IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Вегетаријанска храна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вегетаријанска храна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
Прашање: сакате ли да јадете вегетаријанска храна
Одговор Гласови Статистика
3 [42,86%]
3 [42,86%]
1 [14,29%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2011 во 05:17

Компири во сол

Потребно:

* 4 компири
* 2 лажици маслиново масло
* 1 кг крупна морска сол
* сол
* бибер
* 4 лажици кисела павлака
* 4 парчиња шунка

Приготвување: истријте ги компирите со остра четкичка, измијте ги добро и премачкајте ги со маслиново масло. Сипете морска сол во тавчето, а врз неа распоредете ги компирите, претходно посипани со сол и со бибер. Прекријте го тавчето со алуминиумска фолија и печете го 30 минути во рерна загреана на 200 степени. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути. Расечете ги печените компири во вид на крст, малку раздвојте ги отворите и во нив ставете од павлаката. Ставете по едно парче шунка врз компирите и сервирајте ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2011 во 05:56

Ѕвездички со маслинки

Потребно:

* 1 пакување лиснато тесто
* 8 парчиња гауда
* 50 г црни маслинки
* 50 г рендан пармезан
* 1 чешне лук
* 1 јајце
* сол
* бибер
* 1 лажица маслиново масло

Приготвување: исчистете ги маслинките од семките, па изгмечете ги во аван заедно со лукот и со маслото. Поделете го тестото на два дела, па едниот расучете го во кора. Распоредете го филот од маслинките врз кората, ставете ги парчињата гауда, па прекријте го со другата расучена кора. Изматете го јајцето со пармезанот, солта и биберот, па премачкајте го тестото. Така подготвеното тесто исечете го во облик на ѕвездички. Наредете ги ѕвездичките во тавче и печете ги 15 минути во рерна загреана на 210 степени.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 16:17
Originally posted by емил емил напиша:

Потребно: 4 парчиња шунка

Ставете по едно парче шунка врз компирите и сервирајте ги.
Шунка во вегетаријанска храна?

Или се работи за некоја растителна шунка? Ако да, која и каде може да се набави?
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 19:58

Торта од пченкарен гриз

Потребно:

* 2 чаши пченкарен гриз
* 8 чаши вода
* 100 г суво грозје
* малку морска сол
* 1 лажица масло
* јагоди или сезонско овошје

Приготвување: сварете го пченкарниот гриз во водата во која сте додале сол, со постојано мешање. Додадете го измиеното суво грозје, па варете и понатаму, додека не добиете густа смеса. Со масло премачкајте го калапот за куглоф, сипајте ја смесата во него и оставете ја да се стврдне. Откако сосема ќе се излади, смесата извадете ја од калаот, ставете ја во плитка чинија и богато украсете ја со јагоди (или сезонско овошје).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 00:33

Потпечен спанаќ

Потребно:

1 кг спанаќ
500 г компири
100 мл млеко
2 жолчки
40 г путер + за калапите
100 г рендан пармезан
2 лажици масло
малку рендано морско оревче
сол
бибер

Приготвување: излупените компири исечете ги на помали парчиња и сварете ги во солена вода. Посебно сварете го и добро исцедете го спанаќот. Во блендер ставете ги компирите, спанаќот, путерот, пармезанот, жолчките, солта, биберот, ренданото морско оревче и млекото, па добро измиксирајте ги. Спанаќот распоредете го во 6 керамички чинивчиња и потпечете го во добро загреана рерна.

Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 01:07
vegeterijanska hrana......so puter, jajca , mleko, parmezanзбунетост
Da ne pametuvam mnogu .....nekako moram da pisham ....,pravata vegeterijanska ishrana e zasnovana na zelenchuk ovoshje, meshunki i aj da kazeme i semki. Pretpostavuvam  ke kazesh..... ima razni grupi na vegeterijanci shto kombiniraat mleko i  jajca ili samo mleko i mlechni proizvodi no sepak "ne konzumirat meso i mesni proizvodi "
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 11:51
Најверојатно Емил ги утнал рецептите, кај вегетаријанскиот начин на исхрана производите од животинско потекло се исклучени.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 20:47
Originally posted by renatax renatax напиша:

Најверојатно Емил ги утнал рецептите, кај вегетаријанскиот начин на исхрана производите од животинско потекло се исклучени.
Тоа е веганска исхрана. Вегетаријанската исхрана опфаќа поширок опсег, но исклучува месо и месни продукти(вклучувајќи ја и шунката).
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2011 во 05:21

Компот од тиквички

Потребно:

* 1 кг тиквички
* 2 главици кромид
* 50 мл маслиново масло
* 2 лимона
* 2 гранчиња нане
* сол
* бибер

Приготвување: измиените тиквички исечете ги на коцкички. Кромидот ситно исечкајте го, па измешајте го со тиквичките, сокот од двата лимона, солта, биберот и маслото. Сето тоа прелијте го со 500 мл вода и варете го 30 минути. Откако ќе се излади, до послужување ставете го во фрижидер да се лади. Пред да ги послужите тиквичките, во нив измешајте ги ливчињата од нането.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2012 во 13:22

Брокула во сос од четри видови сирење



Речиси секогаш, јадењата во рестораните кои се состојат од сосови од четри видови сирења се помеѓу најскапите. Без разлика дали се во комбинација со месо, тестенина или зеленчук. Но, вистината е дека овој сос се приготвува многу едноставно и повеќе не морате да плаќате скапо по рестораните за да уживате во неговиот фантастичен вкус.

Брокула во сос од четри видови сирењеСо овој рецепт, сосот ќе можете да го приготвите самите. За само неколку минути, ќе го имате мирисот и вкусот на Италија во вашата кујна. Ние, денес го приготвивме со кралицата на здрвјето — брокулата. Пригответе го и уживајте!

СОСТОЈКИ
• 2 чаши хопла за готвење
• ½ чаша путер
• ½ чаша рендан пармезан
• ½  чаша иситнета моцарела
• ½ чаша иситнета горгонѕола
• ½ чаша иситнето проволоне
• 1 цвет брокула
• бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во огноотпорен сад со средна големина, измешајте ја хоплата (доколку немате хопла, можете да направите смеса од млеко и брашно) со путерот. На тивок оган, мешајте дoдека не се растопи путерот. Постепено додавајте ги сирењата (не мора да ги употребите овие сирења, можете да направите друг избор по ваш вкус) едно по едно и мешајте додека не се растопат. Во меѓувреме, на пареа сварете ја брокулата. Доволно е да ја варите само неколку минути, за да остане крцкава. Процедете ја брокулата, прелите ја со сосот, ставете бибер и уживајте.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 14:20

Брокули со кашкавал и крекери


Состојки:

1,5 кг брокули, исечени на цветчиња

500 г рендан мешан кашкавал

100 мл млеко

70 мл неутрална хопла

сол и црн пипер

1 лажица сенф (по желба)

500 г солени крекери 


Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Искршете ги крекерите на поситни парчиња. Оставете ги настрана. 

Во тенџере со зовриена вода ставете ги цветчињата брокули и варете ги 1 минута. Исцедете ги.

Во тенџере измешајте ги млекото, хоплата, солта, пиперот и ренданиот кашкавал. Повремено мешајќи, варете ја смесата додека да се стопи кашкавалот. Додајте го и сенфот (по желба).

Додајте ги брокулите во смесата со кашкавал, а потоа и половина од крекерите. Измешајте да се соединат, па истурете ја смесата во тава за печење намачкана со путер. Одозгора истурете ги другите крекери, па зачинете со црн пипер.

Печете 15 до 20 минути, или додека површината не добие златнокафеава боја и почне да пушта меурчиња.



Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:20
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 14:21

Печен праз со прокељ и кашкавал


Состојки:

2 страка праз (околу 400 г)

200 г прокељ

30 г путер

30 г брашно

300 мл млеко

сол и црн пипер

свежо мелено морско оревче

1 лажица сенф

130 г кашкавал, рендан

околу 30 г лебни трошки (од 1 кришка леб)


Приготвување:

Ставете ги празот и прокељот во тенџере со зовриена вода и варете ги 2 минути. Измијте ги под млаз ладна вода. Оставете ги да се исцедат.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Стопете го путерот во тавче на ниска температура, додајте го брашното и мешајте додека да се соединат. Динстајте неколку минути. Постепено истурајте го млекото, мешајќи, за да добиете компактен сос. Убаво зачинете со сол, црн пипер и морско оревче. Додајте го сенфот и половина од ренданиот кашкавал.

Ставете ги празот и прокељот во тава за печење. Прелејте ги со сосот, благо размешајте, одозгора распоредете го останатиот рендан кашкавал, а врз него и лебните трошки.

Печете 20 минути, или додека одозгора да добие златнокафеава боја.



Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:21
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2013 во 15:46


Пропржен карфиол со ореви

СОСТОЈКИ
● 2 големи лажици масли­ново масло
● ½ гла­вица кар­фиол, цве­то­вите исе­чени со голе­мина на залак
● ½ голема гла­вица кро­мид, исе­чена на четвр­тини
● ½ шолја сеч­кани ореви
● малку мускатно оревче
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте го масли­но­вото масло во сад за пржење. Откако ќе се загрее маслото, дода­дете ги пар­чи­њата кар­фиол. Пржете сè додека не доби­јат златно-кафена боја. По потреба, вртете ги пар­чи­њата за да се испр­жат поеднакво.

Чекор 2: по 5 минути, нама­лете ја темпе­ра­ту­рата, дода­дете ги оре­вите и кро­ми­дот и садот затво­рете го. Про­ме­шајте на секои две минути и дин­стајте околу 10 минути. Зачи­нете со мускатно оревче, сол и бибер.

Кон врв
Maja3 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maja3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2013 во 17:48

Здраво,
знае ли некој каде може да се купи сејтан за да истиот биде подготвуван дома?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.