|
Опсесивно - компулзивно нарушување |
Внеси реплика |
Автор | |
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Декември.2010 во 00:56 |
Опсесивно компулсивна невроза е пореметување на личноста која ја
карактеризираат присилни идеи и мисли кои се неприфатливи, бесмислени за
личноста. Меѓутоа личноста не може да ги контролира па не знае од каде
доаѓа нивното настанување. Компулсивното однесување често се одликува со
ритуално повторување на определени работи. Личноста смета дека доколку
не ги повтори тие работи може да и` се случи нешто лошо.
Ме интересираат ваши мислења |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум ти компулсивистка Задолжително имам чувство дека нешто имам заборавено уклучено. Заклучувам влезната врата и застанувам- во дел од секунда “проверувам“ дали исклучив се, тргнувам, доаѓам до влезната врата од зградата и ...застанувам..се враќам...ѕиркам шпоретот, пеглата и си одам на работа. Арно ама мислам дека “се излечив“ така што-наутро кафе варам на плинска боца, а никако не пеглам -ама никако наутро. |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлепувам етикети од креми, пудри, секакви шминки, било што -не бирам.
И мислам дека ако не го направам тоа, ќе се расипе кремата. Блесава работа, знам. Лек? Кремата подалеку од раце, во пакет ги чувам. ( ) |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
пореметување на личноста
глупости... -чист страв... |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
кога бев мнооооогу мала,... имав обичај дека ако не видам кола со друга регистрација ( да не биде велешка ),... дека нешто лошо ќе ми се случи
тоа го препишувам на фактот на детската фантазија,... суеверие и стравови со кои ме труеле бабите од маало... но, знам дека има многу посериозни нарушувања,.... пример - се тријат со сапун нон стоп,... затоа што се уверени дека рацете им се нечисти |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум заколнат опсесивен компулсивец.
До пред некој месец малку ме попушти тоа опсесијата, ама гледам откако сменив место на живеење и имам поголема одговорност - пак ми се врати. Ме убива...ме нервира....ама посилно е од мене.... |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Dr. Walle
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член M.D. Anesthesiologist Регистриран: 09.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Станува збор за анксиозно пореметување карактеризирано со наметнати мисли кои продуцираат анксиозност, и со репетитивни однесувања кои имаат за цел да ја редуцираат анксиозноста, или пак со комбинација на мисли (опсесии) и однесувања (компулсии). Симптомите може да вклучат повторени миења на рацете со цел деконтаминација – страв од зарази, преокупација со сексуални или агресивни импусли, или со одредени религиозни верувања, аверзија кон одредени броеви (парни, непарни и други), постојано пребројување на работите, и броење во себе или на глас, комбинации од бројки, и собирање и множење на броевите, и нервозни навики како постојано проверување дали вратата е заклучена, дали пеглата е исклучена, отворање или затворање на вратата по неколку пати, пред влегувањето или излегувањето од собата итн... Спектарот на симптомите е голем, и може да постојат разни комбинации и манифестации на однесувања... Повеќе на: http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?751 Изменето од Dr. Walle - 10.Јануари.2011 во 22:10 |
|
www.zazdravje.com.mk
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Опсесивно-компулсивно нарушување на личноста е растројство на личноста кое се карактеризира со первазивен модел на преокупација со уредност, перфекционизам и ментална и интерперсонална контрола на сметка на флексибилноста, отвореноста и ефикасноста на индивидуата.
Во примарните симптоми се вклучени преокупацијата со помнењето и обрнувањето внимание на детали и факти, по правила и прописи,потоа принуда да се прават списоци и планови, како и ригидност / нефлексибилност на верувања и / или изразување на перфекционизам што ја попречува способноста за извршување на задачи.Симптомите може да предизвикаат екстремна вознемиреност и интерферираат со професионалното и социјалното функционирање на една личност. Луѓето со одредена форма на DRD3 ген имаат многу големи шанси да го развијат ова растројство,особено од машки пол.Генетски фактори, сепак, може да бидат "заспани" до оној момент коге ќе бидат предизвикани од надворешни настани . Овие настани вклучуваат трауми со кои се соочуваат во текот на детството, како што се физичка, емоционална или сексуална злоупотреба, или пак други видови на психолошки трауми. По психолошка квалификација, ова растројство спаѓа во групата на неврози, што значи дека се работи за психолошко заболување од неорганска природа. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |