р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Најсакан од вас кај мене и најблиско место до мене на Судниот ден ќе имаат оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и Хаким и рекол – хадис сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: "Најсовршени верници се оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис добар сахих – од хадисот на Еби Дерда р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Нема потешко нешто (од добр-ите дела) во терезијата на човекот верник на Судниот ден од добар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис хасен сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. кој вели: “Прашан е Аллаховиот Пратеник а.с. што е она што најповеќе луѓето ќе ги воведе во Џеннет. Рекол: "Побожност во Аллах и добар морал."

Пренесува Тирмизи од Ибн Мубарек во дефинирање на добар морал (ахлак) рекол: "Тоа е ведрина во лице, правење на добро и спречување на зло."

Кога ќе ги погледнеме претходно изнесените хадиси, тогаш добиваме причина повеќе да се заложиме уште повеќе на усовршување на полето на нашиот убав ахлак, на полето на морално воздигнување, а за кои, како што гледаме постои огромна награда. Таа награда се добива само тогаш ако тоа го правиме со искрен нијет и за името на Аллах џ.ш. Аллах го молам да ни подари сила и волја да ги очистиме своите нијети од дволичност и лицемерство, своите срца да ги наполниме со искреност и нашите дела да бидат тие за кои Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “Нема ништо потешко на вагата на му’минот на Судниот ден од убавиот ахлак...” Господару наш, направи нé од оние кои ќе се најдат во куќата за која Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “...а куќа во највозви-шениот дел на Џеннетот е за оние со убав ахлак-морал.” Амин!!


Заклучок

Сето ова покажува дека моралното учење што му се нуди на човештвото од страна на исламот може да му донесе светски мир, среќа и правда. Барбаризмот што денеска е познат во светот под името на “исламски тероризам” потполно му се спротивставува на моралното учење на к*р'анот: тоа е дело на необразовани, нетолерантни луѓе, злосторници, што со верата немаат ништо заедничко. Решението против овие индивидуи и групи кои нивните грозни дела ги ставаат под покривот на исламот е: подучување на луѓето во вистинското морално учење на исламот. Верата на исламот и моралното учење на к*р'анот не се во ниедна смисла подржувачи на тероризмот и терористите, туку средство со кое светот ќе успее да се ослободи од ропството на тероризмот.

 

 

 

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2011 во 16:12
Originally posted by MUSLIMA_1 MUSLIMA_1 напиша:



Заклучок

Сето ова покажува дека моралното учење што му се нуди на човештвото од страна на исламот може да му донесе светски мир, среќа и правда. Барбаризмот што денеска е познат во светот под името на “исламски тероризам” потполно му се спротивставува на моралното учење на к*р'анот: тоа е дело на необразовани, нетолерантни луѓе, злосторници, што со верата немаат ништо заедничко. Решението против овие индивидуи и групи кои нивните грозни дела ги ставаат под покривот на исламот е: подучување на луѓето во вистинското морално учење на исламот. Верата на исламот и моралното учење на к*р'анот не се во ниедна смисла подржувачи на тероризмот и терористите, туку средство со кое светот ќе успее да се ослободи од ропството на тероризмот.

 

 

 




Многу интересен заклучок.
Ме интересира каков е ставот на другите муслимани што порано пишуваа тука во врска со овие морални принципи,

Исто така би сакал да запрашам колкава е степента на толерантност кон другите светски религии и како би се воспоставил тој светски мир, благодарение на исламот.

Дали, под тоа се подразбира дека светот треба да го прими исламот за да живее во мир, или сепак исламот е толерантен.

Би сакал да прочитам нешто повеќе за традиционалниот ислам и неговите морално вредности.
Убаво би било некој од вас да кажае каква е формата на развој во првите векови од појавата на исламот и како постепено се развиваат муслиманските секти?

Интересно ќе биде за сите нас, ако некој од вас се потруди да даде објаснување и кои се причините за појавата на “екстремниот“ “агресивен“ ислам т.е. такви пројави во неговото учење.



за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
MUSLIMA_1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MUSLIMA_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2011 во 22:11

Исламската историја ја вклучува историјата на исламската вера како религија и општествена институција. Според исламот, погрешно е да се каже дека историјата на Исламот во Арабија започнала со муслиманскиот пророк Мухамед во 7 век. Според исламската вера и Светиот текст, исламската историја започнува со Адам и Ева. Тие се сметаат за први апостоли на Бог. Подоцна, многу пророци како Аврам, Мојсеј, Исус, се предавале на истата вера, макар и во различни региони или во различни точки на времето.

Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економските и воените географски области. Исламскиот историски развој има влијание и надвор од исламскиот свет. Еден век по смртта на Мухамед, исламска империја се простирала од Атлантскиот Океан на запад до централна Азија на исток. Последователните империи како Омејадската империја, Абасидската, Фатимидската, Могулската, Сефидската, и Османлиската биле меѓу најголемите и најмоќните во светот. Исламската цивилизација создала безброј центри нс полето на културата и науката преку голем број на истакнати научници, астрономи, математичари, лекари, медицински сестри и философи во текот на Златниот век на исламот. Технологија цветела; имало многу инвестиции во економската инфраструктура, како што се системите за наводнување и каналите, и особено, за важноста на читањето на к*ранот произлегло релативно високо ниво на писменост на општото население.

Подоцна, во 18 век и 19 век, многу исламски региони паднале под раководство и влијание на Европските империјални сили. По Првата Светска војна, на остатоците од Отоманската империја биле создадени поголем број на европски протекторати или држави. Иако под влијание на различни идеологии, како што се комунизмот, во текот на поголемиот дел од 20 век, исламскиот идентитет и доминацијаta на исламот врз политичките прашања бил дискутабилен за да истиот се зголеми во текот на 21 век. Брзорастечките западни интереси во исламските региони, преку меѓународните конфликти и глобализација довело до промена на влијанието исламот на светско ниво во 21 век[1].

 

Потекло и почеток

 

Според традиционалните погледи, стиховите од Коранот биле напишани во времето на Мухамед. Преданието кажува дека во 610 година, на Мухамед му се јавил Архангел Гаврил. Ова бил и почетокот на к*ранот и Исламот Мека била освоена од страна на муслиманите во 630 година. Во прво време, Мухамед проповедал само пред своите најблиски роднини и пријатели, но по три години веќе тој јавно проповедал низ Мека, каде новата вера за прв пат ја прифатиле сиромасите. Често пати неговиот настап на Каба доведувало до нередија помеѓу народот. Во 630 година во Мека бил убиен еден муслиманин, а тоа бил и походот Мухамед да започне пресудна војна за Мека.

До војна не ни дошло бидејќи Мухамед ја признал Мека за Свет град, и Каба за светилиште на еден Бог Алах. Голем број од населението ја прифатила новата вера. Од Мека, Мухамед започнал да го шири исламот, а со тоа и исламската држава, прогонувајќи многу немуслимански племиња и народи. Тој постојано сугерирал да неговите сојузници го прифатат исламот. За многу брзо време, цела Арабија била дел од исламската држава. По десет години откако преминал од Мека во Медина, Мухамед заминал на аџилак, учејќи ги своите следбеници за правилата и обичаите на аџилакот. Тој на тоа патување го одржал и својот последен говор (арапски: Khutbat al-Wadaa') советувајќи ги на муслиманите да не живеат со старите туку да ги прифатат новите обичаи. По само неколку месеци од овој говор, Мухамед се разболел и починал во својот дом во Медина на 8 јуни 632 година, без машки потомок. Неговиот гроб се наоѓа на местото на неговата куќа, денешната џамија Масџид Ал-Набави. Џамијата Ал Акса е местото кое се смета дека Мухамед воскреснал кон небото.

Абасиди

 

Абасидите се суниитска арапска династија чии што калифи владееле во периодот од 750 до 1258 година. Името на оваа династија доаѓа од чичкото на Мухамед, Абаси (566-652), кој е всушност основачот на династијата. Искористувајќи го незадоволството во Месопотамија, Абасидите во 748 година дигнале востание против Омејадите убивајќи го владетелот Марван II. По ова била освоена цела Сирија, земја каде престолнина до тогаш бил градот Дамаск. За нов калиф бил прогласен Абул Абас (750 - 754). Неговиот брат и наследник Ал-Менсур (754 - 775) го преместил седиштето на калифатот во новооснованиот град Багдат (762). За време на владеењето на Харун Ал Рашид (786 - 809) и Мамун (813 - 833), калифатот достигнал највисок степен на економски и културен развој. Во времето на Харун Ал Рашид, Багдад бил најбогатиот град во светот, започнал т.н. златен век за науката и уметноста, која брзо се развивала.

Империја имала огромна површина, во својот состав ги вклучувала Персија, Египет, Арабија и Блискиот Исток. Со развојот на феудализмот зајакнале партикуларните тенденции. Некои намесници постепено започнале да се одвојуваат. Економските услови станале многу лоши, бидејќи обврските се зголемувале, населението се повеќе било сиромашно, индустријата замрела[2]. Во 1055 година, селџукскиот хан Тогрул се наметнал за нов калиф и цела моќ била ставена во негови раце. калифатот постоел до 1258 година, односно до инвазијата на Монголците и нивното освојување на Багдад, при кое некои членови на династијата побегнале во Каиро, каде што султанот Баибарс осовал нов абасидски калифат кој се задржал до 1517 година.

Освојување на Иберискиот полуостров

Мaварското освојување на Иберискиот полуостров (711-718) започнало во времето кога арапските Маври ги нападнале државите на Визиготите, кои се наоѓале на Иберискиот полуостров. Генералот Тарик Ибн-Зијад, предводел војска претежно составена од Бербери го преминал протокот од афричката кон европската страна и го освоил Гибралтар. По осум години, Маврите успеале да заземат голем дел од Иберискиот полуостров, освен северозападните региони Астурија и поголем дел од Баскија. Територијата која била освоена била позната под името Ал Андалуз.

 

Внатрешноста на дворецот Алхамбра во Гранада, Шпанија

Владетелите на Ал Андалуз биле доделени на ранг на емирство од Омајадскиот халиф Ал-Валид I во Дамаск. Во текот на нивното постоење, нивната империја станала десета најголема империја на сите времиња по моќ и територија. Нивната династија била уништена од страна на Абасидската династија кои се преселиле кон Ал Анадулз и каде го основале Кордопскиот калифат[4]. Во времето на Ал Хакам II, халифатот успеал да обезбеди мир со христијански царства на северна Иберија, [5] и и истот го искористил за стабилизирање и развој на земјоделството преку изградба на канали за наводнување. [6] Економијата на земјата била во подем, биле градени нови улици и пазари. Кордоба имала 450.000 жители и претставувала еден од најзначајните центри во светот. Халифот во Кордоба основал библиотека која имала 400.000 книги. Калифатот најмногу се ангажирал во преведувањето на старогрчките записи од философијата. Ибн Рушд бил оној кој ги “вратил“ делата на Аристотел во Европа. Во Кордоба имало значајни достигнувања во областа на математиката, медицината и астрономијата. Овој период од владеењето на калифатот е познат како разцвет на муслиманското присуство на полуостров.[7]

Кордопскиот халифат се распаднал во 1031 година поради политичките поделби и граѓанските немири во текот на владеењето на Хишам II. Граѓанската војна довела до слабеење на Кордопскиот халифат. Во периодот од 929 до 1008 година владееле само три халифи, а веќе од 1008 до 1031 дури седум халифи. Последен халиф на Кордоба бил Хишам III. По неговата смрт, калифот бил разделен на повеќе мали таифи. Во времето на Реконквистата, овие мали кралства не биле во можност да се спротистават на христијанските

Крстоносни војни

Во текот на 8 век, на територијата на Иберискиот полуостров започнала Реконквистата, односно период на протерување на арапските Маври од полуостровот. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години, до 1492 година. На 27 ноември 1095 година, една недела по Црковниот собор во катедралата, папа Урбан II повикал на Света војна кон неверниците со кое дал почеток на првата крстоносна војна.[8] Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по што им се отворил патот кон Антиохија, која исто така многу брзо паднала. Така било создадено и Ерусалимското кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи.

Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците пред портите на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.[9] Ова бил уште еден повод за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на муслиманите кај европските народи предизвикал многу негативни реакции. Папата Григур VIII издал наредба за нов крстоносен поход. Владетелите на Германија, Фридрих Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри II на соборот во Мајнц се договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не успеале да го заземат повторно Ерусалим.

Крстоносните војни се воделе до создавањето на Османлиската империја. Овие војни имаат голема улога во историјата на муслиманската религија бидејќи ѝ покрај намерата, исламскиот свет не дозволил понатамошно ширење на христијанството.

