Демони ...!!!
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24665
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 01:28 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Демони ...!!!
Постирано од: Klara-D
Наслов: Демони ...!!!
Датум на внесување: 30.Јуни.2011 во 14:51
Демони , демонски напади ....зли духови ...
Жртва може да биде секој, возрасен човек или дете. Доколку жртва е маж, демонот се нарекува succubus, а ако жртвата е жена, тогаш демонот е incubus.
Демоните се зли духови и како такви немаат пол, за разлика од луѓето. Но тие по потреба може да попримат машки или женски појавен облик. Succubus-от е демон со женски облик а ги напаѓа жртвите од машки пол кои се заспани. Демонот чека момент кога човекот ќе заспие. Тогаш одбрамбените механизми на свеста се исклучени и демонот напаѓа. Доаѓа до заспаниот човек, кој сонува како му приоѓа жена со некоја морничава убавина. Разумот се повлекува од страв, но телото се возбудува. Доколку стравот преовлада, човекот се буди и се спасува. Ако не, тогаш демонот го прекрива во целост. Делимично материјализиран, тој го оневозможува дишењето на заспаната жртва. Во најголем број на случаи жртвата се буди со чувство дека не може да дише. Телото е парализирано. Во затемнетата просторија се гледа некој амебовиден облик во форма на сенка. Борбата за живот е посилна од се и жртвата се буди од хипнотичката состојба. Во будна состојба помислува дека тоа е уште еден кошмар и таа помисла носи извесно спокојство. Доколку не успее да се извлече, човекот умира. Лекарите ќе констатираат нешто како изненадна смрт, инфаркт во сон или нешто слично. Посебно се осетливи новороденчињата. Постојат случаи на т.н. „синдром на изненадна смрт кај бебињата“. За ова современата медицина сеуште нема одговор.
Кај жените настаните се исти со тоа што демонот incubus се појавува во облик на некое неприродно суштество, некакво животно а поретково облик на човек.
Од која причина напаѓаат ?
Дали можат да створат зависност ?
Постои ли превентива , терапија , лечење ???
Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова .... благодарам .....!
|
Коментари:
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 30.Јуни.2011 во 15:25
Демоните не се ништо од тоа што е опишано погоре.
Христос во своето откровение од 1991 год. „Христос открива: Демонската држава - нејзините сојузници и жртви„ во поглавието „Кои или што се демоните? Кои се нивните испорачатели на енергија?„[/] објаснува:
„...Демоните се паднати ангели, следбеници на првиот женски ангел, кои по капитулацијата на тој ангел, се здружиа и основале во еден дел од вселената демонска држава. Овој прв женски ангел сакаше да биде како Бог, и поради тоа подоцна се обиде се постави над Бога. Капитулираше(беше поразена) после жртвата на Голгота.
Демонската држава се одржува исклучиво од енергиите на оние луѓе кои грешат против законите Божји: оние кои поттикнуваат завист и омраза против своите ближни, оние кои живеат во кавга и непријателство со своите ближни, кои тежнеат кон углед, признание и личен посед, кои сакаат да ги изживеат своите страсти, кои шират злоба и подготвуваат војни. Сето тоа создава негативни енергии - и секој кој греши против законот Божји, станува со тоа испорачател на енергија за демоните.
Луѓето значи ја доставуваат противзаконитата енергија со која демоните дејствуваат на земјата како би можеле да заведат што повеќе луѓе, со намера да осигураат натамошни доставувачи на енергија. Многумина демони поради тоа не се ни отелотворуваат бидејќи добиваат онолку енергија колку им е потребно да бидат исфрлени во полињата на зрачење, кои би можеле да ги однесат во отелотворение. Оти, тие би требале како луѓе да го претрпат и поднесат сето она со кое се оптовариле нивните души. ...
Со негативната човечка енергија демоните.... си создадоа себе си сојузници и жртви. Сојузниците се оние луѓе кои дојдоа до световна власт и углед, и владеат над другите без совест, оние луѓе кои користат моќ и влијание за искористување и врзување на луѓето за себе.
Кој се врзе за другиот, кој значи прави она што божемниот патријарх, сојузник, од него сака, тој станува жртва.„
|
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 01.Јули.2011 во 22:21
Од која причина напаѓаат ?
Toa im e rabotata, bez niv balansot pomedju dobroto i losoto bi bil narusen.
Дали можат да створат зависност ?
Da ako uzivas vo nivnata opsednatost, tie se hranat so tvojata dusa i se dodeka im pravis mesto vo tebe tie ce se tamu. Se zavisi od tebe, ludjeto se pojaki od niv. So svojata volja mozes da gi pobedis koga sakas.
Постои ли превентива , терапија , лечење ???
Preventiva, ne, ne neveruvam nie sme ludje i kako takvi ne sme sovrseni taka da, dodeka postojat ludjeto ce postojat i demonite.
Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова .... благодарам .....!
google
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 14:25
Klara-D напиша:
Постои ли превентива , терапија , лечење ???
Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова .... благодарам .....!</SPAN> |
Еве еден мошне добар http://www.stprohor.org.au/beseda-za-postot-i-molitvata/ - текст по ова прашање.
-------------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 01:20
Текстот е
напиша:
“ТОЈ РОД СО НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСТЕРА, ОСВЕН СО МОЛИТВА И ПОСТ.”
Во ова евангелие Господ јасно ни покажува која е причината за нашите немоќи и страдања, а тоа е нашето неверие или маловерие.
Затаоа откако Господ му рекол на таткото на детето: Ако можеш да поверуваш? Се е можно за оној што верува!” овој извикал и со солзи рекол: “Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!”. Се смирил, си ја признал својата немоќ, си ја признал својата слаба вера и со покајание исповедал, затоа и Бог му дал сила да поверува и неговиот син бил излекуван.
Ако малку повеќе обрнеме внимание на Христовиот одговор, ќе забележиме дека лекот и терапијата која Господ ни ја препишал, пред се, е духовна. Верата во Бог, молитвата и постот. Тоа е така затоа што сржта, сушността на нашиот живот е духовна. Човекот е психофизичко битие создаден од земја (материја) според образот и подобието Божјо за вечна заедница со својот Бог и Создател. Но по престапот, гревот влегол во светот, а со тоа болестите, страдањата, скрбта, несреките… сепак милостивиот Бог докрај не се откажал од своето создание и му дал покајание и начин за спасение, та сега човекот секогаш се наоѓа помеѓу двата пола, живото и смртта, на доброто и лошото, Бога и мамона (ѓаволот). Кога ќовекот ќе го заборави Бог, (невереие) тогаш и во него влегуваат гревот и болестите. Кога ќе се приближува до Бога, тогаш се исцелува и напредува. Ако е здрав нашиот дух, здраво ќе биде и нашето тело.
Лекот и терапијата за секоја немоќ и болест, според Господ Исус Христос се молитвата и постот кои, за жал, сите ние сме ги заборавиле. Сме ги заборавиле овие две главни работи во духовниот живот и затоа ѓаволот има многу лесен пристап до нас.
Ако паѓањето во вода и оган од денешното Евангелие ги разбереме како нашите меѓусебни односи, тоа значи дека тие одат од крајност во крајност и ние сме немоќни да ги контролираме.
Зошто?
Св. Ап. Павле повикува: Браќа… Облечете се со сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство; оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. (Еф. 6,12-13). Што значи, нашата борба е духовна.
ѓаволот е лукав и дух по својата природа и делува преку нашите помисли и мисли, и ако ние ја немаме молитвата, тогаш тој многу лесно може да влезе во нас и многу лесно може да манипулита со нашите помисли и мисли, па ние да му поверуваме и тука веќе настанал проблемот. ѓаволот е татко на лагата и човекоубиец и тој сака да не скара, да не раздели, да не погуби и турне во пеколот. Ако сме неразумни и глупави па наместо да се молиме на Бог да ги просветли нашите мисли и ги отфрлиме, почнеме да ги прифаќаме и отвориме дијалог со нив, тогаш лесно можеме да и поверуваме на истите и се поистоветиме со нив како вистинити, та да се помрачиме и ете го веќе на дело настанал гревот и недај Боже, ако не се освестиме навреме, тогаш може да дојде до несакани нешта и големи последици од тоа.
Молитвата е разговор и заедница со живиот и личносен Бог. Практикувајќи ја молитвата ние нашиот ум и срце го издигаме кон Бога и нашата концентација е во Бог, преку љубовта. Заедничарејќи со Него, Тој ни ја дава и Неговата благодат која е оган за демоните и тогаш тие, едностано, немаат пристап до нас. Тогаш тие се згрчуваат, парализираат и бегаат од нас. И Затоа Господ ни открива “Тој род, демонски, со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”
Молитвата треба секогаш да е поткрепена со постот. Постот не значи само нејадење на одреден вид на храна, туку постот значи воздржување од се што е излишно и непотребно. Со воздржание на нашите мисли, на нашите желби и страсти, ние имаме контрола над самите себе и му ги врзуваме нозете и рацете на ѓаволот и не му дозволуваме да делува врз нас. Затоа постот и молитвата светите отци ги нарекуваат две крилја на нашата душа кон царството небесно. Заради тоа да ги засакаме, постот и молитвата со сета своја душа и сета своја сила, да ги практикуваме и прифатиме со целиот наш живот, та да се јавиме победници над гревот и неосудно да достигнеме да му се поклониме на светото воскресение. Амин . |
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 03:17
Klara-D напиша:
Од која причина напаѓаат ?
|
Целта им е да заведат што е можно повеќе луѓе далеку од Бог. Целта не им е секогаш да ја убијат жртвата, туку уште покорисна им е ако ја користат како медиум со кој што ќе заведуваат други луѓе далеку од Бог. Тоа значи дека тие можат да дејствуваат ефективно и преку бајачи, гледачи, исцелители, разни духовници, гуруа и сл.
Жртви најчесто се луѓе кои вршат идолопоклонство (еве ти еден тазе пример: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0FDE2DA1CEDDDE4CB6AF91776067C88F - 1 Петрово 5:8, Библијата)
Klara-D напиша:
Дали можат да створат зависност ?
|
На каква зависност мислиш?
Klara-D напиша:
Постои ли превентива , терапија , лечење ???
|
„И така, покорете Му се на Бог; спротивставете се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој (Бог) ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4:7-8, Библијата)
„Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот.
Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата,
против властите, против светските владетели на темнината на овој век:
против духовните сили на злото во небесните места.
Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се одбраните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите!
И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата,
обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот!
При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот!
Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово,
со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време,“ (Ефешаните 6:11-18, Библијата)
Сепак најважно од се е да се помириш со Бог, да се покаеш, да поверуваш во Исус и да станеш Божјо дете. Понатаму Бог ја превзема битката за твоето духовно здравје и целосно избавување, а твое е само да соработуваш и да не Му се противиш на Неговиот повик и Господство на твојот живот.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 12:35
EvAngelos напиша:
Жртви најчесто се луѓе кои вршат идолопоклонство (еве ти еден тазе пример: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0FDE2DA1CEDDDE4CB6AF91776067C88F - [COLOR="#003399 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0FDE2DA1CEDDDE4CB6AF91776067C88F[/COLOR - ), се занимаваат со повикување духови, врачарство, баење, гледање на карти, кафе, дланка, кугла, луѓе што се бават со магии, луѓе кои го слават (свесно или несвесно) ѓаволот со темна музика и сл.
|
Ако мислиш дека жената се фрлила од зграда поради идолопоклонство, тогаш размислувањето ти е како на човек од пред нашата ера и секако е неточно. Не си слушнал за психоза очигледно. За среќа, во оваа статија, лекарите одлично ги објаснуваат овие нешта.
Бог да чува од луѓе кои вака размислуваат!
За среќа, медицината одамна го надмина ова размислување, ама за жал, сеуште некои веруваат дека луѓето со психички нарушувања се опседнати од демони.
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 16:23
Македон, кога денешниве лекари би живееле во времето на Исус, би ги дијагностицирале сите демоноопседнати како душевно болни, како луѓе со психички нарушувања. Сепак Исус од нив истерувал демони. Се сложувам дека не секој душевно растроен човек е опседнат од демон, ама убеден сум дека мајка што ги натерала децата да бакнат икони, а потоа ги фрлила низ балкон, а потоа и себе си се фрлила била оспедната од демон. Во ред е да не се согласуваш. Тоа беше моето мислење. Во Библијата има многу примери на насилни луѓе кои напаѓале други луше и сакале да се самоубијат себе и Христос токму од нив истерувал демони.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 18:59
EvAngelos напиша:
Македон, кога денешниве лекари би живееле во времето на Исус, би ги дијагностицирале сите демоноопседнати како душевно болни, како луѓе со психички нарушувања. Сепак Исус од нив истерувал демони.Се сложувам дека не секој душевно растроен човек е опседнат од демон, ама убеден сум дека мајка што ги натерала децата да бакнат икони, а потоа ги фрлила низ балкон, а потоа и себе си се фрлила била оспедната од демон.Во ред е да не се согласуваш. Тоа беше моето мислење. Во Библијата има многу примери на насилни луѓе кои напаѓале други луше и сакале да се самоубијат себе и Христос токму од нив истерувал демони.
|
Никој не спори дека некои луѓе биле демоноопседнати, но, дури и во психијатријата, се познава кога некој е опседнат од демони, а кога некој е болен. Психијатријата им се дава на најдобрите студенти по медицина, тие се лекари, не се шарлатани и одлично ги познаваат сите тие растројства.
Прочитај малку повеќе за овој настан, види со какви нешта се соочила жената во својот живот, па ќе дознаеш зошто го направила тоа што го направила. Прочитај ги и мислењата на психијатрите.
Не си во право ниту за тоа дека лекарите, ако живееле во времето на Исуса, не би правеле разлика меѓу опседнати од демони и болни. Дури и во времето на Христа постоеле санаториуми за болните.
Секако, ти можеш да веруваш во што сакаш, јас го почитувам твоето мислење, но науката не се согласува со истото, а не јас.
Психијатријата денес, особено внимава и на многу необјасниви појави, не ги сместува тие во болести, па не случајно и егзорцистите често се упатувани и на мислења од психијатри пред да се преземе некој радикален чекор за изгонување на демонот.
-------------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 23:35
Што е за психијатријата и психологијата - на пример - Tourette-Syndromот?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 05.Јули.2011 во 14:32
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38). Истото го вели и светиот апостол Павле и тоа на повеќе места. Токму затоа телото е цел на овие напади.
Медицински е докажано дека телото реагира на сексуални дразби иако тоа не е по волја на човекот. Тоа го користат овие демони и напаѓаат, исклучиво ноќе.
