IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Демони ...!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Демони ...!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Демони ...!!!
    Испратена: 30.Јуни.2011 во 14:51
 
 
 Демони ,  демонски напади  ....зли духови ...
Жртва може да биде секој, возрасен човек или дете. Доколку жртва е маж, демонот се нарекува succubus, а ако жртвата е жена, тогаш демонот е incubus.
Демоните се зли духови и како такви немаат пол, за разлика од луѓето. Но тие по потреба може да попримат машки или женски појавен облик. Succubus-от е демон со женски облик а ги напаѓа жртвите од машки пол кои се заспани. Демонот чека момент кога човекот ќе заспие. Тогаш одбрамбените механизми на свеста се исклучени и демонот напаѓа. Доаѓа до заспаниот човек, кој сонува како му приоѓа жена со некоја морничава убавина. Разумот се повлекува од страв, но телото се возбудува. Доколку стравот преовлада, човекот се буди и се спасува. Ако не, тогаш демонот го прекрива во целост. Делимично материјализиран, тој го оневозможува дишењето на заспаната жртва. Во најголем број на случаи жртвата се буди со чувство дека не може да дише. Телото е парализирано. Во затемнетата просторија се гледа некој амебовиден облик во форма на сенка. Борбата за живот е посилна од се и жртвата се буди од хипнотичката состојба. Во будна состојба помислува дека тоа е уште еден кошмар и таа помисла носи извесно спокојство. Доколку не успее да се извлече, човекот умира. Лекарите ќе констатираат нешто како изненадна смрт, инфаркт во сон или нешто слично.
Посебно се осетливи новороденчињата. Постојат случаи на т.н. „синдром на изненадна смрт кај бебињата“. За ова современата медицина сеуште нема одговор.

Кај жените настаните се исти со тоа што демонот incubus се појавува во облик на некое неприродно суштество, некакво животно а поретково облик на човек.

Од која причина напаѓаат ?
Дали можат да створат зависност ?
Постои ли превентива ,  терапија , лечење ???
Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова  ....  благодарам .....!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 15:25
Демоните не се ништо од тоа што е опишано погоре.

Христос во своето откровение од 1991 год. „Христос открива: Демонската држава - нејзините сојузници и жртви„ во поглавието „Кои или што се демоните? Кои се нивните испорачатели на енергија?„[/] објаснува:

„...Демоните се паднати ангели, следбеници на првиот женски ангел, кои по капитулацијата на тој ангел, се здружиа и основале во еден дел од вселената демонска држава. Овој прв женски ангел сакаше да биде како Бог, и поради тоа подоцна се обиде се постави над Бога. Капитулираше(беше поразена) после жртвата на Голгота.
Демонската држава се одржува исклучиво од енергиите на оние луѓе кои грешат против законите Божји: оние кои поттикнуваат завист и омраза против своите ближни, оние кои живеат во кавга и непријателство со своите ближни, кои тежнеат кон углед, признание и личен посед, кои сакаат да ги изживеат своите страсти, кои шират злоба и подготвуваат војни. Сето тоа создава негативни енергии - и секој кој греши против законот Божји, станува со тоа испорачател на енергија за демоните.
Луѓето значи ја доставуваат противзаконитата енергија со која демоните дејствуваат на земјата како би можеле да заведат што повеќе луѓе, со намера да осигураат натамошни доставувачи на енергија. Многумина демони поради тоа не се ни отелотворуваат бидејќи добиваат онолку енергија колку им е потребно да бидат исфрлени во полињата на зрачење, кои би можеле да ги однесат во отелотворение. Оти, тие би требале како луѓе да го претрпат и поднесат сето она со кое се оптовариле нивните души. ...
Со негативната човечка енергија демоните.... си создадоа себе си сојузници и жртви. Сојузниците се оние луѓе кои дојдоа до световна власт и углед, и владеат над другите без совест, оние луѓе кои користат моќ и влијание за искористување и врзување на луѓето за себе.
Кој се врзе за другиот, кој значи прави она што божемниот патријарх, сојузник, од него сака, тој станува жртва.„
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 22:21
Од која причина напаѓаат ?

Toa im e rabotata, bez niv balansot pomedju dobroto i losoto bi bil narusen.

Дали можат да створат зависност ?

Da ako uzivas vo nivnata opsednatost, tie se hranat so tvojata dusa i se dodeka im pravis mesto vo tebe tie ce se tamu. Se zavisi od tebe, ludjeto se pojaki od niv. So svojata volja mozes da gi pobedis koga sakas.

Постои ли превентива , терапија , лечење ???

Preventiva, ne, ne neveruvam nie sme ludje i kako takvi ne sme sovrseni taka da, dodeka postojat ludjeto ce postojat i demonite.

Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова .... благодарам .....!

google
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 14:25
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 

Постои ли превентива ,  терапија , лечење ???

Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова  ....  благодарам .....!</SPAN>


Еве еден мошне добар текст по ова прашање.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 01:20


Текстот е    



Originally posted by напиша:

“ТОЈ РОД СО НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСТЕРА, ОСВЕН СО МОЛИТВА И ПОСТ.”

Во ова евангелие Господ јасно ни покажува која е причината за нашите немоќи и страдања, а тоа е нашето неверие или маловерие.
Затаоа откако Господ му рекол на таткото на детето: Ако можеш да поверуваш? Се е можно за оној што верува!” овој извикал и со солзи рекол: “Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!”. Се смирил, си ја признал својата немоќ, си ја признал својата слаба вера и со покајание исповедал, затоа и Бог му дал сила да поверува и неговиот син бил излекуван.

Ако малку повеќе обрнеме внимание на Христовиот одговор, ќе забележиме дека лекот и терапијата која Господ ни ја препишал, пред се, е духовна. Верата во Бог, молитвата и постот. Тоа е така затоа што сржта, сушността на нашиот живот е духовна. Човекот е психофизичко битие создаден од земја (материја) според образот и подобието Божјо за вечна заедница со својот Бог и Создател. Но по престапот, гревот влегол во светот, а со тоа болестите, страдањата, скрбта, несреките… сепак милостивиот Бог докрај не се откажал од своето создание и му дал покајание и начин за спасение, та сега човекот секогаш се наоѓа помеѓу двата пола, живото и смртта, на доброто и лошото, Бога и мамона (ѓаволот). Кога ќовекот ќе го заборави Бог, (невереие) тогаш и во него влегуваат гревот и болестите. Кога ќе се приближува до Бога, тогаш се исцелува и напредува. Ако е здрав нашиот дух, здраво ќе биде и нашето тело.
Лекот и терапијата за секоја немоќ и болест, според Господ Исус Христос се молитвата и постот кои, за жал, сите ние сме ги заборавиле. Сме ги заборавиле овие две главни работи во духовниот живот и затоа ѓаволот има многу лесен пристап до нас.
Ако паѓањето во вода и оган од денешното Евангелие ги разбереме како нашите меѓусебни односи, тоа значи дека тие одат од крајност во крајност и ние сме немоќни да ги контролираме.
Зошто?
Св. Ап. Павле повикува: Браќа… Облечете се со сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство; оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. (Еф. 6,12-13). Што значи, нашата борба е духовна.
ѓаволот е лукав и дух по својата природа и делува преку нашите помисли и мисли, и ако ние ја немаме молитвата, тогаш тој многу лесно може да влезе во нас и многу лесно може да манипулита со нашите помисли и мисли, па ние да му поверуваме и тука веќе настанал проблемот. ѓаволот е татко на лагата и човекоубиец и тој сака да не скара, да не раздели, да не погуби и турне во пеколот. Ако сме неразумни и глупави па наместо да се молиме на Бог да ги просветли нашите мисли и ги отфрлиме, почнеме да ги прифаќаме и отвориме дијалог со нив, тогаш лесно можеме да и поверуваме на истите и се поистоветиме со нив како вистинити, та да се помрачиме и ете го веќе на дело настанал гревот и недај Боже, ако не се освестиме навреме, тогаш може да дојде до несакани нешта и големи последици од тоа.
Молитвата е разговор и заедница со живиот и личносен Бог. Практикувајќи ја молитвата ние нашиот ум и срце го издигаме кон Бога и нашата концентација е во Бог, преку љубовта. Заедничарејќи со Него, Тој ни ја дава и Неговата благодат која е оган за демоните и тогаш тие, едностано, немаат пристап до нас. Тогаш тие се згрчуваат, парализираат и бегаат од нас. И Затоа Господ ни открива “Тој род, демонски, со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”
Молитвата треба секогаш да е поткрепена со постот. Постот не значи само нејадење на одреден вид на храна, туку постот значи воздржување од се што е излишно и непотребно. Со воздржание на нашите мисли, на нашите желби и страсти, ние имаме контрола над самите себе и му ги врзуваме нозете и рацете на ѓаволот и не му дозволуваме да делува врз нас. Затоа постот и молитвата светите отци ги нарекуваат две крилја на нашата душа кон царството небесно. Заради тоа да ги засакаме, постот и молитвата со сета своја душа и сета своја сила, да ги практикуваме и прифатиме со целиот наш живот, та да се јавиме победници над гревот и неосудно да достигнеме да му се поклониме на светото воскресение. Амин .
   

Изменето од spiros - 03.Јули.2011 во 01:26
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 03:17
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 
Од која причина напаѓаат ?


Целта им е да заведат што е можно повеќе луѓе далеку од Бог. Целта не им е секогаш да ја убијат жртвата, туку уште покорисна им е ако ја користат како медиум со кој што ќе заведуваат други луѓе далеку од Бог. Тоа значи дека тие можат да дејствуваат ефективно и преку бајачи, гледачи, исцелители, разни духовници, гуруа и сл.

Жртви најчесто се луѓе кои вршат идолопоклонство (еве ти еден тазе пример: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0FDE2DA1CEDDDE4CB6AF91776067C88F), се занимаваат со повикување духови, врачарство, баење, гледање на карти, кафе, дланка, кугла, луѓе што се бават со магии, луѓе кои го слават (свесно или несвесно) ѓаволот со темна музика и сл.

„Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта. Спротивете му се, цврсти во верата,“ (1 Петрово 5:8, Библијата)

Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:


Дали можат да створат зависност ?


На каква зависност мислиш?

Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:


Постои ли превентива ,  терапија , лечење ???


„И така, покорете Му се на Бог; спротивставете се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој (Бог) ќе се приближи кон вас“
(
Јаков 4:7-8, Библијата)

„Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се одбраните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време,“ (
Ефешаните 6:11-18, Библијата)

Сепак најважно од се е да се помириш со Бог, да се покаеш, да поверуваш во Исус и да станеш Божјо дете. Понатаму Бог ја превзема битката за твоето духовно здравје и целосно избавување, а твое е само да соработуваш и да не Му се противиш на Неговиот повик и Господство на твојот живот.



Изменето од EvAngelos - 03.Јули.2011 во 03:22
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 12:35
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Жртви најчесто се луѓе кои вршат идолопоклонство (еве ти еден тазе пример: [COLOR="#003399">http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0FDE2DA1CEDDDE4CB6AF91776067C88F[/COLOR">), се занимаваат со повикување духови, врачарство, баење, гледање на карти, кафе, дланка, кугла, луѓе што се бават со магии, луѓе кои го слават (свесно или несвесно) ѓаволот со темна музика и сл.


Ако мислиш дека жената се фрлила од зграда поради идолопоклонство, тогаш размислувањето ти е како на човек од пред нашата ера и секако е неточно. Не си слушнал за психоза очигледно. За среќа, во оваа статија, лекарите одлично ги објаснуваат овие нешта.

Бог да чува од луѓе кои вака размислуваат!

За среќа, медицината одамна го надмина ова размислување, ама за жал, сеуште некои веруваат дека луѓето со психички нарушувања се опседнати од демони.

Изменето од Македон - 03.Јули.2011 во 12:50
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 16:23
Македон, кога денешниве лекари би живееле во времето на Исус, би ги дијагностицирале сите демоноопседнати како душевно болни, како луѓе со психички нарушувања. Сепак Исус од нив истерувал демони.
Се сложувам дека не секој душевно растроен човек е опседнат од демон, ама убеден сум дека мајка што ги натерала децата да бакнат икони, а потоа ги фрлила низ балкон, а потоа и себе си се фрлила била оспедната од демон.
Во ред е да не се согласуваш. Тоа беше моето мислење. Во Библијата има многу примери на насилни луѓе кои напаѓале други луше и сакале да се самоубијат себе и Христос токму од нив истерувал демони.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 18:59
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Македон, кога денешниве лекари би живееле во времето на Исус, би ги дијагностицирале сите демоноопседнати како душевно болни, како луѓе со психички нарушувања. Сепак Исус од нив истерувал демони.Се сложувам дека не секој душевно растроен човек е опседнат од демон, ама убеден сум дека мајка што ги натерала децата да бакнат икони, а потоа ги фрлила низ балкон, а потоа и себе си се фрлила била оспедната од демон.Во ред е да не се согласуваш. Тоа беше моето мислење. Во Библијата има многу примери на насилни луѓе кои напаѓале други луше и сакале да се самоубијат себе и Христос токму од нив истерувал демони.



Никој не спори дека некои луѓе биле демоноопседнати, но, дури и во психијатријата, се познава кога некој е опседнат од демони, а кога некој е болен. Психијатријата им се дава на најдобрите студенти по медицина, тие се лекари, не се шарлатани и одлично ги познаваат сите тие растројства.
Прочитај малку повеќе за овој настан, види со какви нешта се соочила жената во својот живот, па ќе дознаеш зошто го направила тоа што го направила. Прочитај ги и мислењата на психијатрите.

Не си во право ниту за тоа дека лекарите, ако живееле во времето на Исуса, не би правеле разлика меѓу опседнати од демони и болни. Дури и во времето на Христа постоеле санаториуми за болните.

Секако, ти можеш да веруваш во што сакаш, јас го почитувам твоето мислење, но науката не се согласува со истото, а не јас.

Психијатријата денес, особено внимава и на многу необјасниви појави, не ги сместува тие во болести, па не случајно и егзорцистите често се упатувани и на мислења од психијатри пред да се преземе некој радикален чекор за изгонување на демонот.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 23:35


Што е за психијатријата и психологијата - на пример - Tourette-Syndromот?








Изменето од spiros - 03.Јули.2011 во 23:35
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2011 во 14:32
 
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38). Истото го вели и светиот апостол Павле и тоа на повеќе места. Токму затоа телото е цел на овие напади.
Медицински е докажано дека телото реагира на сексуални дразби иако тоа не е по волја на човекот. Тоа го користат овие демони и напаѓаат, исклучиво ноќе.

На почеток ваквиот демон нуди задоволство се додека жртвата не се навлече и стане зависна. Ако  жртвата нема сила да се спротистави ,  трагичен крај е неминовен.

Има неколку видови на ноќни напади. Во првата група спаѓаат т.н. кошмари или ноќни мори. Вториот тип напади се сврзани со условно кажано физичко присуство на демонот. Чести се комбинации на овие два типови.

Првиот облик се случува кога жртвата е во длабок сон. Нападите почнуваат со сонување на некој сон кој има бизарна содржина. Сонот е со сексуален карактер но постои извесна доза на страв. Жртвата е свесна за сонот и сака да се разбуди, но не може. Првата ноќ сништата се во поскриена форма, завиени, страв речиси и да нема. Потоа како се повторуваат од ноќ во ноќ стануваат пострашни. Сексуалноста во сонот добива демонски-ѕверски карактер. На крај силниот страв го прекинува сонот......

Сонот ја исцрпува жртвата и психички и физички. Таа другиот ден се буди изморена и неспособна за секојдневна активност. Доколку ваквите соништа се повторуваат, тоа го онеспособува човекот и тој бара начин да се ослободи од овие кошмари. Директна опасност нема. Но ако жртвата наредниот ден треба да донесе некаква важна одлука или пак да вози моторно возило, ноќната мора може да заврши фатално.
Кај некои поединци се јавува задоволство од сонот. Наредниот ден тие се возбудени и мислите ги насочуваат кон содржината на сонот. Најчесто станува збор за помлади лица. Следната ноќ ќе се повтори нешто слично. После неколку ноќи, почнува да се гледа промена кај човекот. Тој губи интерес за семејството, работата и се друго. Карактерно се менува, а промените не се бавни и постепени. Напротив, сите околу жртвата приметуваат дека нешто чудно се случува. Потоа жртвата станува зависна од демоните и веќе нема сила самата да се ослободи. Последиците се страшни.
Најпрво се распаѓа социјалниот статус на човекот. Го губи семејството, пријателите, работата, студирањето и сл. Паралелно се нарушува и здравјето. Најпрво страда нервниот систем, а потоа се јавува анемија, малаксалост, слабеење и постепено исцрпување на жртвата. Подоцна се појавуваат разни хронични и неизлечливи болести, рак и сл. Во терминалниот стадиум жртвата изгледа како долгогодишен наркоман.......
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2011 во 15:18


Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38).


Znachenjeto na taa misla, kazhana na deneshen sekojdneven jazik, znachi deka voljata na chovekot e sekogash posilna od negovoto telo. Postojat bezbroj primeri za toa kako chovekot gi nadminal fizichkite limiti (barem onaka kako shto gi znaeme od modernata nauka i nasheto iskustvo) samo zatoa shto imal silna motivacija, zhelba i volja da postigne neshto.


Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 Истото го вели и светиот апостол Павле и тоа на повеќе места. Токму затоа телото е цел на овие напади.


Ova e pravoslavna doktrina so cel da gi napadne site chovechki zadovolstva, a kreirana e posebno za da gi demonizira onie seksualnite.

Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 
Медицински е докажано дека телото реагира на сексуални дразби иако тоа не е по волја на човекот.

На почеток ваквиот демон нуди задоволство се додека жртвата не се навлече и стане зависна. Ако  жртвата нема сила да се спротистави ,  трагичен крај е неминовен.


Nema nishto demonsko vo seksot i seksualnoto zadovolstvo, kako shto nema demonsko nishto vo bilo koe telesno zadovolstvo.

Teloto, takvo kakvo shto e, so negovata anatomija i zadovolstvata koi sledat od nea, e kreirano i podareno od Boga.


Gjavolskoto i demonskoto rabotat vo nasheto Ego koe chesto pati posakuva zadovolstvata da bidat negov ekskluzivitet po sekoja cena (vkluchuvajkji ja i ona na shetta na drugite), kako i na umot koj potoa ova go osmisluva i realizira.

Se razbira, vo ova ne vleguvaat lugjeto koi patat od bioloshki imbalans i poremetuvanja koi denes uspeshno se lekuvaat od strana na modernata medicina, a bilo nemozhno vo minatoto.

Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:


Тоа го користат овие демони и напаѓаат, исклучиво ноќе.


Demonskoto ne e iskluchivo nokjna manifestacija, no dodeka spieme svesta e iskluchena, a zatoa podsvesta kade shto caruva Egoto e i natamu potpolno aktivna.





Изменето од Messenger - 05.Јули.2011 во 17:39
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2011 во 15:48
Би додал само кон она што го рече messenger дека кај младите луѓе, особено оние во пубертет, сексуланите соништа се сосема нормална појава во процесот на физиолошко созревање. И тоа е исто така медицински докажано, а со демоните нема никаква врска.

А ако некој млад човек има проблеми со семјството, пријателите, образованието и сл. тогаш треба причината таму и да се бара а не во вилијаниа од страна, демони и сл. Психотерапијата(нема врска со психијатрија, лекови, лудници и сл.) односно добриот психотерапевт преку психотерапевтските разговори може тука многу да помогне.

Изменето од Majkl - 05.Јули.2011 во 15:49
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2011 во 19:08
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Би додал само кон она што го рече messenger дека кај младите луѓе, особено оние во пубертет, сексуланите соништа се сосема нормална појава во процесот на физиолошко созревање. И тоа е исто така медицински докажано, а со демоните нема никаква врска.

А ако некој млад човек има проблеми со семјството, пријателите, образованието и сл. тогаш треба причината таму и да се бара а не во вилијаниа од страна, демони и сл. Психотерапијата(нема врска со психијатрија, лекови, лудници и сл.) односно добриот психотерапевт преку психотерапевтските разговори може тука многу да помогне.




Може да му помогне во неговите психички проблеми само ако има доверба во душегрижникот!       Така?


Од безценета важност за душата е таа да воспостави контакт со Најголемиот ДушогрижникИсцелител) на сите времиња, да го прими Него во сопственото срце и пред се’ од Него (одтаму) да ја добие неопходната помош!


На сите луѓе а посебно на оние со психички проблеми, психози (и слични демони), одсрце и најискрено им Го посакувам Светиот ДУХ БОЖЈИ, преку Кого ЕДИНСТВЕНИОТ СОВРШЕН БОГ - за спасение на сите - во Исус Христос Ја отелотвори Својата Спасителна Мудрост и преку Кого е во состојба да ги направи најчудесните трансформации и исцелувања!


Амин!







Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38).




Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Znachenjeto na taa misla, kazhana na deneshen sekojdneven jazik, znachi deka voljata na chovekot e sekogash posilna od negovoto telo. Postojat bezbroj primeri za toa kako chovekot gi nadminal fizichkite limiti (barem onaka kako shto gi znaeme od modernata nauka i nasheto iskustvo) samo zatoa shto imal silna motivacija, zhelba i volja da postigne neshto.








Значењето на таа мисла и случка - но и на други случки во Новозаветните Списи - е дека човековиот дух (колку и да е волјен) поради телесните слабости не е моќен да дојде до крајната цел на Совршената Будност!

Интересно е да се забележи дека Св.Ап. Петар - но и сите останати Апостоли и следбеници - после излевањето на Светиот ДУХ БОЖЈИ веќе никогаш не Го изневеруваат ГОСПОДА, туку будно Му служат дури и во моментите кога поради Него се убивани!






Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои,
колку повеќе Небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?


(Ев. Лука 11:13)









Изменето од spiros - 05.Јули.2011 во 23:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,264 секунди.