Испечати | Затвори го прозорот

Што навистина значи @

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Интернет
Опис на форумот: Интересни сајтови, интернет пристап...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23704
Датум на принтање: 29.Април.2024 во 14:00
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Што навистина значи @
Постирано од: Avira
Наслов: Што навистина значи @
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 16:02
Го користите секој ден, некои го нарекуваат ет или мајмунче, Италијанците - полжавче, а Шпанците „arroba“. Но што навистина значел знакот „@“ пред 473 години?



Во мај 1536, Франческо Лапи, трговец од од Фиренца, кој во тоа време бил во Севиља во Шпанија - за прв пат го искористил овој симбол во писмо, што е прв пишан текст кој го содржи овој знак. Во случајов, симболот „@“ се однесувал на бројот на амфори кои биле натоварени на бродовите кои од Шпанија требало да заминат за Рим. Амфората била мерка за тежина во тоа време. Преводот на документот во кој за прв пат се појавува симболот @ би гласел отприлика вака:

„Една амфора со вино, која е една третина од буре, чини 70 или 80 дукати.“

На шпански, зборот што ја означувал оваа мерна единица бил „arroba“, израз кој и денес се користи во Шпанија за кога се мисли на @. Луѓето со векови продолжиле да го користат @ како нешто што ја означува (и доаѓа пред) цената на продажба.

Се до 1971-та, годината кога „@“ се нашол на тастатурата, кога еден човек со име Реј Томлисон го забележал симболот и дошол до идеја дека би можел истиот да се користи во и-мејл адреса. На прашањата зошто го избрал баш тој знак, Томлисон одговара дека заради примената на тој знак кој ја означувал вкупната цена на повеќе производи (број на производи @ вкупна сума), сметал дека има смисла знакот да укажува на фактот дека адресата на корисникот е хостирана (at host, оттаму во англиското јазично подрачје „@“ е „at sign“, или кај нас - ет), а не локална. А останатото е историја.

-------------
Don't be dumb! Размисли пред да напишеш глупост.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk