IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Да помогнеме на жртва на насилство!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Да помогнеме на жртва на насилство!!!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Да помогнеме на жртва на насилство!!!
    Испратена: 03.Ноември.2010 во 01:08

Да им помогнеме на Ирена и Катерина!

Ирена и Катерина

 

Ирена Петковиќ е урбана девојка од Скопје која сите ја препознаваме како уредник на култниот портал Aber.net, која често ја гледавме на насловните страници по Македонските списанија и многумина од нас лично ја познаваат.

 

Ирена Петковиќ е пред и се Македонски државјанин на кого Македонските институции парализирани и бавни какви што ги дал господ се неспособни да и помогнат, уште повеќе затоа што се уплашени бидејќи ќе треба отворено да се конфронтираат со Белгиските институции за да ја истераат правдата на виделина!Без премногу патетика и драма, суштината е оваа.

 

Ирена Петковиќ во моментов се наоѓа во прифатилиште во Белгија, физички малтретирана  од таткото на нејзината ќерка! На што и покрај тешките повреди Белгиската полиција не реагира!

 

Катерина нејзината ќерка е одземена од нејзе со 15 минутна судска одлука, само врз основа на тоа дека таткото е високо рангиран дипломат во Европската комисија a Белгискиот суд го штити Францускиот државјанин кој е со историја на алкохолизам и обид за убиство врз Ирена, само врз основа на фактот дека е дел од Европските институции.

 

Ирена е беспомошна и оставена на немилоста на нефункционалните Белгиските институции!Само со јавен притисок и поддршка можеме да и помогнеме на Ирена да се врати назад во Македонија со Катерина и да го добие третманот кој го заслужува секое човечко суштество без разлика во која држава живее и со каков социјален статус е!

 

Ирена не се предава и постојано постира информации во оваа група на Фејсбук во која можете да ги повикате вашите пријатели во знак на поддршка: http://www.facebook.com/home.php?sk=group_146217212091526&ap=1

 

Деталните информации можете да ги прочитате и на CNN iReport овде:http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511368 и овде:http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511814

 

ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ИРЕНА И НА КАТЕРИНА да ги добијат своите основни човекови права, да можат да живеат нормален и достоинствен живот и набргу да можеме да ги видиме ЗАЕДНО во Македонија!!!

========

 
Доколку се чувствувате дека сте повикани да им помогнеме и доколку сте во можност да помогнеме, ајде да се обидеме и потрудиме со сите сили!! Да помогнеме лично, но и раширете го овој апел секаде каде можете, особено до сите институции (странски конзулати, амбасади , претставништва, бизниси... во Македонија, но и конзулати, амбасади , претставништва, бизниси... наши во други земји) кои се релевантни да помогнат по ова прашање... Господ нека им помогне.... а и ние!! големо%20гушкање


Изменето од Pravoslavie - 03.Ноември.2010 во 02:14
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,547 секунди.