Ислам во Африка

Ислам во Магреб

Идрисидската династија била првата арапска земја во западен Магреб (денешен Мароко), и опстојувала од 788-985 година. Династијата своето име ја добила по нејзиниот прв султан Идрис I.

Алморавидската династија била берберска и маварско-шпанска династија чие потекло води од Сахара. Во текот на 11 век оваа династија владеела со поголемиот дел од Северна Африка и Пиринејскиот полуостров, односно териториите на денешните држави: Мароко, Западна Сахара, Мавританија, Гибралтар, Тлемсен во Алжир, голем дел од Сенегал, Мали, Шпанија и Португалија.Владетелот Али ибн Јусуф во 1109 година ги освоил Синтра и Сантарем. Во следните години, 1119 и 1121 година извршил повторна инвазија на северната страна од полуостровот. Христијаните, Кралство Арагон со помош на Франките успеале да го заземат повторно градот Сарагоса. Во текот на Реконквистата, Алфонсо VII од Кастилја и Леон во 1138 година го победил на Али ибн Јусуф. Алфонсо I од Португалија го победил во 1139 година, а во 1147 по битката за Лисабон, градот бил ослободен од страна на христијаните.

Од друга страна, Алморавидите имале и други непријатели, односно Алмохадите. Али ибн Јусуф починал во 1142 година, а неговиот наследник продолжил со поразите од христијаните и Алмохадите. Алмохадската династија пак била основана во 12 век. Во текот на нивното постоење, тие ја имале заземено цела Северна Африка до Египет и Ал Андалуз односно Маварска Шпанија. Династијата била основана од страна на Ибн Тумарт. Последен емир на Алмохадите бил Ирдис Ил, кој го поседувал само Маркеш а во 1269 година бил убиен од страна на негов роб.

Ислам во источна Африка

Исламот во Источна Африка би можел да датира уште од основањето на религијата и на почетокот со Хиџра, во 615 година, кога група муслимани советувани од Мухамед мигрирaле во Абисинија (чин, познат како Прва миграцијата кон Абисинија). Покрај тоа, исламската традиција вели дека првиот муезин Билал ал-Хабеши, еден од најблиските другари на Мухамед, потекнувал токму од Абисинија. [10]

Исто така, според исламските верувања, исламот бил проширен у8ште на почетокот во Танзанија. Луѓето од 'Зајд' наводно биле првите муслимани кои имигрирале во Источна Африка. Исламот во Источна Африка дошол главно преку трговците. Африканските племиња многу бргу го прифатиле исламот, главно како резултат на блиските контакти со арапските трговци во областите околу Табора. Во Источна Африка, структурата на исламскиот авторитет се одржала преку улемите (верски експерт). Нивната база главно била во Занзибар. Овие држави имаале одреден степен на власт над поголемиот дел од муслиманите во источна Африка во тој момент. Тоа било така бидејќи поголемиот дел од муслиманите живееле односно биле под влијание на Султанатот во Занзибар, но сепак на главниот кадија му бил признаен верскиот авторитет.

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 04:37
Морам да се заблагодарам за исцрпниот одговор.големо%20гушкање

Сепак лично се интересирам за веродостојноста и за изворот на овие информации....

На пример, Кумранските ракописи кои сведочат за Библијата, исто така и ракописите од Наг Хамадии, како и многу други ракописи откриение покрај областа на Мртвото море, денес се артефакти на една друга религиозна деноминација. Секој од нас кој сака да ги провери овие извори, има можност за нивната веродостојност да провери на интернет или на друго место. Тие артфакти, како и преписи од нив се наоѓаат во многу библиотеки низ светот, со посочена сигнатура, т.е. инвентарен број.

Лично се интересирам каде можам да ги видам овие артефакти, од кога датираат најстарите преписи, дали ние имаме “автографи на к*ранот“ и останатите историски факти.

Тоа е навистина интересно за сите нас.

Јас лично имам посебен интерес кон научно-истражувачката дејност на исламот и неговите историски реалности.

Лично се интересирам од културното исламско ракописно наследство, и навистина сум љубопитен да дознаам од кога се најстарите артефакти за исламот и каде се наоѓаат?. Би сакал да посетам некоја светска библиотека каде што има такви стари артефакти кои што сведочат за исламот.

Ќе бидам посебно среќен ако добијам сериозен одговор на овие прашања.

Благодарам.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 04:42
Навистина би сакал со свои очи да ги видам најстарите ракописи од к*ранот, Ме инересира кога и каде се напишани, и каде денес се наоѓаат?
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 05:06
Муслима 1,

овие твои писанија убаво си ги подготвил или си ги препишал од негде, не е битно, битно е дека во нив убаво пишува, као што и прилега на една религија.
к*ранот ги учи луѓето да бидат чесни, правдољубиви, да им помагаат на немоќните, да се однесуваат онака како што и му прилега на еден човек пред се. Значи за пишувањата се нај нај, тоа е што се тиче теоријата.

меѓутоа малку е по друго во пракса кај муслиманскиот свет, не се живее само од убаво пишаниот збор, туку практичните дејанија од муслиманите, а кои се чиста спротивност на се она што го имаш изнесено овдека.
Дали би сакал малку околу ова да се дискутира, а претставувањето на к*ранот тука е непотребно бидејќи оној што сака има начини како да си го најде к*ранот и да чита доколку сака.
Доколку сакаш јас ќе изнесувам докази од вистинскиот живот на муслиманите широм светот, какви се случки се случуваат а ти да ми кажеш дали е сето тоа според к*ранот, односно моралот во самиот ислам како што и си ја насловил темата.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 14:32
Originally posted by MUSLIMA_1 MUSLIMA_1 напиша:


Освојување на Иберискиот полуостров


Интересно е што ти си првиот/првата што пишува дека Исламот и исламските калифати на Иберискиот полуостров се рашириле, не преку ширење на верата, туку со освојување, што и е вистина. Независно од напредокот и мирот во Кордобскиот калифат, причината за Реконквистата лежи во самите Калифи, кои по една неправда сторена врз Христијаните, го налутиле христијанскиот свет, особено Христијаните во Иберија, кои се заколнале дека ќе го вратат она што е нивно. Доколку до таа неправда не дошло, нештата ќе биле поинакви.


Изменето од Македон - 19.Септември.2011 во 14:34
Кон врв
MUSLIMA_1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MUSLIMA_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 16:34

Ерусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם арапски:القُدس القُدس Ал Кудс, арамејски: ܐܘܪܫܠܡ, ’Ūrišlem, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) е антички блискоисточен град, главен и најголем град во Израел,  и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина. Градот брои 747.600 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот.

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km² , во Стариот Град, на Ридот на храмовите се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.

Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН , а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД.

Етимологија

И покрај тоа што оригиналното име на градот е Ерусалим, сепак постојат повеќе теории околу тоа што всушност во превод означува овој термин. Некои веруваат дека името на градот доаѓа од хебрејскиот збор јеруша, што во превод значи наследство и хебрејскиот збор шалом, што во превод значи мир, односно Наследство на Мирот. Според други мислења, зборот “шалом“ доаѓа од хебрејското “шоломо“, што пак асоцира на царот Соломон, градител на Првиот храм Вториот дел од зборот е “шалем“, (целосност или хармоничност), што е и најраниот назив на денешниот град Ерусалим,споменат уште во првата книга на Библијата, Настанување. Од друга страна, во Араманските писма напишани на акадски јазик, името на градот се нарекува Урушалем, слично на хебрејското Ир Шалем.

Во еврејската Мидраш, Авраам дошол во градот, кој тогаш го нарекол Шалем. Пророкот го замолил кралот Мелхиседек да му даде благослов. По оваа средба се смета дека бил додаден префиксот јеру, добиено од јерех, име кое Авраам му го дал на Ридот на храмовите. . Од тука доаѓа и Јерушалем, што во превод значи “градот на Шалем“ или “основан од Шалем“. Последната наставка -им е додадена од хебрејската граматика.

Се верува дека градот бил наречен и Рушалимум или Урушалимум, што доаѓа од староегипетскиот јазик. Грците кон името на градот го додале префиксот “хиеро“ (свето место), и градот го нарекувале Хиеросолјама. Арапите, градот го нарекувале Ал Кудс(Свето место). Сион или Цион се нарекувал само дел од градот, но подоцна ова име започнало да се употребува и за целиот град. По цар Давид, градот бил познат и како Ир Давид, односно Давидов град.[

Според археолошките откритија, се претпоставува дека градот бил основан околу 4000 година п.н.е.,  со елементи од бронзената доба во периодот помеѓу 3000 година п.н.е. и 2800 година п.н.е.Пронајдените писма од 19 век п.н.е., во кои градот се нарекува Рошламеми Араманските писма се првите називи за градот. Некои археолози, вклучувајќи го и Кетлин Кенјон, сметаат дека Ерусалим бил основан од страна на западносемитските народи во околу 26 век п.н.е. Но, според еврејската традиција, градот бил основан од страна на синот на Ное, Сим и неговиот внук Ебер. Според Библијата, градот бил основан од страна на Мелхиседек, истомисленикот на Авраам. Подоцна, градот бил заземен од страна на Давид, кој го претворил во престолнина на своето царство.

Периоди на храмот
Според хебрејските ракописи, цар Давид со градот владеел во 970 година п.н.е. Тој бил наследен од страна на својот син, Соломон, кој го изградил Ерусалимскиот храм на планината Мориах. Храмот на Соломон, (подоцна наречен Прв Храм) прераснал во големо светилиште во еврејската историја, а се смета дека подоцна во него бил чуван и Ковчегот на Заветотодносно сѐ до преземањето на градот од страна на Вавилон, градот останал престолнина на Јудејското кралство и религиозен центар на Израелците.  Овој период е познат како период на Првиот Храм По смртта на Соломон, (930 п.н.е.), градот останал престолнина на царството
По освојувањето на градот, завршил првиот период на храмот, и тоа во 586 година п.н.е., со заземањето на градот од страна на Вавилон, рушејќи го храмот на Соломон години Евреите откако биле протерани од градот, персискиот крал Кир II им дозволил повторно да се вратат. Со нивното доаѓање, дошла и идејата за повторна реконструкција на ерусалимскиот храм. Тој бил изграден во 516 п.н.е. во времето на Дариј I, односно седумдесет години по уривањето на Првиот храм. Градот повторно станал најважен центар на Евреите и нивната култура. Во времето кога Александар Македонски ја поразил Персија, Ерусалим попаднал во рамките на Македонската држава. По распадот на Македонската држава, со Ерусалим владеел Птоломеј I Сотир. Во 198 п.н.е., Птоломеј I го изгубил Ерусалим предавајќи го градот на селеквидите.
 
Еврејско-римски војни
 

Градот бил заземен од страна на Римјаните во 70 година, во времето на императорот Тит. Во времето кога Римската Империја била во својот најголем подем, Ирод бил назначен како поданик на императорот во еврејските земји. Тој започнал со обнова на градот, градејќи многу кули, палати и храмови, од кои најпознат е Храмот на Ирод, изграден на местото на поранешниот храм на Соломон. Во негово време, големината на ридот на храмовите бил проширен двојно.. Во 6 век, градот спаѓал во јудејската провинција на Римската Империја, а Ирод бил наследен од страна на Агрипа III во 96 година. Римската улога и господарство во Ерусалим и регионот ја предизвикала првата еврејско-римска војна. За време на оваа војна, во 70 година, повторно е урнат Ерусалимскиот Храм. Во 130 година, император Адријан го романизирал градот, менувајќи му го името во Аелија Капитолина.  Градот повторно станал престолнина за времето на тригодишниот конфликт меѓу Евреите и Римјаните, конфликт наречен Бар Кокба конфликт од 132 година. По три години, императорот Адријан повторно го зазел градот, и им забранил на сите Евреи да се вратат назад. Адријан ја вклучил јудејската провинција во т.н. палестинска провинција, според Филистинците кои се обиделе да ја де-јудаизираат земјата. Евреите, во градот Аелија Капитолина се вратиле во 4 век.

Во текот на 4 век, градот останал во склопот на Римската Империја, а по нејзиниот распад во Византија. Во тоа време римскиот император го реконструирал градот во христијански, градејќи го Светиот Гроб. Популацијата на градот кон крајот на Вториот период на храмот нагло била зголемена на 200.000. а Евреите во времето на Константин I, повторно биле протерени од градот.

Римско-персиски војни

Со ширењето на Сасанидското царство, и градот Ерусалим бил вклучен во неговата територија.

Со опсадата на Ерусалим, во 614 година, градот паднал по 21 ден опсада во рацете на Персијците. Персијците извршиле масакар над 90.000 христијани. Градот останал петнаесет години под раководство на Сасанидското царство, кога византискиот император Хераклиус го зазел во 629 година.

Исламска улога во градот
 

Градот Ерусалим е прогласен за трет најсвет град во исламот, веднаш по Мека и Медина. Во раноисламската ера, градот бил нарекуван Ал Баит Ал Мукадас, а подоцна, како што е до ден денес, градот е познат како Ал Кудс Ал Шариф. Во 638 година исламскиот калифат веќе доминирал во Ерусалим. Со муслиманското освојување на Сирија, Евреите повторно се вратиле во градот. Калифот Умар Иб

Ал Катаb

 успеал да постигне договор со монофизитистичкиот патријарх Софрониј Ерусалимски за осигурување на светите христијански места, и договор со кој се гарантирала безбедноста на христијанското население во градот oд муслиманите. Умар бил водич во пронаѓањето на каменот во Ридот на храмовите, и наредил да се изгради џамија. Во периодот од 679 до 688 година, џамијата на Умар добила дрвена правоаголна форма, и била проширена со што нејзината внатрешност можела да собере 3.000 верници. Златната купола повторно била обновена за време на умајадскиот калиф Абд ал Малик во 7 век. Ова го кажува и историчарот Ал Мукадас, кој напишал дека Абд ал Малик изградил светилиште со цел да ги надмине ерусалимските цркви кои биле изградени многу порано. Во следните 400 години, Ерусалим останал под раководство на Арапите, , сѐ до крстоносните војни.
 
 


Изменето од MUSLIMA_1 - 19.Септември.2011 во 16:35
Кон врв
MUSLIMA_1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MUSLIMA_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 16:39
Крстоносци, Саладин и Мамлуците

Во 1099 година, Ерусалим бил освоен од страна на крстоносците. Со заземањето на градот, новите господари извршиле големи масакри врз нехристијанското население, пред сѐ врз муслиманското и еврејското. Крстоносците го населиле Ерусалим со христијанско население, главно од Европа, и го формирале Ерусалимското кралство. Населението на градот значително се намалило од 70.000 на 30.000. Во 1187 година, градот бил заземен од страна на Саладин, кој дозволил повторно да се вратат муслиманите и Евреите во градот. Во 1244 година, Ерусалим бил заземен од страна на Татарите, кои повторно ги избркале Евреите од градот, и извршиле голем масакар врз христијаните. Во периодот од 1250 до 1517 година, Ерусалим бил управуван од страна на Малмуците, и во текот на нивното владеење имало постојани борби меѓу нив и крстоносците.

Улогата на османлиите во градот

Во 1517 година, градот влегол во составот на Османлиската империја, и под раководство на Османлиите останал сѐ до 1917 година. Во времето на Сулејман Величенствениот, Ерусалим бил значително обновен, вклучувајќи ги ѕидините околу стариот дел на градот. Во склопот на оваа империја, Ерусалим останал како провинција и како голем религиозен центар, покрај новосоздадените Каиро и Дамаск. Исто така, Османлиите воспоставиле бројни конзулства во градот, а транспортната мрежа била проширена, што означува дека градот бил потполно модернизиран.Во текот на 19 век, градот бил поврзан со Јафа, а од 1892 година била изградена и железничка пруга. Во 1840 година, многу Евреи од Алжир и Северна Африка се населиле во градот.Така, според прускиот конзулат, населението на градот било 16.410 жители, од кои 7.120 Евреи, 5.000 муслимани, 3.390 христијани, 800 Османлии и 100 Европјани. The volume of Christian pilgrims increased under the Ottomans, doubling the city's population around Easter time. Во почетокот на 1860 година, градот започнал да се шири и надвор од старите ѕидини. Така, биле изградени новите населби: Руската населба и Мишкенот Шананим.

Кон врв
MUSLIMA_1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MUSLIMA_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 16:43
Британскиот мандат и војната од 1948 година
Влегувањето во градот во 1917 година

Во 1917 година, по битката за Ерусалим, британската армија го зазела градот под раководство на Едмунд Аленби. Така, во 1922 година, Обединетите нации ѝ доделија мандат на Велика Британија врз територијата на Палестина. Во периодот од 1922 до 1948 година, целото население на градот се зголемило од 52.000 на 165.000 жители, од кои две третини биле Евреи, а една третина им припаѓала на муслиманите и христијаните. Тензијата во Палестина меѓу Арапите и Евреите сѐ повеќе растела. Дошло до нови нередија, најпрвин во 1920 година, а подоцна и во 1929 година. Под раководство на Велика Британија, градот започнал да се шири кон западниот и северниот дел од градот.  Во 1925 година бил изграден и првиот еврејски универзитет.

Со истекувањето на британскиот мандат во Палестина, во 1947 година бил создаден нов план за градот Ерусалим, под раководство на Обединетите нации. Официјалното резиме било заминување на воените трупи на десет години, и излегување на референдум кој би одлучил за иднината на оваа територија. Но, планот не се остварил, заради започнувањето на војната за независност на новата држава Израел.

Војната завршила така што Ерусалим бил поделен меѓу Израел и Јордан. Со договорот од 1949 година, централниот дел од градот и Скопуската Планина му припаднале на Израел. Градот бил поделен на источен и западен Ерусалим. Со декларацијата за независност, градот станал главна престолнина на Израел, а Јордан само формално го анексирал Источен Ерусалим во 1950 година. За време на шестдневната војна, Израел го зазел Источен Ерусалим и го зачувал суверенитетот на градот, Евреите ги добиле светите места, а била распуштена мароканската населба која се наоѓала до Западниот Ѕид  со што бил расчистен патот кон светото еврејско место

Географија

Градот Ерусалим се наоѓа јужно од Јудејската Планина, источно од Маслиновата Планина и југоисточно од Скопуската. Стариот град се наоѓа на 760 метри надморска височина.Кидрон, Хином и Тиропоеон се наоѓаат јужно од Стариот град.

Во библиско време, градот бил опколен од бадемови, маслинови и борови дрвја. Но, со вековните борби кои се воделе на овие простори, овие шумички биле уништени. Снабдувањето на градот со вода од секогаш претставувало проблем.

Ерусалим се наоѓа на 60 km источно од Тел Авив, и Средоземно Море, 35 km од Мртво Море.  Во близина на градот се наоѓаат Витлеем и Беит Јала на југ, Абу Дис и Мале Адумим на исток, Мевасерет Сион на запад, и Рамалах и Гиват Зев на север

Панорама на ридот на храмовите

 

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 17:26
Во моите прашања нема ништо што има некаква врска со Ерусалим...

можеби си нов... треба да научиш дека на форум се диск*рира, а не копи - постира.

Јас прашав конкретни работи за исламот, а не за грдот Ерусалим.
За Ерусалим може секој во секое време буквално каде сака да прочита.


п.с.
подобро што не станав модератор...
ќе си имавте проблеми со мене.тага
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 17:29
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 17:36
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Во моите прашања нема ништо што има некаква врска со Ерусалим...можеби си нов... треба да научиш дека на форум се диск*рира, а не копи - постира.Јас прашав конкретни работи за исламот, а не за грдот Ерусалим. За Ерусалим може секој во секое време буквално каде сака да прочита.п.с.подобро што не станав модератор...ќе си имавте проблеми со мене.тага



Тетратка, Македон,

како што и претпоставував ова е уште еден случај на протежирање на исламот како религија широм светот како што и го прават на сите форуми по светот, на сите медиуми, на социјалните мрежи кај и да стигнат. Затоа и му поставив некои барања на кои вероватно никогаш нема да ни се одговри. Тој е тука да ја шири нивната па кој се фати се фати на јадицата.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 18:43
Istoto se sluchuva i so nekoi hristijanski denominacii...

... lugjeto si go zemaat ovoj sajt kako nekakov besplaten blog, pa si pishuvaat i prepishuvaat bez da komuniciraat i diskutiraat so chlenovite.

A toa ne e forumsko uchestvuvanje.

I koga kje im se svrti vnimanie za toa ili koga nivnite pishuvanja kje bidat izbrishani togash se povikuvaat na sloboda na govorot.

Kakva sloboda na govorenje ???   

Onoa shto pravat tie ne e govorenje, tuku nekakvi nivni nepovrzani monolozi koi bukvalno gi naturaat na forum otvoren za konverzacija.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.