|
ИВЗ благослови кантонизација на Македонија |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Декември.2010 во 16:29 |
|
Поглаварот на ИВЗ благослови кантонизација на Македонија
Откако лидерот на Албанскиот сојуз ми ја презентира партиската платформа, камо среќа тој да ја претвори Македонија во Швајцарија, изјави поглаварот на ИВЗ Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, ја поддржува кантонизацијата на Македонија онака како што ја замислува новоформираната партија Албански сојуз. Ваквата поддршка духовниот лидер на муслиманите во земјава ја искажал при вчерашниот прием во просториите на ИВЗ, каде што му бил домаќин на лидерот на новата партија, Ваљон Белја. Лидерот на Албанскиот сојуз побарал благослов од првиот човек на ИВЗ за идното дејствување на партијата. При неодамнешната партиска промоција, Белја најави дека главно политичко барање ќе биде менување на политичкиот систем во земјава и воспоставувањето на принципот на кантонизација. Според тој концепт, во Македонија би требало да се организираат три кантони - по еден македонски и албански и еден мешан. Реис-ул-улема Сулејман Реџепи по средбата изјави дека посакува да се реализира таквата политичка платформа. - Откако Белја ми ја презентира платформата и ми објасни што се' опфаќа, ние сакаме и камо среќа Ваљон Белја да ја претвори Македонија во Швајцарија - изјави Реџепи. Според него, ваквата изјава со поддршка за новата партија не значи и политичка инволвираност на ИВЗ. Реџепи пред неколку месеци го поддржа и митингот во Тетово кој беше организиран во знак на поддршка на Рамуш Харадинај, кој одговара пред Хашкиот суд. Директорката на државната Комисија за односи со верски заедници, Валентина Божиновска, смета дека е некоректно политичка партија да бара благослов од верска заедница. Според Цане Мојановски, поранешен претседател на оваа комисија, потегот на реис-ул-улема Сулејман Реџепи е наприфатлив. - Очигледно е дека верските лидери не се воздржуваат од интересот за политиката. Ваквата изјава на Реџепи значи негов директен политички ангажман, бидејќи поддржува концепт што асоцира на концептот на Ванчо Михајлов олицетворен во синтагмата „Македонија - Швајцарија на Балканите“, кој е јазичен и политички концепт. Овој верски лидер треба да знае дека меѓу неговите верници има луѓе што се со различна политичка определеност и затоа е дискутабилно да поддржува нечиј конкретен концепт - рече Мојановски. Бранко Ѓорѓевски Линк Оваа вест е од 1 ноември односно од пред 3 дена но не гледам тема на форумов,а мислам ите како заслужува.Прашањето за кантонизација на Македонија се провлекува уште оддамна,но во последно време зема замав и станува се по споменувано,по некоја случајност истовремено со идејата за голема албанија која се повеќе е актуелна.Самото постоење на ,,албански сојуз,,и нивните идеи е навреда за Македонија,не знам кај живееме и како може ова да се случува? Најмногу се плашам од тоа што судеќи по наравот на моите сонародници можно е и да ни се случи не дај боже ваква кантонизација. Изменето од Zajcef - 03.Декември.2010 во 16:31 |
||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште многу глупости треба да очекуваме...но и опасни закани за стабилноста на Македонија , нарошно по поделбата во државата...по сите основи, верска, социјална,партиска,културна.... |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
немој да мешаш лончиња за оваа работа....прашај во партијата кој дозволи толку многу државјанства
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е проблемот во државјанствата...проблемот е во мозокот и тоа кај многумина...Инаку јас сум доволно информиран ...барем за последните триесетина години...
Некој да го прашаа...ќе речеше кај најде да се трефи Ѓорчев да е МАКЕДОНЕЦ...а да ја избламира како да е се само не тоа???
Даравелски испокраде - според власта 25 милиони евра...па стана србин???А газда Гујо???
Гледаш не е се така просто како што се чини...
Ако се сеќаваш ДПМНЕ беше против зачленувањето во Советот на Европа...И тоа беше добра бламажа...Но се некако се заборава...
Дали затоа што НАродот памети????
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак си ја тераш како ти одговара. А дали си информиран за оние 150.000 косовски државјанства што ги поделија овие твоиве |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Моите...тоа значи дека ти имаш свои???Мене никој НИКОГАШ не ми наредувал и одредувал...А она за 150 илјади...јас сметам дека тоа не е точно и дека во напливот на национализам и создавање на непријатели беше една епизода...која и сега еве се злоупотребува...а и пребројувањата секогаш носеле невољи...но кој да го разбере тоа????
А овие...ТВОИВЕ??? што не ги поништија ако биле незаконски ???И ако има штетни последици за Македонија??? Или мора да се има оправдување за килавоста на владеењето...Инаку да не мислиш дека оправдувам било која влада за сите глупости кои ги има направено....нарочно по намалувањето на правата на работниците од сите влади...до заклучно сегашнава...
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај се надевам дека ме разбра шо ти реков Марсовец, ако прочита, оти со рок на траење беше За да не се расплачи некој, не за друго.
Изменето од DragancoLeskoec - 03.Декември.2010 во 19:47 |
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Овие не се мои, ги критикувам за нивните ср*ања....за левица не гласам па да се преврти светот.....да не беше она со Велија не гласав за никој....а и башка за време на кризата еден сдесовец не видов.....шо ќе видам вие си бевте кај Дора на гости додека некој ви ја бранеше државата |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од мој агол како современик на сите настани на овие 20 години плурализам и повеќе партизам 1. Живееме во земја во која секој е роднина со секого и во која роднините и пријателите најмногу се сврзуваат и почитуваат кога ќе се прекрши законот. Сеуште немам запознаено човек кој не фаќа врски и ортоми и за најситна-банална работа 2. Во земја во која ако сакаш нешто да постигнеш-мора да си член на партијата која е на власт или во партија која е во коалиција и придонесува да можат да се одржат на власт (за сите овие 20 години) 3. Земја во која се се ветува, а ништо не мора да се исполни. 4. Земја во која никој не одговарал затоа што излагал-ветил а не исполнил 5.Во која поважна е благодет-та што ја носи фотељата од интересите на земјата. 6. И како крај-во која поповите и оџите се поголеми политттичари, бизнисмени, хотелиери и од самите политичари, бизнисмени. За жал-тие кои народот треба да го учат на верба-веруваат само во овоземните удобности а го заборавиле БОГА. Затоа ќе пропагираат кантонизација, делби. Веројатно затоа и БОГ севишен кренал раце од нас. |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се разбира сето ова и илјада други глупости се од НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ ...а не нешто имагинарно....
Народе СВЕСТИ СЕ....тоа си..како што те доживуваат другите а не како сам си се доживуваш... Изменето од marsovec - 04.Декември.2010 во 10:24 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Site ovie religiozni organizacii (IVZ, MPC, POA ...) nikogash nikomu ne donele nishto dobro...
Da ne beshe GPC nemashe ni problemot so imeto da si go imame...
Znachi, na Balkanov religioznite vodachi slepo se slushaat duri i po cena da izbijat vojni kako onie vo Bosna, Hrvatska, Kosmet...
Shto se odnesuva do kantonizacijata vo MK, normalno deka IVZ kje ja poddrzhi posebno bidejkji e prodolzhena raka na A.Q. (kako i site islamski organizacii na Balkanot). A se znae koja e celta na muslimanite vo MK, na Balkanot i vo Evropa...
Aj se nadevam deka i islamot kje ja dozhivee renesansata kako hristijanstvoto pred nekolku veka i deka nema da koristat nasilni metodi vo postignuvanje na svoite ,,religiozni,, celi...
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е така е...Христијанството жарело и палело пред стотици години...но сеуште не се одкажало од намерата да се меша во политиката...А мешањето создава само проблеми...Иако овие поделби кои ги направи власта...се слични на предлозите на ИВЗ...бидејќи власта ги дели луѓето на подобни и неподобни а овие на овие и оние...Што е полошо не знам но знам дека би сакам да сум подалеку од овие ДЕЛАЧИВЕ...а сите делби со лоши намери...
Изменето од marsovec - 04.Декември.2010 во 13:57 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аха треба како минатата власт кога во Кондово не успеа да влезе полицијата....вака ќе нема делачи.....се ќе ни земат без нив |
||
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде?!Ти началник на регрутационо да не беше во 2001 па да знаеш кој служел,знам доста сдсовци што служеа тогаш. Нејсе,темава на политика ја свртивте одма,јас мислев барем кога се работи за закана за државичкава наша ќе заборават сите на партии бидеќи и не им е место на партиите тука,проблемов е на етничко ниво а не идеолошко Оставете ги на кратко грујо вс. Бц муабетите. Јас мислам дека е работава многу сериозна,партијата што го бара ова не е некоја закана,сериозното лежи во тоа што нема никаква реакција од нас Македонците.Да речеме дека во грција некој од виножито излезе и побара кантонизација на грција па згора на тоа и МПЦ да го ,,благослови,, предлогот.Ќе скапи во затвор човекот,бел ден нема да види. Ова е доказ за националната апатија на Македонецот,кај нас може некој да излезе на тв и да промовира иридентизам и рушење на уставен поредок и никому ништо,никој не му е гајле,поважно е тоа што велија се покајал.Да не не снајде судбината од косово,да ни го бапнат и да си ќутиме како опасните срби што ќе го срамнуваја со земјата Косово? |
||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |