IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - Соларна Енергија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Соларна Енергија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Соларна Енергија
    Испратена: 25.Јули.2011 во 14:59
 
 
На секој час од Сонцето стигнува доволно енергија за да ни ги задоволи
глобалните енергетски потреби за една цела година. Соларна енергија се добива преку соодветна технологија со искористувањето на енергијата на Сонцето. Денес, во светот се искористува нешто помалку од 0,1% од соларната енергија за задоволување на глобалниот енергетски глад. 

Многу луѓе се запознаени со фотоволтаични ќелии – популарно наречени соларни панели, кои денес ги има во вселенските летала, на покривите на многу згради и во малите калкулатори. Принципот на работа е едноставен – ќелиите имаат полуспроводници во нив, и кога ќе ги огрее Сонце, тие испуштаат електрони, кои пак прават струја.

На големи размери, има цели електрани кои произведуваат струја со помош на сончевата енергија. Тие можат да употребуваат различни техники, за добивање на струјата. Во некои сончевата енергија се користи како извор на топлина за загревање на вода до пареа која пак произведува струја – слично како и јагленот во термоелектрана или нуклеарна електрана.

Има и други техники на искористување на сончевата енергија. Подвижни огледала ја фокусираат сончевата светлина кон собиран кула каде е поставен рисивер. Во него се топи сол која пак го покренува генераторот. 

Пасивните соларни технологии се поставување на резервоари со вода на покривот за снабдување на домот со топла вода, посебни материјали кои апсорбираат сончева енергија во вид на топлина и во текот на ноќта ги греат просториите. 

Соларната енергија е неисцрпен извор на енергија, и од неа нема никакво загадување и никаква врева. Оваа технологија е многу разновидна. На пример, соларни плочи прават струја за сателитите кои орбитираат околу Земјата.

Но соларната енергија не функционира ноќе без направа за складирање на енергијата како батерија, и облачното време ја прави оваа технологија многу несигурна.  

Соларните панели сеуште се многу скапи и зафаќаат голема површина за собирање на сончевата енергија, особено ако треба да се произведе повеќе струја.

Најголеми производители на соларни технологии се Јапонија и Германија, и се очекува во иднина цените значително да паднат и технологиите да станат поефикасни
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2012 во 21:46
Македонија е рај за соларна енергија. Не ми е јасно зошто владите (сегашни и претходни) по интензивно не се нафатат со изградба на соларни централи? Населението се жали на скапа ел. енергија, еве можност да се добие далеку поефтина, можеби не во сите делови на земјата, но барем за оние основни работи како што се топла вода, осветлување и сл.
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2012 во 22:07
Баш минатата година се распрашував како целиот кров да го покријам со соларни плочи и така да добијам бесплатно греење во зима...ама испадна дека се уште тоа не може да се реализира.
Чекам некоја подобра иднина за ова и едвај чекам да се откачам од топлификација.
Кон врв
mfc-solar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2012
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај mfc-solar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 10:23
Почитувани
Гледам на големо се пишува на овој форум за користењето на соларната енергија во Македонија .Јас почнав да го давам мојот допринос на ова поле со почетокот на производството на соларни фотонапонски панели !!! Да, македонски производ , а не увезени панели со високи цени . Најпрво е произведена серија од 100 панели од 110вати , поликристални и 120 вати монокристални .Оваа серија е за да се види целокупниот производствен процес, машини и технологија , набавка на репроматеријал , неговата достапност и слично . и за неколку месеци скоро е распродадена .Излезе како што се очекуваше и веќе имам задоволни иматели на викендици кои после долги години ИМААТ ел.струја во градбите..
Во фаза сум на порачување на материјали и машини за производство на „појаки“ модели ( 130-140 вати ) , кои се надевам ќе излезат на пазарот напролет. Не сум многу финансиски моќен и затоа се овие мали серии , но со тек на време се надевам дека ќе биде подобро .Цените се далеку под оние со кои се продаваат увозните панели во МК и се подостапни за обичниот човек .Пробав и јас самиот да градам соларна централа со мои панели ,ама тешка бирократија ..А приватно лиице не може да постави панели и да продава вишок на струја на ЕВН , законите се такви кај нас ... Повеќе на мојата веб страна моја страна .
Звонко
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 14:37
Originally posted by mfc-solar mfc-solar напиша:

Почитувани
Гледам на големо се пишува на овој форум за користењето на соларната енергија во Македонија ................
e da be!изненадување...tolku nagolemo shto treba da rezervirash termin,...za da kazesh neshto.голема насмевка

 ...samo se chudam otkaj ti prekured , koga eve ,za pola i kusur godina ,...od ''golemata''diskusija okolu toa ,tuka...glava da te zaboli tuka?намигнување
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
...tuku, ubavo e toa , samo  so nekoja stotka evra mesechen prihod, teshko deka obichen makedonec bi se nafatil  i lichno da go ''troshi'' sonceto.

..inache,...moze da objasnish ,...shto mozesh da napravish  so toj panel od 100-tina vati?...mislam ,  za shto mozesh da ja iskoristish strujata od nego?

...i jasno, kazi gi i tvoite ceni, a ne samo,deka  stranskite bile mnogu skapi,
....veruvam i deka se , ama ,
...teshko deka mnogu poeftini bi bile i ako nekoj se nafati da gi proizveduva vo makedonija
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mfc-solar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2012
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај mfc-solar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 16:08
Па ,гледајќи дека „се нафрли “ врз мене , ќе пробам да одговорам на твоите прашања.Сите ние страдаме од тој синдром дека странското е најдобро , најквалитетно и дека не може Македонецот да произведе нешто , како и во странство ! И така му ги полниме џебовите на странецот и си остануваме со тие „100 евра месечно„ во дупените џебови.
Не е прашањето што се прави се тие 100тина вати , туку што би сакал ти да направиш со тие стотина вати ( од панел) ,Во неколку викендички каде што досега се монтирани овие панели , луѓето се спасија од давање БЕСПОТРЕБНИ близу 1000 евра само за приклучок на ел.струја .Тие пари се баш оние пари што ЕВН ги прикажува како „големи инвестиции “ во МК. Кратко сум на пазарот , 2-3 месеци и не можам да ти набројам многу проекти , но како што тргнала работата , ќе биде ! Пробав да градам соларна централа во Прилеп со мои произведени панели , ама потрагата по локација и градежна дозвола ми одзеде 4 месеци од мојот живот , притоа не завршив воопшто работа и тешко дека пак ќе се нафатам да почнам со тоа .Се’ додека е вака комплицирана постапката за вадење на дозволи и лиценци .Зарем не може како во другите земји да се постават неколку киловати панели на покрив и да си произведуваш струја , поврзан во мрежата на ЕВН ? Може , ама треба некој од горе да ја свати целата работа..
За цената , погледни ја веб-страната , одговорено е во делот ПРАШАЊА .
и ако за тебе 1,54 евра од ват е мало намалување во споредба со странските панели , кои патем се нудат за 2,5 до 3 евра од ват , тогаш навистина не знам која би била „вистинската “ цена.. Предлог ?
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 19:31
Може ли да ми дадеш некои информации за тоа дали во блиска иднина ќе можам парното греење да го заменам со вакви слични извори на енергија? Живеам на последен спрат и во можност сум да користам цел кров.

Благодарам на корисните информации!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 20:14
Би било уште поинтересно...
да ни каже колкав е векот на траење на панелите...
и на акумулаторите...
и колку ќе чинат кога ќе треба повторно да се купат...
да не го тупам многу...
ама неисплатливо е...
со 120 вати може 1 сијалица да се пушти....
треба најмалку 10 панели x 120 W = 1200 W...
со 1200 W не можеш ни една рингла ниту мало бољерче да пуштиш...
итоа преку лето...
за зимо, да не праиме муабет...
да е исплатливо, досега сите ќе ги користеа...


Изменето од којсумјас - 06.Февруари.2012 во 20:14
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 20:20
Vekje ima krovovi so solarni paneli na privatni objekti vo Makedonija.
Uslovite sto vladeat na "pazarot" se relativno povolni. Spored segasnite uslovi, investicijata kompletno se "vrakja" za okolu 7-8 godini.


I kaj vi tekna na temava koga nadvor e -200 i ima pola metar sneg?

Изменето од Marko Polo 1 - 06.Февруари.2012 во 20:22
Incredible Blue
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 20:31
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Vekje ima krovovi so solarni paneli na privatni objekti vo Makedonija.
Uslovite sto vladeat na "pazarot" se relativno povolni. Spored segasnite uslovi, investicijata kompletno se "vrakja" za okolu 7-8 godini.


I kaj vi tekna na temava koga nadvor e -200 i ima pola metar sneg?

За 7-8 години ќе мораш да купиш нови панели и акумулатори...
плус минус 1-2 години...
и дали си сигурен дека станува збор за фото напонски панели...
или панели за топла вода...
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 20:34
... more na vremevo se e ladno, nemet ni topla voda...

foto voltazni se.
Incredible Blue
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 21:05
...so stotina vati denes mozesh da go osvetlish cel prostor za ziveenje,...barem nema da treba da palish svekji i sl. ako nemash vovedeno struja.

...ama, shto praime ako sakash i da gledash tv , da svarish kafe,..ukljuchish nekoe mashinche  za rabota....za povekje da ne spomnuvam,
...trebaat barem ushte desetina paneli,..a, toa vekje e bajagi  evra  za sekoj poshten chovek.

a, za toa deka  fotoelektrichnite kletkiнамигнување se troshat,.....ne se troshat!....i ako fizichki ne se oshtetat bi trebalo so godini da traat ,a ne samo nekolku...taman rabota , ako e taka!




Originally posted by mfc-solar mfc-solar напиша:

Па ,гледајќи дека „се нафрли “ врз мене , ќе пробам да одговорам на твоите прашања.Сите ние страдаме од тој синдром дека странското е најдобро , најквалитетно и дека не може Македонецот да произведе нешто , како и во странство !............
..........и ако за тебе 1,54 евра од ват е мало намалување во споредба со странските панели , кои патем се нудат за 2,5 до 3 евра од ват , тогаш навистина не знам која би била „вистинската “ цена.. Предлог ?
...od kaj go izvadi takov zakljuchok ne  mi e jasno!

...a, ako ti e tolkava razlika vo cenata , toa ne e malku,изненадување...pod uslov da e barem so priblizen kvalitet tvoeto,...vo shto chisto sumnjam deka bi bil !
....ako ti mislish deka ''bez pari'' mozesh tolkav kvalitet da napravish, kolkav shto moze nekoj shto vlozil vo nivno proizvodstvo ...milioni evra,..togash ,..ti siminjam kapa!

znachi,..tamu kaj shto nema vovedeno struja,...se ispalti ,...ama , po zgradi i kukji ...seushte ne ...barem dodeka ne padne cenata  desetina pati ...pa, da moze masovno da se instaliraat .....


Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mfc-solar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2012
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај mfc-solar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 21:13
Поздрав на сите
Ќе пробам да одговорам на сите овде...
Греење на струја е најскапиот и најрасипничкиот начин на греење , кога цел свет се грее на гас или со топлани на мазут .Само во МК се троши расипнички најфиниот облик на енергенс за толку груба работа како греење .А бидејки струјата добиена од соларни фотонапонски панели е неколку пати поскапа од онаа што ја трошиме од ЕВН , ГРЕЕЊЕТО НА СОЛАРНИ ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ е многу скап спорт.
Подобро инвестирајте во соларни панели за топла вода , па догревајте ја водата преку електрични или плински котли .
Векот на траењето на панелите е над 20 години , а има доста панели кои се монтирани пред 30 години и сеуште функционираат .За акумулаторите , кои патем се поскапи од панелите , векот е толку 5-8 години .
120 вати не се малку , поготово што за еден ден ке се соберат околу 1KWчас енергија , и тоа значи дека еден ТВ на пример , може да работи барем 10 часа , а сијалиците од 120 вати слободно замени ги со 4 штедливи од по 25-30 вати потрошувачка , а со светлосна снага како тие од 120 вати и ке ја осветлуваш цела цела куќа 10тна часа.
Дали е сеуште малку снага добиена од еден панел ?!
Исто што напишав погоре за греење важи и за рингла и бојлерче
На запад ( и на исток ) луѓето готват и греат вода на гас , само наша жална Македонија е изгубена во вселената ...
Од слични причини кај нас не се носи законот со кој приватно лице , јас ти и било кој да постави 20-30 панели на покрив , да стави инвертор од 2-3 киловати , да се поврзи на ЕВН и сета струја да ја предава на мрежата .Ако му треба струја ќе повлече од мрежата колку му треба и на крај на месец ќе добиеш сметка близу 0 денари.
20-30 панела се веке 20-30тина иловатчаса на ден , онолку колку просечно домаќинство троши дневно кај нас .Таа инвестиција би била : 20 панели 3500 евра + инвертор и ситна електроника 2000 евра нека се , сума сумарум 5-5500 евра . ( акумулатори не требаат за овој начин) .Тоа е ништо инвестиција , еден подобар автомобил , половен , чини толку . Според домашните сметки за струја , сами пресметајте за колку години ќе Ви се вратат парите !
Додека на сите нас тоа ни одговара , ај запрашајте се на кого не му одговара ?!
И на крај ...
Да , соларни ФОТОНАПОНСКИ панели се , прво произведени во МК , а за топла вода има доста произведувачи ...
Ве канам уште еднаш да ја посетите веб-страната , има по мое мислење многу податоци .
Благодарам
Слободно прашајте се’ друго што Ве интересира, ќе одговорам тука или на е-маил

Изменето од mfc-solar - 07.Февруари.2012 во 10:28
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 21:30
...znachi,...mene bi mi bile dosta desetina paneli,..bidejki trosham okolu 10 kw dnevno ( shporetot e na plin),
.....znachi toa se ,...nema ni dve iljadi evra,...i bi gi ''izvadil  za okolu 6-7 godini ,..shto i  ne e losho, ako se oslobodish od ushte eden "krvopijach"!
...samo,...problemot e shto sum na vtori   kat od pet katna zgrada!тага...a, na krovot moze da se kachi sekoj dobronamernik... shto ke posaka.
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.