IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: најдоброто од мајсторче62
    Испратена: 23.Декември.2010 во 18:07
во оваа тема ќе бидат собрани сите мои песни од форумов, за кои мислам дека имаат вредност, заради поголема прегледност при редактирањето на мојата нова книга. ве молам не коментирајте.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:08
НЕИСКОРЕНЛИВ КОРЕН

                      Проштален говор


Црната птица на животот му дошепнала
како може сето сребро
од прегладнетите очи на СОНОТ
да го извади со обични клешти
и од него да искови клуч,
што ги отвора најтешките дверите на јавето?

А ниту татко му, ниту дедому
биле познати по вештината
со која се раѓаат ковачите на светлината.



Но имале очи - живот надрочен...

И уште:
бил раска довеана од некаде
и во полите на дреите ги носел ветриштата
што ги замрзнуваат и коските
на најстутулените мисли.

Но кој ли светец, на раѓање, му кажал
птицата бисерогласна каде да ја фати,
со каква итрина да ја намами в примка?

Песната на птицата бисерогласна
не може секој со седеф да ја опточи...

Реко, в Невратија сите што не носиш,
чувствуваш ли колку се тешки оковите
на неговата неискоренливост?

А најправин само раска бил...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:10
И ПОКРАЈ СЕ


и покрај се, не можам да те обвинам,


од јајцето на твојата насмевка -
мојата љубов се испили
и патник стана:
патиштата на смислата да ги дооди.


и покрај се, не можам да те обвинам,

од нафорката на твоите очи
гладното чедо на надежта го заситив,
па слушам,
слушам како татни силата негова
во дамарите на сите отфрлени.


и покрај се, не можам да те обвинам:
несвесен ковачу на моето себенадраснување,
благородна птицо на мојата мисла,
нафоро неизедна на мојата надеж...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:12
КОРЕНСКО МЕНУВАЊЕ НА НЕШТАТА

Се доселив - се преселив,
се исселив – се заселив,
се расселив - се вселив...
од некаде и никаде
од секаде и невекаде
од не знам каде,
од некај – годе,
од било каде...
секогаш нов,
секогаш почетник,
перспектива без минато
и минато без перспектива,
со ѕвезда на надеж на патот,
и меч на сомнеж над вратот,
како вечно тврдоглав јавач
на дивиот коњ на времето,
што никој не успеал да го скроти.


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:13
СТРАВ

Експресниот воз на времето
Ги прегазува лугето
Како мравки...
Го гледам тоа со очи на був,
А мравка сум и самиот на неговите шини,
Во која сврдлат тенките бургии на стравот.

Црн синџир од озабени ноќи
Бара да пополнам некаков прашалник
Во кој секое прашање е од тесто на лудило.

Никој не стасал да раскаже за крајот...


Каде е тогаш смислата на бдеењето
Над насипот на неспокојот?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:15
АПСУРДНА ПЕСНА
(бесмислено осмислување на смислата)


Си врви времето...
Врвам и јас -
ко нем патник
покрај сопствената сенка.

Надежта се источила од очите...
Мислата се удавила во бескрајот...
Сал сонот, опијанет од илузии,
се тетерави ко испосник
од човек до човек,
трошка отфрлена среќа
просејќи за други.

Си врви времето -
врвам и јас крај него...
Врвиме двајцата еден крај друг
како   другари од најраното детство
што го заборавиле името на причината
што ги скарала.

Си врви времето...
Врвам и јас со него...
Истекуваме заедно едне покрај друг
како две реки јабанџивки,
без поздрав,
без глас,
дури не осамне судниот ми час.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:22
ЈАНЅА


Јанѕата, помогни ми, да ја скротам
да ја врзам, да ја ортомисам,
јанѕата, со искри во копитата
од морето на ноќта што излегува,
што р`жи, што стружи,
што шТрака со заби...
Јанѕата двоглава, троглава,
јанѕата стоглава,
од невекаде што се довлекува,
што дотекува и се развлекува,
во гнезото на сонот дур се вовлекува -
јајце од кукавица да подметне
во коските да се испили,
низ крвта да се расплоди,
да ме сотре, да ме уништи.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:24
ЗАВЕШТАНИЕ
     На баба ми


Птици преселници
одамна го исколваа
житото на твоите стапалки
од калта крај Сува Чешма.
Насмевката,
што те починуваше
на црешовото дрво
во времезреење,
ја изгоре силна зима.
Сал потта
ти се вплела тврдоглаво
во корењето на троскотот
за да ме вика со твојот мирис
од пресната земја во пролет.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:25
цветот ми нуди убавина
јас главата ја вртам од него
во креветот спие моето совршенство
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 18:27

ДИЈАЛЕКТИКА

трепери листот лански-
млада пупка
му се насмевнува но утрото
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:47
АЛТЕРНАТИВА

Прашлив пат со крстосница -
патоказот некој
одамна го скршил.

Зад мене грачи кобник -
се потсмева однапред
на недонесената одлука.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:49
ПАТ

И градител и проектант
и трасер
и амал бев
кога го градев
овој пат
во беспаќе што води.
Без мостови
над провалии,
без тунели
под планини,
без патокази
на крстосници..
Без дрвја крај банкините
птиците да ги зберат -
здив да здивнат.
Овој пат,
од мене што почнува,
во мене крај ке скраси
и со мене ќе исчезне...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:50
ЗБОР - ДВА И ЗА НЕА

душата е птица
што не знае за граници,
душата е риба
што танцува во занес,
душата е пеперутка
со божилак на крилјата,
душата, таа ранлива немирничка
што во облаци не крева
и в безни не фрла,
богаство Е, што со друг СЕ дели,
а ничиј плен
сосила не може да биде.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:52
КАКО КАМЧЕ ВО СОВЕСТА


Како да го запрам непремолкот
што може да ги опожари цветните леи
во кои цутат нашите зеднички спомени,
непремолкот што ќе ги сопне ждребињата
на сите наши планирани и непланирани игри,
што ќе го оскрнави световодот
на нашите недосонети сни,
иконата на вајстиножедните
пред која заеднички пеевме псалми
и ги величавме сите неродени светци
и уште понеродените светици?

Како да го запрам непремолкот
што навира од дното на дамарите,
како задишан демон
од најтемните понори на пеколот,
што татни во руменилото на секоја зора
со силата на подземните водопади на бессононицата,
и ме тера да им заблазувам на сите
што се спасиле од распетието на двојбата?

Како да го запрам непремолкот,
непремолчиво што молчи
во тажните очи на утрото,
во сувата насмевка на денот,
во натечените мускули на ноќта,
а да не го срушам мостот
што ни се пружа над новата бездна?



Изменето од majstorce62 - 23.Декември.2010 во 19:52
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.