IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Помош за Данило
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Помош за Данило

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Помош за Данило
    Испратена: 31.Август.2010 во 17:20
Барав низ Хуманост, ама не најдов посебна тема за Данило. Па еве тука ќе го ставам....



Голем хуманитарен концерт ‘Ѕвездите за Данило’


На 19ти Септември на Градскиот Плоштад во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт за малиот Данило кој боледува од леукемија. Ѕвездите од Македонската Естрада повторно ќе ја покажат својата хуманост и ќе запеат за да му подарат живот на 3-годишното момче на кое му се потребни големи парични средства за потполно излекување…
Ајде сите заедно со Ѕвездите на Македонското Естрадно Небо да излеземе и со својата хуманост да спасиме еден млад човечки живот.

Македонската Радио Телевизија ќе овозможи директен сателитски пренос со што граѓаните ќе можат да го проследат концертот и пред малите екрани кои својата хуманост ќе можат да ја покажат со помош на телетонот преку кој со повик ќе се донираат парични средства.
Покрај телетон, можност за донација ќе биде овозможена и преку аукција на уметнички слики од најпознатите македонски сликари.
Концертот ќе биде поддржан од голем круг на личности од Македонската Јавност и Естрадната Сцена.
Ви благодариме однапред за вашето присуство…
Беоеви за донација:
070/143-183;075/143-155;077/143-183

Организатор:
Two Hearts Production
Промотори:
Елена Ристеска и Игор Узунов
Менаџер: Ќазим Асотиќ
PR: Елена Трајковска


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 02:24
Ќе го замолам Православие ако сака да ми го префрли постот од тука во оваа тема...

Мислам дека заслужува Данило да има посебна тема тука...


Данило има 3 години и боледува од леукемија.


Броеви за донација: 070/143-183;075/143-155;077/143-183   
Жиро сметка: Комерцијална Банка АД Скопје
Данило Јањич-Хуманитарна Скопје
300001000020954



И да не го заборавиме....

Голем Хуманитарен Концерт-"Ѕвездите за Данило"
Локација::Градски Плоштад Скопје
Време:недела, 19 септември 2010 18:00


Изменето од ФорумскаБаба - 16.Септември.2010 во 02:24
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2010 во 03:37
преместено е, и дојде како прво на темава :)
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2010 во 04:10
Golema podrska za Danilo....големо%20гушкање
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2010 во 09:48
Благодарам Православие...

Сега се останува на...хуманите луѓе
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2010 во 10:24
тага... има ли правда тага
донирано тага

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2010 во 18:00
Од весникот Дневник е ова....


Данило ја обедини хуманоста на естрадата


Утре во 20 часот на градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи хуманитарниот концерт „Ѕвездите за Данило“, на кој ќе настапат повеќе артисти. Директен пренос ќе врши МТВ, а граѓаните може да донираат пари со јавување на донаторските броеви

Музичари, политичари, новинари и многу јавни личности се дел од големиот хуманитарен концерт „Ѕвездите за Данило“, кој утре во 20 часот ќе се одржи на градскиот плоштад во Скопје, на просторот пред клубот „Тренд“. „Свртете ги броевите за донација за да му помогнете на малиот Данило Јањиќ да се избори за својот живот“. Ова е пораката што ја праќаат организаторите и учесниците во големиот музички хуманитарен хепенинг, на кој директен пренос ќе врши Македонската телевизија.

Пејачите Елена Ристеска, Игор Узунов, Антонија Шола, Ламбе Алабакоски, Елена Петреска, Андријана Јаневска, Маја Саздановска, Ева Нединковска, Влатко Илиевски, Тамара Тодевска, Александар Белов, Ристе Тевдовски, Бертан Аслани, Биба Додева, Маја Вукичевиќ, Ѓоко Танески, Дани, Влатко Лозановски, Оливера Ѓорѓоска, Дарко Илиевски, Аделина, Бени Шакири, Александар Тарабунов, Шпати и Афродита Дрешај се само дел од музичките имиња што ќе застанат на сцената и ќе ја анимираат публиката. Додека тие пеат, во клубот „Тренд“ ќе се организира „Телетон“, во кој ќе учествуваат и политичари, функционери и јавни личности од Македонија кои ќе одговараат на телефонските повици на граѓаните што ќе донираат пари. Ќе се одржи и аукција на уметнички слики од осум познати македонски сликари.

Менаџерот од продукцијата „Ту хардс“ што го организира настанот, Ќазим Асотиќ, досега направи повеќе хуманитарни акции. Тој вели дека сите со одушевување го прифатиле учеството и очекува да се собере поголем дел од парите што му се потребни на Данило за скапата операција во Германија.

- Од клиниката предупредуваат дека ако не се исплатат сите пари, нема да бараат донер и нема да ја направат трансплантацијата. Родителите на Данило се со него во Германија и се сместени во болничко прифатилиште што чини 1.000 евра месечно, а тие не влегуваат во сумата за лекување. Со овој концерт сакаме да и' испратиме позитивна порака на пошироката јавност, на помладите генерации, да влијаеме врз нивниот иден став кон филантропијата, хуманоста како човечка најголема доблест, музиката и уметноста воопшто - вели Асотиќ.

Тој додава дека посебно му е драго што овој концерт има и мултиетнички карактер.

- За Данило ќе пеат пејачи од различна националност, на телефоните ќе одговараат политичари од различни партии, имаме поддршка од многу медиуми. Драго ми е што сите се сплотени, заедно се бориме за еден млад и невин живот - вели тој.

Промотори на настанот се Елена Ристеска и Игор Узунов, а водителска двојка се Лила Стојановска и Дамјан Дренковски.

- Онаму каде што државните инстанци се немоќни или не сакаат да помогнат да се спаси детски живот, кој е во немилост на тешка болест, настапуваме ние, луѓето од забавата, пејачите, но и сите оние што се хумано расположени. Го молам Бог да има што помалку вакви настани, но кога веќе сме доведени во ситуација да ја побараме хуманоста на нашите граѓани, кои секогаш излегувале во пресрет, го правиме тоа на најдобар начин. Ќе дадеме се' од себе за да бидеме позабавни во тие три часа, со цел да ги анимираме гледачите да вртат на телефоните за донации. Само ние знаеме како е да се смееме и тогаш кога најмалку ни е до смеа, но се' за Данило - вели Дренковски.

Лила додава дека би било убаво сите да ја имаат таа доблест да ја покажат својата хуманост.

- Повикувам сите да се јавуваат на телефоните за донации, да дојдат в недела на концертот. За секој од нив тоа е малку, но за Данило ќе значи многу. Нека го разбудат човекот во себе - вели таа.




Во текстов се вели дека хуманитарниот концерт ќе започне денес во 20 часот....а не во 18 како што претходно беше објавено.

Кој може...нека не седи домада


Изменето од ФорумскаБаба - 19.Септември.2010 во 18:01
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.