IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - МК-рекорди:20доктори и 280магистри се невработени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МК-рекорди:20доктори и 280магистри се невработени

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
afrodit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај afrodit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: МК-рекорди:20доктори и 280магистри се невработени
    Испратена: 15.Октомври.2010 во 21:33
МК-рекорди:20доктори и 280 магистри се невработени

15.10.2010

Ова е најголем број невработени со вакви титули досега. Пораст бележи и бројот на невработените со завршено високо образование


Дваесет доктори на науки и 280 магистри се пријавени во Агенцијата за вработување како невработени лица, покажа последната евиденција на оваа институција. Ова е најголем број досега на евидентирани невработени лица што ги имаат највисоките образовни титули. Пораст бележи и бројот на невработени со завршено високо образование и според последната евиденција за август тој изнесува 20.265 лица.

Според профилот на занимање, најмногубројни се доктори по филолошки науки, доктори по филозофија и доктори по географија. Од невработените магистри, најмногубројни се магистрите по економски науки, по правни науки, по земјоделски науки, како и по филологија. Слична е и ситуацијата со лицата што се стекнале со високо образование - најмногубројни се дипломираните економисти, правници, но и професорите по одделенска настава, лекарите и психолозите.

За некои универзитетски професори, она што и недостига на земјава се доктори по технички науки, но и математичари, хемичари, физичари.

- Ако државата не најде начин преку стипендии, на пример, да ги мотивира студентите, многу е извесно дека ќе останеме без професори по математика и по физика. За струките што се дефицитарни, на најдобрите студенти треба да им се гарантира вработување, па тогаш ќе се зголеми интересот за овие науки. Тоа што бројот на невработени економисти и правници расте е така зашто на универзитетите, особено на приватните, има студии по информатика, менаџмент, но не и по хемија, математика – смета Доне Ѓершановски, декан на Природно-математичкиот факултет.

Меѓу невработените магистри и доктори на науки нема ниту едно лице што се стекнало со ова звање од областа на техничките науки. И Аристотел Тентов, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии, вели дека нема ниту еден невработен магистер од електроструката.
- Кога се прашувале луѓето уште во поранешна Југославија во што треба да се инвестира, одговорот бил – во техничките факултети. Техниката е основен двигател на секое општество. Факт е дека ни недостигаат магистри и доктори на науки за потребите на новите технички факултети. За да ја смениме ваквата слика, треба на образованието да гледаме како на долгорочна инвестиција – вели професорот Тентов.
Иако земјава бележи суфицит на дипломци и магистри по право и економија, квотите за упис на нови студенти за овие студии не се намалуваат. За да се подобри сликата за техничките науки, пак, државата отвори факултети во повеќе градови низ земјава, но сепокажа дека интересот е мал.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101510855174&id=9&setIzdanie=22108

Изменето од afrodit - 15.Октомври.2010 во 21:35
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.