IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2011 во 20:37

ВО МОЈОТ СВЕТ

Во мојот свет предметите мирисаат на пролетен дожд
а дождовите шумолат низ лисјето со полноќната музика
на твоите мали, румени насмевки...

Во мојот свет по улиците танцуваат сенките
на едно време што допрва иде
а времето го има вкусот на сите пропуштени радости
низ прстите на животот...

Во мојот свет бајките сами се раскажуваат:
И никој не ги запишува,
и никој не ги учи наизуст –
оти крајот и почетокот секогаш имаат
ист стартен број на маичката...

Во мојот свет те има само тебе –
Сето друго е отсјај на мојата утринска молитва:
За тебе, за неа, за нас тројцата...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 23:10
Јас сум вино
вкуси ме
опиј се
запеј ми
потем исплачи се
ќе бидам сунѓер
и ќе ги соберам
сите твои гревови
во мојата безгрешност
Јас сум старо вино
чувано за сватови
кои никогаш нема да запеат
„Цреша се од корен корнеше“
Јас сум вино
во триста вини завиено
во триста ала превриено
вкуси ме
опиј се
удави се во мене
воскресни ме
ти мое невино...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 08:48
ВИДЕО КАМЕРИ ИМАА САМО БЕСМРТНИТЕ


И Луцифер крена рака од мене
Денот кога те видов

На божилакот му остана само житото
А виното ја изгуби моќта да опијанува

Тогаш и песните си ги изедоа очите
Да не препукнат од епитети

Јас, поетот на абортираните песни
Стоев нем во песокот на мојата грандиозност
и го оплакував јазикот
Со кој сакав да те препеам
Скршен од искуството дека ништо не е вечно

А видео камери имаа само бесмртните...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2011 во 07:42
ЖИЦА

Внатре си
А ти си чини не си
Сепак си надвор
Исто мисли и другиот
Од онаа страна на жицата
Кој го ебе
И онака е луд
И никој не му верува
Од твојата страна на жицата
Додека не ги замените местата
А исти сме
Проклето
Исти
Копилиња
На
Господ
Кој кренал раце од нас
Од денот кога ја ставивме жицата
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 06:27
ДЕНЕС

Денес е ден на препознавање
Секој сменил нешто
Или името
Или лицето
Денес ни самиот не знам кој сум
Дали тој што ми се претставува со името
Или другиот, што го има моето лице
Каде ли исчезнаа сите тие што ги знаев
Кои се овие што велат дека ги знам
Денес едноставно е ден на препознавање
Утре ќе им се вратам на старите песни
Во кои те има таква
Каква што сакав да останеш...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 21:31
НЕСТИВНАТА СТРВ

Во локните на твојата коса

квечерината си прави постела

од мириси на зрели кајсии…

Песната на птиците во крошната

сеуште ги чува моите стрвни очи -

и тебе во нив…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 10:47
НАВИКНИ МЕ


Навикни ме да се будам во исто време
кога се будат и твоите боски желни за милување -
ја не умеам да ги обојам моите чувства
со боите на виножитото
како што тоа го прават поетите од немајкаде
но можам да се сокријам во утринската роса
и да им ги позајмам моите бакнежи на зелените треви крај потокот
во кој го оставаш руменилото на сонот од образите,
наутро, верувајќи дека се љубиш со нив, невино, а дрско
како блудница заробена во своите стравови од самата себе...
Навикни ме да се будам во исто време
Кога се будат и твоите боски желни за милување –
Навиките остануваат и Кога циркусот ќе си замине...


Изменето од majstorce62 - 25.Октомври.2011 во 10:47
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2011 во 07:37
ЗЕЛЕНО РАЗДЕНУВАЊЕ

Светат росите во зелените треви -
утрата се полнат со твоите очи
на изгрејсонце...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2011 во 21:41

ЕСЕНСКА

Два грозда во твоите очи зрееја,
надрочени со пијанство и топли квечерини...

Над голите лозја измамен ветер си ја дере кожата
Со песната на дроздалците...

Гледај, во гнездото на есента пак се испилуваат
мирисите на дивите костени крај Миљацка...

И ние - уште подиви...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 15:46
ПРОЗОРЕЦ ВО СРЦЕТО

Спиеш ли,ме прашуваш.
Со кој сон да заспијам, си велам,
кога месечината секоја ноќ оди на маскембал
со твојот лик, како маска.

Затвори го прозорецот, пак велиш, не гледај ја...

Сакам да кажам, прозорецот е внатре, во срцето,
и никој не мозе да го затвори
без да си ја раскрвари душата,
но ќе рабереш ли...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 21:29
КАКО ДВЕ СИНТАГМИ

Без мене си птица без море
Без тебе сум риба без небо...

Две синтагми во два пасуса
кои сами ништо не кажуваат...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 00:08
КАКО ТРИ ТОЧКИ

Застануваш...
Застанувам...
Чекам...
Воздивнуваш...
Зарем тоа е се, прашувам...
И повеќе, велиш...

А кошулата беше даровна...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 21:45
КАКО ДВА СИНОНИМА

Гледаме исто:
ти велиш „страшно!„
јас го наоѓам зборот „грозно!„
а страшно е страшното,
грозно е грозното
и немаат никакви допирни точки
во содржините.

Шо е важно кој погрешил.
чиј збор го збркал значењето
од пресилна возбуда...
Ако сакаме,
ќе се усогласиме преку извичникот
како два синонима
што нешто сепак ги поврзува...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2011 во 22:16
СО МИРИС НА ЗЛОЧИН


Како бегалец од самсебе што бега
си го вдишувам напорот
да се сокријам во крикот на згмечените светулки
кај што никогаш не успевав да се пронајдам...

Tи безобразно раскажуваш приказни
од негобило до неќебиде
и во секоја нова приказна
си некоја друга
што многу повеќе личи на тебе
отколку сама што си личиш...

Не зближув ноќта
што ни бие во слепоочниците
со мирис на злочин...

.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.