IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Универзитетските професори против новиот закон...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзитетските професори против новиот закон...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Прашање: Дали ги поддржувате универзитетските професори во нивните барања?
Одговор Гласови Статистика
8 [30,77%]
17 [65,38%]
1 [3,85%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Универзитетските професори против новиот закон...
    Испратена: 28.Јануари.2011 во 11:07


Значи полни сме со феномени:

- протестираа универзитетските професори, за прв пат во историјата на нашето високо образование;

- истовремено контрапротести (?!) на Студентскиот парламент при УКИМ, сосема “случајно“ во исти ден и на исто место, оти не знаеле за протестот на професорите ;

- ректорите на УКИМ и Штипскиот универзитет соопштуваат дека не ги поддржуваат професорите;

- студенти од некое независно студентско движење “Слободен индекс“ (?!) застануваат на страна на професорите, со поддршка на нивните барања...

И сега каква е оваа ситуација??? изненадување

Протести и контрапротести во исто време и на исто место, професорите протестираат ама не сите. Бараат да се зачува автономијата на универзитетот и се против измените во предложениот закон за високо образование. Студентите контрапротестираат, поддржуваат измени во законот, ама не сите. Дел од нив ги поддржуваат професорите во нивните барања. Министерот го брани законот. Јавноста пак поделена.... и така натаму...хипнотизиран

Пак политизирање и креирање на тензични ситуации, во кои се губи фокусот на проблемот: некаков обид да се намали самоволието кај дел од академската фела, кое де факто постои и кое го искусил секој студент што поминал низ некој од факултетите. Секоја чест на квалитетните професори кои достоинствено и чесно си ги држат катедрите, но има и такви кои ги злоупотребуваат или не ги заслужуваат ниту титулите ниту позицијата која ја имаат.

Дали со измените во законот би се решиле натрупаните проблеми (од кои најчесто страдаат студентите) или професорите треба да се остават во нивната автономија, како што си беше и досега?

 


Изменето од Анастеа - 09.Февруари.2011 во 02:45
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 11:31
Јас студирав на државен факултет....
Кога би требало сега да се запишам пак...по никоја цена на животот не би се запишала на државен...
Таму владее тотална анархија, диктарура....тортура од страна на семоќните богови односно професори...
И за што сега излегуваат да протестират...оти треба да бидат редовни на факултет? или оти треба да издаваат свои трудови...??? или оти ќе бидат и тие оценувани и криикувани?
 Па кај нас на мојот факс издаваа свои трудови да ви кажам право...Издаваа нови книги на кои им беше различна само корицата.......Предметот ист, материјалот ист...ама мораш секоја година да ја купиш “новата книга“ ако сакаш да положиш после 15 пати полагање....
На некој од последните испити ми текнува дека полагавме над 600 студенти...
А на крај положија само 5 или 6 души....Па можеше барем 10 да пушти....ама 5 е многу мала бројка....Кога реално би се прегледале тетратките за 6 ка сигурно би имале 200 души напишано...Ама нема....оти таа професорката не правеше разлика во напишаното за 6 ка и за 10 ка...
 А да не кажувам за тоа што се плаќаа испити....Чекаш пред кабинет и влегуваш и викаш добар ден професоре јас дојдов да го платам испитот.....И си плаќаш......А кај некои пак професори требаше да фаќаш врски за да платиш...Еден колега го сретнав еден ден пред продавница и ми вика чекај да купам сок и цигари за професорката..И го прашувам зошто..па вика појдов да си земам оценка ама ме прати еве до продавница...среќа со ефтино си помина оти истаа таа професорка добиваше цели гарнитури, комплети , чевли и се друго за возврат да те пушти на испит ако и напишеш..или пак да и платиш 600 евра.Цели премрежија беа тоа...На сета беспарица да те уценува некој професор....кој не те ни погледнува во лице кога му се обраќаш...
 Тропаш на врата “добар ден професоре дојдов за потпис“ и тој ти вика дај индексот....ти го даваш а тој ти го фрла преку врата и ти вика денес не сум расположен за потписи МАРШ....
И после тие професори ќе излезеле да се бунат.......
Мислам дека треба уште многу многу закони да се донесат и да се измени високото државно образование ако сакаме да постигнеме некои повисоко ниво....Инаку со овој застарен систем тешко на децата студенти..Кој пошле да учат факултет со една корка леб и се мислеле дали ќе имаат пари утре да јадат или не а професорите да се изживуваат со нив....ГРЕОТА........
Е ова е реалност која сум ја доживеала како јас така и многу многу мои колеги кои сега ако читаат сигурно ќе им текне за кој факултет се зборува...
Мислам дека мора да се приземјат професорите еднаш за секогаш!!!!!!!!!


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 14:14
Како и за се, кај нас се генерализираат работите и сите се ставаат во ист кош. Лично имам многу пишувано на форумов за образованието воопшто.
Прво го оправдувам законот и сум за укинување на ваквава афтономија САМО од едноставна причина што таа се злоупотреби премногу.
Ајде да одам по ред;
1. Меѓународни трудови- Да. Не може бре да се препишуваат (дословце преведат) книги и да се сервираат како свои. Посебно се грлати оние од општествените науки затоа што тука можат да ни мачкаат очи со своите тези (посебно оние со историјата) а надвор не можат да објават ни зборче затоа што пред нив ќе застанат историчари ТИТАНИ кои проистале се живо и диво од папируси до камени натписи.
2. Плаќања- куп партиципации, доплати, отплати  за кој никој не знае каде одат средствата. Не само што треба да се знае, туку да се паметни студентиве па да се организираат со една заедничка тужба да бараат повраток ако навистина се потрошени за разлики на плата, за колективни екск*рзии.
3. Еднаш негде спомнав - дека нашата интелектуала молчи- и убаво кажав- молчеа затоа што си ја уживаа својата афтомномија- си начукаа плати од 1000 ..2000 евра, си  пишуваа книги кои студентите МОРАА да ги купат, си вработуваа децата (јас твоето-ти моето)-малтење факултетите и катедрата им станаа наследен трон (секоја чест за оние кои тоа не го правеа)
4. Не помина комисија за образование -во која нема факултетски професор за супер хонорар, а многумина не се ни појавуваа- ама доста беше да им стои името за работата на комисијата да се верификува (кој не верува нека провери во БРО во комисиите за програми или учебници или тестови или приправнички испити)
5. Фрката со учебници- напишаа заедно со по некој советник од БРО, земаа со себе по некој даскал колку да се рече, па потоа истите си ги ревидираа, па ги прогласуваа за невалидни, па виде невиде министерчето одлучи да ги остави оти веќе биле платени т.е се бесплатни. Тоа што н децата не ги фаќаат во рака не е важо, вжно тие си земаа хонорари.
6. Ни  еден од професорите од наставничките факултети не пушти глас кога даскалите урлаа дека ги тераат на обуки за работи кои еднаш ги полагале кај истите тие професори.  Си молчеа од ним познати причини.
7. Ниеден од наставничките факултети не дигна глас зошто психолозите/педагозите се ставени над наставно/професорскиот кадар и се ставени во улога на оценувачи на работата на наставно/професорскиот кадар кога ТИЕ СЕ САМО вработени на свое работно местосо децата  и имаат задача која треба да ја работат, а не да оценуваат.
8. Дефинитивно АФТОНОМИЈАТА им се врати бумеранг. Фала боу ги чувме дека знаат да се побунат, па нека е и за нивни интереси. Ваљда ќе се сетат дека самите тие дозволија да дојде до ова.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 16:18
Znaejki deka rabotish vo prosveta posebno go cenam tvoeto mislenje za onoa shto se sluchuva vo nea.

Ubeden sum deka seto toa shto si go napishala e tochno.

A toa e navistina porazitelno i... strashno.

Zborot "kriminalno" e najblagoto neshto shto mozhe da se kazhe, no od druga strana verojatno najefektnoto na shto mozhe drzhavata da reagira.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 17:01
Јас си го ценам моето мислење...а тоа е дека секакви шупци не можат да ги корегираат глупостите во општеството па се разбира и во образованието...тие се едноставно одраз на глупостите на системот...а нарочно пеленачињата министри...да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 23:58
Прво алал му чофте на оној што ја измислил вака анкетава,дали е прашањето за законски измени или да се укине автономијата,одлука тука нека има,а после да дискутираме,инаку и јас сум студирал на тој државен факултет и сум поминал низ сите студенстски денови,но прашање какви се другите факсови во земјата,мудбак факултети,со професори кои сигурно едно чудо трудови издадоа(околу издавањето ,јас имав професор на пример не држеше јунска сесија си одеше во Германија и таму си издаваше,добро му плаќаа)тука има многу дебата ,а не само површински да зборуваме за секоја работа што ни се случува.
,а и марсовец што вели ова повеќе ми личи дека она фрустрираното министерче сака на некој да му се свети,оти го тепал по газето додека учел- т.е. му го купиле образованието.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2011 во 09:08
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Прво алал му чофте на оној што ја измислил вака анкетава,.

Па токму тоа е и судирот-автономија или контрола?збунетост
Министерот (владата) бара контрола врз парите кои се одвојуваат од буџетот-како се трошат?
Исто така бара контрола на парите кои се собираат од студентите по разни основи.
Пред неколку дена се запрепастив кога од еден мој поранешен ученик слушнав  дека за да завери семестар меѓу другото му треба  печат од обавен систематски преглед во студентската амбулантазбунетост (ние тоа во Велес го викаме-шетање по ќерамиди)- нека е бесплатен, ама малтретирањето, плаќање автобус (не велам такси или бензин) дотаму назад. Која е логиката кога секој има свој матичен лекар? Или така останало од времето на социјализмот/
Бара контрола на вработувањето- па само нивни деца се вработуваат (читам денеска за аферата со поранешнион декан на  охридскион факултет кој ли бешеза што се си го ангажирал синот )
Бара иновации- па не може истите тие професори да се во комисии за иновации во основното и средното- а на факултет да оди по старо. Каде е континуитетот.
Бара професорите да бидат на своите работни места- Па што е тешко да се стави на интернет на своја страница (или на факултетот) кога му е приемен , кога е отсутен да не одат студентите џабе.
Автономија со свои средства ДА, ама се додека државата финансира- се одвојуваат пари од народни усти- мора да се контролира за што се трошат.
Прашувам дали е нормално некој себеси да си исплати 180 000 денари а да работи на државен факултетзбунетост(Мислам нормално е ако сите околу имаат барем по 1000 евра платаголема%20насмевка)
Мора и самите професори да си расчистат самите со себе дека на факултетите има мнооогу аномали и и дека е време да се стопираат.
И да се разбереме- никој не негира дека имаат работа надвор од предавалните-ама ај малку пореално- и моите колеги по ај да кажам македонски, математика, англиски прегледуваат сума сумарум околу 160 контрони, тестови, писмени за само 300 евра плата, без асистент, без демонстратор, па се секој ден на работа од 8 до 13 часот.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2011 во 13:09
 
