IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 23>
Автор
Порака
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 11:37
аплаузbravoooo...majstorce....аплауз
vivi
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 08:08

ma   

Изменето од majstorce62 - 23.Март.2011 во 08:09
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 07:36
СЕУШТЕ

Заплеткан во ветките на недостижот,
сеуште ме мами сонот на талкачот
што си ги продал друмовите
за пар лакирани чевли на градски господин.

Во очите има црно гнездо без птици
и силен мирис на славеј од горите.

Мојот сон,
мојот детинест ловец на ветришта
со мрежа за пеперутки.

Зошто ли, сеуште, плачат
игрите на босоногото дете,
кога ќе замирисаат пролетните дождови...



БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 21:40



Се раѓаш секоја нова пролет
од зелените мириси на ситните дождови.

Kапка по капка.

И пак претолку силна,
и пак претолку моќна
да ги разулавиш во мене
пресушените реки на детството.

Жеден порој во суводолица.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 21:44
gradski gospodine.. .bravo ...аплауз
vivi
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 22:04
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 22:29
НЕОГРАДЕНА ГРАДИНА

Со копаче некопалче,
во земја неземја,
градина си ископав.
Во градината цвеќе посадив,
зумбул девојчиња – ненаглед.
Додека зумбулот `ртеше,
вишнееше.
цутеше.
зелена миризба
градината ми нудеше.
Но гледајте зло!
Ах,каква дрскост!
В темна ноќкрадци
ми се вовлекле низ цврстосонот,
во градината ниту ливче
не ми остана од зумбулот.
И тоа се случува,
не тагувај, дете,
животот рече.
Утреден, во градина туѓа,
и ти ќе украдеш цвете.

Од стихозбирката за деца „Кога сонот би се купувал на кило“
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 14:55
МИРУВАЊЕ

Во очите на утринската роса
мируваат сонливите виолини на штурчињата

Пладнето ќе се закити со нивната песна
од високите треви како младоженец..
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2011 во 21:58
ИЗВОР

Во тебе најдов сила
за три болни Дојчина,
и три меча исковав
од немоќта твоја -
со третиот вратот си го целивам...

Насмевко кротка,
распостели ми се над патилата
како сенка дабова
до девет лакти широка -
душата да си ја повијам,
да не потклекнам...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 12:28
ЕДНОСТАВНА ПЕСНА

Кога тоа се буди,
сонцето брза да направи гнездо
во неговата насмевка
и да ми покаже колку еднставен е патот
до длабоките рудниците на радоста.

Секоја вечер
го навивам штрекот во мене
да не го пропуштам будењето
на детето што си игра петкамен
со своите воздишки
кога спие...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2011 во 08:11
ЗАДОЦНЕТА ПЕСНА


Можеш ли да се запознаеш самата себе,
ама така, како што јас те познавав?

Можеш ли да се засакаш самата себе,
ама така, како што јас те сакав?

Можеш ли да се одречеш од нешто за самата себе
ама така, како јас што се одреков од цигарите за тебе?

Можеш ли, дури го мирисаш шебојот во градината на баба ти,
од окото на утриската роса што свети како опал на него
да направиш огледало, во кое ќе си ја видиш насмевката
со трагот на последниот бакнеж од минатата ноќ,
ама така,како јас што ја гледав,
чекајќи нестрпливо да падне првиот мрак?


Можеш ли, наједноставно, да ми простиш
што тогаш не можев ништо
од сето ова што денес го можам?...



БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2011 во 12:30
НЕЈЗИНОТО ИМЕ

Нејзиното име беше едноставно
и не звучеше како име од песна на Стонсите,
но јас можев да ги облечам во него
најважните зборови што ги научив
од читанката на љубовта
и да го сменам распоредот на годишните времиња
како карти во бриџ...

Нејзиното име беше секојдневно
и не се издвојуваше
од имињата на другитe девојчиња
што играа лете со куклите
во сенки на врбите крај реката,
но јас можев да почувствувам
како сонцето си ја гаси жедта со него
во крошните полни со жолти сливи
и како дождалците ги мамат
дождовите над бавчите
пеејќи песни ко да ќе умрат...

Со нејзиното име го почнав моето прво писмо
и издлабив пештера во првата метафора
за мојата прва песна,
мислејќи во неа да ги затворам немите срни
на моите полноќни немири
додека надвор ветрот ги мешаше со него
опојниот мирис на гордиот рузмарин
и кроткоста на дивите темјанушки...

Нејзинот име сеуште патува
со некој полноќен воз од Атина до Минхен
по шините на моето детство...



БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 11:01
ЉУБЕЈЌИ ТЕ TЕБЕ

Љубејќи те тебе,
ги засакав сите полиња
со зрело жито
и сите планински езера
во Македонија


Љубејќи те тебе
малините и јагодите
ми станаа омилено овоштие
а суштината на болката
неисцрпна филозофска тема.

Љубејќи те само тебе.
љубејќи те кришум...



Изменето од majstorce62 - 08.Август.2011 во 11:06
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 11:56
ЖИВОТ

Имав река, ја пуштив да истече...
Жеден - прежеднат во суводолицата копам
капка вода да извадам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.