|
За македонцките работи |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | ||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 26.Септември.2010 во 14:07 |
|
Оваа мала книга за некои претставува идеологија, за некои симбол на македонштината, за некои збир небулози, но за мене е збиено и многу прецизно пренесување на историско - политичките прилики на тоа време, и е навистина штета секој кој што го интересира историјата на Македонија и регионот да не ја прочита. Според мене книгата е генијална, и еве само еден мал пример за тоа; Мисирков во 1903 точно ја предвидува војната која што ќе се случи дури десет години подоцна, во 1913, помеѓу балканските држави, и тоа прецизно погодувајќи кој против кого ќе војува и зошто. Исто така многу точно ја оценува политиката на големите сили, нивните интереси кај малите балкански народи, и интересите и начинот на дејствување токму на малите народи, па оттука се обидува да извлече заклучок кој е најдобриот пат кој што треба да го изберат Македонците за да го спречат распарчувањето на Македонија, и во Македонија да почне да се живее нормален и достоинствен, цивилизиран живот.
Како одекнала таа книга во минатото? Ристовски вели дека била уништувана во Софија токму од припадници на ВМОРО, додека пак за македонските кругови во дваесеттите и триесеттите години во Софија таа била почитувана книга. Како големо влијание врз неговото мислење ја спомнува и Венко Марковски. Во модерно време таа се смета како еден од најзначајните документи за македонската историја, меѓутоа преголема тежест се дава на делот каде што Мисирков зборува за формирање на македонски литературен јазик, а се занемарува делот каде што тој изнесува некои доста длабоки размисли и за балканската политика, но и за балканската историја. Ниче кажал дека ако човек сака најдобро да ги согледа своите проблеми, најдобро ќе го направи ако си замисли дека тие не се негови. Така сторил и Мисирков, се издигнал над чувствата и размислувал со студена глава, барем мене така ми се чини. Дали Мисирков бил повлијаен од српската пропаганда? Несомнено, тој тоа и самиот го кажува. Но тој има едно многу интересно мислење за ефектите кои што ги постигнала српската пропаганда. Но за сето тоа во соодветниот дел.... Замислата со оваа тема ми е детално да ја препрочитаме и анализираме, во рамките на нашите можности, книгата За македонцките работи дел по дел. Темата ќе биде само за македонцките работи и затоа би замолил да не се повторуваат работи од останатите теми. Да внимаваме таа да не се уништува со глупости. Исто така, со Македон се договоривме дека во темава нема да има потреба да се прават скриншотови, туку ќе може да се копира директно од книгата, со таков правопис каков што употребил Мисирков. Јас како извор ја употребувам книгата од следниот линк: http://damj.manu.edu.mk/pdf/0005%20Za%20makedonckite%20raboti.pdf Доколку некој смета дека има нешто да додаде како вовед, нека повели.... Изменето од Pat - 26.Септември.2010 во 14:13 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најнапред, уште на самиот почеток Мисирков го изложува своето видување за поимот (пон'атiето) народ:
Како да се толкуваат редовите кои што се истакнати? |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како Кемал Ататурк ја создаде модерна Турција???Нешто слично на овој принцип
Изменето од mungos80 - 26.Септември.2010 во 17:36 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Na str.105 mislam Misirkov kazhuva na shto misli za obratot na idealite.
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да де дава алтернативи,ама вас и за партнери човек ако ве смета ода шовинизмот проработува во вас па наместо македонци и бугари вие тргнавте да асимилирате и да правите само бугари.
Мисирков убаво напишал ма некој слепец читал |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А зошто тој цело време зборува за сепаратизам или присоединување кон Бугарија, а не кон Србија? Тој дава можности и за кон Србија, ама вели, ако се случило тоа и тоа во историјата,арно ама тоа и тоа не се случило, додека за Бугарите вели дека тоа се случило, но дошло време разделно. Зошто е тоа така? |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пат дали имало некој проект како санстефанскиот за Србите???Значи ако имало такво нешто и Македонија била припоена кон србија сигурно ќе била и поинаква песната.
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас покажав која е според мене поентата на целата книга. Мисирков измислува теорија за прекинување на врските со Бугарија и Бугарите од Бугарија и формирање на посебна нација, инаку требало да се очекува дележ на Македонија.
Македонците тогаш не го послушале и продолжиле да настојуваат само за политички, но не и национален сепаратизам. Како што пророкувал Мисирков, по 10 години Македонија била поделена. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чуму тоа или имало некакви индикации дека бугарите се асимилатори а не „браќа“
Изменето од mungos80 - 27.Септември.2010 во 20:36 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не, тој поинаку го објаснува тоа. Вели, доколку приликите беа такви да ние и Србите заедно бидеме под турско, а Бугарите слободни, тоа ќе доведело до тоа да сме работеле заедно против Турците, и ќе сме имале поголема комуникација со Србите, а според тоа ќе сме развивале и сродни особености со Србите наместо со Бугарите. Но приликите не биле такви, па според тоа.... |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
aj hairlija da e
stanalo stanalo minato |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи имало повеќе варијанти не е секогаш црно и бело. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не, за асимилатори не може да се зборува. Најголемата наша грешка ја покажува и Мисирков во истата таа книга - не може најодалечениот од Македонија дијалект да биде литературен јазик на сите Бугари.
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Всушност, пресудниот момент е појавата на српската пропаганда. Набљудувајќи го однесувањето на бугарските политичари како и бугарските претставници во Русија, тој заклучил дека Србите се каде каде поуспешни од нив, додека Бугарите биле народно кажано, смотковци. Исто така забележал дека Бугарите не се ни труделе да ја запознаат Македонија, да продрат во суштината на нештата, не ги интересирала македонската етнографија, додека од друга страна Србите не само што ги убедувале Македонците дека се Срби, туку и самите Срби ги убедувале дека Македонците се Срби. Сето тоа по принципот тивка вода брег рони, а освестени од поразот во српско - бугарската војна, и исплашени дека ако Бугарија со Румелија може да им нанесе пораз, тогаш со Македонија Србија би можела да биде и поробена. И така тие почнале да прибираат македонски ученици стипендисти во Србија, но таму тие не успевале баш да ги асимилираат, меѓутоа со инсистирањето на тоа дека се Срби, кај овие почнал да се јавува сомнежот дека ако двајца се караат околу некој трет дека е како еден од нив, тогаш дали тој третиот не е всушност нешто трето. Всушност Мисирков го опишува својот случај. |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |