Од весникот Дневник е ова....
Данило ја обедини хуманоста на естрадата
Утре во 20
часот на градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи хуманитарниот концерт
„Ѕвездите за Данило“, на кој ќе настапат повеќе артисти. Директен
пренос ќе врши МТВ, а граѓаните може да донираат пари со јавување на
донаторските броеви
Музичари, политичари, новинари и многу јавни личности се дел од
големиот хуманитарен концерт „Ѕвездите за Данило“, кој утре во 20 часот
ќе се одржи на градскиот плоштад во Скопје, на просторот пред клубот
„Тренд“. „Свртете ги броевите за донација за да му помогнете на малиот
Данило Јањиќ да се избори за својот живот“. Ова е пораката што ја
праќаат организаторите и учесниците во големиот музички хуманитарен
хепенинг, на кој директен пренос ќе врши Македонската телевизија.
Пејачите
Елена Ристеска, Игор Узунов, Антонија Шола, Ламбе Алабакоски, Елена
Петреска, Андријана Јаневска, Маја Саздановска, Ева Нединковска, Влатко
Илиевски, Тамара Тодевска, Александар Белов, Ристе Тевдовски, Бертан
Аслани, Биба Додева, Маја Вукичевиќ, Ѓоко Танески, Дани, Влатко
Лозановски, Оливера Ѓорѓоска, Дарко Илиевски, Аделина, Бени Шакири,
Александар Тарабунов, Шпати и Афродита Дрешај се само дел од музичките
имиња што ќе застанат на сцената и ќе ја анимираат публиката. Додека
тие пеат, во клубот „Тренд“ ќе се организира „Телетон“, во кој ќе
учествуваат и политичари, функционери и јавни личности од Македонија
кои ќе одговараат на телефонските повици на граѓаните што ќе донираат
пари. Ќе се одржи и аукција на уметнички слики од осум познати
македонски сликари.
Менаџерот од продукцијата „Ту хардс“ што
го организира настанот, Ќазим Асотиќ, досега направи повеќе хуманитарни
акции. Тој вели дека сите со одушевување го прифатиле учеството и
очекува да се собере поголем дел од парите што му се потребни на Данило
за скапата операција во Германија.
- Од клиниката предупредуваат
дека ако не се исплатат сите пари, нема да бараат донер и нема да ја
направат трансплантацијата. Родителите на Данило се со него во
Германија и се сместени во болничко прифатилиште што чини 1.000 евра
месечно, а тие не влегуваат во сумата за лекување. Со овој концерт
сакаме да и' испратиме позитивна порака на пошироката јавност, на
помладите генерации, да влијаеме врз нивниот иден став кон
филантропијата, хуманоста како човечка најголема доблест, музиката и
уметноста воопшто - вели Асотиќ.
Тој додава дека посебно му е драго што овој концерт има и мултиетнички карактер.
-
За Данило ќе пеат пејачи од различна националност, на телефоните ќе
одговараат политичари од различни партии, имаме поддршка од многу
медиуми. Драго ми е што сите се сплотени, заедно се бориме за еден млад
и невин живот - вели тој.
Промотори на настанот се Елена Ристеска и Игор Узунов, а водителска двојка се Лила Стојановска и Дамјан Дренковски.
-
Онаму каде што државните инстанци се немоќни или не сакаат да помогнат
да се спаси детски живот, кој е во немилост на тешка болест,
настапуваме ние, луѓето од забавата, пејачите, но и сите оние што се
хумано расположени. Го молам Бог да има што помалку вакви настани, но
кога веќе сме доведени во ситуација да ја побараме хуманоста на нашите
граѓани, кои секогаш излегувале во пресрет, го правиме тоа на најдобар
начин. Ќе дадеме се' од себе за да бидеме позабавни во тие три часа, со
цел да ги анимираме гледачите да вртат на телефоните за донации. Само
ние знаеме како е да се смееме и тогаш кога најмалку ни е до смеа, но
се' за Данило - вели Дренковски.
Лила додава дека би било убаво сите да ја имаат таа доблест да ја покажат својата хуманост.
-
Повикувам сите да се јавуваат на телефоните за донации, да дојдат в
недела на концертот. За секој од нив тоа е малку, но за Данило ќе значи
многу. Нека го разбудат човекот во себе - вели таа.
Во текстов се вели дека хуманитарниот концерт ќе започне денес во 20 часот....а не во 18 како што претходно беше објавено.
Кој може...нека не седи дома
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|