Денес светов е изместен... најдобриот рапер е белец, најдобриот голфер е црнец, Германците се миротворци...
 
Зошто тогаш е чудно што на професорите не им се учи?збунетост
 
голема%20насмевка
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2011 во 14:32
Ајде во темата да ја тргниме политиката и партиите настрана и да зборуваме само за професорите и образованието.....
Нема врска кој сака да го донесе законот..
Студентите за прв пат ќе имаат право да го искажат своето мислење и да ги оценуваат професорите....Секој факултет ќе мора да поднесува извештај за средствата до Собранието...Секој професор ќе мора да биде редовен на предавањата..
Ке се формира агенција за акредитација...
Крај на непотизмот нема веќе мајки, татковци, ќерки и синови..како што до сега беше...
Регулирани критериуми за менторите на трудовите

Штета што ова порано не беше донесено...голем пропуст..ама да се надеваме дека во иднина ќе се подобри положбата на студентите на државните факултети...А професорите ќе се симнат од облаци...

И дали има нешто лошо во ова....Може да има само за некој кој не бил на државен факултет и не знае како се одвивале ситуациите таму

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2011 во 14:35
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Мора и самите професори да си расчистат самите со себе дека на факултетите има мнооогу аномали и и дека е време да се стопираат.


Тоа се вика нашле па зашле. На целото самоволие и корупција -- за кои има илјадници примери и сведоци -- крив им бил законот.

Јасно е дека кога се работи за народни пари, или како што ти велиш "кога се одвојуваат пари од народни усти" мора да има отчет за што истите се трошат.

Е баш тоа ги засега демонсрантите, бидејќи законот нема да дозволи да имаме хаос ин Лаос за да продолжат да ловат во матно.

Абе само кога ја видов Фрчолина на чело на колоната, веднаш ми беше јасно за што се работи.

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2011 во 15:06
Време беше Господата да се симнат на земја...

Лично на мојот факултет за овие три години студирање сите си беа редовни на предавања, професорите де...дури и саботи сме оделе за да не остане нешто непредадено...организирано е околу добивањето на потписи, оценки или консултации... иако имаме и крвопијци фрлаат индекси, те навредуваат, те понижуваат ... фала Богу малку се ваквите... другите горе доле се нормални...

Единствено за што постојано кукаме се парите кои што ние ги даваме за оштета за лабораторски вежби и тоа фрламе добри пари 500, 800, ден. а баш тогаш пријавуваш испити, заверуваш семестри и за што попрво пари да дедеш... Искрено незнам дали вакво нешто има на другите факултети и кога конечно го добивме одговорот зошто ги даваме парите се пожалија дека материјали за работа, реагенси, па и храна за глувците купуваат со тие пари, а од партиципацијата не добивале ништо...

околу книгите проблем немаме... учиме од скрипти ама никој до сега не ни рекол Мора да ја купите... се иде на копи...

како и да е мора да стави ред...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2011 во 15:48
Originally posted by sanja-a sanja-a напиша:

како и да е мора да стави ред...


Е мора, ама Фрчколина и компанија не сакаат ред. Им задира во бизнисот. Малку ли се офајдија, луѓе како Борче Давитковски на пример, кои направија многу вносен приватен бизнис од УКИМ. Ете затоа имало проблем со "автономијата" на универзитетот. Исто како што милионите криени преку А1 биле прашање на "слободата на медиумите".

Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 01:15
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


[QUOTE=Gorazd777]Прво алал му чофте на оној што ја измислил вака анкетава,.
Па токму тоа е и судирот-автономија или контрола?[IMG]smileys_novi/7.gif"

Само да не се вртиме пак во круг,а ваму ќе ги исплукаме сите работи што не тиштат.
Па да ,прашувам,што тој закон регулира,на што стега,на средствата,на работата-издаваштво,на што,еве на пример,со незнам каков закон и пак не е средено,во основното и средното образование,мамата им расплакаа неколку недоветни од бирото за назадување на образование со ова плукачко министерче,кое треба да е правниче.ама згрешило,татко му го намести на тоа место,па сега со монти пајтонот грујо ќе се прават јунаци.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 02:09
ако реформите на факултетиве бидат „успешни“ како во основно и средно образование кај ќе ни е крајотголема%20насмевка
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.