IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Интернет
  Активни теми Активни теми RSS - Што навистина значи @
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што навистина значи @

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Avira Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
System Administrator

Регистриран: 10.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Avira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Што навистина значи @
    Испратена: 11.Декември.2010 во 16:02
Го користите секој ден, некои го нарекуваат ет или мајмунче, Италијанците - полжавче, а Шпанците „arroba“. Но што навистина значел знакот „@“ пред 473 години?



Во мај 1536, Франческо Лапи, трговец од од Фиренца, кој во тоа време бил во Севиља во Шпанија - за прв пат го искористил овој симбол во писмо, што е прв пишан текст кој го содржи овој знак. Во случајов, симболот „@“ се однесувал на бројот на амфори кои биле натоварени на бродовите кои од Шпанија требало да заминат за Рим. Амфората била мерка за тежина во тоа време. Преводот на документот во кој за прв пат се појавува симболот @ би гласел отприлика вака:

„Една амфора со вино, која е една третина од буре, чини 70 или 80 дукати.“

На шпански, зборот што ја означувал оваа мерна единица бил „arroba“, израз кој и денес се користи во Шпанија за кога се мисли на @. Луѓето со векови продолжиле да го користат @ како нешто што ја означува (и доаѓа пред) цената на продажба.

Се до 1971-та, годината кога „@“ се нашол на тастатурата, кога еден човек со име Реј Томлисон го забележал симболот и дошол до идеја дека би можел истиот да се користи во и-мејл адреса. На прашањата зошто го избрал баш тој знак, Томлисон одговара дека заради примената на тој знак кој ја означувал вкупната цена на повеќе производи (број на производи @ вкупна сума), сметал дека има смисла знакот да укажува на фактот дека адресата на корисникот е хостирана (at host, оттаму во англиското јазично подрачје „@“ е „at sign“, или кај нас - ет), а не локална. А останатото е историја.
Don't be dumb! Размисли пред да напишеш глупост.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.