Испечати | Затвори го прозорот

Опсесивно - компулзивно нарушување

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23712
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 10:27
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Опсесивно - компулзивно нарушување
Постирано од: Andjelina
Наслов: Опсесивно - компулзивно нарушување
Датум на внесување: 12.Декември.2010 во 00:56
Опсесивно компулсивна невроза е пореметување на личноста која ја карактеризираат присилни идеи и мисли кои се неприфатливи, бесмислени за личноста. Меѓутоа личноста не може да ги контролира па не знае од каде доаѓа нивното настанување. Компулсивното однесување често се одликува со ритуално повторување на определени работи. Личноста смета дека доколку не ги повтори тие работи може да и` се случи нешто лошо.

Ме интересираат ваши мислења


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува




Коментари:
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 22:50
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Компулсивното однесување често се одликува со ритуално повторување на определени работи

Јас сум ти компулсивистканамигнување
Задолжително имам чувство дека нешто имам заборавено уклучено. Заклучувам влезната врата и застанувам- во дел од секунда “проверувам“ дали исклучив се, тргнувам, доаѓам до влезната врата од зградата и ...застанувам..се враќам...ѕиркам шпоретот, пеглата и си одам на работа.
Арно ама мислам дека “се излечив“ така што-наутро кафе варам на плинска боца, а никако не пеглам -ама никако наутро.изненадување



-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 10:13
Одлепувам етикети од креми, пудри, секакви шминки, било што -не бирам.
И мислам дека ако не го направам тоа, ќе се расипе кремата.
Блесава работа, знам.

Лек?
Кремата подалеку од раце, во пакет ги чувам. ( )

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: Џо
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 10:24
пореметување на личноста

глупости...

-чист страв...


-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima





Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 21:57
кога бев мнооооогу мала,... имав обичај дека ако не видам кола со друга регистрација ( да не биде велешка ),... дека нешто лошо ќе ми се случи

тоа го препишувам на фактот на детската фантазија,... суеверие и стравови со кои ме труеле бабите од маало...

но, знам дека има многу посериозни нарушувања,.... пример - се тријат со сапун нон стоп,... затоа што се уверени дека рацете им се нечисти

-------------


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 15:28
Јас сум заколнат опсесивен компулсивец.
До пред некој месец малку ме попушти тоа опсесијата, ама гледам откако сменив место на живеење и имам поголема одговорност - пак ми се врати.

Ме убива...ме нервира....ама посилно е од мене....лутина


-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Dr. Walle
Датум на внесување: 10.Јануари.2011 во 22:07

Станува збор за анксиозно пореметување карактеризирано со наметнати мисли кои продуцираат анксиозност, и со репетитивни однесувања кои имаат за цел да ја редуцираат анксиозноста, или пак со комбинација на мисли (опсесии) и однесувања (компулсии).
Симптомите може да вклучат повторени миења на рацете со цел деконтаминација – страв од зарази, преокупација со сексуални или агресивни импусли, или со одредени религиозни верувања, аверзија кон одредени броеви (парни, непарни и други), постојано пребројување на работите, и броење во себе или на глас, комбинации од бројки, и собирање и множење на броевите, и нервозни навики како постојано проверување дали вратата е заклучена, дали пеглата е исклучена, отворање или затворање на вратата по неколку пати, пред влегувањето или излегувањето од собата итн... Спектарот на симптомите е голем, и може да постојат разни комбинации и манифестации на однесувања...

Повеќе на:

http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?751


-------------
www.zazdravje.com.mk


Постирано од: pHp
Датум на внесување: 07.Октомври.2011 во 13:58
Опсесивно-компулсивно нарушување на личноста е растројство на личноста кое се карактеризира со первазивен модел на преокупација со уредност, перфекционизам и ментална и интерперсонална контрола на сметка на флексибилноста, отвореноста и ефикасноста на индивидуата.
Во примарните симптоми се вклучени преокупацијата со помнењето и обрнувањето внимание на детали и факти, по правила и прописи,потоа принуда да се прават списоци и планови, како и ригидност / нефлексибилност на верувања и / или изразување на перфекционизам што ја попречува способноста за извршување на задачи.Симптомите може да предизвикаат екстремна вознемиреност и интерферираат со професионалното и социјалното функционирање на една личност.
Луѓето со одредена форма на DRD3 ген имаат многу големи шанси да го развијат ова растројство,особено од машки пол.Генетски фактори, сепак, може да бидат "заспани" до оној момент коге ќе бидат предизвикани од надворешни настани . Овие настани вклучуваат трауми со кои се соочуваат во текот на детството, како што се физичка, емоционална или сексуална злоупотреба, или пак други видови на психолошки трауми.
По психолошка квалификација, ова растројство спаѓа во групата на неврози, што значи дека се работи за психолошко заболување од неорганска природа.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk