|
Може ли верникот да биде филозоф? |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |||
Sultan Osman
Нов член Регистриран: 23.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Април.2011 во 23:03 |
||
Филозофијата и верата истражуваат голем број исти прашања: Дали постои Бог? Дали постои душа? Која е ултимативната цел во нашиот живот? Што е среќа? Како да бидеме среќни? Од каде доаѓаме? Што ќе биде со нас после смртта? Зошто страдаме? Зошто умираме? Како да живееме?
Сепак, во филозофијата постои посебна карактеристика што ја прави различна од сите други науки. Не во смисла на подобра или понапредна, туку филозофската перспектива е таа на критицизмот и скептицизмот. Она што му се објавува на Пророкот директно или индиректно од Бога, филозофот мора да го најде преку аргумент, анализа ,сомнеж и непристрасност. За разлика од ова, секоја вера бара да веруваш во Бога, а не да истражуваш тоа. к*ранот јасно вели “ Верници се оние кои веруваат во Бога,и после нема да се посомневаат “ ( Сура Хуџурат ). Мухаммед а.с. барал од своите следбеници да размислуваат за Створеното, но не и за Створителот. Филозофијата,напротив бара да си скептичен. А во некои случаи толку скептичен што ќе почнеш да мислеш дека нема никогаш да ја пронајдеш вистината за најбитните работи во животот. Филозофијата не решава практични проблеми. Таа ги тестира нашите најфундаментални верувања, вредности и убедувања, не за да се чустуваме подобро или полошо, не за да бидеме разубедени или добиеме повеќе или помалку од нешто , туку за да стигнеме до исправното, истовремено сфаќајќи дека, да се стигне до исправното може да значи и стигнување до лоша вест. Токму таа карактеристика е причина еден од најголемите теолози во историјата на Исламот,Ел Газали да упати силен атак врз растечкото влијание на Арапската Неоплатонска филозофија на Ал-Фараби и Ибн Сина. Тој во неговата книга „ Некохерентноста на Филзофите “ во 20 точки ги отфрла филозофските тврдења. Со исклучок на 3 точки, според него во сите останати се доаѓа до заклучок дека филозофите може да се обвинат за неверство. За разлика од Газали, неговиот следбеник од Христијанска вера и најголемиот Европски филозоф во средниот век ,Томас Аквински ,пак се обидува да изнајде хармонија меѓу верата и филозофијата. Во неговото дело„Сумма Теологиае“ тој употребува сопствени заклучоци преку Аристотелските премиси, главно во метафизиката на идентитетот, креацијата и предоредбата. Сепак иако Римо-Католичката црква го има прогласено за свој најголем мислител во историјата, голем дел од модерните Римо-Католички теолози не ги наоѓаат неговите учења најпријатни. Дали бил во право Газали или Аквински не е многу значајно во овој случај.Она што навистина вреди да се истражува е тоа колку заедничко имаат верата и филозофијата, и дали воопшто верникот може да се нарече филозоф, или филозофот верник. Филозофот не влегува во портата на филозофијата како некој кој се откажал од Бога, напротив може да поседува се што поседува еден обичен верник, но тој е секогаш свесен дека без разлика колку му значи она што го верува, без разлика колку е посветен на тоа, без разлика колку е емоционално врзан со оние кои се убедени во тоа, филозофот го задржува правото да испрашува и да се сомнева, а тоа е она што верата строго го забранува. Суспендирањето на критичноста и скептицизмот, како и безрезервното прифаќање на Божјата објава е она што го прави човека роб. Она што верата ни наредува да бидеме-а тоа е божји робови, е токму она што филозофијата ни забранува. Затоа на крај доаѓаме до јасен заклучок: Неможеш да си верник а истовремено да ја оценуваш и вреднуваш својата вера. Кога го правиш тоа едноставно си надвор од неа, а кога веруваш чисто и без сомнежи тогаш си внатре. Значи ако сакаш да си филозоф никогаш неможеш да бидеш верник, барем не онаков како што бараат светите божји книги. А доколку сакаш да си верник, а истовремено и филозофски мислител,тогаш тоа значи дека твојто филозофирање ќе се сведи чисто на докажување на верските тврдења како точни преку филозофски методи. Колку може тоа да се нарече филозофија, оставаме на филозофите да проценат… Превземено од: www.plasnica.org |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Веднаш штом ги прочитав првите редови помислив дека не се споиви овие две работи, но во текот на читањето видов дека тоа веќе е образложено, посебно на крајот од текстот:
Со ова се согласувам. Но, нешто дрго ме буни кај верниците:
Некој да се обвини за неверство!!! Незнам (не сум 100 % сигурен), но мислам дека во к*ранот пишува, парафразирам:„муслиманите имаат обврска да се борат против неверниците...“ (ако грешам нека ме коригира некој) Но, оваа борба против неверниците ја има не само во к*ранот, туку и во библијата, каде Исус, меѓу другото, вели: „Кој не е со мене, тој е против мене“. Значи повторно еден вид обвинување, повторно една идеологија (= вера) наметнува некои како непријатели, против кои, нормално, треба да се бори. Во најмала рака, ова закана, ова поделување на луѓето носи чувство на вина, на обесправеност ... а да не зборуваме и за закана од казна (дури и смртна) за тоа што не веруваш во нивната вера, независно муслиманска или христијанска! Навистина не ми е јасно, неможам да замислам, некој да ме обвини за тоа што не верувам во (негова) религија? Дали некој од верниците обвинува некого кој верува? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зборот филозофија доаѓа од старогрчкиот збор φιλοσοφία и значи Љубов кон Мудроста!
φιλο = Љубов σοφία = Мудрост Вистинската филозофија е нешто многу убаво и добро, бидејќи таа во своето трагање одкрива дека Единствениот БОГ е во посед на Највисоката Мудрост, Која е пред се’ и пред Која се’ на небото и земјата треба да се поклони и дека ТОЈ баш таа потполна Мудрост, Која што е фундамент и цел на се’ што е добро и вистинито - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исус Христос! Секоја друга “филозофија“ која не Ја пронаоѓа , не ја увидува и (со збор и дело) не се поклонува на Животопријатната и Милостива Мудрост БОЖЈА, е животонепријатна и суетна “филозофија“, “вера“, “идеологија“, ... која порано или покасно ќе биде обелоденета како таква, каква што е’!
Пред околу 2000 години Живиот БОГ во Исус Христос Ја отелотвори Своја Спасителна Мудрост, Која по својата природа - за разлика од други вери, идеологии и филозофии - е абсолутно Мирољубива и Милостива, постојано во акција да помага на сите, посебно на слабите, болните, обесправените, сиромавите, ...! Кој човек ги затвара очите пред оваа ВИСТИНА и не се активира (со талентите и времето кои му се дарени) заедно со Неа да се бори за БОЖЈОТО Царство и Неговата Милостива Праведност, ... тој човек стои навистина во спротивност со Мудроста БОЖЈА, во спротивност со Царството БОЖЈЕ и е Негов душманин! Од непроценливо значение (за нас и нашите деца) е сите да се разбудиме за БОЖЈАТА Мудрост Прачиста - отелотворена во Исуса Христа - и заедно со Него (одејќи по Неговите абсолутно мирољубиви стапки) да ја водиме Духовната Света Војна, совладувајќи ги - во нас и вон нас - душманите на Совршената Волја БОЖЈА, Која по својата природа е Дух Светол од кого што произлегува : љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост ...! Мудроста БОЖЈА (Исус Христос) вели: Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура! (Ев. Матеј 12:30) На нас сега ни преостанува да се решиме, дали ќе бидеме на Неговата страна или не! Одсрце и на сите луѓе им посакувам, вистински да им се отворат срцата за Мудроста БОЖЈА, да бидат одново (Духовно) преродени и да ги следат само Нејзините/Неговите Свети стапки. АМИН! п.с. Секој човек кој што има барем малку здрав ум и може здраво да мисли или чувствува, тој засигурно ќе дојде до Крајната и Совршена ВИСТИНА - Еднствениот БОГ - и тоа Оној Единствен БОГ во прачистото Срце и Име Исусово! |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се што е со зелени букви се согласувам - филозофијата открива, секогаш за се се’ прашува, се преиспитува, но тоа што следи натаму веќе е теологија, каде нема прашања, преиспитување, недоверба во претходно „откриеното“ и повторно негово испитување!