На почеток ваквиот демон нуди задоволство се додека жртвата не се навлече и стане зависна. Ако жртвата нема сила да се спротистави , трагичен крај е неминовен.
Има неколку видови на ноќни напади. Во првата група спаѓаат т.н. кошмари или ноќни мори. Вториот тип напади се сврзани со условно кажано физичко присуство на демонот. Чести се комбинации на овие два типови.
Првиот облик се случува кога жртвата е во длабок сон. Нападите почнуваат со сонување на некој сон кој има бизарна содржина. Сонот е со сексуален карактер но постои извесна доза на страв. Жртвата е свесна за сонот и сака да се разбуди, но не може. Првата ноќ сништата се во поскриена форма, завиени, страв речиси и да нема. Потоа како се повторуваат од ноќ во ноќ стануваат пострашни. Сексуалноста во сонот добива демонски-ѕверски карактер. На крај силниот страв го прекинува сонот......
Сонот ја исцрпува жртвата и психички и физички. Таа другиот ден се буди изморена и неспособна за секојдневна активност. Доколку ваквите соништа се повторуваат, тоа го онеспособува човекот и тој бара начин да се ослободи од овие кошмари. Директна опасност нема. Но ако жртвата наредниот ден треба да донесе некаква важна одлука или пак да вози моторно возило, ноќната мора може да заврши фатално. Кај некои поединци се јавува задоволство од сонот. Наредниот ден тие се возбудени и мислите ги насочуваат кон содржината на сонот. Најчесто станува збор за помлади лица. Следната ноќ ќе се повтори нешто слично. После неколку ноќи, почнува да се гледа промена кај човекот. Тој губи интерес за семејството, работата и се друго. Карактерно се менува, а промените не се бавни и постепени. Напротив, сите околу жртвата приметуваат дека нешто чудно се случува. Потоа жртвата станува зависна од демоните и веќе нема сила самата да се ослободи. Последиците се страшни. Најпрво се распаѓа социјалниот статус на човекот. Го губи семејството, пријателите, работата, студирањето и сл. Паралелно се нарушува и здравјето. Најпрво страда нервниот систем, а потоа се јавува анемија, малаксалост, слабеење и постепено исцрпување на жртвата. Подоцна се појавуваат разни хронични и неизлечливи болести, рак и сл. Во терминалниот стадиум жртвата изгледа како долгогодишен наркоман.......
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Јули.2011 во 15:18
Klara-D напиша:
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38). |
Znachenjeto na taa misla, kazhana na deneshen sekojdneven jazik, znachi deka voljata na chovekot e sekogash posilna od negovoto telo. Postojat bezbroj primeri za toa kako chovekot gi nadminal fizichkite limiti (barem onaka kako shto gi znaeme od modernata nauka i nasheto iskustvo) samo zatoa shto imal silna motivacija, zhelba i volja da postigne neshto.
Klara-D напиша:
Истото го вели и светиот апостол Павле и тоа на повеќе места. Токму затоа телото е цел на овие напади. |
Ova e pravoslavna doktrina so cel da gi napadne site chovechki zadovolstva, a kreirana e posebno za da gi demonizira onie seksualnite.
Klara-D напиша:
Медицински е докажано дека телото реагира на сексуални дразби иако тоа не е по волја на човекот.
На почеток ваквиот демон нуди задоволство се додека жртвата не се навлече и стане зависна. Ако жртвата нема сила да се спротистави , трагичен крај е неминовен. |
Nema nishto demonsko vo seksot i seksualnoto zadovolstvo, kako shto nema demonsko nishto vo bilo koe telesno zadovolstvo.
Teloto, takvo kakvo shto e, so negovata anatomija i zadovolstvata koi sledat od nea, e kreirano i podareno od Boga.
Gjavolskoto i demonskoto rabotat vo nasheto Ego koe chesto pati posakuva zadovolstvata da bidat negov ekskluzivitet po sekoja cena (vkluchuvajkji ja i ona na shetta na drugite), kako i na umot koj potoa ova go osmisluva i realizira.
Se razbira, vo ova ne vleguvaat lugjeto koi patat od bioloshki imbalans i poremetuvanja koi denes uspeshno se lekuvaat od strana na modernata medicina, a bilo nemozhno vo minatoto.
Klara-D напиша:
Тоа го користат овие демони и напаѓаат, исклучиво ноќе. |
Demonskoto ne e iskluchivo nokjna manifestacija, no dodeka spieme svesta e iskluchena, a zatoa podsvesta kade shto caruva Egoto e i natamu potpolno aktivna.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 05.Јули.2011 во 15:48
Би додал само кон она што го рече messenger дека кај младите луѓе, особено оние во пубертет, сексуланите соништа се сосема нормална појава во процесот на физиолошко созревање. И тоа е исто така медицински докажано, а со демоните нема никаква врска.
А ако некој млад човек има проблеми со семјството, пријателите, образованието и сл. тогаш треба причината таму и да се бара а не во вилијаниа од страна, демони и сл. Психотерапијата(нема врска со психијатрија, лекови, лудници и сл.) односно добриот психотерапевт преку психотерапевтските разговори може тука многу да помогне.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Јули.2011 во 19:08
Majkl напиша:
Би додал само кон она што го рече messenger дека кај младите луѓе, особено оние во пубертет, сексуланите соништа се сосема нормална појава во процесот на физиолошко созревање. И тоа е исто така медицински докажано, а со демоните нема никаква врска.
А ако некој млад човек има проблеми со семјството, пријателите, образованието и сл. тогаш треба причината таму и да се бара а не во вилијаниа од страна, демони и сл. Психотерапијата(нема врска со психијатрија, лекови, лудници и сл.) односно добриот психотерапевт преку психотерапевтските разговори може тука многу да помогне. |
Може да му помогне во неговите психички проблеми само ако има доверба во душегрижникот! Така?
Од безценета важност за душата е таа да воспостави контакт со Најголемиот Душогрижник (и Исцелител) на сите времиња, да го прими Него во сопственото срце и пред се’ од Него (одтаму) да ја добие неопходната помош!
На сите луѓе а посебно на оние со психички проблеми, психози (и слични демони), одсрце и најискрено им Го посакувам Светиот ДУХ БОЖЈИ, преку Кого ЕДИНСТВЕНИОТ СОВРШЕН БОГ - за спасение на сите - во Исус Христос Ја отелотвори Својата Спасителна Мудрост и преку Кого е во состојба да ги направи најчудесните трансформации и исцелувања!
Амин!
Klara-D напиша:
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38). |
Messenger напиша:
Znachenjeto na taa misla, kazhana na deneshen sekojdneven jazik, znachi deka voljata na chovekot e sekogash posilna od negovoto telo. Postojat bezbroj primeri za toa kako chovekot gi nadminal fizichkite limiti (barem onaka kako shto gi znaeme od modernata nauka i nasheto iskustvo) samo zatoa shto imal silna motivacija, zhelba i volja da postigne neshto.
|
Значењето на таа мисла и случка - но и на други случки во Новозаветните Списи - е дека човековиот дух (колку и да е волјен) поради телесните слабости не е моќен да дојде до крајната цел на Совршената Будност!
Интересно е да се забележи дека Св.Ап. Петар - но и сите останати Апостоли и следбеници - после излевањето на Светиот ДУХ БОЖЈИ веќе никогаш не Го изневеруваат ГОСПОДА, туку будно Му служат дури и во моментите кога поради Него се убивани!
Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои,
колку повеќе Небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?
(Ев. Лука 11:13)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 06.Јули.2011 во 15:18
Среќни поединци или семејства, кои водат богоугоден живот може да станат жртва на вакви напади и тоа најчесто кај најмладите членови. Обично ваквите напади се краткотрајни и безуспешни. Вакви напади може да се насочувани и водени од поединци. Понекогаш таквиот поединец од чиста злоба и завист може да напакости. За нив се вели дека се урокливи, а карактеристична е еден вид симбиотска врска меѓу таков човек и демон. Кај таквиот човек постои свест дека може да им напакости на другите луѓе. Постојат и особи кои свесно општат со демоните и ги користат за секави цели, а и демоните имаат корист од нив. Порано таквите биле нарекувани вештер(к)и, а денес имаат „покултурни“ називи: магови, јасновидци, биоенергетичари и сл. Ваквата личност може да насочи демон кон човек или семејство. Но, ништо не им може на христијани кои водат богоугоден живот. Многу е занимлив фактот што современата наука не дава прецизно објаснување за причините на овие појави. Не дава објаснување ни за т.н. „синдром на изненадна смрт кај бебињата“. Не постои и објаснување за многу случаи на изненадна смрт кај млади тинејџери. И конечно, современата наука не го кажува лекот.
Како да се одбраниме од вакви напади?
Не постои народ кој во своите писмени или усни традиции не споменува вакви работи. Без да се навлегува во деталите, може да се нагласи дека на сите континенти сите народи наведуваат вакви појави, ги нарекуваат со прецизни поими и сите наведуваат дека станува збор за демони.
Гатачите, вештерките, магови и практиканти на источни религии обилно се користат со насочување на демони заради разни причини. Истите се често и цел на такви напади од страна на други слични на нив особи. За да се заштитат, практикуваат една цела низа пагански обреди, додека спијат се чувани од дузина свои ученици, но сето тоа не е ефикасно. При судирот на два магови кои си прават црна магија еден на друг, едниот обавезно страда .....
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 06.Јули.2011 во 17:46
Klara-D , ova vekje mi nalikuva kako tekst izvaden od nekoja hrsitijanska broshura koja e delena od lugje shto chukaat po vrati...
A toa chuvstvo gi imam zatoa shto, kako shto rekov i vo poraneshnata replika na ovaa tema, razlichni raboti se stavaat vo ist kosh i se imenuvaat onaka kako shto mu odgovara nekomu na negovite veruvanja ili doktrina.
"Sindrom na nenadejnata smrt kaj bebinjata" ne e dijagnoza na nekoja bolest tuku e zaednichki termin za razlichni prichini koi dovele so smrtta na bebinjata. Zatoa ne e tochno tvrdenjeto deka toa e neshto nepoznato i ne postoi medicinsko objasnuvanje. Za tvoja informacija, se raboti za spektar na prichini pochnuvajkji od komplikacii sozdadeni poradi pradvremeno ragjanje, pa do nesakano zagushuvanje na bebinjata koi spijat zaedno so svoite roditeli. Sigurno deka megju site niv ima nekoi koi ne se razjasneti od patolozite ili semejstvata ne sakale da gi doznaat.
A kako shto ponekogash ne postojat objasnuvanja za smrtta na nekoi lugje vo bilo koja vozrast, taka ponekogash mozhebi ne postoi objasnuvanje za smrtta i na nekoi tinedzheri.
Korstenjeto na takanarecheniot "sindrom na nenadejna smrt kaj bebinjata" i nekoi nerazjasneti umiranja kaj tinejdzherite za dokazhuvanje oti toa e posledica na rabotenjeto na demoni ne e voopshto seriozna propozicija, tuku nalikuva na nekakvo srednovekovno narodno umuvanje.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 07.Јули.2011 во 23:37
Седум збора, изговорени со срце верно во молитва, можат да допринесат да ја почуствуваме ослободтелната сила ГОСПОДОВА:
И С У С Е
Х Р И С Т Е
М И Л О С Т И В Г О С П О Д И
П О М И Л У Ј
С П А С И
О С Л О Б О Д И
Единствениот и СОВРШЕН БОГ - Кој што на ГОСПОД Исус Христос Му даде чудесна моќ над се’ што е во Небото и земјата - е Чудесен БОГ и моќен да помогне дури и во најтешките проблеми!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 08.Јули.2011 во 13:07
На нападнатиот од демон, телото му е наполно парализирано, но умот е слободен и единствено што помагало е повикот кон Исус на помош. Најмоќна е Исусовата молитва која гласи: Господи, Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене, грешниот. И самото спомнување на светото име Исус е доволно. Нападнатиот е ослободен, се буди од хипнотичката состојба и гладно го вдишува воздухот.....
Messenger тоа погоре е извадок од текст, од еден Владика ,
пишуван по многу истражувања, и со многу примери
но немам дозвола да го објавам неговото име !
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Јули.2011 во 16:02
Nema potreba od povikuvanje na avtoriteti ili imenuvanje na lugje... ova shto si go napishala vodi poteklo ushte od pochetokot na katolicizmot/pravoslavieto i pretstavuva negova teoloshka i doktrinarna srcevina - lugjeto se greshni i Isus, kako Bozhji Sin, doagja za iskupuvanje na grevovite i nivno spasenie.
Kaj drugite religii i veruvanje postojat drugi mantri za isteruvanje duhovi , koi se podednakvo uspeshni kaj niv kako shto e posochenava kaj hristijanite.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 09.Јули.2011 во 13:08
Messenger напиша:
Nema potreba od povikuvanje na avtoriteti ili imenuvanje na lugje... ova shto si go napishala vodi poteklo ushte od pochetokot na katolicizmot/pravoslavieto i pretstavuva negova teoloshka i doktrinarna srcevina - lugjeto se greshni i Isus, kako Bozhji Sin, doagja za iskupuvanje na grevovite i nivno spasenie.
Kaj drugite religii i veruvanje postojat drugi mantri za isteruvanje duhovi , koi se podednakvo uspeshni kaj niv kako shto e posochenava kaj hristijanite.
|
Има една енергија (една лажна змија) за којашто во ниеден случај неможам (и несмеам) да ја наречам света, која што од самиот почеток постојано се труди да го негира гревот и да го наведува човекот понатака да похоти по истиот.
Со таа похот - за жал - (освен Едниот безгрешниот) е инфициран секој човек и род што живеел, што живее и што ќе живее на земјата.
Кој вели дека човековиот грев и одкупната Крв на Единствената безгрешна Милост БОЖЈА е празна доктрина на некоја институција, тогаш тој се противи на Совршената Вистина како што Јаниј и Јамвриј му се противеја на Св.Пр. Мојсеј, а неговите мантри се како моќните маѓии на кои се надеваше египетскиот фараон!
Сите вери, идеологии, мисли, филозофии, ... коишто ја негираат Спасителната Крв на Милоста БОЖЈА и истата Ја наречуваат како (православна/католичка) доктрина или дури измислица, тие се под влијание на нечисти (демонски) енергии, без самите да се свестни за тоа!
БОЖЕ Господи, Кој *поверува на тоа, што го чул од нас и кому му се откри силата Господовата Рака?
Зашто изникна Он пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; немаше во Него ни изглед, ниту величие;
ние Го видовме, и во Него немаше изглед, што ќе не привлекува кон Него.
Он беше *презрен и понизен меѓу луѓето, маж на болки и свикнат на страдања, и ние го одвраќавме од Него лицето свое;
Он беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме.
Но Он ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме, дека Он беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога.
А Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него,
а преку Неговите рани ние се излекувавме.
Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој, - и Господ ги возложи врз Него гревовите наши.
Он беше *измачуван, но стадаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како овца Он беше одведен на колење,
и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја.
(Св. Пр. Исаија 53)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Јули.2011 во 15:38
Spirose, ili si nadvor od temata ili ne gi poznavash drugite religii i veruvanja.
Vo sekoj sluchaj i natamu si ubeden i propagirash deka sekoj koj ne go spodeluva tvoeto veruvanje vo potpolnost znachi deka se protivi na Sovrshenata Vistina na Milosta Bozhja pratena preku Edniot i Bezgreshniot.
I do sega bezbroj pati te prashav, kako edinstven chovek koj ja poznava Vistinskata Sovrshena Vistina, da ni ja obelodenish tuka na site za da ja nauchime i da ne lutame po nevistinite, no kako i sekogash ti toa nikako da go napravish so shto dokazhuvash deka samiot ne ja znaesh.
No zatoa ne propushtash nitu edna tema i nitu eden komentar koj ne se sovpagja so tvoeto lichno (ne)znaenje na Vistinskata Sovrshena Vistina da ne go napadnesh i ne go narechesh demonski sili i gjavolska rabota.
So takvite tvoi repliki izlagash nadvor od temite, gi rasipuvash istite i neargumentirano se konfrotirash so chlenovite ne ostavajkji nikakov prostor za dijalog. Na eden ili drug nachin ova ti e povekje pati kazhano od site chlenovi na forumov i mislam deka e vreme toa da go zemesh na srce, pa samoizbranata "prorochka" uloga i terminologija da gi zamenish so nekoja poskromna koja kje dolikuva za smrten chovek koj doagja na forumov da razmeni mislenja i veruvanja bez postojano da gi osuduva drugite.
Proroci ne ni se potrebni - niv dovolno gi imame vo Knigite.
Sudii ne ni se potrebni - samo Edniot i Edinstveniot sudija e onoj koj kje sudi i presuduva.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: alf
Датум на внесување: 09.Јули.2011 во 18:13
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Јули.2011 во 19:16
Izgleda ne se razbirame...
Ili mozhebi se razbirame, a vo toj sluchaj vie se postavuvate kako proroci.
Patem ako nash*te sinovi go sledat Isusa, namesto nekoi nekoi tolkuvachi, tie nema da ni bidat sudii.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: alf
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 00:38
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 04:18
Jas rekov deka ste proroci. Tolku dobro gi imitirate shto duri i rechnikot i sostavot na rechenicite vi e ist.
A jas (ne znam na koi toa "nie" im se obrakjash, jas samo mozham da zboruvam vo moe ime) nikogash ne sum tvrdel deka sum prorok ili deka ja znam Presvetlata Premudra Vistinska Sovrshena Vistina na Edniot Bog, kako shto postojano nekoi tvrdat deka ja znaat, tuku sekogash sum velel da pojdeme kako religiozni lugje, namesto kako deklarirani vernici na razlichni veri i ubeduvanja, pa samite da se priblizhime do nea, bez strav i predubeduvanja.
Jas odam kon nea, no nekoi navodno vekje ja znaat Sovrshenata Vistina i namesto da ni ja obelodenat postojano ne kritikuvaat zoshto ja barame.
Chudno, ama vistinito.
Taka bilo odsekogash.
Tokmu zatoa go razapnaa i Isusa.
Premnogu prashanja postavuval, premnogu im govorel na lugjeto i premnogu gi vozbuduval mirnite revni vernici i bozhjite sveshtenici koi i togash ja znaele Vistinskata Sovrshena Vistina, dosledno sledejkji go Bozhjiot zbor onaka kako shto im se otkrival vo Knigata.
Nishto ne se smenilo od togash.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: alf
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 10:11
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 17:21
Messenger напиша:
Spirose, ili si nadvor od temata ili ne gi poznavash drugite religii i veruvanja.
Vo sekoj sluchaj i natamu si ubeden i propagirash deka sekoj koj ne go spodeluva tvoeto veruvanje vo potpolnost znachi deka se protivi na Sovrshenata Vistina na Milosta Bozhja pratena preku Edniot i Bezgreshniot.
I do sega bezbroj pati te prashav, kako edinstven chovek koj ja poznava Vistinskata Sovrshena Vistina, da ni ja obelodenish tuka na site za da ja nauchime i da ne lutame po nevistinite, no kako i sekogash ti toa nikako da go napravish so shto dokazhuvash deka samiot ne ja znaesh.
No zatoa ne propushtash nitu edna tema i nitu eden komentar koj ne se sovpagja so tvoeto lichno (ne)znaenje na Vistinskata Sovrshena Vistina da ne go napadnesh i ne go narechesh demonski sili i gjavolska rabota.
So takvite tvoi repliki izlagash nadvor od temite, gi rasipuvash istite i neargumentirano se konfrotirash so chlenovite ne ostavajkji nikakov prostor za dijalog. Na eden ili drug nachin ova ti e povekje pati kazhano od site chlenovi na forumov i mislam deka e vreme toa da go zemesh na srce, pa samoizbranata "prorochka" uloga i terminologija da gi zamenish so nekoja poskromna koja kje dolikuva za smrten chovek koj doagja na forumov da razmeni mislenja i veruvanja bez postojano da gi osuduva drugite.
Proroci ne ni se potrebni - niv dovolno gi imame vo Knigite.
Sudii ne ni se potrebni - samo Edniot i Edinstveniot sudija e onoj koj kje sudi i presuduva.
|
месинџер, ниеден човек несудам, дури нити тие луѓе коишто (поради извесно нечисто и нечесно влијание) ги затвараат очите пред фактот дека секој човек кој што е на земјава роден (се разбира освен Едниот Безгрешниот) е повеќе или помалку инфициран со гревот, кој што потекнува од еден нечист и нечестен извор и без Милоста на Единствениот БОГ неможат вистински да се спасат од инфектот!
Запомни еднаш засекогаш: човекот и луѓето не ги судам, но на гревот, на неговиот отец и на сите оние коишто се заробени во неговата мрежа ... им ја објавувам Радосната Вест!
Слободата БОЖЈА е многу блиску! http://www.smilies.4-user.de">
Поздрав
п.с.Се разбира, отецот на демоните, демоните и сите коишто (свестно или несвестно) им служат, не се радуваат на Радосната Вест за Милоста БОЖЈА, туку имаат добра причина на најразлични (лукави) начини да се борат, да ја релативираат и девалвираат Истата!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 20:49
spiros напиша:
... им ја објавувам Радосната Вест!
|
spirose, taa radosna vest e objavena od Pavle, a ti mozhesh samo da gi povtoruvash negovite zborovi.
Ne objavuvash nishto. Zvuchish kako prorochki imitator koj postojano neshto tvrdi, a samiot ne ume istoto da go argumentira, objasni i potvrdi. Sekoj mozhe da citira delovi od Biblijata i taka da se prezentira kako nekoj koj navodno ja razbral Apsolutnata Vistinska Vistina na Edniot Edinstveniot Bog i na site drugi postojano kje im ja "objavuva" taa Radosna Vest.
No s'e dodeka navistina toa ne se osoznae i kako takvo da se prenese na drugite so svoi zborovi i preku svoeto lichno iskustvo toa ne e nishto drugo osven obichna copy-paste tehnika.
Zatoa ti rekov deka novi proroci ne ni trebaat - vekje dovolno gi imame vo svetite knigi.
Isto taka ne ni trebaat nitu sudii i sudenja na lugjeto, koi rekle ili napravile neshto so shto nie ne se slozhuvame, bidejki ima Eden koj e relevanten za seto toa. Da ne se pravime kadii namesto kadijata.
Ni trebaat osoznaeni religiozni lugje koi mozhat da se spodelat so nas nastrana od sekakvi tolkuvanja, teologii i dogmi.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 02:14
spiros напиша:
п.с. Св. Ап. Павле не е единствениот кој што сведочи за Совршената Вистина, туку сите вистински Пророци, Апостоли и следбеници ! | spiros, респект за кажаново , но тогаш препушти им го нив сведочењето и пророштвото, не ја превземај нивната улога во укажувањето на совршената Вистина. Живеј едноставно според вистината што си ја спознал, а по кој пат ќе одат другите тоа препушти му го на Господ.
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 12.Јули.2011 во 08:50
Злото, со кое што човекот доаѓа во секојдневен допир, живее во него самиот. Желбата за владеење, за угнетување и насилство – од една страна и слепата горда бунтовност што бара самопотвдрување и бесконечен простор за острастените инстинкти – од друга страна. Овие „демони“ суетно дремат на дното на душата, подготвени во секој момент да изрипаат надвор. Нив ги храни чувството на гордото „јас“ кое се доживува како единствен центар на вредности. Растворањето на „јас“ во стихијата на општеството, може да се каже, го ограничува бунтот на индивидуата, а истовремено ја нивелира, ја уништува личноста. Излез од овој ќор – сокак е даден во евангелската заповед: сакај го ближниот како самиот себе“. Оваа заповед повикува на борба против гордите, демоноподобни, егоцентрични начела и за признавање на вредноста на другото „јас“, на борба што треба да го создаде совршениот човек, „новата творба“.
Само жртвената љубов е способна да го победи сатаната и неговите искушенија и лаги, со кои тој сака да не одвои од Бога и од доброто и да не внесе во болната состојба на отровното зло.
Вистинската вера е неодвоива од човечноста. Луѓето кои забораваат на ова наликуваат на ѕидари кои ја ѕидаат зградата без темели, непосредно врз песок. Ваквата зграда е осудена да падне при првата бура (Мат. 7, 24 – 27)
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Јули.2011 во 19:54
Klara-D напиша:
Злото, со кое што човекот доаѓа во секојдневен допир, живее во него самиот. Желбата за владеење, за угнетување и насилство – од една страна и слепата горда бунтовност што бара самопотвдрување и бесконечен простор за острастените инстинкти – од друга страна. Овие „демони“ суетно дремат на дното на душата, подготвени во секој момент да изрипаат надвор. Нив ги храни чувството на гордото „јас“ кое се доживува како единствен центар на вредности. |
Amin!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: melhisedek
Датум на внесување: 16.Јули.2011 во 17:22
eve spored mene najdobrata kniga za toa kako deluvaaat demonite!
http://www.cps.org.rs/ispovest.zip
------------- ----------osana--------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 22:39
Majkl напиша:
spiros, респект за кажаново , но тогаш препушти им го нив сведочењето и пророштвото, не ја превземај нивната улога во укажувањето на совршената Вистина. Живеј едноставно според вистината што си ја спознал, а по кој пат ќе одат другите тоа препушти му го на Господ. |
Јас секако дека - пред се' - се' Му препуштам на ГОСПОД, сведоштвото Апостолско и Пророчко , но кога некој шири невистини или непотполни вистини, тогаш: еве сум, тука стојам и неможам поинаку!
Така на пример баш поради тоа бев тука на 11ти Јули насилно казнет, само затоа што посочив и посведочив дека лагата потекнува од ѓаволот (противникот БОЖЈИ, кој што е водачот на демоните), дека човечкиот грев и Христовиот откуп не е некаква (православно/католичка) догма, туку дека е факт за кого сведочат вистинските Пророци многу пред инкарнирањето на Спасителната Милост БОЖЈА во Исус Христос!
Потребно е да се запомни дека демонитеи нивниот духовен водач, исто како и чедата на лагата и нивниот отец, одсекогаш се труделе и се трудат да го негираат човековиот грев а уште повеќе да Ја негираат Спасителната Крв на Милоста БОЖЈА, Којашто во својата суштина е проштавање!
Поздрав
Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив; ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите.
(1 Петров. 1:11-12)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 23:05
spiros напиша:
Majkl напиша:
spiros, респект за кажаново , но тогаш препушти им го нив сведочењето и пророштвото, не ја превземај нивната улога во укажувањето на совршената Вистина. Живеј едноставно според вистината што си ја спознал, а по кој пат ќе одат другите тоа препушти му го на Господ. | Јас секако дека - пред се' - се' Му препуштам на ГОСПОД, сведоштвото Апостолско и Пророчко , но кога некој шири невистини или непотполни вистини, тогаш: еве сум, тука стојам и неможам поинаку! | Респект кон тебе spirose но тоа е она на кое се обидов да ти свртам внимание, имено дека ти не си повикан од Бога да интервенираш кога некој шири невистини или непотполни невистини.
Но доколку сметаш дека сепак од некој а виша причина ти си тој повиканиот да корегира тогаш тоа значи дека ти ја знаеш и живееш во совршената вистина и дека си Божји пророк. Но ти негираше дека си нешто такво велејќи дека си грешен, недостоен и сл. Поради тоа забележливо е дека изјавата беше противречна, а ти верувај во што сакаш тоа е твое право.
Во врска со твојот коментар дека (наводно) насилно си бил казнет на форумов тоа можеш да го пријавиш кај модераторите или администраторите. Но биди и ти фер и земи во предвид дека можеби и другите членови на форумот твоето пишување евентуално го гледаат како насилно казнување на оние кои не веруваат како тебе во „совршената вистина„.
И не заборавај дека секогаш имаш право да појдеш и на други форуми не само на идивиди, или дури отвориш свој форум или блог па да пишуваш колку што сакаш и како сакаш. Но доколку сме одбрале да пишуваме на идивиди, тогаш доброволно сме рекле ДА за правилата на истиот и сме се согласиле дека во случај да ги прекршиме ќе следи или бришење на постовите, темите или дури и банирање на еден или повеќе денови.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 12:02
Само на Совршениот БОГ Му припаѓа секоја Слава и респект, Мајкле!
јас пак сум само тој кој што сум, како што славејот е тоа што е и што неможе поинаку освен - до смрт - да пее Славејќи Го СОВРШЕНИОТ БОГ. Така имало и има луѓе кои ја почувствувале и доживеале Совршената Вистина и неможат поинаку освен да го Фалат и Слават СОВРШЕНИОТ БОГ со тоа што им е дадено!
Но за жал, одсекогаш имало и има и поинакви души кои се во големо робство на една негативна (демонска) енергија и - исто како што Го мразат Славењето на СОВРШЕНАТА ВИСТИНА - ги мразат и славеите, пробувајќи на најразлични начини да ги замолкнат, елиминираат, отепаат, ... служејќисе со лага, лукавство и слични орудија на темнината !
СОВРШЕНИОТ БОГ на сите нека им биде Милостив, бидејќи и самите незнаат што прават!
Амин!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 09:08
Лилит - првата божја жена и првиот демон
Во хебрејската митологија постојат записи во кои се тврди дека бог на шестиот ден од создавањето, креирал маж и жена заедно да управуваат со светот. Мажот бил Адам, тоа веќе го знаете, но жената се викала Лилит. Ева тогаш уште не постоела. Преданието зборува дека Адам и Лилит се создадени на ист начин, од Земјиниот прав. Но, се тврди дека во чинот на создавање на Лилит, освен Земјиниот прав, имало и примеси од други нечистотии измешани со правот.
Адам и Лилит никогаш не оствариле хармонични односи бидејќи кога тој посакал да легне со неа, таа го одбила, поставувајќи му го прашањето: „Зошто морам да легнам со тебе? И јас сум создадена од прав и потполно сум на исто рамниште со тебе“. Но, Адам решил тоа да го направи на сила. Лилит збеснала и го изговорила божјото магично име (според легендата се тврди дека имала дозвола да го изговори магичното име, за разлика од Адам). Во тој миг се вивнала кон небото и така го напуштила. Преданието понатаму говори дека Лилит станала мајка на сите демони, т.е. мајка на сите што се противат на божјата волја.
Лилит е нашата способност за најдлабоки перцепции зашто преку нив ги откриваме најдлабоките и најмрачните чувства. Секако, Лилит е и „фатална жена“, моќна и сексапилна заводничка. Влијае на соновите, особено на оние сексуалните. Поврзана е со состојбата на транс, хипноза, го олеснува патот на пораките при човечката комуникација со суштества од друга димензија. Поврзана е и со опседнатоста.
Како и Месечината, и Лилит ја поврзуваат со мајчинството, но за разлика од Месечината, која е нежна и тивка, Лилит е строга и дисциплинирана и подготвена е на сè за да ги заштити своите деца. Освен што е заштитничка, Лилит е и самозаштитничка. Таа се штити себеси од „отровните“ емоции и така станува морална заштитничка на емоциите на срамот, вината, омразата, осветата, горчината, зависноста и љубомората.
Месечината ги претставува видливите емоции, додека Лилит го претставува она скриеното и потиснатото. Таа живее и дејствува од „бекстејџот“, главно прикриена. Може да се изразува прикриено и манипулативно, но првенствено и најважно манифестациите ги изразува суптилно.
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 10:53
http://lilit.blog.mk/2006/03/31/lilit-prvata-zhena-na-adam/" rel="nofollow - Лилит првата жена на Адам
<
(Најдов многу различни митови за тоа која е Лилит, ама многу ме мрзи да ги преведувам, а како студент на филолошкиот ни факултет малку ми е срам да ги ставам во оригинал на други јазици, па затоа го ставам ова кое што го најдов на македонски, сите кои што сакаат да знаат нешто повеќе нека ми се обратат и ќе им објаснам подетално)
Грев, сам по себе
Иако приказната за Црната Месечина е само мит, тој, во разни верзии, се провлекува до денес
Лилит, Црната Месечина, според некои легенди, е најстарата жена, првата жена на Адам, постара и од Ева. Иако приказната за неа е само мит, тој, во разни верзии, низ магиската и алхемиската традиција, се провлекува до денес.
Таа е восхитувачкиот ноќен зол дух на сумерската, вавилонската, асирската, персиската, еврејската и арапската митологија. Во третиот милениум пр.н.е., во Сумер била Лил, разорната бура или духот на ветерот. Подоцна, меѓу Семитите од Месопотамија и е придодадено значењето “лауил”,(еврејскиот збор за ноќ), станувајќи ноќен дух кој владее со мажите и жените, предизвикувајќи им еротски сништа. Лилит, својата сексуалност ја доживува како движечка и природна. Во сите митови за создавањето, се појавува како нагонско својство на женското, кое потекнува од бога и ѓаволот и кое е на најнепосреден, исконски начин, поврзано со човечкиот вид.
Ние двајцата сме еднакви
Лилит, според кабалистичката легенда, е создадена пред Ева, во исто време кога и Адам, но не од неговото ребро, туку од земја. Ние двајцата сме еднакви, му рекла на Адам, затоа што сме создадени од земја. Потоа многу се скарале, а Лилит побегнала. Подоцна, три ангели ја нашле во областа околу Црвено Море, што била полна со развратни духови. Се обиделе да ја убедат да се подобри, но таа бесно ги одбила. Кога Адам ја добил втората жена, Ева, Лилит, љубоморна, бесно се нафрлувала врз нивните деца, ловејќи ги во замки.
Денешните амајлии, со ликовите на тројца ангели, луѓето ги носат за да ги зачуваат од злото на убиствената Лилит. Според друга легенда, кавгата меѓу Каин и Авел, всушност, настанала поради неа. Некои во неа ги гледаат трагите на андрогинот, првиот човек и инцестот на првите парови.
Станувајќи непријателка на Ева, таа ја поттикнува незаконската љубов, внесува немир во бракот. Нејзиниот дом е во длабочините на морето, а клетвите настојуваат да ја задржат таму, за да ја спречат да им го загорчува животот на мажите и жените на земјата. Како жена, која е отфрлена или напуштена во полза на друга жена, Лилит претставува омраза кон семејството, брачните парови и децата. Потсетува на трагичната слика на Ламиите во грчката митологија, чудовиштата со кои Грците ги плашеле децата.
Не можејќи да се интегрира во рамките на човечкиот живот, во меѓучовечките и општествените односи, отфрлена е во бездна. Темната страна на личноста Мадона е божицата, Ева грешницата, а Лилит? Лилит е “грев сам по себе”, под услов да се плашиме од својата совест, сопствената природа. Симболизира темнина, прапочеток, страст, разорна сила, сексуален и деструктивен нагон.
Репутацијата, што ја има во митологијата, Лилит ја добила и во астрологијата, каде и се доделени уште подеструктивни влијанија. Нејзе и е припишана одговорноста за предавство, искушенија, заведување, лаги, присила, абортуси, труења, абнормалниот физички, психички или душевен развој.
Според психолошкото толкување, Лилит е “темната страна на личноста”. Станува грев, ако одбиваме да се спознаеме и прифатиме себе си без предрасуди. Додека на Месечината и се припишуваат нашите потсвесни емоционални процеси и инстинкти, кои се појавуваат во нашата свест, Лилит претставува внатрешната активност на нашата потсвест, која ретко се појавува на површина и за која не сме свесни. Но, кога ќе се појави, нејзината енергија доминира со нашето однесување. Таа нема симпатии и милост за нашите слабости. Дејствувајќи длабоко од потсвеста, не доведува до крајност во позитивна и негативна смисла.
Виновна е за нашата емоционална несигурност и неразбирливите стравови, кои не спречуваат да ги оствариме своите желби. Ни нуди нешто што не го препознаваме како свое и од што се срамиме. Оспорувана или потиснувана, енергијата станува деструктивна, доведува до фрустрации, потиснување на сексуалните потреби, комплекс на инфериорност, хистерија и емоционално сексуална незрелост.
Но, ако се афирмира правилно, енергијата се преобразува во креативна сила, лична независност и харизма. Лилит е видот на енергија во човекот, кој одбива да им робува на моралните предрасуди. Таа е слободата, го тера човекот да се реализира како слободна личност, во сообразност со своите карактеристики и нагони.
Нејзината приказна е модерна, затоа што е бунтовна, непослушна, слободоумна во секој, па и сексуален поглед. Таа го носи лицето на денешната жена. За астрономите, Лилит е планетоид, поблизок до Земјата од Месечината, но ја обиколува побавно. Кружи околу Земјата во циклус од 124 дена. Првпат е откриен во 1618 година.
Позицијата на Лилит во наталниот хороскоп зборува за најдлабоките тајни во нејзината потсвест. Знакот и куќата во кои е, ни ги открива тајните. Ги опишува нашите инстинктивни однесувања, егоизмот, сексуалноста, потребата за деструкција и нејзината спротивност, потребата за креативност. Се смета дека од неа потекнуваат и вештерките. Претставите за понижување, бегство, пустелија, осаменост, кои ги следи пламен гнев и одмазда низ заведување, се чести и во легендите за нив. Но, и покрај тоа што се опасни, средбата со нив, може да води кон душевна преобразба.
Шаманистичката симболика зборува токму за таква потера по пророчката, преобразувачка Лилит. До 8 век, пр.н.е, во Сирија и се припишуваат својства, кои ги немала дотогаш- убивање деца. Обидите таа да се негира и потисне, почнале уште во 6 век на старата ера, но таа секогаш се враќала како заводничка и убиец на деца. И ќе се враќа, како што вели пророкот Захарија(13:2), се додека не дојде Месијата и не ги истера сите лоши духови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 19:36
За ова можам да кажам - средбата со вакви битија, ќе го натера оној кој е нападнат од демонот, да после таа средба својот најголем душман, оној кој го мразел од дното на душата, кога ќе го види, да го гушне со солзи радосници.
За демоните има многу пишувано, многу теории, многу објаснувања. Но, факт е дека демон не е ништо друго туку паднат ангел. Духовно битие кое не ја примило Божјата љубов, создавајќи си себе си сопствен пекол, обезличено од Божјиот лик. За да може да се искупи, потребно му е физичко тело во кое ќе функционира за да може да егзистира повторно во физичкиот свет како тело, со цел да го избрка духот на оној кој го запоседнал. Може да запоседне само тело чив дух е слаб, отуѓен од Бога, тело кое паднало пред самото себе како личност и како дух. Во ниту еден друг случај не може да запоседне ниту нападне. Некаде прочитав дека демонот живее во нас. Тоа не е точно, зошто Бог, на нашето раѓање, ни дал дух животен. Тој е Божји дух, зошто ние луѓето сме создадени по неговиот лик. Бог не направил со слободна волја, па така нашата љубов треба да му ја дадеме по својата волја. Дали демонот ќе не запоседне или не, зависи од нашата волја. Но, во нас живее само еден дух, животен, Божји. Ние одлучуваме дали ќе го избркаме и ќе оставиме простор за демонот да влезе или не. Зло е едно - и тоа живее во нас. Демон е друго. Демон е битие обезличено, отуѓено од Бога. Тоа е битие кое се измачува себе си и ужива во сопственото мачење. Тоа што за нас е одвратно, за него е убаво. Аналогно на мува, за нас изметот е одвратен, за мувата е радост и извор на храна. Демонот сака да се мачи себе си и се сити на мачењето на другите. Пример, имате дете. Се радувате на неговата среќа, се ситите на неговите успеси, на неговата среќа. Тоа ве исполнува. Демонот е опачината. Демонот се сити, го исполнува мачењето на детето, се радува на неговата несреќа. Значи, она што за нас е добро и убаво, за демонот е одвратно и грозно. И обратно. Значи, тоа е опачината, другата страна.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 23:41
Majkl напиша:
... имено дека ти не си повикан од Бога да интервенираш кога некој шири невистини или непотполни невистини.
|
Секој верник е повикан од Бога да "интервенира" кога некој шири невистини. Тоа му е должност, да го шири Божјето Слово. И ти исто така си повикан да го шириш Божјето Слово и да интервенираш кога некој шири невистини за него.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 28.Мај.2012 во 13:55
Чија смрт билo кoга ги изгoнила дeмoнитe? И oд чија смрт билo кoга сe плашeлe дeмoнитe какo oд срмтта Христoва?
Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да нe сe служат сo мeчoт, а плашливитe да пoстанат пoмажeствeни? Зарeм нe вeрата Христoва?
Зарeм нe крстниoт знак?
И кoј друг ги увeрил луѓeтo така вo бeсмртнoста какo Христoвиoт крст и вoскрeсeниeтo на тeлoтo Христoвo?”
Смртта на бeзгрeшникoт и крстoт на чoвeкoљубeцoт oднeслe пoгoлeма и трајна пoбeда oткoлку ситe царeви зeмски сo мнoгутe милиoни вoјски. Кoја вoјска билo кoга мoжeла да пoбeди самo eдeн дeмoн? Мeѓутoа, самиoт спoмeн на имeтo на Распнатиoт на крстoт ги тeра вo бeгствo дeмoнскитe вoјски.
O кoга би знаeлe ситe христијани каквo бoгатствo имаат вo имeтo Христoвo и каквo oружјe вo крстoт Христoв! (Пролог)
.....Свeти Атанасиј ...!!!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 28.Мај.2012 во 14:02
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Мај.2012 во 14:33
Tokmu taka.
Egoto vo Judaizmot, Hristijanstvoto i Islamot e narecheno gjavol, a demoni se mislite koi se rodeni i neguvani od nego. Tie se chovekoviot um... tamu se ragjaat, tamu zhivet i tamu umiraat.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 28.Мај.2012 во 15:22
neli smrtta noseshe mir i spokoj?
Neka ljubovta pochiva vo mir.
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 28.Мај.2012 во 15:30
...tebe ochigledno moite zborovi ne ti davaat mir i spokoj...
smrtta da...ama na mislata... ama ti ne mozhesh da znaesh jas shto mislam, neli... - ta nesi mojot profesor hahahaha
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 28.Мај.2012 во 17:13
angeli i demoni... seto toa e proekcija na nasiot um... da ne sme nie lugeto so nasata fantazija tie 'sustestva' ne bi postoele
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 03:32
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=feljton&action=details&record_id=134" rel="nofollow -
Освен оваа агресивна демоноопседнатост, постои и еден друг вид на прикриена демоноопседнатост, кога опседнатиот се прикажува за света личност, знае детали од минатото на лицата со кои комуницира, а во одредени случаи ја претскажува и иднината. Иако овие немаат така агресивни испади, видливи за другите, сепак и тие не помалку се имачувани од демоните.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Суада
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 04:25
Јас лично имам искуство, бев присутна во тој момент кога во селово на едно девојче еден дечко и вршеше егзорцизам, кога почнал тој дечкото да и кажува нешто, оваа го бутнала и почнала да се удира самата од ѕидот, послем тоа излегов надвор и слушав како таа урла внатре и крши све. Девојчето ден денеска не е излечено и си живее така со нив внатре и тие ја водат... Почнала да си збори со нив и така.
------------- Доаѓам тука-себеси се брукам... Ми идИ во глава да си пукам Хехе
|
|