МК-рекорди:20доктори и 280магистри се невработени
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23388
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 03:58 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: МК-рекорди:20доктори и 280магистри се невработени
Постирано од: afrodit
Наслов: МК-рекорди:20доктори и 280магистри се невработени
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 21:33
МК-рекорди:20доктори и 280 магистри се невработени
15.10.2010
Ова е најголем број невработени со вакви титули досега. Пораст бележи и бројот на невработените со завршено високо образование
Дваесет доктори на науки и 280 магистри се пријавени во Агенцијата за вработување како невработени лица, покажа последната евиденција на оваа институција. Ова е најголем број досега на евидентирани невработени лица што ги имаат највисоките образовни титули. Пораст бележи и бројот на невработени со завршено високо образование и според последната евиденција за август тој изнесува 20.265 лица.
Според профилот на занимање, најмногубројни се доктори по филолошки науки, доктори по филозофија и доктори по географија. Од невработените магистри, најмногубројни се магистрите по економски науки, по правни науки, по земјоделски науки, како и по филологија. Слична е и ситуацијата со лицата што се стекнале со високо образование - најмногубројни се дипломираните економисти, правници, но и професорите по одделенска настава, лекарите и психолозите.
За некои универзитетски професори, она што и недостига на земјава се доктори по технички науки, но и математичари, хемичари, физичари.
- Ако државата не најде начин преку стипендии, на пример, да ги мотивира студентите, многу е извесно дека ќе останеме без професори по математика и по физика. За струките што се дефицитарни, на најдобрите студенти треба да им се гарантира вработување, па тогаш ќе се зголеми интересот за овие науки. Тоа што бројот на невработени економисти и правници расте е така зашто на универзитетите, особено на приватните, има студии по информатика, менаџмент, но не и по хемија, математика – смета Доне Ѓершановски, декан на Природно-математичкиот факултет.
Меѓу невработените магистри и доктори на науки нема ниту едно лице што се стекнало со ова звање од областа на техничките науки. И Аристотел Тентов, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии, вели дека нема ниту еден невработен магистер од електроструката.
- Кога се прашувале луѓето уште во поранешна Југославија во што треба да се инвестира, одговорот бил – во техничките факултети. Техниката е основен двигател на секое општество. Факт е дека ни недостигаат магистри и доктори на науки за потребите на новите технички факултети. За да ја смениме ваквата слика, треба на образованието да гледаме како на долгорочна инвестиција – вели професорот Тентов.
Иако земјава бележи суфицит на дипломци и магистри по право и економија, квотите за упис на нови студенти за овие студии не се намалуваат. За да се подобри сликата за техничките науки, пак, државата отвори факултети во повеќе градови низ земјава, но сепокажа дека интересот е мал.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101510855174&id=9&setIzdanie=22108
|
|