Потсвесно или не незнам, но пишаното со црвени букви јасно зборува за тоа што претходно го зборував - обвинување, вреѓање, непочитување кон сите кои не се во твојата вера, во твоето учење, во твојата заблуда! И со сите сили се трудите другите да ги придобиете на своја страна! Во спротивно, тие се ваши непријатели т.е. „не се со вас и растураат“! А со таквите се знае ...! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Zlatnik, ISUS rekol deka " Koj ne e so mene, toj e protiv mene ", no nikade nema kazano da se borime protiv onie sto ne se so Nego, tuku naprotiv. Toj ni veli da gi sakame site lugje, bez razlika na vera, nacija,boja na koza ili opstestvena polozba. ISUS ni kazuva vo Propovedta na Gorata ( Matej 5 poglavje ): 43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’. 44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; 45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните. 46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто? 47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците? 48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.” |
|||
SOLI DEO GLORIA
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значи, ако одкрива, ако пронаоѓа, ... тоа нешто било покриено, нешто било сокриено (тајно) за телесните очи, но што е тоа во нас што всушност гледа и сокриеното - во нас и вон нас - го одкрива?! А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во се', па дури и во длабочините Божји. Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот Кој доаѓа од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не со зборови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими. Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е безумство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита. Духовниот, пак, човек испитува се, а него никој не може да го испитува. Зашто, кој го спознал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов. (1 Корин. 2:10-16)
Совршениот БОГ во Името и Срцето Исусово е Чиста Љубов, Мудрост и Милост! Златник, замисли ти одиш покрај изливот на реката Црн Дрим и гледаш во неа луѓе (млади и стари) кои се дават и се наоѓаат во голема животна опасност! Ти исполнет со љубов, милост и солидарност кон овие луѓе - посебно кон децата - самопожртвувано реагираш, фрлајќи спасителна мрежа го рескираш дури и својот скапоцен живот! Арно ама, спасувањето не е толку лесна работа бидејќи многу луѓе на кои им треба помош, многу работа, но малку помошници, малку работници. На кејот - во непосредна близина - гледаш луѓе здрави и јаки кои седат на клупите, го гледаат целото случување, си свират, си пијат пиво, си гледаат сеир и дури некои се мајтаписуваат со драматичните случувања кои се одигруваат пред нивните очи! Кажи ми те молам, дали овие сеирџии и мајтапчии се со тебе или против тебе!? Дали се твои пријатели, дали се ваши пријатели или пак непријатели? Поздрав п.с. Исус и Неговите вистински следбеници никогаш не примениле сила или насилство, нити пак некогаш пролиле крв на нивните душмани, туку само се молеле (и молат) и стпрливо чекале (и чекаат) таквите да се разбудат и освестат за најважното! Изменето од spiros - 12.Април.2011 во 00:07 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дали може верникот да биде филозоф? Може, доколку не е закоравен и слепо се приддржува до доктрините и учењата на сопствената религиозна припадност.
Човек кој е длабоко религиозен но не и пристрасен и заслепен може да верува, изучува и ја практикува и науката без проблем.
|
|||
Beauty fades, dumb is forever
|
|||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Odlicno kazano, bravo... |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Primerot na brat Spiros e ubav, ce odgovoram, tie sto sedat nastrana i igraat majtap - spored mene se neprijateli. Treba da bidat kazneti (na bilo koj nacin) . Jas ce dadam poinakov primer, grupa na teroristi vleguva vo shkola i pocnuva da ubiva deca ti si naoruzan so uste nekolku kako tebe - sto ce rabotish, ce stoish na strana i ce se molish ili ce reagirash i ce gi ubiesh teroristite ???? Ubavo e toa shto go velish deka negovite vistinski sledbenici nikogash ne prolile krv na dushmani. Ubavo e bi sakal toa da go vidam. No svetot i zivotot funkcionira na drug nacin, kako da cekame i da se molime dodeka na primer teroristite ubivaat. Ubavo e tuka da se zboruva za toa cekanje i molenje. No ima ludje koi od razni pricini se vo borba, sekoj den se sretnuvaat so nepravdi vo koi ginat nevini, sto da pravat tie ludje ako se trgnat togash uste povece nevini ce ginat i patat, sto so tie ludje koi morat da zastanat na linijata na ognot i da vozvratat ?????? I da ne zaboravime : И Исус ги совлада, со острицата на мечот, Амалика и неговиот народ. 14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Запиши го ова во книгата за спомен, и врежи во Исусовите уши дека Јас ќе го избришам сосем споменот на Амаликците под небото!” 15 Потоа Мојсеј издигна жртвеник и го нарече: „Господ Ми е Знаме!” 16 Зашто рече: „Господовото знаме во раката! Господ ќе војува против Амаликците од поколение до поколение!” ...Господ му рече на Мојсеја: 2 „Одмазди им се на Мадијанците за Израелевите синови; а потоа ќе им се придружиш на твоите луѓе.” 3 Мојсеј му рече на народот: „Вооружете луѓе од меѓу себе за војна против Мадијанците, за да ја извршат Господовата одмазда врз Мадијанците. 4 Испратете во војна по една илјада од секое Израелево племе!” ....А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи: 6 ”Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.” 7 Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.” 8 А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен. 9 Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави. 10 А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера. ...3:14 luka Го прашаа и војниците: „Што да правиме ние?” И им рече: „Не измачувајте никого и не клеветете, и бидете задоволни со своите плати!” Изменето од Templarius - 14.Април.2011 во 00:19 |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
I mene, mnogu mi se dopadna ona shto Glenn go napisha. Sekoj koj e dlaboko religiozen, ne e pristrasen tuku pokraj veruvanjeto - izuchuva i PRAKTIKUVA! A so toa i se otkriva sebe i svetot. Se dodeka ne uvidish onaka kako shto E... Изменето од viktorija123 - 14.Април.2011 во 15:33 |
|||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Човекот кој што вистински верува во Совршениот БОГ, тој верува и во Совршениот ИЗВОР од Кој потекнува се' што е добро, полезно и животопријатно! Секоја наука и филозофија која што хармонизира со тој животопријатен ИЗВОР, Го разбира и му се поклонува на Совршениот ЗБОР. Секоја “наука“ и “филозофија“ која е слепа за Совршениот и Прамудар ЗБОР, таа не е достојна да се нарече со тоа име, исто како што е случај и со секој “научник“ или “филозоф“ кој што е слеп за Суштината на ВИСТИНАТА!
Најдобрата одбранбена вештина, орудие и сигурносна мерка е: сеењето и култивирањето на Чистото СЕМЕ (Христос) во срцата на потенцијалните терористи (што значи сите ние), а тоа не се прави со оружје (како што го прават неверниците и кривоверците) туку со Љубов и самопожртвуваност, како што ни покажа Инкарнацијата на БОЖЈАТА Мудрост (Исус Христос)! Одсрце посакувам секому очи, уши и срце за Совршената МУДРОСТ Која што е Чиста Љубов! |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ај за неверниците разбравме, ама би сакал да ни објасниш кои се кривоверците? Дали се римокатолиците, протестантите, муслиманите, евреите, будистите... ? Дали само православните се вистински верници, немој сè буквално да сфаќаш...
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Верникот никогаш не може да биде философ. Ако е, тогаш или не е вистински верник или не е вистински философ.
|
|||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |