Испечати | Затвори го прозорот

Може ли верникот да биде филозоф?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24277
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 01:45
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Може ли верникот да биде филозоф?
Постирано од: Sultan Osman
Наслов: Може ли верникот да биде филозоф?
Датум на внесување: 04.Април.2011 во 23:03
Филозофијата и верата истражуваат голем број исти прашања: Дали постои Бог? Дали постои душа? Која е ултимативната цел во нашиот живот? Што е среќа? Како да бидеме среќни? Од каде доаѓаме? Што ќе биде со нас после смртта? Зошто страдаме? Зошто умираме? Како да живееме?

Сепак, во филозофијата постои посебна карактеристика што ја прави различна од сите други науки. Не во смисла на подобра или понапредна, туку филозофската перспектива е таа на критицизмот и скептицизмот. Она што му се објавува на Пророкот директно или индиректно од Бога, филозофот мора да го најде преку аргумент, анализа ,сомнеж и непристрасност.

За разлика од ова, секоја вера бара да веруваш во Бога, а не да истражуваш тоа. к*ранот јасно вели “ Верници се оние кои веруваат во Бога,и после нема да се посомневаат “ ( Сура Хуџурат ). Мухаммед а.с. барал од своите следбеници да размислуваат за Створеното, но не и за Створителот. Филозофијата,напротив бара да си скептичен. А во некои случаи толку скептичен што ќе почнеш да мислеш дека нема никогаш да ја пронајдеш вистината за најбитните работи во животот.

Филозофијата не решава практични проблеми. Таа ги тестира нашите најфундаментални верувања, вредности и убедувања, не за да се чустуваме подобро или полошо, не за да бидеме разубедени или добиеме повеќе или помалку од нешто , туку за да стигнеме до исправното, истовремено сфаќајќи дека, да се стигне до исправното може да значи и стигнување до лоша вест.

Токму таа карактеристика е причина еден од најголемите теолози во историјата на Исламот,Ел Газали да упати силен атак врз растечкото влијание на Арапската Неоплатонска филозофија на Ал-Фараби и Ибн Сина. Тој во неговата книга „ Некохерентноста на Филзофите “ во 20 точки ги отфрла филозофските тврдења. Со исклучок на 3 точки, според него во сите останати се доаѓа до заклучок дека филозофите може да се обвинат за неверство.

За разлика од Газали, неговиот следбеник од Христијанска вера и најголемиот Европски филозоф во средниот век ,Томас Аквински ,пак се обидува да изнајде хармонија меѓу верата и филозофијата. Во неговото дело„Сумма Теологиае“ тој употребува сопствени заклучоци преку Аристотелските премиси, главно во метафизиката на идентитетот, креацијата и предоредбата. Сепак иако Римо-Католичката црква го има прогласено за свој најголем мислител во историјата, голем дел од модерните Римо-Католички теолози не ги наоѓаат неговите учења најпријатни.

Дали бил во право Газали или Аквински не е многу значајно во овој случај.Она што навистина вреди да се истражува е тоа колку заедничко имаат верата и филозофијата, и дали воопшто верникот може да се нарече филозоф, или филозофот верник.

Филозофот не влегува во портата на филозофијата како некој кој се откажал од Бога, напротив може да поседува се што поседува еден обичен верник, но тој е секогаш свесен дека без разлика колку му значи она што го верува, без разлика колку е посветен на тоа, без разлика колку е емоционално врзан со оние кои се убедени во тоа, филозофот го задржува правото да испрашува и да се сомнева, а тоа е она што верата строго го забранува. Суспендирањето на критичноста и скептицизмот, како и безрезервното прифаќање на Божјата објава е она што го прави човека роб. Она што верата ни наредува да бидеме-а тоа е божји робови, е токму она што филозофијата ни забранува.

Затоа на крај доаѓаме до јасен заклучок: Неможеш да си верник а истовремено да ја оценуваш и вреднуваш својата вера. Кога го правиш тоа едноставно си надвор од неа, а кога веруваш чисто и без сомнежи тогаш си внатре.

Значи ако сакаш да си филозоф никогаш неможеш да бидеш верник, барем не онаков како што бараат светите божји книги. А доколку сакаш да си верник, а истовремено и филозофски мислител,тогаш тоа значи дека твојто филозофирање ќе се сведи чисто на докажување на верските тврдења како точни преку филозофски методи.

Колку може тоа да се нарече филозофија, оставаме на филозофите да проценат…

Превземено од: www.plasnica.org



Коментари:
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 06.Април.2011 во 10:20
Originally posted by Sultan Osman Sultan Osman напиша:

Филозофијата и верата истражуваат голем број исти прашања: Дали постои Бог? Дали постои душа? ...

Веднаш штом ги прочитав првите редови помислив дека не се споиви овие две работи, но во текот на читањето видов дека тоа веќе е образложено, посебно на крајот од текстот:
Originally posted by Sultan Osman Sultan Osman напиша:

... Значи ако сакаш да си филозоф никогаш неможеш да бидеш верник, ...

Со ова се согласувам.
Но, нешто дрго ме буни кај верниците:
Originally posted by Sultan Osman Sultan Osman напиша:

... се доаѓа до заклучок дека филозофите може да се обвинат за неверство. ...

Некој да се обвини за неверство!!!изненадување збунетост
Незнам (не сум 100 % сигурен), но мислам дека во к*ранот пишува, парафразирам:„муслиманите имаат обврска да се борат против неверниците...“ (ако грешам нека ме коригира некој)
Но, оваа борба против неверниците ја има не само во к*ранот, туку и во библијата, каде Исус, меѓу другото, вели: „Кој не е со мене, тој е против мене“. Значи повторно еден вид обвинување, повторно една идеологија (= вера) наметнува некои како непријатели, против кои, нормално, треба да се бори.
Во најмала рака, ова закана, ова поделување на луѓето носи чувство на вина, на обесправеност ... а да не зборуваме и за закана од казна (дури и смртна) за тоа што не веруваш во нивната вера, независно муслиманска или христијанска!

Навистина не ми е јасно, неможам да замислам, некој да ме обвини за тоа што не верувам во (негова) религија?
Дали некој од верниците обвинува некого кој верува?


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 09.Април.2011 во 01:42
Зборот филозофија доаѓа од старогрчкиот збор φιλοσοφία и значи Љубов кон Мудроста!
φιλο = Љубов
σοφία = Мудрост

Вистинската филозофија е нешто многу убаво и добро, бидејќи таа во своето трагање одкрива дека Единствениот БОГ е во посед на Највисоката Мудрост, Која е пред се’ и пред Која се’ на небото и земјата треба да се поклони и дека ТОЈ баш таа потполна Мудрост, Која што е фундамент и цел на се’ што е добро и вистинито - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исус Христос!

Секоја друга “филозофија“ која не Ја пронаоѓа , не ја увидува и (со збор и дело) не се поклонува на Животопријатната и Милостива Мудрост БОЖЈА, е животонепријатна и суетна “филозофија“, “вера“, “идеологија“, ... која порано или покасно ќе биде обелоденета како таква, каква што е’!


   





Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


... Но, оваа борба против неверниците ја има не само во к*ранот, туку и во
библијата, каде Исус, меѓу другото, вели: „Кој не е со мене, тој е против мене“. Значи
повторно еден вид обвинување, повторно една идеологија (= вера) наметнува некои како непријатели, против кои, нормално, треба да се бори. ...






Пред околу 2000 години Живиот БОГ во Исус Христос Ја отелотвори Своја Спасителна Мудрост, Која по својата природа - за разлика од други вери, идеологии и филозофии - е абсолутно Мирољубива и Милостива, постојано во акција да помага на сите, посебно на слабите, болните, обесправените, сиромавите, ...!

Кој човек ги затвара очите пред оваа ВИСТИНА и не се активира (со талентите и времето кои му се дарени) заедно со Неа да се бори за БОЖЈОТО Царство и Неговата Милостива Праведност, ... тој човек стои навистина во спротивност со Мудроста БОЖЈА, во спротивност со Царството БОЖЈЕ и е Негов душманин!

Од непроценливо значение (за нас и нашите деца) е сите да се разбудиме за БОЖЈАТА Мудрост Прачиста - отелотворена во Исуса Христа - и заедно со Него (одејќи по Неговите абсолутно мирољубиви стапки) да ја водиме Духовната Света Војна, совладувајќи ги - во нас и вон нас - душманите на Совршената Волја БОЖЈА, Која по својата природа е Дух Светол од кого што произлегува : љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост ...!



Мудроста БОЖЈА (Исус Христос) вели: Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура!

(Ев. Матеј 12:30)






На нас сега ни преостанува да се решиме, дали ќе бидеме на Неговата страна или не!


Одсрце и на сите луѓе им посакувам, вистински да им се отворат срцата за Мудроста БОЖЈА, да бидат одново (Духовно) преродени и да ги следат само Нејзините/Неговите Свети стапки.

АМИН!



   





п.с. Секој човек кој што има барем малку здрав ум и може здраво да мисли или чувствува, тој засигурно ќе дојде до Крајната и Совршена ВИСТИНА - Еднствениот БОГ - и тоа Оној Единствен БОГ во прачистото Срце и Име Исусово!



   


-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 11.Април.2011 во 19:44
Originally posted by spiros spiros напиша:

Зборот филозофија доаѓа од старогрчкиот збор φιλοσοφία и значи Љубов кон Мудроста!
φιλο = Љубов
σοφία = Мудрост
Вистинската филозофија е нешто многу убаво и добро, бидејќи таа во своето трагање одкрива дека Единствениот БОГ е во посед на Највисоката Мудрост, ...
 

Се што е со зелени букви се согласувам - филозофијата открива, секогаш за се се’ прашува, се преиспитува, но тоа што следи натаму веќе е теологија, каде нема прашања, преиспитување, недоверба во претходно „откриеното“ и повторно негово испитување!

Originally posted by spiros spiros напиша:

п.с. Секој човек кој што има барем малку здрав ум и може здраво да мисли или чувствува, тој засигурно ќе дојде до Крајната и Совршена ВИСТИНА - Еднствениот БОГ - и тоа Оној Единствен БОГ во прачистото Срце и Име Исусово!   

Потсвесно или не незнам, но пишаното со црвени букви јасно зборува за тоа што претходно го зборував - обвинување, вреѓање, непочитување кон сите кои не се во твојата вера, во твоето учење, во твојата заблуда! И со сите сили се трудите другите да ги придобиете на своја страна! Во спротивно, тие се ваши непријатели т.е. „не се со вас и растураат“! А со таквите се знае ...!


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 11.Април.2011 во 23:24

 Zlatnik, ISUS rekol deka " Koj ne e so mene, toj e protiv mene ", no nikade nema kazano da se borime protiv onie sto ne se so Nego, tuku naprotiv.

Toj ni veli da gi sakame site lugje, bez razlika na vera, nacija,boja na koza ili opstestvena polozba.

ISUS ni kazuva vo Propovedta na Gorata ( Matej 5  poglavje ):

http://mkbible.net/biblija/index.php - 43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.

http://mkbible.net/biblija/index.php - 44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;

http://mkbible.net/biblija/index.php - 45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

http://mkbible.net/biblija/index.php - 46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?

http://mkbible.net/biblija/index.php - 47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?

http://mkbible.net/biblija/index.php - 48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”



-------------
   SOLI DEO GLORIA


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 11.Април.2011 во 23:47
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Се што е со зелени букви се согласувам - филозофијата открива, секогаш за се се’ прашува, се преиспитува, но тоа што следи натаму веќе е теологија, каде нема прашања, преиспитување, недоверба во претходно „откриеното“ и повторно негово испитување!







Значи, ако одкрива, ако пронаоѓа, ... тоа нешто било покриено, нешто било сокриено (тајно) за телесните очи, но што е тоа во нас што всушност гледа и сокриеното - во нас и вон нас - го одкрива?!




А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во се', па дури и во длабочините Божји.
Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух.
Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот Кој доаѓа од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не со зборови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими.

Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е безумство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита.
Духовниот, пак, човек испитува се, а него никој не може да го испитува.
Зашто, кој го спознал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.


(1 Корин. 2:10-16)







Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Потсвесно или не незнам, но пишаното со црвени букви
јасно зборува за тоа што претходно го зборував - обвинување, вреѓање,
непочитување кон сите кои не се во твојата вера, во твоето учење, во
твојата заблуда! И со сите сили се трудите другите да ги придобиете на
своја страна! Во спротивно, тие се ваши непријатели т.е. „не се со вас и
растураат“! А со таквите се знае ...!





Совршениот БОГ во Името и Срцето Исусово е Чиста Љубов, Мудрост и Милост!

Златник, замисли ти одиш покрај изливот на реката Црн Дрим и гледаш во неа луѓе (млади и стари) кои се дават и се наоѓаат во голема животна опасност!

Ти исполнет со љубов, милост и солидарност кон овие луѓе - посебно кон децата - самопожртвувано реагираш, фрлајќи спасителна мрежа го рескираш дури и својот скапоцен живот!
Арно ама, спасувањето не е толку лесна работа бидејќи многу луѓе на кои им треба помош, многу работа, но малку помошници, малку работници.
На кејот - во непосредна близина - гледаш луѓе здрави и јаки кои седат на клупите, го гледаат целото случување, си свират, си пијат пиво, си гледаат сеир и дури некои се мајтаписуваат со драматичните случувања кои се одигруваат пред нивните очи!

Кажи ми те молам, дали овие сеирџии и мајтапчии се со тебе или против тебе!?
Дали се твои пријатели, дали се ваши пријатели или пак непријатели?




Поздрав

   





п.с. Исус и Неговите вистински следбеници никогаш не примениле сила или насилство, нити пак некогаш пролиле крв на нивните душмани, туку само се молеле (и молат) и стпрливо чекале (и чекаат) таквите да се разбудат и освестат за најважното!









-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 12.Април.2011 во 19:11

Дали може верникот да биде филозоф?

Може, доколку не е закоравен и слепо се приддржува до доктрините и учењата  на сопствената религиозна припадност.
Човек кој е длабоко религиозен но не и пристрасен и заслепен може да верува, изучува и ја практикува и науката без проблем.
 


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 13.Април.2011 во 23:56
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Дали може верникот да биде филозоф?


Може, доколку не е закоравен и слепо се приддржува до доктрините и учењата  на сопствената религиозна припадност.

Човек кој е длабоко религиозен но не и пристрасен и заслепен може да верува, изучува и ја практикува и науката без проблем.

 



Odlicno kazano, bravo...

-------------
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.


Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 14.Април.2011 во 00:09
Originally posted by spiros spiros напиша:


Златник, замисли ти одиш покрај изливот на реката Црн Дрим и гледаш во неа луѓе (млади и стари) кои се дават и се наоѓаат во голема животна опасност!

Ти исполнет со љубов, милост и солидарност кон овие луѓе - посебно кон децата - самопожртвувано реагираш, фрлајќи спасителна мрежа го рескираш дури и својот скапоцен живот!
Арно ама, спасувањето не е толку лесна работа бидејќи многу луѓе на кои им треба помош, многу работа, но малку помошници, малку работници.
На кејот - во непосредна близина - гледаш луѓе здрави и јаки кои седат на клупите, го гледаат целото случување, си свират, си пијат пиво, си гледаат сеир и дури некои се мајтаписуваат со драматичните случувања кои се одигруваат пред нивните очи!

Кажи ми те молам, дали овие сеирџии и мајтапчии се со тебе или против тебе!?
Дали се твои пријатели, дали се ваши пријатели или пак непријатели?




Поздрав

   





п.с. Исус и Неговите вистински следбеници никогаш не примениле сила или насилство, нити пак некогаш пролиле крв на нивните душмани, туку само се молеле (и молат) и стпрливо чекале (и чекаат) таквите да се разбудат и освестат за најважното!










Primerot na brat Spiros e ubav, ce odgovoram, tie sto sedat nastrana i igraat majtap - spored mene se neprijateli. Treba da bidat kazneti (na bilo koj nacin) .
Jas ce dadam poinakov primer,
grupa na teroristi vleguva vo shkola i pocnuva da ubiva deca ti si naoruzan so uste nekolku kako tebe - sto ce rabotish, ce stoish na strana i ce se molish ili ce reagirash i ce gi ubiesh teroristite ????
Ubavo e toa shto go velish deka negovite vistinski sledbenici nikogash ne prolile krv na dushmani. Ubavo e bi sakal toa da go vidam. No svetot i zivotot funkcionira na drug nacin, kako da cekame i da se molime dodeka na primer teroristite ubivaat. Ubavo e tuka da se zboruva za toa cekanje i molenje. No ima ludje koi od razni pricini se vo borba, sekoj den se sretnuvaat so nepravdi vo koi ginat nevini, sto da pravat tie ludje ako se trgnat togash uste povece nevini ce ginat i patat, sto so tie ludje koi morat da zastanat na linijata na ognot i da vozvratat ??????


I da ne zaboravime :

И Исус ги совлада, со острицата на мечот, Амалика и неговиот народ.

14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Запиши го ова во книгата за спомен, и врежи во Исусовите уши дека Јас ќе го избришам сосем споменот на Амаликците под небото!”

15 Потоа Мојсеј издигна жртвеник и го нарече: „Господ Ми е Знаме!”

16 Зашто рече: „Господовото знаме во раката! Господ ќе војува против Амаликците од поколение до поколение!”


...Господ му рече на Мојсеја:

2 „Одмазди им се на Мадијанците за Израелевите синови; а потоа ќе им се придружиш на твоите луѓе.”

3 Мојсеј му рече на народот: „Вооружете луѓе од меѓу себе за војна против Мадијанците, за да ја извршат Господовата одмазда врз Мадијанците.

4 Испратете во војна по една илјада од секое Израелево племе!”



....А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи:

6 ”Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.”

7 Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.”

8 А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен.

9 Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави.

10 А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера.


...3:14 luka

Го прашаа и војниците: „Што да правиме ние?” И им рече: „Не измачувајте никого и не клеветете, и бидете задоволни со своите плати!”





-------------
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 14.Април.2011 во 15:26
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Дали може верникот да биде филозоф?


Може, доколку не е закоравен и слепо се приддржува до доктрините и учењата  на сопствената религиозна припадност.

Човек кој е длабоко религиозен но не и пристрасен и заслепен може да верува, изучува и ја практикува и науката без проблем.

 



Odlicno kazano, bravo...


I mene, mnogu mi se dopadna ona shto Glenn go napisha.
Sekoj koj e dlaboko religiozen, ne e pristrasen tuku pokraj veruvanjeto - izuchuva i PRAKTIKUVA! A so toa i se otkriva sebe i svetot.

Se dodeka ne uvidish onaka kako shto E...





-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Април.2011 во 19:42
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Дали може верникот да биде филозоф?


Може, доколку не е закоравен и слепо се приддржува до доктрините и учењата  на сопствената религиозна припадност.

Човек кој е длабоко религиозен но не и пристрасен и заслепен може да верува, изучува и ја практикува и науката без проблем.

 



Odlicno kazano, bravo...


I mene, mnogu mi se dopadna ona shto Glenn go napisha.
Sekoj koj e dlaboko religiozen, ne e pristrasen tuku pokraj veruvanjeto - izuchuva i PRAKTIKUVA! A so toa i se otkriva sebe i svetot.

Se dodeka ne uvidish onaka kako shto E...






да















-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 14.Април.2011 во 22:52

Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Дали може верникот да биде филозоф?


Може, доколку не е закоравен и слепо се приддржува до доктрините и учењата  на сопствената религиозна припадност.

Човек кој е длабоко религиозен но не и пристрасен и заслепен може да верува, изучува и ја практикува и науката без проблем.

 





Човекот кој што вистински верува во Совршениот БОГ, тој верува и во Совршениот ИЗВОР од Кој потекнува се' што е добро, полезно и животопријатно!

Секоја наука и филозофија која што хармонизира со тој животопријатен ИЗВОР, Го разбира и му се поклонува на Совршениот ЗБОР. Секоја “наука“ и “филозофија“ која е слепа за Совршениот и Прамудар ЗБОР, таа не е достојна да се нарече со тоа име, исто како што е случај и со секој “научник“ или “филозоф“ кој што е слеп за Суштината на ВИСТИНАТА!




Originally posted by Templarius Templarius напиша:



Primerot na brat Spiros e ubav, ce odgovoram, tie sto sedat nastrana i igraat majtap - spored mene se neprijateli. Treba da bidat kazneti (na bilo koj nacin) .
Jas ce dadam poinakov primer,
grupa na teroristi vleguva vo shkola i pocnuva da ubiva deca ti si naoruzan so uste nekolku kako tebe - sto ce rabotish, ce stoish na strana i ce se molish ili ce reagirash i ce gi ubiesh teroristite ????






Најдобрата одбранбена вештина, орудие и сигурносна мерка е: сеењето и култивирањето на Чистото СЕМЕ (Христос) во срцата на потенцијалните терористи (што значи сите ние), а тоа не се прави со оружје (како што го прават неверниците и кривоверците) туку со Љубов и самопожртвуваност, како што ни покажа Инкарнацијата на БОЖЈАТА Мудрост (Исус Христос)!



Одсрце посакувам секому очи, уши и срце за Совршената МУДРОСТ Која што е Чиста Љубов!


   

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Април.2011 во 08:34
Originally posted by spiros spiros напиша:


Најдобрата одбранбена вештина, орудие и сигурносна мерка е: сеењето и култивирањето на Чистото СЕМЕ (Христос) во срцата на потенцијалните терористи (што значи сите ние), а тоа не се прави со оружје (како што го прават неверниците и кривоверците) туку со Љубов и самопожртвуваност, како што ни покажа Инкарнацијата на БОЖЈАТА Мудрост (Исус Христос)!
 
Ај за неверниците разбравме, ама би сакал да ни објасниш кои се кривоверците? збунетост Дали се римокатолиците, протестантите, муслиманите, евреите, будистите... збунетост? Дали само православните се вистински верници, немој сè буквално да сфаќаш... голема%20насмевка


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Април.2011 во 08:41
Верникот никогаш не може да биде философ. Ако е, тогаш или не е вистински верник или не е вистински философ. среќа


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 15.Април.2011 во 16:31

 Filosofijata e potraga po mudrosta.

Trgnuvajki od faktot deka sekoja religija si ima svoja filozofija , togas od edna strana vernikot e i filozof , barem na svoeto veruvanje.

No za Hristijanite ima posebno predupreduvanje od Apostol Pavle :

  Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа;

                          ( Kolosjanite 2:8 )

Sto saka Apostol Pavle da kaze so ova?

 Nie kako Hristijani sme ubedeni deka ja imame Vistinata. Vo mnogu religii moze da se najdat slicni veruvanja i vrednosti i toa e vo red.

No bi bilo pogresno za nas dokolku bideme zavedeni od covecki ucenja , koi se sprotivni na Bozjite ucenja.


-------------
   SOLI DEO GLORIA


Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 15.Април.2011 во 23:43
Originally posted by spiros spiros напиша:










Најдобрата одбранбена вештина, орудие и сигурносна мерка е: сеењето и култивирањето на Чистото СЕМЕ (Христос) во срцата на потенцијалните терористи (што значи сите ние), а тоа не се прави со оружје (како што го прават неверниците и кривоверците) туку со Љубов и самопожртвуваност, како што ни покажа Инкарнацијата на БОЖЈАТА Мудрост (Исус Христос)!





Ok sega pretera, pa ti sakash da kazes deka sekoj vojnik e nevernik ili krivoverec, ti koj sedish nekade zaboden vo nekoja debela fotelja i na sekogo mu solish pamet so nekoi citati za nekoja sovrshena mudrost i vistina koja ni ti ne ja znaesh. Izlezi i vidi sto se slucuva, za promena poslushaj nekoj drug sem samiot sebe si, ludje ginat sekoj den vo borba protiv terorizmot i ti pak uporno zboruvash za nekoe seme i atakuvash na tie shto se borat.
Pa daj ti se molam tvoeto ego e golemo kako moreto.
Nemas doblest da diskutirash ako ne e po tvoeto, na sekoja tema sekoj tvoj post e ist i si igrash slikovnici po forumov.
Se kriesh so razni frazi i izrazi zad Hrista, poturnuvajci go nego i kade treba i kade netreba.
Ti koj ja znaesh sovrshenata vistina, ako e toa vistina podobro nikogash da ne ja znam.
Vo zavitkana forma site ovdeka na forumov ne stavash vo redovi na nevernici krivovernici i sto jas znam ooooo ti presvetol spirose, dodeka site te pocituvame i se trudime da razvieme nekoja diskusija so tebe i so tvoeto ego, ti toa go zloupotrebuvash ....

-------------
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 16.Април.2011 во 00:33


Не егото на спирос, не на темплариус, ... туку Решението е во Христа, а Христос во нас е спасение за сите, се друго е ветер и магла!

Денот доаѓа кога сите терористи и антитерористи, сите оружјепоседувачи и сите произведувачи, сите што имаат лична корист од конфликти и сите што немаат лична корист од конфликти, ... ќе го увидат тоа!


БОГА во Христа секое срце ќе го препознае, секој јазик ќе го признае, секое колено пред Него ќе клекне и освен за Волјата и Царството БОЖЈЕ, за ништо друго повеќе нама да ни текне!


Биди благословен ...!

п.с. јас лично воопшто не се чувствувам супериорен нити во однос на неверниците, нити во однос на кривоверниците и воопшто не стојам на располагање како светилник, како ориентир, затоа кон мене нити треба некој да се врти, нити да ги следи моите стапки, но Христос е БОЖЈИОТ Светилник Спасителен, во Него е правата Правда, Љубов и Вера, а Неговите Стапки водат засигурно во Спасение, на Небото и на земјата!

п.п.с. Замисли што ќе се случи (?), кога само 10% од паричните средства кои што се даваат за производство на оружје (како последица и потреба од антихристијанско однесување) ќе течат во едукација, култивација и проекти за кои бие Христовото Срце и се Чиста Волја БОЖЈА!!!





Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Верникот никогаш не може да биде философ. Ако е, тогаш или не е вистински верник или не е вистински философ. среќа



Мудроста БОЖЈА - Христос - е Господарот над господарите, Пророкот над пророците, Мудрецот над мудреците, Кралот над кралевите, Лекарот над лекарите, ... но и Филозофот над филозофите!

Запознај Го вистински БОГА во Христа!
Тој е Се'држител, а Неговиот Жив и Вечен Збор е Извор, од Кого се' (што е вистинско и добро) потекнува!


Биди благословен ...!



-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Април.2011 во 09:18
Originally posted by spiros spiros напиша:



Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Верникот никогаш не може да биде философ. Ако е, тогаш или не е вистински верник или не е вистински философ. среќа


Биди благословен ...!
 
голема%20насмевкаголемо%20гушкање


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 16.Април.2011 во 12:22
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Верникот никогаш не може да биде философ. Ако е, тогаш или не е вистински верник или не е вистински философ. среќа


Напротив. Еден од луѓето на кои им се должи првото словенско писмо, е св. Рамноапостолен Кирил Философ Солунски. А учител на св.Кирил во Цариград бил еден од најучените луѓе, кои покрај другото, ја проучувале и философијата, а тоа е св.Фотиј Цариградски. Тој е еден од столбовите на византиската философија.




-------------


Постирано од: vanesa
Датум на внесување: 17.Април.2011 во 09:37
Ne dali mozhe, tuku neophodno e vernikot da bide i filozof.

-------------


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 18.Април.2011 во 15:06
Originally posted by spiros spiros напиша:

... п.с. јас лично воопшто не се чувствувам супериорен нити во однос на неверниците, нити во однос на кривоверниците ...

Овие знам кои се, бидејќи и јас сум еден од нив,свиркање
Но, незнам кои се дугиве?глупчо


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 18.Април.2011 во 15:11
верник е философ по дифолт
а како да не е, кога самата вера е философија и нишо више

дајте нешо реално брејголема%20насмевка



-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: pajser
Датум на внесување: 18.Април.2011 во 17:43
 vernik i po shto sakash ti., pa i po defolt e onoj shto go odi patot na zhivotot  trnliv
 
 verata e ona vo sht ti nishto ne veruvash
 
 ednash ti predlozhiv neshto realno no ti se zgrozi od toa ., i ti beshe pod chest a sega barash realno ., ., te vodam vo gostivarsko da vidish shto e realno., koga veke barash., da ne bide posle zoshto na tiда


-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 18.Април.2011 во 18:37
nekoj tuka zamesao veronautiku s socijalu
смеење

смеење

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 23.Јуни.2011 во 12:56

Кога преподобниот Теодор Освештен беше во Панополе заедно со својот духовен отец св. Пахомије, одненадеж му се приближи некој филозоф и веднаш отпочна расправија со него околу верата. И му постави филозофот три прашања на Теодор:

1. Кој не се роди, а умре?

2. Кој се роди, а не умре?

3. Кој умре, а не се распадна?

Теодор му одговори моментално, без размислување:

1. Адам не се роди, а умре

2. Енох се роди, а не умре

3. Жената на Лот умре и не се распадна

И потоа продолжи и му рече: „Послушај го овој наш здрав совет, отфрли ги бескорисните прашања и схоластички силогизми, пристапи кон Христа на кој му служиме и ќе добиеш простување на гревовите“

Филозофот занеме од мудриот одговор и посрамен, се повлече.

Јасно се гледа огромната разлика меѓу еден атеистички филозоф и еден христијански светител. И додека првиот е изгубен во апстракции, двосмислени зборови, логични парадокси и умствена гимнастика, другиот го насочил целокупниот свој разум на живиот Бог и спас на душата. Првиот е практично мртов а другиот ќе биде награден со вечен живот.

Извадок од „Охридски Пролог“



Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Јуни.2011 во 13:04
Toa e doktrina spored Hristijanstvoto.

Ako prashash musliman kje dobiesh drug odgovor, od budist kje sledi neshto treto, od scientolog kje imame chetvrto i t.n.

Sekoj spored svojata filozofija.

Znaete zoshto Hristijantvoto najmalu e proshireno vo Kina? Zatoa shto koga doshle prvite hristijanski misioneri so Bozhjata poraka ovie gi zaprashale:

- Ami ako Bog e semokjen i site sme Negovi cheda, togash zoshto tolku vreme mu trebashe da pristigne kaj nas?


 


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 25.Јуни.2011 во 00:30
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


... Znaete zoshto Hristijantvoto najmalu e proshireno vo Kina? Zatoa shto koga doshle prvite hristijanski misioneri so Bozhjata poraka ovie gi zaprashale:- Ami ako Bog e semokjen i site sme Negovi cheda, togash zoshto tolku vreme mu trebashe da pristigne kaj nas? 




Не само кинезите, туку сите самобендисани “источни“ и “западни“ филозофии (или поточно кажано: широките маси во ними) слепи се, глуви се и не се свестни за се'присатноста на БОЖЈАТА Мудрост (Логос), преку Која е се' створено и која е пред се' што е створено!

Баш Таа Мудрост е Првороденото Чедо БОЖЈЕ и сите кои (со збор и дело) ја препознаваат и признаваат, се БОЖЈИТЕ вистински Чеда!

Ако “истокот и западот“ имаат нешто добро (а сигурно дека имаат) тогаш е тоа црпено баш од Мудроста БОЖЈА, за која многумина се'уште спијат!



Пратија позитивната линија на кинескиот конфуцијанизам, таоизам, ... но дури и на кинескиот комунизам и ќе видиш до Кој Корен ќе те однесе истата.

Поздрав




п.с. Генијалното на Радосната Вест (која во твојот пример кинезите ја одбиваат) е тоа што баш таа Радосна Вест, таа Вечната Мудрост БОЖЈА беше отелотворена во Човек (Исус) - сличен како нас сите, само без грев - и како таков од страна на “мудрите“ евреи и неевреи (исто така) не беше препознаена и прифатена, туку ...   

п.п.с. Денес има многу кинези кои поради БОЖЈАТА Мудрост и Нејзината Прачиста Инкарнација (Исус) гнијат по затвори, или трпат најразлични репресалии!




-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јуни.2011 во 04:48
Originally posted by spiros spiros напиша:


п.п.с. Денес има многу кинези кои поради БОЖЈАТА Мудрост и Нејзината Прачиста Инкарнација (Исус) гнијат по затвори, или трпат најразлични репресалии!




Bog da chuva !!!

Ova mora da e del od tvojata Sovrshena Vistina !




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 25.Јуни.2011 во 20:16


Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Bog da chuva !!!
Ova mora da e del od tvojata Sovrshena Vistina !





Не, ова е само моја лична констатација за реалноста на следбениците Христови во кина, којашто иако не е толку лоша како онаа во северна кореја, таа сепак е далеку од онаа која што ја имаат кинеските филозофии во земјите со христијанска етика и од која би можеле многу држави во светот да земат урнек!






-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk